Таткото на семејство од Молдавија им подлегна на тешките повреди здобиени во сообраќајна несреќа на Халкидики, откако неговата сопруга и нивното бебе починаа на местото на несреќата. Несреќата се случи во средата попладне (15 јули) на регионалниот пат Полигирос – Агиос Николаос, кога патничко возило со молдавски регистарски таблички, во кое имало родители со две деца, се судрило со цистерна, објавува „Прототема“. Пожарникарите брзо ...

Утрово, полицијата во Дрезден застрелала вооружен маж (41) кој се појавил пред супермаркетот „Нето“ во градскиот округ Фридрихштат, според германските медиуми. Околу 8:20 часот наутро, полицијата добила пријава дека пред продавницата има вооружен маж, кој бил забележан од луѓе и ги повикале службите за итни случаи, објавува „Билд“. Специјалните единици за интервенции во ситуации опасни по живот (LebEL) веднаш биле испратени во Дрезден. ...

Тешка сообраќајна несреќа во која мајка и бебе ги загубија животите се случи во средата попладне на регионалниот пат Полигирос – Агиос Николаос, во областа Ситонија на Халкидики. Грчките медиуми објавија дека сопругот на повредената жена, како и уште едно малолетно дете, се тешко повредени во судирот. Според информациите од Противпожарната служба, Оперативниот центар добил пријава за тешка сообраќајна несреќа во која учествувале цистерна и ...

Утре, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. Во Скопје, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се ...

Денеска преку Единствениот број за итни повици 112 била примена пријава дека три лица, кои се капеле во реката Треска, биле однесени од надојдената вода предизвикана од зголемен испуст од браната „Матка“ за потребите на производство на електрична енергија, соопшти ЦУК. „Поради надојдената вода, од силниот воден тек беа однесени две малолетни лица на возраст од 15 години и едно 18-годишно лице. Едното малолетно лице веднаш беше извлечено од ...

Обидот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија политички да ја манипулира јавноста преку неточни и нестручни толкувања на урбанистичките планови е уште еден доказ за непознавање на урбанистичкото планирање, законските процедури и хиерархијата на планските документи, вели градоначалникот на Центар Горан Герасимовски. „Наместо факти, јавноста беше изложена на произволни толкувања и бројки извадени од контекст, со единствена цел да се создаде ...

Генералниот секретар на Европската демократска партија (ЕДП) и пратеник во Европскиот парламент (ЕП) Сандро Гоци денес изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ не може да го држи Западниот Балкан како заложник. „Предлогот на претседателот Вучиќ, даден во неговото интервју за британскиот весник „Фајненшл тајмс“ во вторникот, за воведување на Западниот Балкан во Европската унија (ЕУ) како единствен блок е неприфатлив“, смета Гоци. ЕУ, ...

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека церемонијата на затворање на Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во недела, 19 јули, пред финалниот натпревар на стадионот во Њујорк. Во програмата ќе настапат италијанската пејачка Лаура Паузини, британскиот пејач Роби Вилијамс, американската пејачка Никол Шерцингер и интернет ѕвездата IShowSpeed, додека на публиката ќе ѝ се обрати и холивудскиот актер Том Круз. Американската ...

Премиерот на Велика Британија во заминување, Кир Стармер, рече дека ја оставил Британија во подобра состојба отколку кога ја нашол. Стармер, кој се повлекува од функцијата премиер следната недела, зборуваше во парламентот и ја бранеше работата на својата влада. „Секој премиер знае кога ќе го земе факелот во раце дека ќе дојде ден кога ќе мора да го предаде тоа“, рече Стармер, додавајќи дека ова е „крајот на неговото политичко патување“. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за договор за прекин на војната во Украина и додаде дека војната би можела да заврши до крајот на неговиот мандат, кој истекува во ноември 2028 година. Запрашан за можноста војната да заврши за време на неговиот мандат, Трамп одговори дека мисли дека ќе заврши. „Мислам дека ќе заврши, да. Дури мислев дека војната ...

Осомничениот Александар Лазаров Цуна, кој минатата недела избега од полициската станица во Кочани, повторно е уапсен и веднаш е испратен на издржување на притворската мерка, информира Обвинителството. Основното јавно обвинителство Кочани на 10.07.2026 година донесе Наредба за спроведување истражна постапка, која покрај овој осомничен опфаќа уште едно лице, а се однесува на кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет ...

ГРОМ соопшти дека претседателот на оваа партија Стевче Јакимовски доброволно заминал на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци. „Длабоко сме разочарани од Кривичниот суд кој го осуди нашиот претседател затоа што поставил две времени градби (бараки), во кои општината функционираше 13 години. Не направи никому штета, туку општината за сите тие години заштеди милион и пол евра кирија доколку користеше простор под закуп и она што ...

Според опозициската СДСМ; ВМРО-ОКГ, како што велат, намерно го турка Изборниот законик со спорни одредби за изборна гражба, за да создаде привид дека опозицијата го блокира европскиот пат. „Во реалноста, тие го прават тоа за да го одбегнат она што доаѓа откако ќе се завршат реформите. Кога ќе се исполнат сите 10 точки од реформската агенда, повеќе нема каде да се оди. Токму тоа ВМРО-ОКГ сака да го одбегне по секоја цена. Затоа и создаваат ...

Пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на денешната седница упати три прашања до министерката за образование Весна Јаневска, кои се однесуваа на измените во законите за основно и средно образование, најавената оптимизација во образованието и последиците што овие политики можат да ги имаат врз наставниот кадар, учениците и локалните заедници. Бочварски рече дека предложените законски измени не претставуваат вистинска реформа на образованието, ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска го означи почетокот на изведбата на капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река во Општина Сарај, за кој МЖСПП обезбеди 376 милиони денари. На настанот присуствуваа и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, градоначалникот на Општина Сарај, Мухамет Елмази и градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Хоџа истакна дека со уредувањето на оваа ...

„Христијан Мицкоски се обидува да ја претстави реконструкцијата на Владата како нормален потег, но реалноста е сосема поинаква. Мицкоски е дотеран до ѕид и нема излез, освен предвремени избори. Буџетот е празен. ЕУ интеграциите се стопирани. Со ова темпо, наскоро нема да има пари ниту за пензии“, велат од СДСМ. „Целата Влада е составена од луѓе со бугарски пасоши, додека граѓаните се соочуваат со економски колапс. Цените на горивата ...

Советниците на денешната седница на Советот на Општина Кисела Вода едногласно дадоа поддршка за иницијативата за меѓуопштинска соработка со Град Скопје, со што се овозможува пробивање на улицата „Димо Хаџи Димов“ како значаен чекор во насока на решавање на долгогодишниот проблем со застојот на возилата во овој дел од општината. Овој проект ја потврдува важноста на заедничкото дејствување меѓу Општината и Градот Скопје, што е клучно кога ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на пленарната сесија на Самитот Украина – Југоисточна Европа, организиран по повод Денот на државноста на Украина. Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека Северна Македонија останува цврсто посветена на поддршката на Украина, потврдувајќи ја својата поддршка за нејзиниот суверенитет, независност и територијален интегритет во согласност со ...

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, на денешната седница за опозициски пратенички прашања упати две прашања до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, посочувајќи дека земјоделскиот сектор се соочува со сериозна криза, а Владата не презема суштински мерки за нејзино надминување. На почетокот од своето обраќање, Крмов изрази жалење што новоименуваниот министер Борче Серафимовски не присуствувал на седницата, оценувајќи ...

Во 7 години владеење на СДСМ и ДУИ бројот на ученици е намален за 17 илјади. Затоа сега е неопходна оптимизација на училишната мрежа. Имаме многу подрачни училишта со по две-три деца кои ниту се социјализираат, ниту имаат можност да се натпреваруваат со другарчиња, ниту применуваат современа технологија бидејќи во училиштето ја нема. Тие треба да се приклучат кон најблиските поголеми училишта и да имаат поквалитетен воспитно – образовен ...

Врз основа на повеќе наредби издадени од јавен обвинител и дополнителни сознанија на Основното јавно обвинителство Скопје во изминатиот период Министерството за внатрешни работи презеде дејствија со кои се обезбедија докази што даваат основано сомневање дека едно лице извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик, а неговата сопруга е осомничена за помагање при извршување на кривичното дело. На 21.03.2024 година, ...

„Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога ќе имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата. Изборниот законик освен што треба да се донесе поради барање на политичките партии треба да се донесе и поради вметнување на препораките и забелешките од ОБСЕ и ОДИХР, но тој треба да се донесе и затоа што е дел од Реформската агенда, во која ние како држава сме лидери во регионот“, рече Валентин ...

„Историјата нема да нè памети по тоа кој бил власт, а кој опозиција. Ќе нè памети по тоа дали сме имале храброст да донесеме одлуки кога и било најпотребно на државата и граѓаните. Губиме време, губиме пари за граѓаните. Само денес ризикуваме да изгубиме 4.2 милиони евра“, изјави во својот говор на седницата на Националниот совет за евроинтеграции, претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника ...

Со свечена церемонија денеска (15 јули) во касарната „Боро Менков“ во Куманово заврши уште едно успешно поглавје на Командата на Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) чие седиште изминативе шест години беше во нашата држава, по што истата врз принципот на ротациона основа својата мисија ќе продолжи да ја извршува во Истанбул, Република Турција Министерот за одбрана Владо Мисајловски се обрати на денешната завршна церемонија кој пред ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе отпатува во Соединетите Американски Држави во сабота, објави „Jerusalem Post“. Се очекува Нетанјаху да остане во Вашингтон до вторник, а за време на престојот планира да присуствува на комеморацијата за сенаторот Линдзи Греам, објави весникот. Израелскиот премиер сака да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, но средбата сè уште не е официјално договорена, соопштија израелски извори. ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од СДСМ за тоа дека се лаже за изборниот законик дека е европски услов, иако е јасно дека е дел од Планот за раст, изјави: „Па видете, сега јас често пати велам и не знам дали понекогаш СДСМ и треба да ја коментираме, но ова прашање заслужува коментар, бидејќи е значајно за граѓаните и за државата. ...

„Левица повторно ја игра улогата на сателитска партија на ВМРО-ОКГ. Наместо да биде дел од опозицијата, таа продолжува да ја штити власта на Христијан Мицкоски со напади врз СДСМ и со спречување на секој обид за опозициско обединување“, велат од СДСМ. „Левица не е опозиција. Тоа е партија за ништо. -Партија против НАТО во земја членка на НАТО. -Партија против ЕУ во земја кандидат за членство во Европската унија. -Проруска партија во земја ...

Денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ја посети Општина Сарај, каде што изврши увид во активностите за регулација на коритото на реката „Сува Река“. „Оваа Влада останува да биде посветена на реализирање на проектите, на ветувањата тоа што сме го преземале како обврска. Не е лесно предизвици има многу, нема да очајуваме бидејќи проблемите коишто се наталожиле со децении не може да се решат преку број, но бараме начин, бараме ...

„Додека ЈСП Скопје тоне во долгови, нема средства за плати, нафта и резервни делови, фирми блиски до власта на ВМРО добиваат милионски договори од државни институции“, објави денеска Антикорупцискиот тим на СДСМ на прес конференција. Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, посочи дека фирмата „Маратон гроуп“, по доаѓањето на ВМРО на власт, добила над 1,5 милиони евра народни пари. „Додека јавните претпријатија во Скопје тонат во ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар по однос на донесената ослободителна пресуда за случајот Талир, рече дека ВМРО-ДПМНЕ беше предмет на политички прогон и агресија на претходната Влада со измислени случаи како Талир 1 и Талир 2. „Мојот став е многу јасен. ВМРО-ДПМНЕ во тој период кога беше предмет на политички прогон и би рекол еден вид на агресија од страна на ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
0.31
58%
1015
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
3.13
81%
1010
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.66
77%
1010
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.49
47%
1014
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
0.8
38%
1011
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
0.82
91%
1011
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
2.68
64%
1014
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.47
53%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.67
90%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 17ᴼ
0.45
65%
1012
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
58%
1006
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
2.41
100%
1015
Currency

61.575

Currency

54.1105

Currency

72.0558

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Цинк

0.00

Платина

50958.93

Паладиум

39448.97

Злато

130265.18

Кобалт

56.29

Родиум

263636.12

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Калај

53.50

Сребро

1870.85

Бакар

12.74

Алуминиум

3.17