Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Општина Илинден, продолжува со инвестиции во нова современа механизација и професионална опрема, со цел унапредување на квалитетот на комуналните услуги, подобрување на условите за работа на вработените и поефикасно одржување на јавните површини и инфраструктурата. Во таа насока, во изминатиот период, за потребите на Јавното комунално претпријатие „Илинден“, набавени се батериски коси – тримери, батериска телескопска пила за сечење гранки со ...
Скопје наскоро ќе добие нов мултифункционален урбан комплекс – ТРИАНГЛА, кој на едно место ќе ги обедини современото хотелиерство, шопингот, гастрономијата, семејните содржини и деловните настани. Лоциран во општина Гази Баба, со влез на булеварот „Александар Македонски“, комплексот претставува нов современ концепт на малопродажен парк во источниот дел на Скопје. Инспириран од европските модели на отворени трговски комплекси, хотелиерство и ...
По спроведена истрага, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против поранешен директор на владината Служба за општи и заеднички работи за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1, како и Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во периодот од 03.07.2021 до март 2024 година го ...
Припадниците на 427-та украинска посебна бригада на беспилотни системи „Рарог“ соборија руски хеликоптер Ми-28 во регионот Белгород, објави командантот на украинските сили на беспилотни системи, Роберт Бровди. Бровди рече дека нападот се случил околу 10 часот по локално време во близина на селото Вјазово во регионот Белгород во Русија. Magyar: Minus Russian Mi-28 “Night Hunter” in Belgorod region, Viazove village! pic.twitter.com/YwswcQTCPh ...
Претставничкиот дом на САД вчера гласаше за воведување трајно летно сметање на времето, усвојувајќи закон наречен Sunshine Protection Act. За предлог законот гласаа 308 пратеници, а 117 „против“. Пратениците од двете партии го поддржаа законот, со кој ќе се елиминира потребата Американците да ги менуваат часовниците двапати годишно и наместо тоа ќе се одржи сегашното време од март до ноември, познато како трајно летно сметање на времето, ...
Шпанското кралско семејство објави видео кое ја воодушеви јавноста, прикажувајќи ги членовите во опуштено издание додека го слават влезот на Шпанија во финалето на Светското првенство. Во видеото, кралот Фелипе VI, кралицата Летиција и нивните ќерки, принцезата Леонор и Инфанта Софија, емотивно го прославуваат историскиот успех. Видеото го прикажува кралското семејство облечено во персонализирани дресови на шпанската репрезентација, далеку ...
Украинските сили за беспилотни системи (USF) извршија напад врз руската „флота во сенка“ во близина на окупираниот Крим синоќа, погодувајќи 20 бродови. Нападот, кој се случил ноќта помеѓу 14 и 15 јули, го пријавил командантот на USF Роберт „Маѓар“ Бровди, пишува „Украинска правда“. Според објавените детали, погодените 20 бродови вклучуваат 17 танкери за нафта, два танкери за гас и еден реморкер. Ова е продолжение на кампањата на Украина ...
На покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе престојува во работна посета на Вашингтон, каде што ќе учествува на министерски состанок посветен на заканите од политичкиот тероризам. Состанокот ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, со цел унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на ...
ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави акцијата на полицијата и приведувањето на наркодилерот Александар Лазаров – Цуна и побараа од СДСМ да се извинат и да одговорат дали со своите смутови сакале да му помогнат на бегалецот? „Ја поздравуваме брзата акција на македонската полиција и приведувањето на бегалецот од правдата, Александар Лазаров – Цуна. МВР покажува високо ниво на професионално постапување и бескомпромисна борба против криминалот, при што ...
Вчера судот го ослободи Никола Груевски во случајот „Талир 2“. Ова не е изненадување. Тоа е уште еден доказ дека правосудството во Македонија е под директна контрола на Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група ВМРО, велат од СДСМ. Од партијата велат дека Груевски не е ослободен затоа што е невин туку затоа што Христијан Мицкоски го заштитил својот ментор. „Сè што се случува во правосудството во последните две години ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува граѓаните да го користат ГИС порталот – современа дигитална платформа што овозможува брз, едноставен и транспарентен пристап до услугите и информациите на Општината. Преку порталот, граѓаните на едно место можат да ги следат сите актуелни информации, тековни и планирани инфраструктурни проекти, јавни повици, новости и активности на локалната самоуправа. „Со едноставна ...
