Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Култниот македонски рок-бенд Архангел повторно ја раздвижи домашната музичка сцена со кратка, но моќна најава на социјалните мрежи – „Нов сингл… Наскоро…“. Објавата веднаш предизвика внимание и возбуда кај публиката, која со години го очекува нивниот нов материјал. Оваа најава доаѓа во особено значаен период за бендот, кој интензивно работи на својот нов, петти студиски албум – прво студиско издание по повеќе од две децении. Предводени од ...
Годинешното 9. издание на “Џез фактори фестивал“ вечерва во Битола започна неконвенционално, со прес- конференција, со промоција на книгата “Прошетка, чекорење по мазохизмот“ на Иван Благојевиќ и музички дел – концерт на концерт на квартетот на Христијан Ристески, а сето тоа во “Утопија“ во Битола, а ќе се одржува од ќе се одржи од 15 до 19 април 2026 година.На прес конференцијата зборуваа директорот на “Џез фактори фестивал“, Сашо Поповски, ...
Раде Силјан (родено презиме Павловски) е роден на 16 април 1950 година во с. Жван, Демирхисарско. Основно образование завршил во родното место, гимназија во Битола, а Филолошки факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Работел како новинар во „Студентски збор“, „Наш свет“, „Железничке новине“ и Радио Скопје. Бил главен уредник на Третата програма на Македонското радио и генерален директор на „Македонска книга“. Исто така, ...
По бројните кавери и препеани хитови со кои го привлече вниманието на публиката, младиот, симпатичен и талентиран Никола Милосковски конечно го направи својот прв сериозен чекор на музичката сцена. На 13 април, преку својот YouTube канал, тој ја промовираше својата прва авторска песна – емотивната љубовна балада „Стари мој“, проследена со впечатлив видеоспот. Станува збор за песна која уште на прво слушање плени со својата искреност, топлина ...
Учениците од четврта година во Државното средно уметничко училиште „Лазар Личеновски“ во Скопје ќе ја отворат својата изложба на акт во петок во 20:00 часот во галеријата на училиштето. Изложбата претставува завршен дел од нивната наставна работа и практична уметничка обука, а е реализирана под менторство на професорката Мирослава Микица Трујкановиќ. На изложбата ќе бидат претставени избор од ученички дела работени во техниките на цртеж и ...
Elvis Presley Tribute Night ќе се одржи следниот месец во Битола и Охрид. Незаборавна вечер со најголемите хитови на легендарниот Елвис Присли е закажана за 14 мај во Центарот за култура „Григор Прличев“ и на 15 Мај во НУ Центар за култура – Битола. Спектакуларниот трибјут настап посветен на кралот на рокенролот го изведува составот Troublemakers од Србија. Влезниците се пуштени во продажба онлајн на ticketx.com.mk, како и во продажната мрежа ...
Поп-ѕвездата Мадона денес објави дека на 3 јули оваа година ќе издаде нов албум наречен „Confessions on a Dance Floor: Part II“ за Warner Records. Во официјалното соопштение за медиумите, Мадона изјави дека новиот албум е „посветен на славење на играта и нашите тела“. „Подот за танцување е ритуален простор. Тоа е место каде што се поврзувате со вашите рани, со вашата кршливост. Рејвот е уметност. Станува збор за поместување на вашите граници ...
Во прилепскиот тетатар „Војдан Чернодрински“ денеска почнаа пробите за новата претстават, комедијата „Девојките на Марко“ од Оливера Николва, а во режија на Синиша Евтимов. Следејќи го пулсот на публиката и нејзината потреба за ведрина и смеа, театарот континуирано го гради својот репертоар во дијалог со гледачите. Комедијата, како жанр кој публиката особено го препознава и го сака, претставува важен дел од таа врска — и воедно наша обврска. ...
Истакнатиот македонски поет, критичар, есеист, антологичар, филозоф и естетичар, проф.д-р Ивица (Иван) Џепароски (1958, Скопје), сега во пензија, е избран за дописен член во работниот состав на МАНУ на 21. Изборно собрание на Академијата за избор на членови на МАНУ во работниот состав (редовни и дописни), на членови надвор од работниот состав и на почесни членови, одржано на 7 ноември 2025 година. Еве што рече во пригодната реч, академик ...
Сите соништа од детството ни се остварија: Селена Гомез и Џо Џонас се појавија на турата на Деми Ловато Објавена во: 15 Април, 2026 17:47 Отворањето на турнејата на Деми Ловато „It’s Not That Deep“ во Орландо, Флорида, се претвори во вистинско „Disney Channel“ обединување. Таа повторно се сретна со својата поранешна најдобра пријателка Селена Гомез, која беше забележана во публиката, а подоцна ѝ се придружи и зад сцената. На сцената ...
Во чест на големиот христијански празник Велигден, вчеравечер на Велики четврток во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар се одржа традиционален концерт на народни ора и песни на Градското аматерско културно-уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“. Со богата фолклорна програма, членовите на друштвото покажаа како се негува и почитува македонскиот фолклор уште од мали нозе. Нивните настапи сведочеа дека љубовта кон традицијата не е само обврска, ...
На 13 мај од 20:30 часот, во Младински културен центар (МКЦ) ќе се одржи концертот „Индастријал симфони“, алтернативен музички проект на Битолскиот оркестар „Дива“. „Станува збор за енергично и поинакво музичко доживување кое ветува динамична атмосфера и публика на нозе од почеток до крај. Концертот носи оркестарски изведби на познати песни од ‘Продидџи’, ‘Рамштајн’, ‘Кемикал брадерс’ и други, претставени на начин што ретко се гледа на ...
На 18 април (сабота) од 20.00 часот на Сцена 105 во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде изведена претставата „Лидија, или сè што знам за жените“. Се работи за експериментална документарна монодрама во развој, според истоимениот прв поетски роман од Тихомир Јанчовски. Адаптацијата, режијата и актерската игра е на Игор Трпчески. Музиктаа на акустична гитара е на Тони Миќевиќ, а тонот е на Томе Темелкоски. „Лидија, или сè што ...
Светскиот ден на уметноста се одбележува на 15 април, потсетувајќи на значењето на креативното изразување и неговото влијание врз општеството. Секоја година на 15 април се одбележува Светскиот ден на уметноста, посветен на креативноста и нејзината улога во современото општество. Датумот не е случаен – избран е во чест на Леонардо да Винчи, симбол на човечката генијалност, љубопитност и слободна мисла. Иницијативата за негово одбележување ...
– Не постои добро пишување без многу читање, длабоко сум уверена во тоа. Кај постарите автори, книжевните писма почиваа на обемна лектира, кај помладите и најмладите, многу често се забележува дека нивните писма не почиваат, ниту, пак, произлегуваат од некаква завидна лектира, туку сè почесто се „потпираат“ само и исклучиво на филмовите, сериите, трендовите… Не велам дека тоа, генерално, е лошо, туку само го подвлекувам како констатација, ...
Во 29 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви :3,6,10,17,20,27,37 Добивка со седум погодоци немаше а имаше четири добивки со шест погодоци вредни 89.894,25 денари. Фондот за седумка во следното коло изнесува : 10.000.000денари. Во ова коло шестоцифрениот џокер број е:6,1,6,2,8,6. На џокерот добивки со шест погодоци немаше . Очекуваниот фонд за добивка со шест погодоци на играта џокер во следното коло изнесува 1.894.000 денари. Во 29 ...
По романите за Тито и Сирма, од популарниот автор Зоран Спасов Ѕоф, пристигнува нова историска фикција – роман за Гоце Делчев. Новата книга „Гоце Делчев: Љубов и смрт“, која е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде ексклузивно претставена на отворањето на претстојниот Саем на книгата, на 23 април (четврток), со почеток во 18 часот. „Гоце Делчев: Љубов и смрт“ е роман за еден човек — и за времето што не знаело како ...
Warner Bros учествуваше на новото издание на CinemaCon во Лас Вегас, каде што ги претстави претстојните филмски проекти, вклучувајќи го и „Господарот на прстените: Ловот на Голум“. Премиерата на новиот дел од популарната франшиза базирана на книгите на Џ. Р. Р. Толкин е закажана за 17 декември 2027 година, а режиjata, како и улогата на Голум, му се доверени на Енди Серкис. Иан Мекелен се враќа како Гандалф, Елајџа Вуд ја повторува улогата на ...
Димитар Михајловски е новиот директор на ЈОУ КИЦ Битола. Михајловски е роден во Битола на 20 февруари 1977 година, средно образование завршил во родниот град, а дипломирал на Интернационалниот Универзитет „ЕУРОПА ПРИМА“ од Скопје, на факултетот за филмски уметности при што се стекнал со стручен назив филмски уметник – продуцент. На раководната позиција во ЈОУ КИЦ Битола, Димитар Михајловски, доаѓа од НУ Народен Театар Битола. Во своето ...
Билетите за отворањето на 54. издание на Мајските оперски вечери, кое ќе се одржи на 9 мај, 2026 година се распродадоа за само 30 минути, потврдувајќи го огромниот интерес и најавувајќи издание што веќе се смета за едно од најважните досега, соопшти Националната опера и балет. Овогодишното издание носи репертоар што ја поврзува традицијата со современата уметничка визија. Од драматичната моќ на „Риголето“, преку интензитетот на „Тоска“, до ...
Со рекордна брзина и огромен интерес од публиката, билетите за отворањето на 54.Мајски оперски вечери се распродадоа за само 30 минути. Овој резултат уште еднаш ја потврдува позицијата на фестивалот како еден од најзначајните културни настани во земјата и регионот. Но, ова е само почеток. Овогодишното издание носи репертоар што ја поврзува традицијата со современата уметничка визија. Од драматичната моќ на „Риголето“, преку интензитетот на ...
Таму каде што минатата година застана Armin van Buuren, оваа година продолжува еден од апсолутно најактуелните диџеи на денешницата, познат ширум планетата по своите енергични и спектакуларни шоуа, STEVE AOKI! Ако во овој бизнис постои човек кој 1000% остава срце на терен во своите настапи, тоа е STEVE AOKI! Познат по својата неверојатна енергија, интеракција со публиката и легендарните “cake throwing” моменти, Aoki има настапувано на ...
На 17 април 2026 година (петок), со почеток во 19 часот, во Ликовната галерија при ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Дозимери“ од Драган Верговски-Алпи. Изложбата опфаќа 30 дела изработени на картон и алуминиумски лим, со мотиви инспирирани од крстови, пејзажи и кочанското поле. Драган Верговски-Алпи е советник конзерватор и автор со богато творештво и долгогодишно искуство во заштита на културното наследство. Изложбата е ...
На 15 април со почеток во 20:00 часот ќе се одржи премиерата на претставата „Без иднина“, во Албанскиот театар за деца и млади, изработена според делото „Будење на пролетта“ од Франк Ведекинд. Претставата ја обработува темата за растењето, првите судири со себе и со светот, како и тишината што често ги следи тие моменти. Низ спомени и фрагменти од минатото се отвора простор за разбирање на младоста, промените и неизговорените прашања. ...
Хелбој е натприродно суштество – син на паднат ангел. Тој дошол во нашиот свет во 1944 г. како последица на мистичен ритуал. Окултистите од Третиот Рајх долго време се обидувале да добијат предност во војната, надевајќи се дека ќе го привлечат идеалниот војник во редовите на фашистичката армија. Хелбој бил токму тој што им требал, но никогаш не успеале да ги остварат своите планови. Демонот од пеколот паднал во рацете на Американците и почнал ...
Работната средба со градоначалникот на Општина Македонски Брод, Жарко Ристески, претставуваше значаен и содржаен настан, кој ја потврдува важноста на институционалната соработка во процесот на унапредување и интернационализација на македонската култура. Средбата се одвиваше во дух на взаемна почит, отворен дијалог и споделена визија за идниот развој на културните политики и нивната улога во современото општество. Во текот на разговорите, ...
По излегувањето од затвор, талентиран бравар се обидува да го поправи односот со својата ќерка и поранешната партнерка, но брзо повторно се вплеткува во опасен криминален свет. Кога исчезнување ќе го вовлече во мрежа од корумпирани полицајци и криминалци, тој мора да ги искористи своите вештини за да преживее. По излегувањето од затвор, талентиран бравар се обидува да го поправи односот со својата ќерка и поранешната партнерка, но брзо ...
Под владеењето на Наполеон, Франсоа Видок, единствениот човек кој побегнал од најголемата казнена колонија во земјата, е легенда на париското подземје. Оставен да умре по неговото последно спектакуларно бегство, поранешниот затвореник од казнената колонија се обидува да отпочне нов живот под маската на самостоен трговец. Под владеењето на Наполеон, Франсоа Видок, единствениот човек кој побегнал од најголемата казнена колонија во земјата, е ...
Роза е малку несигурна и послушна цветна самовила која отсекогаш живеела сама во својата розова грмушка. Повеќе од сè сонува да има пријател, но се плаши од сè и никогаш не се осмелила да излезе во Летната Земја (ливадата) за да запознае некого. Еден ден, кул и авантуристичка Свилена пеперутка – Силк ѝ го пресекува патот на Роза и тие веднаш стануваат пријатели и покрај нивните разлики. Силк сака да тргне во авантури низ Летната Земја, додека ...
Како што ексклузивно прв објави музичкиот портал Музика24, познатиот македонски фолк пејач Борче Наумовски – „Министерот за естрада“, ова лето ќе одржи голем солистички концерт во Битола, на магичната сцена на античкиот локалитет Хераклеа Линкестис. Концертот е закажан за 22 јули 2026 година и ќе биде дел од традиционалниот „Бит Фест“, кој со години го претвора градот под Пелистер во вистински културен центар. Она што дополнително ја крева ...