Српката В. П. (41) е пронајдена мртва во вторникот во автомобил во Далас, САД, а поради сомнение дека го извршил овој страшен злостор, уапсен е нејзиниот партнер. Како што за Курир потврди семејството на жената, која иначе е мајка на две деца, нејзиното исчезнување било пријавено во саботата. – Од саботата на никој не му се јавуваше, а тогаш за последен пат беше онлајн и нејзиниот телефон. Истиот ден во полиција беше пријавено исчезнувањето, ...

Ноќва во 00:10 часот на ул.„Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, полициски службеници го лишиле од слобода Е.С.(18) од Гостивар. Како што соопштива СВР Тетово, тој без дозвола зел службено патничко возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки на Црвениот крст, каде бил волонтер, и со возилото удрил во повеќе паркирани возила. При контролата било утврдено дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола. Тој бил задржан во ...

Жителка на гостиварско пријавила во полиција дека нејзиниот сопруг без нејзина согласност го одвел нивното 10-месечно дете во Швајцарија, соопшти Министерството за внатрешни работи. На 22 јули во 08:10 часот во ОВР Гостивар, Ш.А. (21) пријавила дека по претходна расправија во семејниот дом, нејзиниот сопруг С.А. противправно и без нејзина согласност го одвел нивното 10-месечно дете во Швајцарија, соопшти МВР. За случајот се известени ...

Тројца жители на кичевското село Пласница ќе одговараат откако едниот, кој има 65 години, им се заканувал на полицајци, додека другите двајца, значително помлади, ги нападнале органите на редот, соопшти МВР. „Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против Р.Б.(65), А.Д.(42) и Е.Д.(39), сите од с.Пласница, општина Пласница поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ...

Царинските службеници на граничниот премин Табановце, при влез во државата, спречија обид за криумчарење 348 грама златен накит, во вредност од 1,3 милиони денари. Случајот е откриен при детална контрола на автомобил со кој патувале сопружници, македонски државјани со живеалиште во Белгија, при што во чантата на сопатничката се пронајдени 26 парчиња златен накит. Против неа, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднесе ...

Ружица Новаковиќ и нејзината четиригодишна ќерка преживеале вистинска драма во градски автобус, откако раката на девојчето останала заглавена во вратите, а автобусот тргнал додека детето сè уште било надвор од возилото. Мајката за емисијата „Црна хроника“ ги раскажа деталите од инцидентот и тврди дека возачот не реагирал веднаш, туку продолжил да вози. Според неа, несреќата се случила во понеделникот околу 20:10 часот, кога со ќерката се ...

Во Лесковац е уапсен 64-годишен маж под сомнение дека извршил кривично дело полово вознемирување врз 13-годишно девојче. Според информациите од полицијата и исказите на семејството, девојчето тргнало само до продавница да купи леб, кога осомничениот ја пресретнал, ја внел во својот автомобил и ја однел во неговиот дом. Благодарение на својата присебност, девојчето успеало да избега и да побара помош, по што веднаш била известена полицијата. ...

Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во близина на Нови Сад, откако автомобил „Фолксваген Голф“ излетал од коловозот, се превртел и завршил во канал покрај патот. Според првичните информации од српските медиуми, возилото го управувал 32-годишен маж, кој на остра кривина, од засега непознати причини, ја изгубил контролата над автомобилот. По излетувањето од патот, возилото паднало во канал исполнет со вода и останало превртено на ...

Трагичен случај од Австралија повторно го привлече вниманието кон ретката алергија на месо што може да се развие по каснување од крлеж. Петнаесетгодишниот Џереми Веб починал во 2022 година, откако на кампување изел говедска колбасица. Во почетокот, причината за смртта била заведена како последица од астма, но по дополнителна истрага, судскиот вештак утврдил дека момчето починало од анафилактичен шок предизвикан од алфа-гал синдром, ретка ...

Денеска во 01:10 часот во с.Морани, скопско, полициски службеници лишиле од слобода 17-годишник од с.Добрино, општина Зелениково. -При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека малолетникот го управувал возилото пред да се стекне со право за управување на возило. Известен е јавен обвинител за малолетници, а возилото било одземено, информира МВР. По ...

Вчера во 06:30 часот во струшкото село Велешта, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода З.В.(35) од истото село. Како што се наведува во полицискиот билтен, на полициските службеници, кои пристигнале во неговиот дом по претходно пријавена расправија со член од неговото семејство, им било предадено пакување со бела прашкаста материја. По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. ...

