Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.Б.С.(37) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, соопшти полицијата. Во ноември и декември 2025 година, пријавената неовластено набавувала амфетамин и го препродавала на корисници во Битола. При преглед кај неа полицијата пронашла и одзела амфетамин. СВР ...
Кривично ќе одговара 51-годишна жена од Виница. Спречувала полицаец на должност. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Ѓ.А.(51) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. - На 31.05.2026 на ул.„Македонска“ во Виница, пријавената со употреба на физичка сила спречувала полициски службеник во извршување на ...
Основниот суд во Кавадарци донесе првостепена пресуда за убиството што минатата година го потресе градот, осудувајќи тројца кавадарчани на вкупно 30 години затвор за смртта на 43-годишниот Панче Т. Според пресудата, Д.Б. (27), М.Ѓ. (36) и Д.С. (28) се прогласени за виновни и секој од нив е осуден на казна затвор од по 10 години. Од Судот информираа дека во текот на судската постапка обвинетите не ја признале вината. По изрекувањето на ...
Жена од Врање останала без повеќе од 24.000 евра откако станала жртва на телефонска измама. Измамниците ја убедиле дека нејзината ќерка е повредена во Шпанија и дека итно мора да обезбеди пари. Според информациите од полицијата, жената добила повик од непознат број, по што измамникот ѝ дал инструкции како да постапи. Таа, верувајќи дека се работи за итна ситуација, пред зграда оставила црна кеса во која имало 23.000 евра и 240.000 динари. По ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО Дебар, поднесе кривична пријава против А.Ш. и А.П. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. „Првопријавениот А.Ш., полициски службеник во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато, во текот на 2025 година на мопед со швајцарска сообраќајна дозвола, за кој не била спроведена царинска ...
Вчера во 18:00 часот во СВР Скопје, Д.З.(26) од Скопје пријавила дека околу 14:30 часот на подрачјето на Центар, додека се движела со нејзиното возило едно лице кое управувало мотоцикл за вршење на достава ѝ се доближило и агресивно се однесувало кон неа, по што почнало да ја следи. Откако застанала на семафор се обидел да ја отвори возачката врата, но откако не успеал ѝ го оштетил возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, ...
Триесет и осумгодишен жител на Велес е лишен од слобода по пријава дека физички ја нападнал својата мајка во семејниот дом. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 23 јули околу 15:20 часот, полициски службеници од СВР Велес го привеле Т.Р. (38), постапувајќи по претходна пријава од неговата 62-годишна мајка. Според пријавата, тој физички ја нападнал, ѝ го скршил мобилниот телефон, а откако таа успеала да избега од домот, ...
На 23.07.2026 во 09:04 часот во ОВР Кочани, од Итна медицинска помош Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Т.Ј.(55) од Кочани, вработен во ЈКП „Водовод“ Кочани. -Според пријавеното, Т.Ј. се здобил со повредите при пад од висина околу 08:00 часот на ул.„Лазар Андонов“ во Кочани додека извршувал работни задачи на мостот на Кочанска река, информира МВР. За настанот се известени јавен обвинител и трудов ...
Педесет и четиригодишен мотоциклист од прилепското село Крушеани се здобил со тешки телесни повреди откако изгубил контрола над мотоциклот и излетал од патот. Како што информира Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 23 јули во 3:30 часот. Според пријавата, Г.М. (54) управувал мотоцикл без регистарски ознаки кога изгубил контрола и излетал од коловозот. — реклама — Повредите му биле констатирани во Општата болница во ...
Полициски службеници од ОВР Ресен ноќеска ги лишиле од слобода А.А. (36) и С.А. (31), двајцата од Прилеп, по пријава за физички напад врз малолетничка. — реклама — Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 23 јули во 23:45 часот малолетничката побарала помош во ОВР Ресен, при што пријавила дека била физички нападната од нејзината мајка С.А. и очувот А.А., при што се здобила со повреди. — реклама — — реклама — Од МВР информираат ...
Малолетник е приведен во Прилеп откако е осомничен дека заедно со уште едно лице допирал 20-годишна девојка по телото, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, на 24 јули 2026 година, на улицата „Беровска“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода 14-годишен малолетник од Прилеп. — реклама — — реклама — Тој бил приведен по претходна пријава дека околу 00:30 часот, заедно со уште едно лице, ...
Двајца малолетници се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила во Охрид, откако мопед излетал од патот. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена денеска во 00:35 часот и се случила на улицата „Прва македонска ударна бригада“ во Охрид. Според информациите, 15-годишен малолетник од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и ...
Дваесет и петгодишен работник од Индија е пренесен во болница откако со товарно возило се превртел на автопатот во изградба Кичево–Охрид. Според полициските информации, С.Ј. (25) од Индија, кој работел на изградбата на автопатот, управувал товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, кога изгубил контрола и се превртел. Со медицинско возило бил пренесен во Општата болница во Кичево. Увид на местото извршиле полициски екипи, а ОВР ...
Четириесет и деветгодишен жител на гостиварско е лишен од слобода откако бил пријавен дека агресивно се однесувал кон своето семејство и со остар предмет го нападнал својот 20-годишен син. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 24 јули околу 4:50 часот полициски службеници од Полициското одделение Галате го привеле мажот, постапувајќи по пријава од неговата 43-годишна сопруга. — реклама — — реклама — Во пријавата е ...
Дваесет и двегодишен пешак од тетовското село Брвеница се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрило патничко возило, чиј возач го напуштил местото на несреќата. Како што информира Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 23 јули во 08:01 часот во СВР Тетово. Несреќата се случила во селото Брвеница, каде патничко возило удрило во 22-годишниот К.Ј., по што возачот избегал. — реклама — — реклама — Повредениот бил ...
Двајца млади момци се претставиле како полицајци и сакале да влезат во дом на старица во Штип, веројано со цел да ја ограбат. СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.Џ.(22) од Штип и Д.С.(22) од село Псача, општина Ранковце, кривопаланечко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“. - На 02.07.2026, пријавените во Штип се обиделе да влезат во домот на 85-годишна жена во Штип, претставувајќи се како ...
Лишен од слобода 24-годишен возач од виничко кој управувал возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна несреќа со едно тешко и две полесно повредени лица. - На 23.07.2026 околу 03:30 часот во ОВР Кочани било пријавено декакочи, 24-годишниот Д.Н. од село Градец, виничко, управувајќи патничко возило „опел“ со винички регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од коловозот. Во несреќата со тешки ...
Разбеснето куче брутално изгриза 11-годишно дете, сопственичката заврши зад решетки! Единаесетгодишно момче се наоѓа во болница со сериозни и тешки повреди откако било нападнато и изгризано од куче кое иако имало свој сопственик, било надвор од контрола. Инцидентот се случил во неделата попладне во куќа во Манчестер, откако службата за итна медицинска помош добила итен повик за нападот. Медицинските екипи веднаш го пронашле повреденото дете ...
Пронајдено е девојчето од Белград заради кое во текот на вечерните часови беше отворен системот „Пронајди ме“ 12-годишното девојче чие исчезнување ја крена цела Србија на нозе е пронајдено и се наоѓа во добра здравствена состојба, соопштија од српското Министерство за внатрешни работи (МВР). Според официјалните информации од полицијата, малолетното девојче самостојно и без никакви повреди се вратило во својот дом, со што заврши ...
Сопругата и 15-годишната ќерка на познат политичар се удавија на плажа, 7-годишно дете се бори за живот! Голема семејна трагедија ја потресе Велика Британија откако сопругата и малолетната ќерка на британско-бангладешки политичар го загубија животот по несреќа на плажа во близина на Колчестер. Колчестер се наоѓа во англиската област Есекс, а во несреќата го загубија животот Шелина Рахман (40), британска наставничка со потекло од Бангладеш, и ...
Полициски службеници денеска лишиле од слобода возач-почетник, којшто возел со 211 километри на час, соопшти МВР. -Денеска во 16:21 часот, на автопатот Скопје–Тетово, кај клучка Кондово, полициските службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР лишија од слобода возач-почетник, кој управувал патничко возило „Фолксваген Артеон“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 211 ...
Драма се одвивала денеска во трговски центар во германскиот град Штутгарт, каде 46-годишна жена била нападната со нож и се здобила со тешки повреди, додека напаѓачот успеал да избега од местото на настанот. По нападот, германската полиција веднаш го обезбедила целиот трговски центар и започнала обемна потрага по осомничениот. Во акцијата се вклучени бројни полициски екипи, а од воздух во потрагата учествува и полициски хеликоптер, кој го ...
81-годишник од тетовско бил физички нападнат од неговиот син. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 10:00 часот во СВР Тетово, 81-годишник од тетовско село пријавил дека на 20.07.2026 во семејниот дом, по кратка расправија, бил физички нападнат од неговиот син Б.З.(40). Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 81-годишник од тетовско бил физички нападнат од неговиот син. Како што се наведува во полицискиот билтен, ...
Деветнаесетгодишна жителка на Ресен пријавила во полиција дека била полово вознемирувана од сограѓанин. — реклама — Според Министерството за внатрешни работи, на 22 јули во 22:30 часот во ОВР Ресен, девојката пријавила дека во Ресен А.А. од Ресен ја допирал по телото, со што, според пријавата, извршил полово вознемирување. — реклама — — реклама — Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. ...
Хероин бил пронајден кај осуденик при извршен преглед во Казнено-поправната установа Затвор Прилеп. — реклама — Според Министерството за внатрешни работи, на 22 јули во 20:00 часот затворски службеници извршиле преглед во просториите што ги користел осуденикот С.С. (45) од Прилеп, при што била пронајдена наркотичната дрога хероин. — реклама — — реклама — По целосното документирање на случајот, против осуденикот ќе биде поднесен соодветен ...
Педесет и деветгодишна жителка на прилепско село пријавила во полиција дека била полово вознемирувана во дворот од семејната куќа. — реклама — Според Министерството за внатрешни работи, на 22 јули во 17:00 часот во ОВР Прилеп, жената пријавила дека В.Б. од истото село се обидел да ја допира по телото. — реклама — — реклама — Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Педесет и деветгодишна жителка на ...
На 22.07.2026 во 23:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Живко Чинго“ во Велгошти се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.А. од Охрид и мотоцикл „педа“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.В.(19) од Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во ...
Триесет и петгодишен жител на Прилеп се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на регионалниот пат Лагово–Витолиште, кај селото Штавица. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 22 јули во 15:25 часот, кога патничко возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.П. (35) од Прилеп, излетало надвор од коловозот. Во несреќата возачот ...
Велешанец со стаклен предмет ја удрил мајка си вчера пред полноќ. Полицијата го уапси. - На 22.07.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Ш.(42) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 68-годишна мајка дека во семејниот дом агресивно се однесувал и ја удрил со стаклен предмет. Д.Ш. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ...
Во само еден ден, полицијата регистрираше повеќе случаи на несовесно и незаконско управување со моторни возила, при што меѓу приведените има и тројца малолетници. Особено загрижува случајот во Гостивар, каде 18-годишен волонтер на Црвениот крст без дозвола зел службено возило и предизвикал материјална штета удирајќи во повеќе паркирани автомобили. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 23 јули околу 00:10 часот на ...