Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Оливер Спасовски, координатор на СДСМ, изјави дека на денешната седница имало нервоза и навреди кон пратениците на СДСМ и побара извунување од претседателот на Собранието, Африм Гаши. „Оваа прес-конференција ја свикавме во вонредни околности, затоа што она што се случи на седницата на Собранието е вон сите демократски критериуми, особено што доаѓа од страна на претседател на Владата и на кандидат за министер. Целата македонска јавност беше ...
Цените на нафтата се искачија на меѓународните пазари над 79 долари, бидејќи САД и Иран повторно ги зголемија влоговите во спорот околу регулирањето на сообраќајот низ Ормускиот теснец. Барел нафта на лондонскиот пазар се тргуваше по 79,34 долари во текот на попладнето, што е за 3,33 долари поскапо отколку на крајот од тргувањето на крајот од минатата недела. На американскиот пазар, беше за 3,16 долари поскап и изнесуваше 74,57 долари. На ...
Во сабота започнува граѓанска иницијатива за заштита на Охридскиот мировен договор. Тетово ќе биде местото каде што илјадници граѓани ќе се соберат на мирен и достоинствен протест за да го одбранат уставниот поредок, правната сигурност и вредностите што веќе 25 години обезбедуваат мир, стабилност и добри меѓуетнички односи во Република Северна Македонија, истакна денеска на прес-конференција потпретседателката и пратеничката на ДУИ, Арбана ...
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, ...
Порнешниот супермодел Ева Херцигова се омажи за својот долгогодишен партнер, претприемачот Грегорио Марсијаж, по 25 години врска. Двојката го кажа своето судбоносно „да“ во саботата во црквата Сан Вито во Италија, со нивните синови Џорџ, Филипе и Едвард, како и членови на семејството и блиски пријатели. Познатата 53-годишна манекенка за својата свадба избра бел фустан од модната куќа Ланвин со длабоко деколте и драматичен плашт. Не можеше да ...
Travel + Leisure MAGAZINE објави листа на најдобри хотели во светот, а титулата најдобар во Европа ја освои хотел сместен во срцето на Тоскана, на речиси 900-годишен имот кој се протега на повеќе од 2.000 хектари. Станува збор за хотелот Castiglion del Bosco од синџирот Rosewood, кој освои импресивни 99,58 од можни 100 поени во гласањето на речиси 207.000 читатели, објавува Euronews. Пространиот имот располага со 42 апартмани и 11 приватни ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека САД веројатно ќе ја преземат контролата врз операциите во Ормутскиот теснец и дека очекува другите земји финансиски да го компензираат Вашингтон за заштитата на стратешки важниот воден пат. „Ќе го чуваме. Ќе ни бидат платени да го чуваме, многу пари. Сакаме да бидеме компензирани за тоа што ги ставаме нашите луѓе во опасност“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“. Тој го обвини Иран за ...
Тенисерот број еден во светот, Јаник Синер, вчера ја одбрани својата титула на Вимблдон, крунисувајќи импресивен турнир со победа во четири сета над Александар Зверев. Иако го загуби првиот сет, Италијанецот успеа да се врати и да ја обезбеди својата петта титула на Гренд слем. Додека Синер ја прослави својата втора последователна титула на Вимблдон, неговата девојка, Лајла Хасановиќ, исто така привлече големо внимание. Данскиот модел и ...
Белгискиот министер за надворешни работи Максим Прево во ја обвини Европската комисија дека предлага „недоволни“ мерки против трговијата со нелегални израелски населби, бидејќи земјите-членки на ЕУ се разидуваат по ова прашање. Прево рече дека Комисијата им дала на земјите-членки само „коска за глодање“, наместо да предложи конкретни мерки за ограничување на трговијата со населбите на Западниот Брег, пишува „Политико“. Министрите за ...
На 13.07.2026 околу 02:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, на територија на Карпош, било опожарено патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р.. Од пожарот биле оштетени и патничко возило „фолксваген туран“, сопственост на Д.М., патничко возило „сангјонг“, сопственост на С.С. и деловен објект, сопственост на Г.Л.. Огнот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Полицијата ...
Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница за Предлогот за разрешување членови на Владата, рече дека разрешувањето на министерот за култура Зоран Љутков е признание за неговото неуспешно работење и за целосниот застој во културата во изминатите две години, откако ВМРО на власт. „Две години имавме министер актер кој навистина треба да признаеме дека многу добро ги одглуми овие две години. Две години ...
На наркодилерот Цуната, којшто се поврзува и со Пулс, инаку близок до ВМРО и Миле Лефков, вчера му отворија прозор во полициска станица а денеска му ја кренаа рампата на граница да избега, реагираат од СДСМ. „Исто сценарио на ВМРО, веќе видено неколкупати. Сега откако го пуштија, МВР распишало потерница, каков блам, каков театар. Затоа Панче Тошковски не се менува, за да ги штити криминалците на власта“. Ова, според опозициската партија, не ...
На денешната седница во Собранието се обрати пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој посочи дека економската стабилност и спроведувањето на конкретни мерки се клучни за постигнување долгорочни резултати, нагласувајќи дека актуелните политики даваат позитивни ефекти врз состојбите во државата. „На Македонија и се потребни луѓе коишто испорачуваат стабилни долгорочни резултати. Додека ние нудиме ...
Детското игралиште на улицата „Ѓорѓи Сугаре“ од денес е повторно целосно уредено и безбедно за игра на најмладите. По неодамнешниот вандалски чин, во кој реквизитите беа намерно уништени со полевање со моторно масло, екипите на Општина Кисела Вода веднаш излегоа на терен и го санираа оштетувањето, информираат од општината. -Детското игралиште на ул. „Ѓорѓи Сугаре“ е повторно безбедно и подготвено за игра. Нашите екипи веднаш по пријавата ...
Наместо сервис за граѓаните ВМРО и Мицкоски институциите ги претворија во приватна партиска фирма за вдомување на роднини, блиски и партиски кадри, вели Богданка Кузеска, портпаролка и членка на ИО на СДСМ. „Скандалот со унапредувањето на братот на Трајко Славески, од чувар во член на Управен одбор на Акционерското друштво за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација – М-НАВ, е шокантен пример за тоа. Уште поскандалозно ...
ЈП Комунална хигиена-Скопје ги информира жителите на градот Скопје дека Претпријатието продолжува да им ја нуди можноста својот кабаст отпад, во којшто спаѓаат стариот мебел, електронските и електричните апарати, без плаќање паричен надоместок да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот. „Доколку граѓаните имаат потреба ЈП Комунална хигиена-Скопје со специјални комунални ...
Иако денеска требаше да се одржи средба на опозицијата за да се договори и да искристализира заеднички текст на изборниот закон, има спротивни реакции. Доаѓаме до заклучок дека опозициските партии не сакаат нов изборен законик, туку сакаат блокада, истакна Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Со месеци се преговараше, над 4 месеци, потоа кога требаше да се поднесе законот, се повлекуваа, со што директно одиме на тоа дека едноставно ...
На денешната седница во Собранието се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова-Серафимовска која во реплика кон пратеничката од СДС, Бисера Костадиновска-Стојчевска истакна дека актуелната власт се соочува со проблеми наследени од претходното раководење со ресорот култура. „Ја разбирам вашата потреба да се обратите и јас исто вака се обраќав кога бевме опозиција, па кога се менуваа министрите од страна на владата на СДС ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (13 јули) во армиската касарна во Ќојлија изврши увид на градежните активности кои во моментов се реализираат на објект во оваа касарна. Проектот тежи 10,7 милиони денари, обезбедени со буџетот на одбраната. Овој објект минатата година доби целосно нова кровна конструкција. Мисајловски при увидот порача дека прекинува праксата на неинвестирање во армиската инфраструктура и дека посветеноста кон ...
Во Португалија избувна епидемија на норовирус, во која се заразени повеќе од 120 лица, а се сомнева дека фокусот на инфекцијата бил спортски настан во градот Калдас да Рајњи, во централниот дел на земјата, објавува „Euronjuz“. Меѓу симптомите што помогнале во дијагностицирањето на болеста биле повраќање, дијареја, гадење, покачена телесна температура, болки во стомакот и главоболка. Сè започна минатата недела, кога Одделот за итни случаи на ...
