Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Во периодот од 18.05.2026 до 31.07.2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли на целата територија на државата, насочени кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При спроведените контроли, констатирани се вкупно 6.932 прекршоци сторени од возачи на велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и ...
„СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против сѐ во оваа држава, само за Македонија да не успее. За да не успееме како држава тие ќе бидат и против центри за податоци, и против странски инвестиции, и против влез на високи технологии. Подготвени се да бидат и против нови вработувања – само Македонија да пропаѓа како што пропаѓаше седум години. Се покажа во минатото на неговиот патрон чива одлика е да работи сѐ спротивно на македонските граѓани и ...
Лидерот на граѓанското движење „Национален минимум“, Ацо Велковски, остро реагираше на денешната посета на министерот за земјоделство Серафимовски на Струмица, каде земјоделците со денови протестираат и бараат откупна цена од 50 денари за килограм ајварска пиперка. Велковски го критикуваше ставот на министерот дека Министерството ќе биде „медијатор“ меѓу земјоделците и откупувачите, оценувајќи дека тоа е недоволно и понижувачки за ...
Новата учебна година во ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин започнува со уште подобри услови за учење. Со набавката на новите смарт-табли, целото училиште е опремено со современа технологија која овозможува интерактивна, интересна и модерна настава, извести Општина Аеродром. „Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска беше во посета на училиштето кое е целосно подготвено да ги пречека учениците на 1 септември – со современа ...
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, извести дека е подметнат пожар на кавадаречката депонија. Како што изјави тој, огнот излегол надвор од депонијата, ја зафатил околната сува вегетација, а од другата страна веќе навлегол во дрвјата. „Тука на лице место се кавадаречките пожарникари, коишто се обидуваат да воспостават контрола. Градоначалникот Митко Јанчев беше овде, испратена е механизација со којашто ќе се обидат пожарникарите да направат ...
Министерот Сашо Клековски, денес, врачи дел од решенијата за вработување на 109 лица во Клиничка болница Тетово, кои досега беа ангажирани со договор на дело, извести МЗ. Заедно со решенијата врачени пред неколку месеци, во Клиничката болница Тетово досега се вработени вкупно 145 лица од различни медицински профили, кои се неопходни за успешно функционирање на установата. „Ви честитам на сите и ви посакувам успешна работа, професионални ...
Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов денеска оствари средба со Александар Појразов, претседател на Сојузот на Здруженијата на Македонците во Италија, од Пјаченца и директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, Горан Ангелов. На средбата стана збор за проблемите со кои се соочуваат македонските граѓани во остварувањето на правата од пензиското и инвалидското осигурување во Република Италија и во Македонија, како и за ...
ДОМ ја поздравува одлуката на Советот на Општина Пехчево едногласно да ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар. Според партијата, ова е важен чекор, но тука не завршува приказната. „Ќе продолжиме внимателно да ги следиме сите постапки за изградба на дата-центри, како и да реагираме секогаш кога ќе има обиди вакви проекти да се туркаат без доволно информации, без јавноста да биде навремено информирана и без јасни анализи за ...
Федералната влада наскоро ќе открие кој стои зад обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг, објави германскиот канцелар Фридрих Мерц и рече дека одговорните „ќе платат за тоа“. „Обидот за напад на 4 август покажува дека Германија е сè повеќе цел на хибридни закани“, додаде канцеларот, пишува „Зидојче Цајтунг“. Мерц, денеска, пред состанокот на кабинетот во Нојхарденберг, рече дека владата наскоро ќе презентира информации за обидот за ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ги отфрли тврдењата на претседателот на Демократската партија (ДС) Срѓан Миливојевиќ дека ќе ја напушти Србија ако ги изгуби изборите. За време на посетата на винаријата Цветковиќ во Стањево во близина на Александровац, Вучиќ рече дека нема причина да избега од земјата и ги пофали резултатите од неговата влада, јавуваат српските медиуми. „Велеа дека ќе избегам, дека ќе се сокријам. Зошто да бегам, ...
