Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Документарниот филм „Добри луѓе“ на режисерот Милчо Манчевски, посветен на кочанската трагедија и на луѓето погодени од пожарот во дискотеката „Пулс“, повторно ќе биде прикажан во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани. Од установата информираат дека поради големиот интерес, а откако за првата проекција на 22 август приоритет им бил даден на повредените лица и на семејствата на загинатите, капацитетот на салата бил пополнет за кратко ...
Специјален настан посветен на Илинденка Петрушева (1944-2025), една од нашите најзначајни македонски филмолози и филмски критичарки, се одржа на 22 август, во Сули ан, со наслов „Така пишуваше Илинка“. Во нејзин спомен се одржа разговор со некои од нејзините најблиски соработници и наследници на нејзиното дело: Влатко Галевски, филмски критичар и модератор на разговорот; Саша Дукоски, доктор на правни науки, редовен професор и киноаматер; ...
Триесет и третото издание на Охрид фест-Охридски трубадури почнува на 26 август на сцената „Долни Сарај“ со Фолк вечерта, на која ќе бидат промовирани нови песни, во духот на староградска музика и охридскиот мелос. Интернационалната поп вечер ќе се одржи следниот ден, на 27 август. На Фолк вечерта ќе настапат 17 пејачи, меѓу кои Блага Петреска, Нино Величковски и Петар Нечовски. Водителка ќе биде Ирена Спировска. На Интернационалната вечер на ...
Денес беше испечатен првиот од двата предвидени броја на списанието за литература, култура и уметност „Современост“ за 2026 година, годината во која се одбележуваат 75 години од неговото основање (1951-2026). Во бројот се вклучени 4 прилози проза, 5 прилози поезија, 1 сценарио, 2 книжевни превода, 2 прилози интерпретации и 3 рецензии. Помеѓу останатите прилози, во бројот се поместени трудовите „Етичките димензии и влијанија на филмската ...
Септемвриската програма на Кинотеката на Македонија обединува дела од македонската продукција, филмови од поширокиот балкански простор, класици на светската кинематографија, неми и класични филмови, како и посебни програмски целини посветени на хрватскиот филм и на филмската и културната традиција. Месецот започнува со „Сведок“ на Митко Панов, драма во која потрагата по сведок на воени злосторства постепено се претвора во сложена приказна за ...
По светската премиера на Сараево филм фестивал, документарниот филм „Добри луѓе“ на режисерот Милчо Манчевски вечерва беше прикажан и пред македонската публика, на премиера во Куршумли ан во рамките на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“. Филмот, привлече големо внимание и бројна публика, која со посебен интерес и силни емоции ја проследи проекцијата. Преку реални приказни и непосредни човечки сведоштва за кочанската ...
Филм кој не е создаден според класичниот модел на автор, сценарио и екипа, туку низ месеци разговори, работилници и колективно истражување, „Земјиште“ отвора прашања за наследството, семејството, припадноста и невидливите правила што ги пренесуваме од една генерација на друга. Во центарот се пет жени кои постојано се враќаат на едно наследено и исцрпено парче земја, повторувајќи ритуал кој одамна ја изгубил својата првична смисла. Кога една ...
Дафина од Просеник, Парашкева Сирлешчова, Депа Каваева, Ѓурѓа Котева, Божана Трпанова, Арса Стрезова, Цвета Мазнеова, Дафа Цепенкова, Илинка Везенковска и Митра Ристова се македонски народни пејачки, кои се дел од книгата „Жени во македонскиот фолклор од 19. век“ од Славчо Ковилоски. Книгата ја издаде Институтот за македонска литература, а претставува продолжение на претходните книги „Жени во македонската книжевност од 19.век“ и „Македонското ...
Нова поема на проф. д-р Зоран Пејковски посветена на еден од најзначајните ликови од македонската историја. Историјата не се состои само од датуми, битки, имиња и настани запишани во книги. Нејзината вистинска тежина ја носат луѓето што ја живееле – оние кои во одредени историски мигови биле исправени пред избори од кои зависеле нивните животи, но и животите на идните генерации. Таков човек е Даме Груев, еден од најзначајните ликови во ...
Вечерва (16.07.2026г.) е претпоследниот ден во рамки на „Кинотека на Скопско лето“ 2026, во која фокус е македонскиот филм. Со почеток во 20:15 часот во Кинотека на Македонија ќе се прикаже „Ова не е американски филм“ во режија на Сашо Павловски, додека утре вечер (17.07.2026г.) Кинотеката завршува со проекција на филмот „Барајќи си ја среќата“ во режија на Марија Џиџева, со почеток во 20:15 часот во Кинотека на Македонија. Вечерва (четврток ...