Најголема штета од блокирањето на Изборниот законик од страна на СДС, Левица и ДУИ нема да претрпи ВМРО-ДПМНЕ, туку македонските граѓани кои живеат надвор од државата, истакна денеска на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Со месеци, додава тој, се бараше заедничко решение, но наместо процесот да заврши со политички консензус, СДС, Левица и ДУИ избраа да го блокираат законот и да ги стават сопствените партиски ...
Чешката манекенка Ева Херцигова и италијанскиот бизнисмен Грегорио Марсијај конечно ја официјализираа својата врска. Ева Херцигова и Грегорио Марсијај се во врска 25 години, според извештаите на странските медиуми, но се чини дека вљубените дури сега биле подготвени да се венчаат. View this post on Instagram A post shared by Eugenia Garavani (@eugeniagaravani) Тие се венчаа во Торино, Италија, а фотографиите од овој голем настан се проширија ...
Двајца мажи осомничени за кражба на крунски накит во вредност од 88 милиони евра од парискиот музеј Лувр во октомври минатата година, наводно, им кажале на истражителите дека мозокот зад грабежот бил разочаран од пленот. Тој мислел дека „можеле да земат повеќе“, објавува „Гардијан“. Францускиот весник „Ле Монд“ објави транскрипти од осомничените, идентификувани како Абдулае Н. и Геламалах А., кои се испрашувани од истражните судии. Нивните ...
Таа верува дека умереноста е клучна, но за да не „талка“ премногу, се придржува до медитеранската исхрана, иако малку построго. Шпанската актерка Пенелопе Круз е една од најпрепознатливите фигури во светот на филмот, а фактот што на крајот стана ѕвезда на најважните дела на Алмодовар сигурно придонесе за тоа. Таа е на јавната сцена со децении, а тоа носи и товар од тоа секогаш да мора да изгледа добро и негувано, што е нешто на што Пенелопе ...
Нападите со беспилотни летала во Московскиот регион убија најмалку три лица, а петмина беа повредени, изјави утрово гувернерот Андреј Воробјов. Киев ги засилува нападите врз руски цели, особено енергетски цели, во она што тој го нарекува праведна одмазда за повеќе од четири години руски напади на украинска територија. Гувернерот Воробјов објави на Телеграм дека три лица се убиени, а три ранети во населбата Пионерски во областа Истра „како ...
Ирина Шајк едвај чека лето, а веќе со недели, на нејзините жешки фотографии од базен или плажа им нема крај. Познатата руска манекенка, Ирина Шајк, повторно објави серија провокативни фотографии, а овој пат, како и сите претходни, таа беше, меѓу другото, во бикини. Единствената разлика сега беше што една особено провокативна фотографија се „поткраде“ во серијата фотографии. Само за најупорните, кои „скролаа“ малку подалеку, Ирина позираше во ...
Повеќе од 10.000 луѓе починаа за време на рекордниот топлотен бран што ја погоди Западна Европа кон крајот на јуни, според податоците од европската мрежа за следење на смртноста „EuroMOMO“, објави денес Ројтерс. Огромното мнозинство од регистрираните смртни случаи, повеќе од 9.000 случаи, се однесуваат на лица над 65 години, според „EuroMOMO“, мрежа поддржана од Европскиот центар за превенција и контрола на болести и Светската здравствена ...
Во текот на изминатиот викенд како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1426 издадени платни налози, 455 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР. „Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 64 лица, од кои 11 за возење под дејство на алкохол, 27 за ...
Грција прогласи состојба на „многу висок“ ризик од пожари во Солун и Кукуш, додека Атика и други делови од земјата се ставени под „жолто ниво“ на тревога. Државниот механизам е во зголемена тревога за денес, бидејќи мапата за прогноза на ризик од пожар на Генералниот секретаријат за цивилна заштита предвидува „многу висок“ и „висок“ ризик од пожар во голем дел од земјата, објавува „ЕРТ“. Категоријата на ризик 4, односно „многу висок“ ризик ...
Општина Центар почна со исплата на субвенциите за купен велосипед преку проектот „Цел Центар на точак“. На сметките на граѓаните веќе се исплатени првите 90 барања, а во следниот период ќе се реализираат и останатите 100. Преку оваа еколошка мерка, општината покрива 30 отсто од сумата, односно до 3.000 денари за купување нов велосипед. Истовремено, сè уште е отворен повикот за субвенционирање дополнителна опрема за велосипеди, каде ...