Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Поради огромен број барања и голема заинтересираност од нашите играчи, продолжуваме со промоцијата — ваучер од 200 денари за секој кој ќе извади нова Евротип Клуб картичка. Што добиваш? Ваучер од 200 денари веднаш по регистрацијата До 10.000.000 денари исплата – највисока на пазарот Огромен бонус од 777 % на одиграни натпревари Cash Back ако промашиш само еден пар на тикет Достапна програма за лојалност — собирај поени и искористи ...
Бизнис Батериите за е-автомобили стануваат поевтини 05.09.2025 Батериите за електрични автомобили поевтинуваат, а цената по киловат-час падна на најниско ниво досега, според анализата на консултантската фирма P3. Експертите веруваат дека овој тренд ќе продолжи и во наредните години. Во последните 20 години, цените на батериите се намалија за дури 92 проценти, а само во 2024 година е забележан пад од околу 20 проценти. Во моментов, цената на ...
Украинските земјоделски компании нелегално саделе сончогледи и житни култури на радиоактивно контаминирано земјиште во зоната на исклучување околу поранешната нуклеарна централа Чернобил, откри Канцеларијата на обвинителот за заштита на животната средина од Житомирската област. Директорите на четири компании, локалните власти и државниот геодет биле вклучени во овој опасен и нелегален бизнис, пишува полскиот медиум Фармер. Според соопштението ...
Секој човек има право на фер и квалитетни финансиски услуги, а финансиската едукација е клучот за стабилен систем и за заштита на граѓаните, изјавил гувернерот Трајко Славески на Глобалниот форум за политики на Алијансата за финансиска инклузија (АФИ), што се одржува во Намибија, соопшти Народна банка. Славески пред регионалната иницијатива за Источна Европа и Централна Азија (ECAPI), нагласил дека финансиската вклученост претставува темел на ...
Бизнис Шведска планира намалување на ДДВ за храна на половина 05.09.2025 Шведската влада планира да го преполови данокот на додадена вредност (ДДВ) за храна на 6% во предлогот за буџетот за 2026 година за да им помогне на домаќинствата и да ја зајакне економијата, изјави премиерот Улф Кристерсон. Вицепремиерката Еба Буш изјави дека намалувањето на ДДВ ќе биде привремено, од април 2026 година до декември 2027 година. Предлогот за буџетот ќе ...
Финансии / Банкарство НОВИ РЕКОРДИ НА БЕРЗИТЕ поради раст на акциите на технолошките гиганти 05.09.2025 Берзанскиот индекс S&P 500 достигна нов рекорден максимум, благодарение на силниот пораст на цените на акциите на неколку технолошки гиганти и верувањето на инвеститорите дека ФЕД наскоро ќе ги намали каматните стапки. Дау Џонс се „зголеми“ за 0,77 проценти, на 45.621 поен, додека S&P 500 порасна за 0,83 проценти, на 6.502 поени, а ...
Според најновите официјални податоци на Државниот завод за статистика, вработените во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности убедливо земаат највисоки просечни плати во државата. Овој сектор, кој го опфаќа популарниот ИТ-сектор, континуирано е на врвот на листата на најплатени професии во Македонија. Веднаш зад нив, на второ место на најплатени дејности се наоѓа секторот Воздухопловен транспорт, каде платите се ...
„Револут“ го назначи поранешниот извршен директор на „Сосиете женерал“ (Société Générale) Фредерик Одеа за претседател на операциите во Западна Европа, додека финтек-компанијата ги засилува напорите да ги истисне традиционалните банки од регионот. „Немав намера повторно да се вратам во традиционална банка“, изјави Одеа за „Блумберг“ во четвртокот. Новата функција е „добра можност да се биде дел од нов потфат“ во компанија што ги има ...
Флекс кредит додели речиси 50 ваучери за патување на вработените кои постигнале најдобри резултати за првата половина од 2025 година. Вработени од филијалите, кредитниот оддел и административна поддршка беа наградени со ваучер како признание за нивниот труд, посветеност и постигнати резултати. Со оваа иницијатива, компанијата уште еднаш го потврдува значењето што го дава на препознавање и вреднување на трудот и ангажманот на своите вработени. ...
Бизнис Вработените во државните компании се посреќни од колегите кои работат за приватниот сектор, покажало истражувањето во Хрватска 04.09.2025 Меѓу работниците во Хрватска, најсреќни се оние кои примаат високи плати, работат во државни компании, во маркетинг, односи со јавноста и човечки ресурси, како и оние кои живеат во Истра и Кварнер, според студија објавена во четврток од порталот MojPosao. Во истражувањето учествувале повеќе од три ...
