
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Италијанската порноѕвезда Роко Зифреди е некој што не би го очекувале на Берлинскиот филмски фестивал. Тој дојде во Берлин за премиерата на „Суперсекс“, новата играна серија на „Нетфликс“ која раскажува за неговиот живот. „Многу беше емотивно да се гледа мојата животна приказна на овој начин. Многу плачев“, кажа 59-годишниот Зифреди, кого на црвениот тепих го придружуваа сопругата Роза Карачоло (фото) и двајцата синови. Серијата почнува во ...
„Берлин“, спиноф серијата на „Куќа од хартија“ (La Casa de Papel), ќе добие втора сезона на „Нетфликс“. Снимањето ќе почне следната година. Покрај Берлин, кого го игра Педро Алонсо, ќе се врати и остатокот од неговата банда, која во првата сезона изврши грабеж во Париз. „Берлин“ се одвива пред случувањата во хитот „Куќа од хартија“ и „Нетфликс“ објави дека била најгледаната серија на светско ниво во првата недела од премиерата кон крајот на ...
Фасцинантна серија која длабоко навлегува во најскриените, најдлабоките мистерии и заговори од најстарата историја па се до ден денешен и ги разоткрива тајните на случаите кои одамна биле заборавени. Користејќи најсовремена техника и најнови научни откритија, досега невидени архивски и научни снимки, објаснувања од врвни научници, истражувачи, форензичари и поранешни офицери за тајни операции, серијата „Разоткриени заговори“ ги комбинира науката ...
„Halt and Catch Fire“ е американска драмска телевизиска серија создадена од Кристофер Кантвел и Кристофер К. Роџерс. Насловот на емисијата се однесува на инструкцијата за кодот на компјутерската машина „Halt and Catch Fire“ (HCF), чие извршување ќе предизвика централната процесорска единица на компјутерот да престане да работи (да се самозапали). Во првата сезона, измислената компанија Кардиф Електрик го прави својот прв напад во персоналните ...
Врз основа на вистински настани, серијата ја раскажува приказната за раѓањето на модерната шпионажа за време на американската револуционерна војна. Фокусот е на фармерот Абрахам Вудхул (Џејми Бел), кој заедно со своите пријатели стануваат неверојатни шпиони и го свртуваат бранот во борбата на Америка за независност. Тие основаат таен шпионски круг – Прстенот Кулпер (Culper Ring). Членовите на тајниот круг ги ризикуваат своите животи за ...
Во ова издание зборувавме за лични документи, пасошите, возачките дозволи и останатите актуелни теми кои Не само што не можеме да ги плаќаме, туку и да ги платиме личните документи не можеме да ги извадиме. Ваква ситуација досега никогаш не се случила. Најстрашно од се е што Оливер Спасовски мудро молчи. Тоа е човекот што даде пасоши на 215 криминалци, сега молчи. Вчера се пофали дека изминале 4 години од влезот на Македонија во НАТО, рече ...
Бугарскиот актер Јулиан Костов ќе го замени Милош Биковиќ во третата сезона на популарната серија на Ејч-Би-О, „Белиот лотус“. Костов ќе го игра рускиот спа гуру Валентин, а Ејч-Би-О му ја одзеде улогата на Биковиќ откако украинското министерство за надворешни работи ја критикуваше ТВ-мрежата бидејќи тој отворено ја поддржувал руската инвазија на Украина. Биковиќ доби руско државјанство во 2021, а Владимир Путин му го додели медалот „Пушкин“ за ...
Актерката Кетрин О’Хара ќе глуми во втората сезона на една од најпопуларните серии на Ејч-Би-О, „Последните од нас“. О’Хара е една од најпознатите актерки од комедии на денешнината, глумејќи во филмови како „Сам дома“. Деталите за ликот што О’Хара ќе го игра се чуваат во тајност. Таа им се придружува на актерите кои ги играа главните улоги во првата сезона, како Педро Паскал и Бела Ремзи. Ејч-Би-О ја прави серијата според истоимената популарна ...
Ејч-Би-О го исклучи српскиот актер Милош Биковиќ од актерската екипа на третата сезона на популарната ТВ-серија „Белиот лотос“, откако украинското министерство за надворешни работи ја критикуваше ТВ-мрежата, бидејќи тој отворено ја поддржува руската инвазија на Украина. Биковиќ доби руско државјанство во 2021, а Владимир Путин му го додели медалот „Пушкин“ за неговиот придонес кон руските култура и уметност. Во 2019 тој кажа дека му бил забранет ...
Мистериозната четврта сезона на „Вистински детектив“, со Џоди Фостер во главната улога, собира одлични критики. Дејството се случува на Аласка, во периодот од годината кога таму е 24-часовна ноќ. Сепак, градот Енис не постои и беше создаден специјално за серијата. На најсеверната точка на Аласка се наоѓа гратчето Норт Слоуп Бороу, каде што половина од населението е домородно, кое послужило како инспирација за Енис. Како замена за ледениот пејзаж ...
