Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Најмалку 1.500 жители на градот Нисеми, во јужна Сицилија, беа евакуирани од своите домови откако силната бура, предизвикана од циклонот Хари, предизвика големо свлечиште на ридот над градот. Свлечиштето отвори процеп долг околу четири километри, кој продолжува да се шири и се заканува да ги зафати најранливите делови од населбата. Градоначалникот на овој ридски град, Масимилијано Конти, рече дека ситуацијата е исклучително сериозна, бидејќи ...
Германската метеоролошка служба издаде предупредување за „црн мраз“, мраз на патиштата во областа од Хамбург до централна Баварија и низ целата покраина Северна Рајна-Вестфалија. „Избегнувајте непотребни патувања и останете во затворен простор колку што е можно повеќе“, се вели во соопштението, пренесува „Билд“. Во текот на ноќта во Германија се случија голем број сообраќајни несреќи поради мраз на патиштата, според медиумот. Надлежните ...
Поради протест на возачите на камиони блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата, соопштуваат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Интензитетот на сообраќај на патните правци ...
Времето утре претпладне ќе биде претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми и најпрвин во западните делови, а потоа насекаде ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени. Во Скопје, ќе биде облачно, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ...
На денешната седница Владата донесе низа значајни и суштински одлуки кои јасно ја потврдуваат нашата определба и конкретната посветеност кон исполнување на обврските од процесот на пристапување во Европската Унија, но и кон заштита на јавниот интерес и демократските вредности, изјави владината портпаролка Марија Митева. „Владата денес направи уште еден силен и долгоочекуван чекор во насока на заштита на слободата на изразување и јавниот ...
Фотографија од израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, на која зборува на телефон брзо стана жешка тема на дискусија на социјалните медиуми и во меѓународните кругови. Детал што никој не го пропушти е селотејпот преку камерата на неговиот мобилен телефон. Иако на прв поглед изгледа невообичаено за лидерот на технолошки напредна земја, експертите истакнуваат дека станува збор за строга безбедносна мерка. Се верува дека Нетанјаху го користи ...
Германија нуди награда од 1 милион евра за информации што ќе доведат до апсење на осомничените екстремно левичарски милитанти чие палење претходно овој месец предизвика масовен прекин на електричната енергија во Берлин. Полицијата трага по членови на „Vulkangruppe“ (Вулканска група), која ја презеде одговорноста за нападот, објави Euronews. Нападот остави околу 45.000 домови и 2.200 бизниси во југозападниот дел на германската престолнина без ...
Економските загуби за Бугарија и соседните земји ќе бидат критични поради блокадата на границите со Србија и Северна Македонија, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт и врски Гроздан Караџов за време на денешниот „Софски економски форум“. „Ваквите блокади водат до многу сериозни последици не само за транспортот, туку и за целата економија што зависи од снабдувањето“, рече Караџов, цитиран од БНТ. Според него, постапките на ...
Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изразува длабоко разочарување од континираниот неконструктивен пристап на официјално Скопје и од недостатокот на отвореност во комуникацијата со јавноста. По којзнае кој пат, министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија зборува за „иницијатива на поголеми и повлијателни земји членки на ЕУ“ за организирање средба меѓу министрите за надворешни ...
Надојдената вода од реката Тркања вчера однесе повеќе 100 јагниња и овци во селото Костурино, на локацијата позната како „Шепово“. „Струмица денес“ во текот на вчерашниот ден објави дека земјоделците се по своите ниви и се обидуваат да спасат она што може да се спаси. На терен се повеќе багери кои помагаат. Поради обилните врнежи од дожд, на подрачјето на Општина Струмица беа регистрирани нагли зголемувања на водостоите и излевања од ...
Премиерот, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што се случува со спортската сала во Расадник, до каде е реконструкцијата, бидејќи долго време беше запуштена, изјави: „Да благодарам, мислам дека е при крај. Мислам дека веќе следниот месец или месецот потоа најдоцна, треба и таа да се пушти во употреба, исто како што и салата во склоп на универзитетскиот кампус на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. ...
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги поддржува актуелните барања на дел од поголемите синдикатите и ќе се вклучи на протестот закажан за утре, 28 јануари. „Оваа одлука беше донесена на состанок на Извршниот одбор со која истовремено ССНМ ги повикува своите членови да дадат полна поддршка на барањата за зголемување на минималната, но и сите плати на работниците во земјава. ССНМ смета дека приклучување на протестот на кој ...
Општината нема донесено урбанистички планови за 20 населени места, нема преземено мерки за отстранување на бесправно изградените објекти, особено во заштитените подрачја, поставувањето урбана опрема е без дозволи и платени комунални такси, а субвенционирањето на јавните претпријатија во вкупен износ од 36.505 илјади денари е без Програма и претходно обезбедена согласност од Советот Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските ...
Во пресрет на утрешниот протест за минималната плата да се зголеми на 600 евра организиран од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) премиерот Христијан Мицкоски останува на ставот што имаше цела измината година, дека Владата ќе поддржи договор меѓу работниците и работодавачите. „Секој има право да си протестира. Ние минималната плата, согласно Закон, ќе ја зголемиме во март месец односно согласно платите што ќе ги добијат работниците во ...
Во сабота, на 31.01.2026 година, во 12:00 часот, „Стоп за Усје“ излегува на протестен марш кој ќе почне пред Владата, ќе продолжи кон Собранието, а ќе заврши пред Министерството за животна средина и просторно планирање. „Ги повикуваме сите граѓани, кои сакаат да се изборат за правото на чист воздух, да се приклучат на овој марш. Меѓу другото ги повикуваме институциите будно да ја следат состојбата и бурно да реагираат, бидејќи ниту еден ...
Триесет и шестгодишниот С.С. од Сарај пријавил во полиција дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставник во основно училиште во скопската општина Ѓорче Петров. Според информациите на МВР, на 26 јануари 2026 година, околу 15:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека нападот се случил истиот ден во 12:40 часот, во спортската сала на основното училиште. За нападот е пријавен А.П. (48) од Скопје, кој работи како наставник во истото ...
Шефот на кабинетот на премиерот, Владимир Нелоски, ги отфрла тврдењата на СДСМ дека фирмата на неговиот татко учествува во државни тендери. Тој најави тужба против партијата. „Ја гледам онаа тирада на нечесни и валкани прес конференции на СДС партијата која е петта во градот Скопје и трета во државата. Тие изобилуваат со невистини, креирани информации и полу информации. Тие треба да го свртат вниманието од комплетното растројство и ...
Меѓународната веб-страница GlobalFirepower.com ја објави годишната ранг-листа за 2026 година, со која се оценува воената моќ на 145 држави ширум светот. Рангирањето се базира на повеќе од 60 индикатори, меѓу кои воените капацитети, финансиските ресурси, логистиката, технологијата и географските фактори, врз основа на кои се пресметува индексот на моќ (PowerIndex – PwrIndx), пишува zoom.mk. Во објавената листа, стрелките во боја го ...
Потпорен ѕид на улицата Љубен Иванов во Штип, во близина на клиничката болница, утрово околу 9 часот се сруши и падна врз две паркирани возила, јавуваат локалните медиуми. Во инцидентот нема повредени лица, а на местото на настанот веднаш излегле надлежните служби. Според првичните информации, причина за уривањето на ѕидот се неповолните временски услови. Текстот Потпорен ѕид се урна во Штип и оштети автомобили кај болницата е превземен од ...
Над 35.300 единки од 44 различни видови на водни птици беа попишани за време на зимското пребројување на птици на трите природни езера во Македонија, што под водство на Македонското еколошко друштво кај нас се случува секој јануари од 2010 година наваму како дел од Меѓународниот зимски цензус на водни птици. „Споредено со податоците од претходните пет години, популациите на птици на Дојранското Езеро, иако мали, се стабилни. На Преспанското ...