Шеесет и петгодишен жител на Куманово се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од зграда додека извршувал работни задачи, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, на 21 јули во 17:00 часот во СВР Куманово, лекар од Итната медицинска помош пријавил дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.Т. (65) од Куманово. — реклама — Како што е пријавено, тој се повредил при пад од зграда на булеварот „Октомвриска ...

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против А.С. (62) од струмичко, поради сомнение дека сторил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, на 15 јули 2026 година, пријавениот во семејната куќа извршил обљуба врз малолетничка. — реклама — — реклама — Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете ...

Предмалку кичевската јавност ја потресе страшна трагедија. Имено во стан лоциран во кичевските „Ламели“ на ул. „4-ти јули“ поради за сега неразјаснети за јавноста причини избувнал пожар на последниот кат од станбената зграда. Од неофицијални извори до кои дојдовме, најверојатно има жртва, односно сопственик на станот кој бил внатре, кој според неофицијалните информации и непотврдени се разбира, за жал не успеал да излезе. Од она што сигурно ...

Поради силното невреме следено со силен ветер вчера на подрачјето на СВР Тетово, регистрирани се повеќе материјални штети, информираат од тетовската полиција. На ул. „Илинденска“ во Тетово е паднат покрив од зграда, кој оштетил покривна конструкција на друга зграда и два паркирани патнички автомобили „голф“ сопственост на Ф.И. и „мерцедес“ сопственост на М.Ј. од Тетово, во с.Голема Речица од пад на ќерамиди оштетено е патничко возило „бмв“ со ...

Грчката јавност е потресена по смртта на познатиот адвокат за кривично право Ставрос Георгиу, кој бил пронајден безживотен во својата канцеларија во центарот на Атина. Надлежните веќе започнаа детална истрага за околностите под кои починал адвокатот. Според првичните информации од истрагата, судскиот вештак не пронашол повреди кои би укажувале дека биле употребени нож или огнено оружје. Се проценува дека Георгиу бил мртов околу еден ден пред ...

Пожар избувнал во тетовското село Челопек, при што изгореле багремови дрва на приватен имот, информира Министерството за внатрешни работи. Според МВР, на 21 јули во 14:00 часот случајот бил пријавен во Полициското одделение Жеровјане. Огнот зафатил имот во сопственост на Т.В., при што биле опожарени багремови дрва. — реклама — — реклама — На местото интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица, која успеала да го локализира и ...

Шеснаесетгодишен малолетник од селото Радуша е лишен од слобода откако без возачка дозвола управувал автомобил и излетал од патот во тетовско, соопшти Министерството за внатрешни работи. — реклама — Според информациите од МВР, на 21 јули околу 9:20 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле малолетникот во селото Јегуновце. Претходно, тој управувал патничко возило „Фолксваген Голф“ со германски регистарски ознаки, без да поседува ...

Триесет и тригодишен жител на Тетово е лишен од слобода по пријава дека физички го нападнал својот татко, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, на 21 јули во 16:10 часот полициски службеници од СВР Тетово го привеле С.А. (33), постапувајќи по пријава поднесена од неговиот 58-годишен татко. — реклама — — реклама — Според пријавата, пред три дена, по кратка расправија, синот физички го нападнал таткото. — ...

Полицијата во Тетово постапува по пријава за закана со пиштол, откако 43-годишен жител на градот пријавил дека бил заплашуван по претходна расправија. — реклама — Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 21 јули во 19:00 часот во СВР Тетово, Х.А. (43) пријавил дека околу 18:15 часот на улицата „107“ во Тетово, по претходна расправија, лицето со иницијали Б.Н. му се заканувало со пиштол. — реклама — — реклама — Од МВР ...

Двајца жители на тетовското село Палатица се лишени од слобода поради сомнение дека со остар предмет нападнале две лица во Тетово, при што едно од нив се здобило со тешки телесни повреди, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, на 22 јули во 00:45 часот, полициски службеници од Полициското одделение Групчин ги привеле В.И. (22) и А.Ш. (21), постапувајќи по претходна пријава за напад на улицата „ЈНА“ во Тетово. — реклама — — ...

Татко и 6-годишна ќерка загинаа во превртување на трактор, мајката го пронашла морничавиот призор Стравична несреќа ја потресе австриската покраина Форарлберг откако во превртување на трактор животот го загубија 41-годишен татко и неговата ќерка која имала само шест години. Втората, четиригодишна ќерка, со вистинско чудо ја преживеа оваа трагедија што се случи на исклучително стрмен и непристапен терен. Мајката сама тргнала во потрага ...

Голема трагедија се случи во американската сојузна држава Охајо, каде пет лица ги загубија животите при обид да спасат човек кој почнал да се дави во реката Скиото. Според информациите, сè започнало кога еден од возрасните влегол во реката да плива, но во еден момент се нашол во неволја и почнал да се дави. Останатите членови на групата веднаш се обиделе да му помогнат, но еден по еден влегувале во водата и завршиле во истата опасна ...

Автомобил удри во жена која шетала со своето дете на тротоарот, лекарите се борат за нејзиниот живот Стравична сообраќајна несреќа се случила синоќа во белградската населба Врачар, кога патничко возило излетало на тротоарот и директно удрило во жена која во тој момент пешачела заедно со своето дете. Според информациите на српските медиуми, жената здобила исклучително тешки повреди – од силната детонација на ударот едната нога ѝ била целосно ...

Нови, потресни детали за трагедијата што се случи во аквапаркот во Смедерево, каде животот го загуби петгодишно момче. Според најновите информации, мајката дошла на базенот со шест деца, а подоцна им се придружил и таткото. Несреќата се случила во моментите кога семејството веќе се подготвувало да си замине дома. Додека мајката ги пакувала нивните торби, наеднаш слушнала морничави врисоци, по што кренала поглед и видела маж како го носи ...

22/07/2026 01:01 - МИА - +1

Скопје, 20 јули 2026 (МИА) - Во Полициската станица Бит Пазар, вчера во 13:40 М.Ш.(56) од Косово пријавил дека неговата сопруга Ф.Ш.Т., нејзиниот брат У.Т. и неговата сопруга Џ.К. се исчезнати, односно не можел да стапи во контакт со нив откако на 18.07.2026 во 22:15 часот заминале со возило од Меѓународниот аеродром Скопје. Веднаш по пријавата за исчезнати, екипи од СВР Скопје од ЕВР Чаир, Центар, и Единицата за интервентна полиција извршија ...

Украински државјанин ќе се соочи со соодветна кривична или прекршочна пријава откако, според информациите од Министерството за внатрешни работи, физички нападнал 76-годишна жена од Охрид. Од Секторот за внатрешни работи Охрид информираат дека случајот бил пријавен на 20 јули 2026 година, во 20:36 часот. Инцидентот се случил на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид, каде, според полициските информации, дошло до физички напад врз повозрасната ...

54-годишен жител на Тетово ќе одговара откако нападнал сосед во зградата во која живее, а и ѝ се заканувал на сопствената мајка, соопшти МВР. „СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.Р.(54) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „загрозување на сигурноста“. На 29.05.2026 во станбена зграда, пријавениот физички нападнал сосед, при што употребил остар ...

Тројцата осомничени раководни лица од ЈП „Комуналец“ – Гостивар денеска беа спроведени во Основното јавно обвинителство – Гостивар на распит, во рамки на истрагата за контаминацијата на водоводниот систем и епидемијата на стомачни инфекции во градот. Осомничени се вршителката на должност директор на ЈП „Комуналец“ Артана Асани, техничкиот раководител на Секторот за технички работи Леон Нуредини и раководителот на Одделението за водовод, ...

Триесет и тригодишен жител на скопското село Батинци бил лишен од слобода откако полицијата утврдила дека управувал автомобил без да се стекне со право за управување. Според информациите од МВР, вчера во 13:10 часот на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.М. (33) од село Батинци. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, при што ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
60%
1013
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
3.4
85%
1013
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
94%
1014
weather icon

Софија

22ᴼ / 20ᴼ
3.6
62%
1016
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.48
76%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
96%
1016
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
0.45
54%
1013
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.57
45%
1013
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.57
57%
1012
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
7.2
71%
1014
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 19ᴼ
2.06
48%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
4.12
92%
1014
Currency

61.525

Currency

52.7416

Currency

71.9099

Currency

37.7016

Currency

38.0425

Currency

65.5891

Currency

7.8436

Currency

0.62323

Currency

0.33066

Currency

0.52382

Currency

1.09618

Currency

0.55097

Алуминиум

3.22

Бакар

13.24

Злато

148819.38

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Калај

56.15

Паладиум

42503.29

Рутениум

53852.50

Платина

59318.13

Сребро

2183.57

Иридиум

252383.36

Родиум

282926.57