Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Министерството за внатрешни работи соопшти дека го расчисти случајот со насилството врз малолетничка во Куманово и дека е поднесена кривична пријава против 18-годишна девојка и две малолетнички „СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.А. (18) од село Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ по член 386 ...
Со изгласувањето на реконструкцијата на Владата, Собранието потврди дека процесот на промените продолжува, велат од Влен. Одкоалицијата наведуваат дека влегуваат во нова фаза на владеење со зголемена одговорност и со кадри кои ги олицетворуваат професионалноста, знаењето и интегритетот. „Професорот Jетон Шасивари ќе раководи со Министерството за правда, Агон Ферати ќе биде министер за односи меѓу заедниците, додека Седат Сулејмани ќе го ...
Неексплодирана граната со калибар 75 милиметри е извлечена од под вода во Црна Река кај село Радобор, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Пиротехничарот Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75 милиметри, што потекнува од Првата светска војна и беше пронајдена под вода во Црна Река, кај мостот во село Радобор, Општина Могила. Станува збор за граната што била истрелана, но не ...
Јавното претпријатие „Јавното претпријатие Комунална хигиена-Скопје“ се соочува со високо учество на побарувања чија наплатливост е неизвесна, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност, нефункционалност на возниот парк со просечна старост од 15 години, од вкупно 189 специјални комунални возила 60% се неисправни и тоа влијае на намалена способност за генерирање економски користи, утврди Државниот завод за ревизија. Утврдено е и ...
Полицијата уапси Црногорец кој возел со брзина од 205 километри на час на автопат во гевгелиско. Вчера околу 11 часот на автопатот А1, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници го уапсија црногорскиот државјанин Д.Б.(36). При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Д.Б. управувал патничко возило „бмв“ со црногорски регистарски ознаки, со брзина од 205 километри на час, на место каде ...
Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов Изборен законик, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ, додава тој, го покажа вистинското лице пред граѓаните кога станува збор за нов Изборен законик. „Едните демек повикаа опозицијата да седне и да разговара, а другите демек не ја прифатија понудата. Ова е само провидна игра на ...
Катерина Димитровска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ денеска истакна дека по долги години на дното на листата за државни приоритети, со ВМРО-ДПМНЕ на власт спортот се враќа во фокусот на Владата и го добива заслуженото место. Спортот, според неа, е област во која треба да се инвестира сега, за резултатите и ефектите да се почувствуваат по извесно време на многу труд, напор, тренинзи на генерации млади спортисти. Оценува дека за да можат посветено и ...
Потрошувачката на електрична енергија за користење на клима уреди во Грција е двојно зголемена во споредба со периодот од пред неколку години, објавува денес „Катимерини“, повикувајќи се на податоците од „Евростат“. Според извештаите, приближно 70 проценти од домаќинствата во Грција имаат барем еден клима уред, а земјата потрошила 11.900 тераџули за ладење на згради во 2024 година, во споредба со 5.850 TJ во 2018 година. Ова значи дека 7,4 ...
Левица соопшти дека ја одложила координативната средба за Изборниот законик поради отсуство на претставник од СДСМ. Ова е очекувана реакција од партија која се обидува да создаде привид на опозициско единство, додека во реалноста ја турка агендата на Христијан Мицкоски, велат од СДСМ. „Позицијата на СДСМ по прашањето на Изборниот законик е јасна и недвосмислена. Нема што да се усогласува со Левица. Ние нема да прифатиме предлози кои отвораат ...
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека малку е веројатно дека мирот во Украина ќе биде постигнат наскоро и додаде дека очекува Русија да ја продолжи војната барем до почетокот на зимата. Туск им изјави на новинарите во Париз дека разговарал за ситуацијата во Украина со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Во овој момент, се чини малку веројатно e дека ќе се постигне прекин на огнот или ...
Европската комесарка за проширување Марта Кос изјави дека Европската Унија денес одржува четири меѓувладини конференции за пристапување, сите во еден ден, што е прв таков случај по повеќе од две децении. На платформата на Икс, Кос го нарече овој ден „Супер вторник“ за проширување на ЕУ, наведувајќи дека четири клучни кандидати за членство – Украина, Молдавија, Албанија и Црна Гора остваруваат значителен напредок во процесот на пристапување ...