„Фирмата“ е драмска серија заснована на најпродаваниот роман на Џон Гришам. Серијата која ја продолжува приказната за адвокатот Мичел МекДир, кој како млад соработник, 10 години претходно, ја срушил престижната адвокатска канцеларија во Мемфис на Бендини, Ламберт & Лок, која работела за мафијата во Чикаго. По тешка деценија, која вклучувала престој во Федералната програма за заштита на сведоци, МекДир и неговото семејство сега излегуваат ...
„Сиси“ го следи извонредниот живот на царицата Елизабета од Австрија. Модерен, искрен и автентичен. Раскажана од перспектива на нејзините најблиски и надоверливи пријатели, серијата фрла нов поглед на животот на царицата и открива повеќеслојна жена која фасцинира со нејзиниот став, нејзината храброст и нејзините противречности. Младешката Сиси еволуира во царица Елизабета. Жена која живее извонредно тежок живот, но по свои услови: самоуверена, ...
Во интервјуто за „360 степени“ снимено во Скопје само еден ден пред пресудата на Меѓународниот суд на правдата во која на Израел му беше наложено да превенира акти на геноцид во Газа, но не и да ја запре војната, израелската амбасадорка Симона Френкел ја соочивме токму со овој критичен аспект на израелската воена операција – прашањето на недолжните цивилни жртви во изминатите три месеци Нејзиниот одговор беше дека немаат ништо против ...
Во Париз почна снимањето на новата сезона на популарната серија на „Нетфликс“, „Емили во Париз“. Ѕвездата на серијата Лили Колинс на Инстаграм потврди дека екипата е собрана во Париз за снимањето, кое беше одложено од јули поради штрајкот на сценаристите и актерите во Холивуд. Истиот ден кога Колинс ја објави веста, актерката Ешли Парк, која глуми во серијата, откри дека е во болница поради критична здравствена состојба после одмор во Тајланд. ...
Воениот ветеран Дејвид Бад наоѓа работа како полициски наредник во Метрополитен полициската служба во Лондон, во огранокот за кралско семејство и специјалистичка заштита. Тој е назначен да ја заштити министерката за внатрешни работи, пратеничката Џулија Монтег, контроверзна и амбициозна политичарка која еден од нејзините помошници ја опишува како „социопат“ и која има планови да воведе инвазивни нови овластувања за надзор на безбедносните сили. ...
Пет млади жени се протагонистки на оваа серија со криминален заговор. По многу години, сплет на околности, ги стави пријателките од детството во центар на пресметката на криминалните кланови. Животот што го живееле пред тоа не ги подготвил за она што требало да им се случи. Пред нив, од другата страна на законот, во некои луди претходни години, беа нивните браќа, татковци, дечковци, сопрузи… Тие останаа без нив и кога поверуваа дека времето ...
„Сказните на Биби“ отсега можат да се гледаат и во Велика Британија. Десет епизоди од серијалот за Биби и Боби на англиски јазик се достапни на „Амазон прајм видео“. Меѓу епизодите кои се во понуда на британскиот пазар се „Малата вештерка“, „Роботчето Р1“, „Биби, Боби и непослушното јајце“, „Вредниот мрзливец“, „Жирафата Жижи“ и „Тајната на пештерата“. „Придружете се на магичните авантури во ‘Светот на Биби‘, волшебен анимиран универзум за деца ...
Креаторот на „Следоред“ (Succession), Џеси Армстронг, ја отфрли можноста за снимање спинофи на хит-серијата на Ејч-Би-О, која неодамна освои седум награди Еми за последната четврта сезона. Иако тие претходно беа најавени, Армстронг сега вели дека не е заинтересиран за тоа. „Јас и мојот тим сценаристи доста пишувавме за ликовите“, изјави Армстронг. На оваа опција се осврна и британскиот актер Метју Мекфејден, кој на последното доделување на Еми ...
Неколку дена откако го напушти данскиот престол по цели 52 години, сега веќе бившата кралица Маргрет Втора ќе добие своја верзија на хит-серијата на „Нетфликс“, „Круна“. Серијата со работен наслов „Af Guds nåde“ (By the grace of God) ќе се случува во палатата Амалиенборг, официјалната кралска резиденција во Копенхаген, почнувајќи од 1940, кога е родена Маргрет. „Приказната ќе биде раскажана од перспектива на членовите на кралското семејство и на ...
Правда за оние кои се лишени од неа… Француска мини серија со 6 епизоди Пет години по завршувањето на нејзината лична голгота, Оливија успава да го среди својот живот. Одделена од Александар Шевалие, кој со својот авантуристички дух ја повика и живее на некој далечни острови, таа реши да остане во Ница каде што сама ја одгледа својата ќерката Лу, која сега има 17 години. Ќe отвори своја адвокатска канцеларија и решена е внимателно да ги избира ...
Сериите „Следоред“ (Succession), „Мечка“ (The Bear) и „Кавга“ (Beef) се големите победници на 75. доделување на телевизиските награди Еми, кое се одржа со четири месеци одложување поради штрајкот на холивудските актери и сценаристи. „Следоред“ по третпат е прогласена за најдобра драмска серија и освои вкупно седум награди, меѓу кои и за актерите Киран Калкин (главна машка улога), Сара Снук (главна женска улога) и Метју Мекфејден (споредна машка ...
Погледнете го изданието на Еспресо со Златев и Боцевски од ова утро. Гостин беше Антонијо Милошоски и разработивме прилично жешки теми. „Мене ми пречи селективноста на премиерот, со едното око гледа што прави претседателот на синдикатот и му наоѓа семејни врски, дека татко му уште од времето бил во југословенска авијација и сл. А, се прави дека не гледа дека снаата на Артан Груби, дека сестрата на Бујар Османи и дека два зетовци и еден син на ...
„Нетфликс“ го објави трејлерот за една од своите најисчекувани серии „3 Body Problem“, што ќе може да се гледа од 21 март. Креирана од Дејвид Бениоф, Ди Би Вајс и Александер Ву, серијата е заснована врз романот „The Three-Body Problem“ од кинескиот автор Лиу Цишин. Ова е првиот заеднички проект на Бениоф и Вајс по завршувањето на „Игра на тронови“, каде што беа едни од главните сценаристи. „Судбоносната одлука на една млада жена во Кина од ...
Стотици реквизити, декор и други сувенири користени за време на снимањето на хит-драмата на Ejч-Би-О, „Следоред“ (Succession) се на аукција. Аукциската куќа „Херитиџ“ од Тексас ги објави предметите за онлајн наддавање кое ќе трае до 13 јануари. На аукција се работи како кучешкиот костум што го носи ликот Грег во првата сезона, лажните кредитни картички и лиценцата на Кендал Рој, лажната насловна страна на списанието „Њујорк“ од првата сезона со ...
Жители на тетовското село Вратница на социјалните мрежи објавија дека во нивното село е дојдена филмска екипа која снима турска серија. Бројната екипа од актери, сниматели и друг технички персонал веќе десетина денови снимале сцени на неколку локации во селото и околината. „Се снима турската ТВ-серија ‘Бел Крин’. Се снимаше на повеќе локации низ Вратница и околината, а вчера неколку сцени се снимаа и во маалото Степановци“, стои на фејсбук ...
Следниот месец во Тајланд почнува снимањето на третата сезона на хит-серијата на Ејч-Би-О, „Белиот лотус“, а премиерата најверојатно ќе виде во 2025. Стриминг-гигантот го објави и кастингот за новата сезона, во кој се: Лесли Биб, Дом Хетракул, Џејсон Ајсакс, Мишел Монаган, Паркер Поси и Тејми Таптимтонг. Ќе игра и Наташа Ротвел, која доби номинација за Еми за улогата на Белинда во првата сезона. За снимањето и продукцијата Ејч-Би-О ќе ...
Благодарение на филмовите „Супер Марио“ и „Опенхајмер“, „Јуниверзал“ стана филмското студио со најголема заработка во 2023 година. Студиото лани објави 24 филмови кои заработија повеќе од 4,9 милијарди долари, надминувајќи го „Дизни“, кој заработи 4,8 милијарди. Ова е првпат од 2015 година „Дизни“ да не ја понесе титулата филмско студио со најголема заработка. Исто така, „Дизни“ немаше ниеден филм вреден милијарда долари оваа година. ...
ПОДКАСТ ИНТЕРВЈУ СО: Доц. д-р Илбер Бесими, специјалист по хирургија, супспецијалист по трауматологија-Предизвици на вештачката интелигенција во медицината. Доц. д-р Илбер Бесими, специјалист по хирургија, супспецијалист по трауматологија и водителот М-р Оливер Ромевски разговараат на тема „Предизвици на вештачката интелигенција во медицината” во подкастот на Панацеа.мк. Ги отвораат прашањата за податоците и интернет информации во медицината и ...
Гостин во подкастот на Панацеа.мк за Националното здружение за помош и поддршка на лицата со мултипла склероза е науч. сор. д-р Бојан Бошковски од ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, Скопје, кој зборува на тема „Невидливите симптоми на мултипла склероза (МС)“. Мултипла склероза или скратено МС е една од најчестите болести на централниот нервен систем (мозокот и ‘рбетниот мозок). Тоа е хронична, прогресивна, имунолошки посредувана, ...
Покрај редовните контроли и вежбањето, здравата исхрана е значаен дел од зачувувањето на здравјето на луѓето кои живеат со мултипла склероза. Тема на денешниот разговор во новото издание на подкастот Панацеа.мк за Националното здружение за помош и поддршка на лицата со мултипла склероза е „Здрава исхрана при МС“, а наша гостинка е Цвета Динева, сертифициран нутриционист консултант и автор на Прирачникот за здрава исхрана при МС. „Дека исхраната ...