Голем пожар избувна некаде околу пладне меѓу селата Горно и Долно Чичево, Општина Градско. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, од местото информира дека пожарот се проширил и најави дека ќе следи долга битка со огнот. „За жал ја изгубивме почетната конотрола. Се работи за сува трева која зафаќа голема површина. Пожарникарите останаа без вода, овде ќе следи долготрајна битка“, рече Ангелов. Тој најави дека во ...
Пациентите со трансплантирани органи од утре, 26 август, ќе можат да го подигнуваат лекот Myfortic (mycophenolic acid) од 180 mg и 360 mg без доплата од договорните аптеки на Фондот за здравствено осигурување. „Она што Фондот го најави како решение за заштита на оваа специфична категорија пациенти, сега е целосно реализирано. Завршени се сите потребни постапки, Управниот одбор ја даде потребната согласност, направени се измените во ...
Септемвриските пензии кои пензионерите ќе ги добијат во октомври, ќе бидат зголемени. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека се во тек пресметките за законското, процентуално усогласување на пензиите. „Тоа ќе биде редовно нивелирање, усогласување согласно закон. Знаете дека постоеја иницијативи од страна на поединци, во позадина охрабрени од политички партии, пред Уставниот суд да покренат тема за линеарното зголемување на пензиите. За да ги ...
Новиот јавен портал е‑наука е единствена национална електронска база на податоци за сите истражувачи кои вршат научно‑истражувачка работа. Министерката за образование и наука Весна Јаневска, на денешната промоција рече дека порталот e-nauka.mon.gov.mk ги покажува истражувачите, научно-истражувачките организации, како и статистиките и индикаторите за истражувачите. Тој е поврзан и со глобалните бази на истражувачки резултати Web of Science, ...
Венко Филипче како прв човек на СДС, а поставен на тоа место од неговиот другар Зоран Заев, кога станува збор посебно за здравството треба да молчи. Неговите кажувања дека обвинителството не покренало обвинение против него, покажуваат само дека обвинителот Ислам Абази е слеп пред доказите, истакна на прес-конференција Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, непокренувањето на обвинение е се, само не е доказ дека ...
Од Општина Бутел информираат дека и оваа година продолжуваат со поддршка за најмладите ученици и нивните семејства. На 1 септември, секое прваче во општинските основни училишта ќе добие висококвалитетен анатомски ранец со потребен училишен прибор, како и училишна униформа. Целта на оваа мерка, како што е соопштено, е на сите првачиња да им се обезбедат потребните услови за непречен и успешен почеток на учебната година, а истовремено да им се ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, во ексклузивно интервју за „Breitbart News“ изјави дека македонската влада силно ја поддржува владата и политиките на американскиот претседател Доналд Трамп на повеќе фронтови, од надворешна политика до енергија, геополитика и друго. „Македонските граѓани многу решително ја поддржуваат администрацијата на претседателот Трамп“, вели Мицкоски во интервјуто, истакнувајќи дека „кредибилитетот на Трамп меѓу ...
Кога СДС нема што да каже, ете ги, ќе најдат некој да излезе на прес-конференција за да заплашува народ и да шири апокалиптични сценарија. Уште од пред околу две години кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт зборуваа дека државата ќе банкротира, па после само уште не банкротирала, дека мигранти ќе доаѓале, дека цените на производите многу ќе поскапеле, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, по прес-конференцијата на СДСМ на која беше посочено дека следува криза и ...
Румер Вилис, ќерка на актерот Брус Вилис, одлучи да направи генетско тестирање откако на нејзиниот татко му беше дијагностицирана деменција. 38-годишната актерка вели дека е важно за неа да има што е можно повеќе информации за сопственото здравје бидејќи, како што рече, „информацијата е моќ“. Најстарата ќерка на холивудската ѕвезда сакаше да провери дали е изложена на зголемен ризик од развој на слични здравствени проблеми, со оглед на ...
Студија на повеќе од 31.000 луѓе покажа дека времето на првиот и последниот оброк може да биде поврзано со ризикот од прерана смрт. Истражувачите, сепак, предупредуваат дека резултатите не докажуваат директна причинско-последична врска. Поголемиот дел од советите за појадок се фокусирани на тоа што да се стави на чинијата. Сепак, голема студија спроведена меѓу возрасни Американци покажува дека треба да обрнеме внимание и на времето: времето ...
Официјалните документи докажуваат дека проектот за изградба на автопатот Скопје- Блаце не е проект создаден од актуелната власт, туку проект за кој во времето на владеењето на ДУИ биле преземени конкретни чекори во однос на проектирањето, обезбедувањето финансиски средства и тендерските постапки, велат од Демократската унија за интеграција. „На 27 јуни 2022 година, Собранието го усвои Законот за гаранција на обврските по заемот што требало ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја сподели пораката што му ја испрати американскиот претседател Доналд Трамп по повод Денот на независноста на Украина. Зеленски објави на социјалната мрежа X дека добил „топла и охрабрувачка“ честитка од Трамп по повод 35-годишнината од враќањето на украинската независност. „Почитуван господине претседателе, во име на американскиот народ, ви честитам вам и на народот на Украина за Денот на ...
По вчерашното одржување на првото судско рочиште против Артан Груби, сè повеќе се отвораат сериозни прашања за тоа што се случувало зад сцената и за обидите овој процес да се затвори преку спогодба со Обвинителството, истакнуваат од „Вреди“. „Наводно, Артан Груби бил убедуван да склучи спогодба со Обвинителството. Да прифати вина, да добие далеку полесна санкција, но и со тоа да стави крај на сите амбиции да го предводи ДУИ. Според нашите ...
Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на Природонаучниот музеј, Ивица Заркадов, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за унапредување на образованието за сите ученици од основните училишта на територијата на општината. Со овој Меморандум се поставува основа за организирани и континуирани едукативни активности во Музејот, со цел наставните содржини да им бидат поблиски, поинтересни и попрактични на ...
Комесарот за проширување на ЕУ, Марта Кос, го презентираше предлогот на Европската комисија за сеопфатна реформа на процесот на пристапување. Планот предвидува постепена интеграција, построги проверки на земјите-кандидатки и нова методологија за фазата што Кос ја опиша како нов Хелсиншки момент за Унијата, пишува „Euronews“. „Светот се промени, а проширувањето мора да се промени со него“, рече комесарката Кос на Конференцијата на амбасадори ...
Поминаа шест недели а документ, извештај, анализа за водата во Гостивар нема, истакнуваат од опозициската СДСМ. „Поминаа 10 дена откако Мицкоски се врати од образовано-научна екскурзија и откако рече дека „инсистира да се објави изшвештајот„. Ништо. Нема извештај, нема анализа на водата, нема кој утврдил и потпишал дека водата е безбедна за пиење. Се е лага и пропаганда“. Според СДСМ, Мицкоски и Клековски шират паника, со тоа што, како што ...
Владата на ВМРО-ДПМНЕ излажа дека ќе се бори против монополите и дека ќе се залага за пазарна диверзификација, а го направи токму спротивното. Со пари извадени директно од џебот на даночните обврзници, наместо да градат отворен пазар со долгорочни пониски цени на авиобилетите, тие финансираат тотален монопол во кој една унгарска приватна нискобуџетна компанија контролира над 60 проценти од пазарот, оценуваат од ЛДП. Според оваа партија, ...
Според ВМРО-ДПМНЕ, модуларните болници за време на ковид кризата во земјава биле поставени спротивно на низа предупредувања и без исполнување на сите законски и технички услови. „Поконкретно за модуларната болница во Тетово, каде во пожарот трагично загинаа 14 лица, тогашниот економски директор на болницата, Артан Етеми, до последен момент одбивал да ја прими и пушти во употреба болницата. Подоцна тој беше осуден на една и пол година затвор. ...
Според АМСМ, утрово од 05:05 часот, сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – Куманово кај мв. Карчов е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена ...
Претпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе ...