Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Охрид, 18. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва од 21:00 часот на летната сцена Долни сарај, оркестарот „Дива“ – Битолски камерен оркестар и пред охридската публика ќе го претстави „Flowers Symphony“, концерт исполнет со емоции, прекрасна музика и над сто учесници на сцената. На програмата покрај препознатливите и безвременски италијански канцони и оперски арии, пристутните ќе уживаат и во изведба на култни филмски теми на музика на легендарните ...
Групата „Фолтин“, која годинава одбележува триесет години, во Охрид го промовираше двојниот винил „Фолтин во живо“, во пресрет на јубилејниот концерт на 29 август во Хераклеја во Битола. Во Културниот центар „Култ“ во Охрид се одржа слушачка промоција на изданието. Промоцијата продолжи и на винил саемот „Охрид 33/45“, каде посетителите можеа да го набават лимитираното издание. Од винилот се изработени 150 рачно нумерирани и потпишани ...
Музичката програма на годинешното 66. издание на „Охридско лето“ продолжува со Унгарската вечер и целовечерниот концерт на кларинетистката Ноеми Салаи и пијанистката Александра Балог. На концертот ќе бидат изведени дела од Роберт Шуман, Мате Бела, Золтан Кодај, Реже Кокаи и Бела Барток, со што публиката ќе има можност да проследи програма во која се преплетуваат германскиот романтизам и унгарската музичка традиција. Салаи е добитничка на ...
Македонскиот виолинист со интернационална кариера Емилио Перцан заедно со пијанистката Тамила Гулијева изминатите денови во Охрид го водеа Меѓународниот семинар за виолина, виола и камерна музика, а крајот на семинарот беше означен вчера со завршен концерт на учесниците во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Годинава на семинарот учествуваа 11 млади од Украина, Словенија, Перу, Србија, Македонија, и првпат имаше учесници од Ерменија. По ...
Изложбата „Имерзивна трансформација на глаголицата“ на Лазе Трипков ќе биде отворена в петок (21 август) во 20 часот во Музејот на современата уметност во Скопје „Пред да стане носител на јазикот, секоја азбука е систем од визуелни, фонетски и семантички принципи преку кои човекот го организира искуството и му дава форма на невидливото. Таа не служи само за запишување на веќе оформената мисла, туку учествува и во начинот на кој мислата се ...
ПРОДОЛЖУВА КАРАВАНОТ СО МУЗИЧКО-СЦЕНСКИОТ СПЕКТАКЛ „СИЛНО СВЕТНАЛ ДЕН“ ПО ПОВОД 35 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ! По десетици илјади посетители во Охрид, Битола и Велес, караванот продолжува низ Македонија! 16 август – Крушево, Плато Гумење 17 август – Куманово, Плоштад 18 август – Штип, Плоштад 19 август – Прилеп, Плоштад „Методија Андонов – Ченто“ Почеток: 20:30 часот Отворени настани со бесплатен влез Повеќе од 100 македонски уметници на една сцена; ...
Тринаесеттиот Меѓународен фестивал на куклeн театар во Подгорица, Гора ќе се одржи од 2 до 5 септември, во КИЦ „Будо Томовиќ“, како дел од Подгоричкото културно лето. Оваа година, на фестивалот учествуваат шест театри од шест земји: Бугарија, Бразил, Македонија, