Белград
9ᴼ /
7ᴼ
Со оглед на тоа што Европската комисија неодамна оцени дека Македонија ги надминала поставените цели за зголемување на бројот на инспекции и за резултатите во борбата против сивата економија и додели приближно 2,5 милиони евра на земјава за јакнење на институциите и дигитализација на инспекциските служби, анализираме каква е стапката на неформалната економија во нашата држава и во кои сектори најмногу се избегнуваат давачките кон државата. ...
Добивај вести на Viber Постои остра поделба помеѓу она што го цени Генерацијата Z и она што менаџерите за вработување всушност го бараат. Мојот тим во Becoming You Labs неодамна спроведе студија користејќи ја нашата алатка за проценка на вредностите, The Values Bridge, која рангира 16 вредности користејќи 100 прашања за однесувањето. Од мај, над 77.000 луѓе го полагале. Потоа ја споредивме студијата со национална анкета на 2.100 менаџери за ...
Неделава ја обележи годишната конференција на „Блумберг Адрија“. Овој пат фокусот беше на финансиите, довербата и развојот. Лидерот на нашиот аналитички тим, Михаел Блажековиќ, направи вивисекција на состојбите во земјава и ги откри причините зошто таа заостанува. „Државните средства на Северна Македонија за истражување и развој се дури осум пати пониски од просекот на Европската Унија“, констатира Блажековиќ и порача дека земјава ќе стигне ...
На настанот по повод Светскиот ден на штедењето, кој се одржа на 31.10.2025 година, во организација на Македонската банкарска асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити, беа избрани најдобрите банкарски службеници со постигнати особени резултати во нивната работа. Со големо задоволство, ТТК Банка АД Скопје оваа година го номинираше Ѓорѓи Атанасовски, соработник во одделот за позадински обработки на ПП и средства и ликвидност, ...
Француската економија неочекувано порасна со најбрзо темпо од 2023-та година, смирувајќи ги загриженостите дека би можела да го изгуби моментумот поради нов бран политички превирања. Производството во втората по големина економија во еврозоната се зголеми за 0,5% на годишно ниво во третиот квартал, во споредба со 0,3% во претходните три месеци. Резултатот повеќе од двојно ги зголеми очекувањата на аналитичарите. Растот беше поттикнат од ...
Сè почесто, викендичките и вилите што до неодамна беа симбол на мирен одмор и бегство од градскиот хаос, денес се претвораат во мали приватни клубови за прослави, родендени, девојачки вечери и семејни собири. Побарувачката расте, а со неа и цените. Најпосакуваните објекти, оние со базен, голем двор и тераса, за една ноќ се изнајмуваат и до 800 евра. Иако тоа на прв поглед звучи претерано, реалноста е дека термини во некои вили се резервирани со ...
Замислете четиричлено семејство кое по неколку месеци штедење решава да си приреди мал зимски одмор во Охрид. Таткото пребарува апартмани по огласи, мајката ги споредува цените на рестораните, а децата само прашуваат дали ќе имаат време се фотографираат покрај езерото. На прв поглед, викенд во Охрид звучи како лесна и достапна идеја. Но кога ќе се собере сè, некако бројките стануваат поголеми од очекуваното. Просечната цена за апартман со четири ...
Комерцијална банка традиционално го одбележа Денот на штедењето и со доделување признанија и парични награди на 18 вработени, кои со години придонесуваат за развојот и успехот на Банката. Наградените вработени оваа година одбележуваат 15 и 30 години работа во Комерцијална банка и се вистинска инспирација за новите генерации што ја градат својата кариера во Банката. Тие заедно со целиот тим на Комерцијална банка секојдневно се посветени на ...
Добивај вести на Viber Шпанија годинава е со рекорден број туристи и над 105 милијарди евра заработка. Земјата забележа рекордни 76,5 милиони странски туристи во првите девет месеци од оваа година, што е зголемување од 3,5 отсто во споредба со истиот период минатата година. Во истовреме, туристичката потрошувачка првпат надмина 100 милијарди евра, објави Националниот институт за статистика. Вкупниот приход од туризмот достигна 105,8 милијарди ...
Добивај вести на Viber Тудор, Романец кој живее во Швајцарија седум години неодамна јавно откри како изгледа животот во една од најскапите земји во Европа. Иако многумина ја замислуваат Швајцарија како рај за работниците, тој предупредува на важна лекција што ја научил таму. Во своето сега вирално TikTok видео, Тудор прво предупредува дека платата брзо оди на обврски и даноци, па затоа е важно да се знае како да се распредели месечниот буџет. ...
ОКТА ги објави финансиските резултати за деветте месеци од 2025 година, со ЕБИТДА од 513 милиони денари и добивка пред оданочување од 490 милиони денари. Иако засилената конкуренција влијаеше на извозната продажба, остварувањата беа поткрепени од намалениот негативен ефект од вреднувањето на залихите, зголемената продажба на електрична енергија и намалените оперативни трошоци. Приходите од продажба во првите девет месеци од 2025 година достигнаа ...
Економијата повеќе не е во стагнација. Државниот завод за статистика објави податоци за неколку сегменти од економското дејствување во Македонија преку кои веќе почнуваат да се гледаат видливи резултати од нашата работа, ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната прес-конференција. Таа посочи на податоците објавени од Државниот завод за статистика кои евидентираа намалвуање на стапката на невработеност на ...
Во моментот имаме инвестициска активност од околу две милијарди денари за проекти во образованието, повеќе од 30 капитални инвестиции, седум комплетно нови училишни згради, дваесетина се реновираат, спортски сали во Струга и во Битола, отпочнуваме со спортските сали – Кисела Вода и Аеродром, во план е продолжување на проектот за реконструкција на универзитетите, односно зградите на факултетите ФИНКИ и ФФК, отпочнуваме со кампусот „Мајка Тереза“, ...
Развојот на нови авиолинии не е само техничко прашање, туку стратешка инвестиција во иднината на нашата економија, туризам и меѓународна соработка, истакнува премиерот Христијан Мицкоски. Според него, нашата држава, со својата стратешка локација на Балканот, има потенцијал да стане значаен центар за воздушен сообраќај. „Затоа нашата Влада активно работи на: Воведување нови авиолинии – Преку партнерства со реномирани авиокомпании како „Туркиш ...
Во изминатите денови се распиша Јавен повик бр.02/2025 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 2025 година. Овој Јавен повик се однесува за Мерката 112 – „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“. Трипуновски информираше дека јавниот повик е наменет за млади земјоделци на возраст од 18 до 40 години, кои што • за првпат започнуваат со ...
Со потпишување на стратешки договор за партнерство со Обединетото Кралство, Македонија го отвора патот за инвестиции вредни шест милијарди евра, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски на заедничка прес-конференција со британскиот амбасадор Метју Лосон. „Овој договор претставува втор столб на нашата меѓународна позиционираност по стратешкото партнерство со САД. Тоа е потврда дека нашата држава оди напред – кон стабилност, безбедност, развој ...
Во изминатиот период, изминативе месеци посветивме сериозно внимание, на иста маса разговаравме со откупувачите и земјоделците за пласманот на зелката од оваа реколта и постигнавме одличен резултат, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски одговарајќи на новинарско прашање за пласманот на зелката. „Одличниот резултат го постигнавме поради тоа што заеднички покажавме дека кога ќе се постигне договор и ...
Државниот завод за статистика изминативе денови излезе со податоци, со споредба на првиот квартал од 2024 година и со првиот квартал од 2025 година. „Бројките говорат дека имаме сериозен раст во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од општина Босилово. „Во градинарскиот сектор зголемувањето е до 50% во споредба со првиот квартал од 2024 ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година, наменет за модернизација на земјоделските стопанства преку набавка на трактори. Максималната поддршка по корисник изнесува 600.000 денари, поддршката се исплаќа на годишно ниво според реализацијата на деловниот план. Јавниот повик се однесува ...
Во време на ковид пандемија и енергетска криза Заев и Филипче се богателе врз грбот на граѓаните кои плаќаа драстично повисоки сметки за струја, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче трет ден молчи за испумпувањето на десетици милиони евра од ЕСМ од страна на Вице Заев и фирми кои водат лично до него. Вице Заев, Зоран Заев и Венко Филипче се директно виновни што струјата во нивно време се покачи за над 50%. Фирми блиски до Заев и Филипче ...
До 2031 година 80 отсто од граѓаните треба да имаат смарт броила, а првите веќе се очекува да бидат инсталирани за околу година и пол соп. Со ова ќе се елиминираат паушалите на сметките. Овие новини се предвидени во новиот Закон за енергетика. Во меѓувреме, граѓаните на сметките ќе можат да прочитаат колку од неплатеното е потрошена електрична енергија, а колку паушал и ова се очекува да се случи од јулската сметка. Според надлежните се ...
Зголемување од 2 проценти годинава во однос на минатата има кај површините кои беа засеани со пченица. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство пренесува изјава на министерот Цветан Трипуновски кој посочува дека согласно првичните податоци од науката и теренските сондажи, се бележи „сериозен раст во делот на просекот кој ќе биде на државно ниво – тој ќе се движи оваа година над 4 тони по хектар. -Овие 70.000 хектари кои ги ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, на денешната прес-конференција ги презентираше спортските проекти предвидени во неговата изборна програма, нагласувајќи дека приоритет ќе биде целосната ревитализација на спортската инфраструктура и создавање достапни спортски зони за сите граѓани. Османи најави дека најпрво ќе се започне со реконструкција на постојните спортски сали и терени, со цел тие повторно да станат достапни за ...
Тендерот за набавка на електрична енергија за Универзалниот снабдувач ЕВН Македонија ќе го објави на средината на ноември, дознава Телевизија 24. Според неофицијалните информации во текот на следните две недели компанијата ќе ги направи последните подготовки и ќе објави условите по кои ќе бара електрична енергија за домаќинствата и дел од малите претпријатија кои и натаму се на регулираниот пазар. Претседателот на РКЕ Марко Бислимовски уверува ...
Добро познат производител повлекува производи од продавниците на герсмнкиот синџир Глобус поради можни фрагменти од пластика. Поточно, повлекувањето се однесува на два вида вафли од марката Лотус, и двете со рок на траење до 17 декември 2025 година. Лотус Бејкерис ГмбХ го објави ова преку порталот за предупредување за храна на Федералната канцеларија за заштита на потрошувачите и безбедност на храната (БВЛ). Препорачано Засегнатите вафли се ...
Добивај вести на Viber Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига денеска ја повика Европската унија (ЕУ) да ја зголеми царината за увоз на стоки од Русија кои не подлежат на санкциите на ЕУ воведени поради руската инвазија на Украина. За воведување санкции е потребна согласност од сите членки на ЕУ, како и од Унгарија и Словачка, кои се противат на нив, но за воведување царини е потребно само квалификувано мнозинство - најмалку ...
И во Македонија има компании во кои се организираат дополнителни активности, со цел да им го олеснуваат работниот ден на работниците. Така, во државата има многу компании што се современо опремени и што во рамките на фирмата имаат бифе, односно кафе-бар, фитнес-центри, базен, маси за пинг-понг, маси за билјард… Овие трендови што се наметнаа од современите компании во САД и во Европа почнаа да ги преминуваат и некои од нашите компании, со цел да ...
Со еден допир на читачот, корисниците отклучуваат врати, влегуваат во канцеларии и теретани, зачувуваат контакти за итни случаи, па дури и користат дигитални билети за воз. Идејата е едноставна – да се заменат клучевите, картичките и пропусниците со нешто што е секогаш буквално „при рака“. Повеќето чипови функционираат како пасивни RFID или NFC ознаки кои немаат батерија или GPS, туку се активираат само кога читачот ќе им се приближи на неколку ...
Инвеститорот Мајкл Бари, кој стана познат по облогот против американскиот пазар на недвижности, испрати нејасно предупредување до малите инвеститори за преголемиот оптимизам на пазарот. Неговата објава на мрежата Х доаѓа во момент кога сè повеќе луѓе ја доведуваат во прашање финансиската одржливост на бумот на вештачката интелигенција, што предизвика раст на акциите на мал број технолошки компании. Прочитај повеќе „Енвидија“ ќе стане ...
Поради недостатокот на работна сила, голем број работодавачи во Србија се одлучуваат за странски работници. Начинот на кој тие доаѓаат во Србија, кој најчесто е преку агенции за вработување, понекогаш е познат по тоа што е проследен со проблеми, од несоодветни услови за странските работници до должничко ропство. Поради политичките и економските околности, во последните години, Србија стана атракција за домашни и странски инвеститори, а со тоа и ...