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на вчерашниот ден спроведоа вонредна инспекциска контрола кај оператор со храна увозник на почетна формула за доенчиња, последователна формула за доенчиња и диететска храна за посебни медицински намени, за кои АХВ вчера, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија доби ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши работна посета и детален увид на локалитетот Скопско Кале, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков, проф. д-р Драги Митревски и претставник од Управата за заштита на културното наследство, со цел целосно согледување на актуелната состојба и утврдување на реалните можности за негово понатамошно отворање и ставање во активна културна функција. Во рамки на посетата ...
Состојбата по поплавите во Струмица се стабилизира, соопшти Центарот за управување со кризи. Од таму, исто така, наведуваат дека до овој момент во РЦУК Скопје нема пристигнато пријави за штети предизвикани од врнежите од дожд. Состојбата е редовна и континуирано се следи. Струмички регион Според информациите од ЕЛС Струмица, состојбата е стабилизирана и се бележи опаѓање на водостојот на реките Струмица и Тркања, иако на одделни места сè ...
Доналд Трамп рече дека Иран сака да склучи договор, бидејќи американски носач на авиони и придружна борбена група пристигнаа на Блискиот Исток. Американскиот претседател претходно се закани дека ќе го нападне Техеран ако тамошната влада не престане со насилното задушување на протестите, објавува Телеграф. Трамп ја омекна својата реторика откако Иран го увери дека некои планирани егзекуции на притворени демонстранти се запрени и откако доби ...
Силна зимска бура што ги зафати Соединетите Американски Држави донесе нови снежни врнежи на североисток, додека југот е замрзнат, оставајќи многу жители на студ уште една ноќ и без струја. Најмалку 30 смртни случаи се регистрирани во државите погодени од екстремниот студ, објавува АП. Снежна покривка висока над 30 сантиметри, што се протега во појас од 2.100 километри од Арканзас до Нова Англија, го парализираше сообраќајот во понеделник, ...
Црна Гора го затвори преговарачкото поглавје 32 – Финансиски надзор вчера, на Меѓувладината конференција меѓу Црна Гора и Европската Унија во Брисел. Ова значи дека Црна Гора го затвори 13-то од 33-те преговарачки поглавја во преговорите со Европската Унија. Европската комесарка за проширување Марта Кос потсети дека Црна Гора затворила пет преговарачки поглавја во декември 2025 година и дека оваа серија продолжила и оваа година. Таа, исто ...
Градоначалничката на Париз, Ан Идалго, денес ги откри имињата на 72 научници кои ќе бидат додадени на листата со имињата на научници врежани на првиот кат од Ајфеловата кула пред повеќе од 130 години, според француските медиуми. Списокот опфаќа речиси 250 години историја, а го вклучува и името од Анжелик ди Кудре, бабица од 18 век, до неодамна починати научници, објасни претседателката на здружението „Жени и наука“, Изабел Воглен, објави ...
Москва сè уште не е запознаена со официјалната реакција на Вашингтон на иницијативата на Русија за префрлање на една милијарда долари од средствата замрзнати во САД на Одборот за мир, но тоа секако отвора нови хоризонти за соработка со САД, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Досега не сме слушнале никаква јавна реакција на ова“, рече Песков, пренесува Спутник. Во исто време, тој рече дека Кремљ забележал дека американскиот ...
Речиси 4.000 летови беа откажани денес до или од Соединетите Американски Држави, а аеродромите во Бостон и Њујорк се најтешко погодени, според податоците од веб-страницата „FlightAware“. Од петок, повеќе од 20.000 летови беа откажани поради зимската бура, објавува „ABC News“. Само во неделата беа откажани повеќе од 11.000 летови, што е најголем број дневни откажувања од пандемијата на коронавирусот, според податоците од компанијата „Сириум“. ...
Унгарија ќе покрене судска постапка со цел да се поништи декретот за постепено укинување на увозот на руски гас до 1 јануари 2027 година, кој беше усвоен претходно денес од земјите на Европската Унија, објави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто. „Доколку не можеме да купуваме сурова нафта и гас од Русија, сметките за енергија на домаќинствата ќе се зголемат тројно, а фабриките може да се соочат со тешкотии поради ...