Силно невреме погоди делови од Германија, носејќи обилни врнежи од дожд, бурни ветрови, грмотевици и град со големина на тениски топчиња, а метеоролозите предупредуваат дека во наредните часови се очекуваат катастрофи, објави „Шпигел“. Германската метеоролошка служба (DWD) издаде предупредување за лоши временски услови во централните и јужните делови на земјата, каде што се можни силни грмотевици придружени со интензивни врнежи од дожд, ...
Во златно поле со пченица, под сино небо и луксузна млечна бања украсена со бели орхидеи, Симона Поповска го сними спотот за „Дај ми“ Со овој сингл Поповска продолжува да ја гради својата музичка приказна, останувајќи доследна на естетиката што ја негува. Песната е создадена во современ афро хаус стил, а дополнителна свежина внесува перкусионистот Бока Конга, чии живи перкусии природно се вклопуваат во аранжманот и ѝ даваат препознатлива ...
Христијан Мицкоски смета дека едно срамно изговорено, изнудено „извинете“ во празна собраниска сала може да ги измие сите досегашни навреди кон граѓаните, велат од СДСМ. „Не може. Не може да ги нарекуваш граѓаните „талог на општеството“, „глодари“, „медиокритети“, „мекотели“ па потоа заедно со својот прв соработник Иван Стоилковиќ да пцуе пратеници во Собранието. Такво однесување не доликува на универзитетски професор. Тоа е срамота и за ...
Општина Центар ја реализира првата фаза од проектот за партерно и хортикултурно уредување на улицата „Даме Груев“, кој го опфаќа потегот од Зеленото пазарче до улицата „Македонија“, како и делот од улицата „Македонија“ до Собранието на Република Северна Македонија. Во рамки на оваа фаза се уредуваат јавните површини и се поставува нова урбана опрема, со што овој дел од централното градско подрачје добива помодерен, пофункционален и поуреден ...
Блокадите што СДС, Левица и ДУИ ги спроведуваат во Собранието се насочени директно против граѓаните. Најголема жртва на нивната неодговорна политика е македонската дијаспора, која повторно е ставена во втор план поради теснопартиски интереси на СДС Левица и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, СДС, Левица и ДУИ со нивните опструкции на законските решенија што треба да ги олеснат административните процедури и да ги подобрат услугите за ...
Двете деца на Анџелина Џоли и Бред Пит, Захара (21) и Мадокс (24), објавија огласи во весници како дел од правниот процес за отстранување на презимето на нивниот татко. Судските документи потврдуваат дека тие исполниле уште еден законски услов пред рочиштето за одлучување по нивните барања за промена на името. Според судските документи добиени од Page Six, Захара и Мадокс објавувале огласи во Los Angeles Daily Journal еднаш неделно во текот ...
Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а ...
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од Општина Аеродром. „Од ЕВН Македонија известени сме дека на ден 14.07.2026 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Тодор Чангов – подулица бр. 48. ( општина Аеродром)“, информира РЦУК Скопје. фото/depositphotos Текстот Без струја дел од Аеродром е превземен од МАКФАКС. Без струја денеска ќе останат дел од корисниците ...
Вчера во Собранието се водеше расправа за таканаречената реконструкција на Владата. Мицкоски зборуваше за „нова енергија и ново темпо“, додека во реалноста се работи за козметички потези кои не ја менуваат суштината. Ова не е реконструкција која носи одговорност туку е прегрупирање на луѓе кои веќе две години ја водат државата во криза, велат од СДСМ. Од партијата обвинија дека економијата тоне, буџетот е празен, европскиот пат е блокиран, а ...