Бизнис ТУРИСТИТЕ БАРААТ ЛУКСУЗНИ ДЕСТИНАЦИИ СО ОДРЖЛИВИ ЕКО-ПРАКТИКИ, зелената транзиција наметнува нови трендови во туризмот во светот 04.09.2025 Туризмот е една од најбрзо растечките индустрии во светот, со над 1,3 милијарди меѓународни патувања годишно. Глобалното истражување од 2023 година на Светската туристичка организација (UNWTO) покажува дека 73% од патниците активно бараат дестинации и даватели на услуги кои применуваат зелени ...
Бизнис Криминална организација во Грција шверцувала и продавала разредено гориво 04.09.2025 Над 1,34 милиони литри бензин и над 212.000 литри хемиски растворувачи биле дистрибуирани во Грција во текот на 2025 година од членови на меѓународна криминална организација активна во шверц и фалсификување на гориво и употреба на нелегален софтвер за измама на потрошувачите, а процените се дека вкупната корист од нелегалните активности изнесува ...
Францускиот орган за заштита на податоци CNIL го казни онлајн трговецот Шејн (Shein) со 150 милиони евра за неправилна употреба на колачиња. Компанијата најавува жалба и тврди дека одлуката е „политички мотивирана“. Казната од 150 милиони евра одговара на приближно два проценти од приходите на ирската подружница на Shein во Европа, кои изнесуваа 7,68 милијарди евра во 2023 година. Регулаторот открил дека француската страница на Shein не е во ...
Бизнис Месечен пад на малопродажбата во ЕУ, Европејците купувале помалку гориво и храна 04.09.2025 Малопродажбата во еврозоната се намали за 0,5 проценти во јули во споредба со пред еден месец, што е повеќе од пазарните очекувања. Во Европската Унија, продажбата се намали за 0,4 проценти во истиот месец, според официјалните податоци објавени од Евростат. Пазарните очекувања за еврозоната беа за месечен пад од 0,3 проценти во јули. Најголем ...
Вкупно 878 барања за користење субвенции за струја доставиле граѓаните на јавниот оглас кој заврши на 31 август, информира Министерството за енергетика. Од нив 227 се барања во кадегоријата„домаќинства со едно или повеќе лица со тешка или длабока интелектуална попреченост“, 296 за „домаќинства со едно или повеќе лица со најтешка телесна попреченост“, 201 за „домаќинства со едно или повеќе потполно слепи лица“ и 154 барања во категоријата ...
Бруто-домашниот производ забеежа раст од 3,4% во второто тримесечје горинава во споредба со истиот период лани, објави Државниот завоз за статистика. Во второто тримесечје од 2025 година, поголем пораст е забележан во секторите: „градежништво“ од 7,3%, „трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли“; „транспорт и складирање“; „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ од 6% и „рударство и вадење на ...
Компанијата xAI, основана од Илон Маск, ја напушти и главниот финансиски директор Мајк Либераторе, објавија американските медиуми. Ова е последното во серијата заминувања на високи раководители од компанијата за вештачка интелигенција на Маск. Либераторе, поранешен менаџер во Airbnb, се приклучи на xAI во април иза неколку месеци помогна во организирањето на собирањето 5 милијарди долари преку долг и дополнителни 5 милијарди преку ...
„Salesforce“ отпушти 4.000 вработени во службата за корисници, изјави неодамна извршниот директор Марк Бениоф, додека дискутираше за тоа како вештачката интелигенција (AI) помогнала да се намали бројот на вработени во компанијата, објави „CNBC“. Бениоф ги откри намалувањата за време на интервјуто емитувано во петокот на подкастот „The Logan Bartlett Show“. „Го намалив бројот на вработени од 9.000 на околу 5.000 бидејќи ми требаат помалку ...
Финансии / Банкарство Во јули намален јавниот долг на Србија 04.09.2025 Јавниот долг на Србија на крајот на јули оваа година изнесуваше 38,29 милијарди евра, или 43,4 проценти од бруто домашниот производ (БДП), објави денес Министерството за финансии. На крајот на јуни, јавниот долг изнесуваше 38,55 милијарди евра, што е 43,7 проценти од БДП. На крајот на 2024 година, јавниот долг на Србија изнесуваше околу 38,9 милијарди евра, или 47,2 ...
Бизнис Претставена програмата на Weekend.18 04.09.2025г Хејтери, стереотипи и предрасуди, новинарски ѕвезди, шест фестивали, едно незаборавно доживување На максимировиот Видиковац, со инспиративни разговори и во летна атмосфера, беше претставено сè што нè очекува од 18 до 21 септември во Ровињ - програмата на највозбудливиот регионален фестивал Weekend.18. Шест фестивалски целини, десет сали, над 120 панели и работилници, повеќе од стотина ...