Специјално од Ниш, Валентина Ѓоргиевска Парго Нишвил оваа година го достигна својот максимум и беше една просветлена музичка приказна во која вредеше да се биде за „сите пари“, а директорот Иван Благојевиќ, целокупно презадоволен од ова издание, за догодина најавува и чекор понатаму. Разговараме опуштено веднаш следниот ден по завршувањето, сместени во самата прегратка на тврдината. *Неодамна заврши 32. фестивал и како што рековте на прес ...
Меѓународна ликовна колонија „Михајлово 2026“ по јубилеен 30. пат утре почнува во Кавадарци, информира ликовниот уметник Владимир Темков, куратор на манифестацијата. Темков соопшти дека на колонијата ќе учествуваат голем број ликовни уметници од земјава и од странство. Тој рече дека станува збор за еден од најзначајните вакви настани во државата, поддржан од Министерството за култура и туризам и локалната самоуправа. Природните убавини на ...
Авторката на документарни филмови Билјана Туторов, по 2018 година, повторно доаѓа на „МакеДокс“, овојпат со новиот документарец „Планина“, кој го направи заедно со Петар Гломазиќ. Приказната на филмот „Планина“ се одвива во оддалечените висорамнини на Црна Гора, каде мајка и ќерка овчарки гордо ја бранат планината на своите предци од заканата да стане воен полигон на НАТО, разгорувајќи ги спомените за насилството што го уништило нивното ...
Поп-пејачката Јелена Томашевиќ и актерот Иван Босиљчиќ ќе одржат заеднички концерт на 28 август во Античкиот театар во Охрид, од 20 часот. „Ова ќе биде вечер љубовни песни, во која Томашевиќ и Босиљчиќ ќе ги спојат своите различни уметнички изрази на една сцена“, велат организаторите, „Тара продукција“. Јелена Томашевиќ е една од најпознатите српски поп-пејачки, препознатлива по моќниот вокал и баладите. Во 2008 ја претставуваше Србија на ...
Основана на 24 август 1991 година, само петнаесет дена пред историскиот референдум од 8 Септември, „Матица македонска“ стана првата издавачка куќа на самостојна Македонија и три и пол децении ја пишува својата приказна паралелно со приказната на македонската држава Утре, на 24 август, се навршуваат точно 35 години од основањето на „Матица македонска“ – издавачката куќа чиј почеток е неразделно поврзан со еден од најзначајните мигови во ...
На археолошкиот локалитет Врбјанска Чука кај Кривогаштани, вечерва со почеток во 18:30 часот ќе се одржи концерт на Драган Даутовски. Настанот ќе биде надополнет со кратко предавање за неолитската населба и нејзиниот развој низ антиката и средниот век. Како што соопштуваат организаторите, концертот е дел од традиционалните настани кои повеќе години се одржуваат на крајот од истражувањето на локалитетот Врбјанска Чука. - На овој начин ...
Ви го пренесуваме освртот кон стихозбирката „Ткажалки“ од Александра Јуруковска, што беше промовирана минатиот месец во Културниот центар „Култ“ во Охрид Пишува: Мерсиха Исмајлоска „Убава Јана платно си ткае… Разбојот крца, дури зборува… Таква отсекогаш ми беше Александра, слична на Јана. Уште од студентски денови, кога прв пат ја запознав, зборовите и беа алтани, медени, лековити. Дури и кога раскажуваа за големите загуби… Денес, е тука во ...
По покана на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и годинава беше реализирано значајно учество на претставници и истакнати дејци од областа на македонистиката, со посебен придонес и поддршка од Македонскиот културно-информативен центар во Софија. Во рамките на оваа значајна културна и научна манифестација, особено се истакна ангажманот на директорот на Македонскиот ...
Кога купуваме леб, често се водиме според неговата боја или натписите на пакувањето. Но, ознаката „повеќезрнест“ сама по себе не значи дека производот е поздрав или поквалитетен. Повеќезрнестиот леб содржи повеќе видови житарки, но тие можат да бидат и цели и рафинирани. Токму затоа нутриционистите советуваат при изборот најголемо внимание да се посвети на декларацијата. Целите житарки ги содржат сите делови од зрното и се побогати со ...
Златни маски, сребрени садови, накит, оружје и антички монети од локалитети на територијата на денешна Северна Македонија денес можат да се најдат во музејски збирки во Белград и Софија. Највпечатлив пример е Требениште – една некропола чии наоди денес се распоредени во најмалку три македонски и соседни музејски центри. Понекогаш археолошката историја на една земја не се чита само во нејзините музеи. Треба да се патува до Белград. До Софија. ...