Менди Тифи, мајката на Селена Гомез, се шегуваше за своите ќерки на Инстаграм, но нејзината објава предизвика загриженост кај некои фанови, поттикнувајќи ја да ја разјасни ситуацијата. Менди сподели фотографија од Селена и нејзината 13-годишна сестра Грејси Елиот Тифи во неделата. „Моите најголеми достигнувања, без разлика дали ме сакаат или не“, напиша Менди во описот. „Тие се најкул. Еден ден ќе сфатат каква сум згодна и ќе ме сакаат колку ...
Ким Кардашијан сподели серија фотографии на Инстаграм од нејзиниот семеен одмор, каде што уживаше со момчето Луис Хамилтон и нејзините четири деца. Селфито што привлече најголемо внимание беше тоа на кое 45-годишната ријалити ѕвезда позира со 41-годишниот возач на Формула 1 и осумгодишната ќерка Чикаго. View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) На селфито, Ким и Хамилтон позираат еден до друг, додека Чикаго ...
Бугарската национална телевизија (BNT) објави дека Софија и Бургас се во потесен избор за домаќини на Евровизија во 2027 година. Со ова се елиминираат Пловдив и Варна, кои, исто така, се натпреваруваа за домаќини на популарниот музички натпревар. Одлуката е донесена по евалуација на кандидатурите на четирите града. Градовите беа оценети според голем број критериуми, вклучувајќи инфраструктура на местото на одржување, пристапност, транспортни ...
На втората донаторска конференција за обнова на Газа, каде што се собраа 65 делегации од земјите-членки на ЕУ, партнерски земји, меѓународни и регионални организации и финансиски институции, беа собрани околу 900 милиони евра. Комесарот за Медитеранот, Дубравка Шуица, која беше копретседател на конференцијата, рече дека сега мора да се создадат услови на терен за да може помошта да стигне до луѓето во Газа. „Ова вклучува разоружување на ...
Цените на нафтата пораснаа преку ноќ во понеделникот на највисоко ниво во последните четири недели откако Доналд Трамп изјави дека САД од денеска ќе воведат поморска блокада на иранските пристаништа. Трамп, исто така, рече дека ќе се воведе царина од 20 проценти на целиот товар што поминува низ Ормускиот теснец за да се компензираат трошоците за нивниот надзор на САД. Суровата нафта Брент, глобалниот репер, порасна за 1,68 долари, или 2 ...
Една фотографија, двајца фудбалски великани и милиони реакции. Златан Ибрахимовиќ објави фотографија на Инстаграм на која стои лице в лице со Ерлинг Халанд со кратката порака: „Моќта е во косата“. Објавата собра стотици илјади лајкови за само неколку часа. Халанд одговори само со огнено емоџи, додека навивачите веднаш почнаа да се шегуваат дека „двајцата најсилни фудбалски фризери“ се сретнале и дека „моќта е очигледно во долгата коса“. View ...
Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности и преземање на соодветни мерки, изјави директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, кој попладнево беше Кочани за лично да се информира за сите детали и околности поврзани со настанот од петокот, кој, според него, сериозно ја нарушил довербата во полициската служба. „Бегството од ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествува на официјалните активности организирани од Француската Република по повод 14 јули – Националниот празник на Франција. Во рамки на посетата, министерот Сали ќе учествува на состанокот на Коалицијата на волонтерите, каде што лидерите ќе разговараат за натамошната поддршка за Украина, координацијата на напорите за зајакнување на европската безбедност и ...
Реконструкцијата на Владата не носи нова визија, туку отвора сериозни дилеми за стратешката определба на државата и за кадрите што ВМРО ги предлага на највисоки државни функции, кажа пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска расправа. Тој оцени дека кадровските решенија предложени од Владата испраќаат загрижувачки политички пораки, особено во делот на евроатлантската ориентација на државата. „Очекувано е назначувањето на ...
Мицкоски нема ниту еден резултат, ова е една реконструкција која е само замена на имиња, едни луѓе со други, oд оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо, нагласи во денешната изјава за медиуми, претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Toj посочи дека најавената реконструкција на Владата не претставува суштинска промена и дека Владата на Мицкоски нема напредок во ниту еден сектор, а граѓаните од реконструкцијата не можат ...