Финансии / Банкарство Албанија до 2030 година да биде земја со безготовинско плаќање! – премиерот најавува дигитална револуција во Албанија 04.09.2025 Албанија подготвува план за да стане првата целосно безготовинска земја во светот до 2030 година. Имаме амбиција да ја направиме Албанија „безготовинска“ до крајот на оваа деценија, што значи дека сите интеракции и финансиски трансакции ќе бидат дигитални“, изјави албанскиот премиер Еди Рама ...
Во присуство на претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Цинпенг е потпишан правно обврзувачки меморандум за изградба на гасоводот „Силата на Сибир 2“, заедно со транзитниот крак „Сојуз Исток“ низ Монголија, објави ТАСС. Вкупно 50 милијарди кубни метри гас годишно треба да течат преку нова рута од Западен Сибир директно до кинескиот пазар. Алексеј Милер, извршен директор на Гаспром, не се двоумеше да нагласи дека Кинезите добиваат ...
Швајцарската компанија Твилајнер (Twiliner) лансира ноќни линии што ги поврзуваат клучните туристички дестинации, нудејќи удобност што досега не беше достапна во автобускиот превоз. Првите линии се планирани за ноември 2025 година, а рутата ќе ги вклучува Швајцарија, Луксембург, Белгија, Холандија и Шпанија. На почетокот ќе има две рути. Тоа се Цирих-Амстердам (со постојки во Базел, Луксембург, Брисел и Ротердам) и Цирих-Барселона (со ...
Бизнис Со новиот пакет за струјата германските домаќинстват заштедуваат 100 евра, но германските индустријалците бараат пониски цени 04.09.2025 Германската влада усвои контроверзен пакет мерки за намалување на цените на електричната енергија. Министерката за економија Катерина Рајхе изјави дека одлуката, која треба да биде одобрена од парламентот, е добра вест за потрошувачите. -Го намалуваме товарот врз потрошувачите, го намалуваме товарот ...
Македонија е неспремна да ги затвори термоцентралите до 2030 година и да обезбеди стабилна зелена транзиција – ова е клучната констатација од ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија. И покрај бројните стратегии и планови, земјата останува зависна од јагленот и ризикува да ги пропушти европските рокови за климатска неутралност. Тешко наследство од јагленот РЕК Битола и РЕК Осломеј остануваат главни производители на електрична ...
Guinot VAR е најновото „skin tech“ чудо кое го донесовме во “Боди М“ третман што ја менува цврстината и сјајот на кожата за само 30 минути. Ова не е уште еден facial апарат. Ова е Visible Age Reverse – нежен, неинвазивен и клинички прецизен третман кој користи напредна микростимулација и активен серум за регенерација на кожата. Резултатот? Помалку линии, повеќе цврстина, видливо посвеж изглед… уште по првиот третман. Пак ќе се погледнеш во ...
ТТК Банка АД Скопје издаде долгорочни должнички хартии од вредност, односно корпоративна обврзница, во вкупен износ од 1.000.000 евра. Обврзницата е издадена по пат на приватна понуда наменета за однапред познати купувачи, како што е наведено во официјалната одлука на Собранието на акционери на банката. Според документот, вкупно 15 инвеститори, од кои 14 физички лица и еден институционален инвеститор, учествуваа во откупот на обврзницата. ...
Во Претставничкиот дом на САД се создаде необична коалиција од конгресмени кои ретко се согласуваат по други прашања, но овојпат се обединија во поддршка на законски предлог за забрана членовите на Конгресот и нивните семејства да поседуваат и тргуваат со акции на компании. Групата вклучува претставници од крајната десница, левицата, умерени политичари и други. Тие се здружија за да ја поддржат забраната, која има висока јавна поддршка и ...
Францускиот стартап за вештачка интелигенција „Мистрал еј-ај“ (Mistral AI) е во финална фаза на инвестиција од 2 милијарди евра, со што компанијата се проценува на 12 милијарди евра (14 милијарди долари), вклучувајќи го и новото финансирање. Со оваа зделка „Мистрал“ ја зацврстува својата позиција како еден од највредните технолошки стартапи во Европа. Ривалот на „Опен еј-ај“ (OpenAI) развива отворено-кодни јазични модели, како и четбот ...
Јапонскиот автомобилски гигант Тојота воспоставува нова производна линија во чешката фабрика за автомобили во градот Колин каде што ќе произведува електрични возила. Вкупната вредност на проектот е 680 милиони евра, додека чешката држава ќе учествува со субвенција од 64 милиони евра. Како што изјави претседателот на Тојота Мотор Европа, Јошихиро Наката, овој проект е дел од стратегијата на компанијата за постигнување јаглеродна неутралност во ...