Српскиот креатор на содржини Душан Барна, попознат на социјалните мрежи како „gosn.barna“, крена огромна прашина и предизвика лавина од реакции со видео што го сподели на Инстаграм. Тој ги споредил цените на базенот „Ада Циганлија“ во Белград со понудата во познатите летни одморалишта на јадранскиот брег и дошол до заклучок дека главниот град на Србија станал поскап од елитните јадрански острови. Барна тврди дека цените на угостителските ...
Земја во фокус на 17-тото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ е Шпанија, а програмата со современи шпански документарни филмови беше отворена на 21 август во Куршумли ан со проекција на филмовите „Роење птици“ на Ксавиер Марадес и „Амилкар“ на Мигел Еек. Изолиран за време на карантините поради ковид-19, во филмот „Роење птици“ Ксавиер ги снима хипнотизирачките летови на сколовранците над својот роден град во ...
Београдско драмски позориште (БДП) на 25 октомври (недела) ќе гостува во Драмски театар Скопје со претставата „Црно злато“ на еден од најзначајните македонски драмски автори Дејан Дуковски, а во режија на Хрватот Оливер Фрљиќ. Дуковски е автор на култните претстави „Балканот не е мртов“, „Буре барут“ и „Маме му ебам кој прв почна“. Во „Црно злато“ во центарот е едно семејство заглавено меѓу старите правила и новите идентитети, каде враќањето ...
Скопје џез фестивал ја објави програмата за своето 45. издание: единаесет проекти од современиот европски, американски и африкански џез, со силно присуство на импровизираната и електронската музика. Во изборот нема големо име ангажирано само за да го прошири кругот на публика. Наместо фестивалски плакат составен според препознатливоста на изведувачите, понудена е програма со јасна естетска линија. Таа се протега од норвешката сцена околу ...
„Имерзивна трансформација на глаголицата“ е насловот на изложбата од дизајнерот и уметник Лазе Трипков што од синоќа е поставена во Музејот на современата уметност во Скопје. Глаголицата се трансформира низ слика, простор, светлина, движење и звук, создавајќи современо имерзивно искуство. Кураторка на изложбата е Ленка Сикорова од Чешка, а ко-куратор Владимир Јанчевски од МСУ. Проектот, започнат во 2020 година, се навраќа на глаголицата како ...
Монодрамата „Прво лице еднина“ на Кумановскио театар вчера имаше изведба на Меѓународниот фестивал на монодрама „Dulsinea“ во Улцињ, Црна Гора. Синоќешната изведба беше под отворено небо, со публиката која беше сместена на скалилата на плоштадот Сервантес кај Палата Венеција. ГАЛЕРИЈА ОД ИЗВЕДБАТА ВО УЛЦИЊ Владанка Крстевски играше на третиот фестивалски ден на првото фестивалско издание кое трае пет ден. Останатите учесници на програмата се ...
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 344, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (22-23.8.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: – интервју со Елена Чемерска, авторка на документарниот филм „Руини“, чија македонска премиера ќе се случи на „МакеДокс“: Мотивот дојде од исклучително длабоко место – разговор со Билјана Туторов, која заедно со Петар Гломазиќ е авторка на ...
-Господски и боемски со душа, со срце и со многу љубов создаде вечер за паметење . -Под ѕвезденото небо на античка Хераклеа, синоќа се собра повеќе од 3.000 публика, која пристигна не само од Битола туку и околните места. -Хераклеа беше исполнета со љубители на музиката на Владо Георгиев, кои дојдоа да уживаат во неговите безвременски хитови и препознатливиот боемски сензибилитет.Во магичната летна ноќ, античкиот локалитет се претвори во ...
Еден од највпечатливите македонски пијанисти од новата генерација, Арда Мустафаоглу, на 22 август ќе настапи во Битола, во UTOPIA, во рамки на специјалната концертна вечер „88 KEYS – UTOPIA AFTER DARK“. Негов гостин на сцената ќе биде младиот македонски виолинист Јаков Ангелов, кој својата музичка кариера ја гради во Германија. 88 клавиши и една виолина ќе бидат доволни за една од оние августовски вечери во Битола во кои класичната музика ќе ...
Под покровителство на Советот за регионална соработка (РСС), наградата „Срцето на Сараево“ за најдобар студентски филм уште еднаш го истакна младиот филмски талент од Југоисточна Европа. Наградата и беше доделена на Réka Pinczés за филмот Unwellness, на свеченото доделување на наградите на затворањето на 32-иот Сараевски филмски фестивал (SFF). За новите филмски автори од регионот, ова претставува значајна можност да стекнат пошироко ...