Мала кујна денес повеќе не значи откажување од убавината, стилот или атмосферата. Дизајнерите на ентериер исто така имаат мали трикови за да постигнат луксузен изглед. Малите кујни честопати изгледаат како најголем предизвик во уредувањето на домот. Премалку простор, премногу работи, недостаток на простор за складирање и чувство дека сè мора да биде строго практично. Како малата кујна може да изгледа поголема? Дизајнерите на ентериер сè ...
Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ е разобличен, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов Изборен законик и дека свесно го блокираат, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Пред очите на целокупната јавност излезе вистината дека СДС, Левица и ДУИ се координирани и имаат една единствена цел, а тоа е да не се донесе нов Изборен законик. Лошиот политички театар на СДС, ДУИ, и Левица е разоткриен. Едните јавно повикуваа на разговори, ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ...
Тезата дека блокадата на Изборниот законик ја спречува РС Македонија да напредува кон ЕУ е свесна манипулација., велат од СДСМ. „Европската Унија не бара промена на Изборниот законик по мерка на една партија. ЕУ бара кредибилни, фер и транспарентни избори, независно судство и борба против корупцијата. Токму тоа е она што ВМРО-ОКГ со години го блокира. Иако подобрувањето на изборното законодавство е дел од пошироката реформска агенда, ...
По реконструкцијата на Владата, Иван Стоилковиќ е преместен од позицијата вицепремиер и министер за односи помеѓу заедниците, на место министер за локална самоуправа. Оваа промена повторно го отвора прашањето: што точно Стоилковиќ ѝ носи на Владата на Христијан Мицкоски, освен личната блискост со Српската напредна странка и Александар Вучиќ?, прашуваат од СДСМ. „Стоилковиќ не носи никаква поддршка во Собранието или Владата. Неговата вредност ...
Нашиот најпознат и најуспешен шоумен, Игор Џамбазов, денеска слави роденден. Тој сподели објава на Инстаграм и вели дека следна цел му е проект 99. „Кога наполнив 36 не бев баш сигурен дали воопшто ќе доживеам 63. Ама еве ме. Жив, и по малку здрав. Но во форма. И полн со енергија. Огромно благодарам до сите вас што ме подржувавте сиве овие години… И да знаете: 63 се новите 36. Следна цел: Проект 99. 63+36=99“, напиша Џамбазов на Иинстаграм. ...
Таа верува дека умереноста е клучна, но за да не „талка“ премногу, се држи до медитеранската диета, иако малку построга. Шпанската актерка Пенелопе Круз е една од најпрепознатливите личности во светот на филмот, а фактот дека со текот на времето стана ѕвезда на најважните достигнувања на Алмодовар сигурно придонесе за ова. Таа е на јавната сцена со децении, а тоа го носи со себе товарот дека секогаш да мора да изгледа добро и негувано, на ...
Шпанските власти потврдија по обдукциите дека дванаесет од тринаесетте жртви на смртоносниот шумски пожар што ја опустоши Андалузија биле странски државјани. Пожарот избувна минатиот четврток во живописната југоисточна покраина Алмерија, популарна меѓу странските жители по должината на медитеранскиот брег, пишува Euronews. Во официјалното соопштение се наведува дека седум жртви се од Обединетото Кралство, три од Белгија и по една од Франција ...
67-годишен Тираносаурус беше продаден на аукција на „Сотбис“ во Њујорк за 37,4 милиони фунти (50,1 милиони долари), што го прави најскапиот диносаурус некогаш продаден. Фосилот на овој познат предатор е висок повеќе од четири метри, а со зачувани повеќе од 60 проценти од неговите коски, тој е еден од „најкомплетните“ примероци пронајдени некогаш, објави „Сотбис“. Името на победничкиот понудувач на аукцијата одржана вчера сè уште не е ...
Куба вчера доживеа уште еден целосен колапс на националниот електроенергетски систем (SEN), оставајќи го целиот остров без струја. Ова е трет ваков инцидент за помалку од две недели, а доаѓа во време кога ембаргото за нафта на САД врши голем притисок врз мрежата на островот, објавува Euronews. Државната компанија „Електропривреда“ објави дека проблем во производствена единица во источната покраина Холгин предизвикал „ненадејна промена на ...
Српската министерка за државна администрација и локална самоуправа, Снежана Пауновиќ, е прогласена за непожелна личност во Косово откако изјави дека доколку била на власт за време на војната, ќе спровела „етничко чистење“ на Косово. Одлуката ја објави вчера косовскиот министер за внатрешни работи, Џелал Свечла, кој потврди дека ја потпишал и ја проследил до надлежните органи. Свечла изјави дека со својата реторика, српската министерка го ...
Џенифер Лопез моментално е во Париз, а причината е Неделата на модата, која собира бројни убавици од целиот свет. Латино дивата, секако, не ја пропушти можноста да биде видена, а досега можевме да ги видиме нејзините беспрекорни, но и провокативни изданија. @grazia_it JLo conquista Parigi ancora una volta. Dal front row delle sfilate di #CeliaKritharioti e #ZuhairMurad alle sue apparizioni in città, ogni look è una lezione di stile. Tra ...
САД вечерва извршија нови воздушни напади врз воени цели во Иран, а Техеран одговори со предупредување дека Ормускиот теснец нема да биде повторно отворен и дека нема да има извоз на нафта и гас од регионот сè додека, како што велат, продолжуваат воените операции на САД. Американски функционер изјави за Ројтерс дека американските сили извршиле уште неколку напади врз воени цели во Иран во текот на денот, додавајќи дека целта на операцијата е ...
Српската пејачка Наташа Беквалац моментално поминува време на црногорскиот брег, уживајќи во шармот на летото и сончевите денови. Иако се обидува да го посвети своето време на семејството, омилената русокоса никогаш не ги заборава своите обожаватели. Таа редовно ги известува за актуелните настани во нејзиниот живот преку Инстаграм, а сега објави и неколку фотографии на оваа мрежа. View this post on Instagram A post shared by Nataša Bekvalac ...
Еден индиски член на екипажот беше убиен, а осум други беа повредени кога ирански крстосувачки ракети погодија два танкери за нафта на Обединетите Арапски Емирати во Ормускиот теснец, соопшти Министерството за одбрана на ОАЕ во најновата ескалација во стратешкиот воден пат. Одделот за превоз на Абу Даби, ADNOC L&S, потврди дека големите танкери за сурова нафта Момбаса Б и Ал Бајах биле погодени додека минувале низ Ормускиот теснец и ...
Корпусот на Исламската револуционерна гарда (IRGC) објави дека испалила ирански балистички ракети врз американска воздухопловна база во Јордан. Во соопштението објавено од новинската агенција Фарс, IRGC, исто така, го повика јорданскиот народ да бара отстранување на американските бази од нивната земја. WILD FOOTAGE: Newly emerged footage reportedly captures at least 4 Iranian ballistic missiles striking King Faisal Airbase in Jordan ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, одржа работна средба со делегација на Универзитетот „Мајка Тереза“, на која беа договорени следните чекори за соработка во рамки на платформата „Чаир во ритамот на здравјето“. Првиот резултат од оваа соработка е организирањето на Летната школа за пливање, наменета за деца на возраст од 5 до 10 години. Наставата ќе биде бесплатна и ќе се одржува на базенот во Чаир, под водство на професори и ...
Еден од најголемите спортски настани во годината, Вимблдон, беше како модна писта благодарение на познатите ѕвезди кои седеа во кралската ложа. Машкото финале на Вимблдон традиционално привлекува големо внимание, како поради врвниот тенис што публиката сака да го гледа, така и поради бројните познати убавици кои присуствуваат на овој спектакл во Велика Британија. View this post on Instagram A post shared by The Prince and Princess of Wales ...
Георгина Родригез не престана да објавува на социјалните мрежи откако Португалија испадна од Светското првенство, оставајќи го Роналдо во солзи. Вереницата на познатиот фудбалер Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, го бодреше својот љубен во текот на целото Светско првенство, а и самата беше мета на негативни коментари, но тоа не е неочекувано кога станува збор за неа. Таа дури и се огласи по поразот од Светското првенство, поддржувајќи го ...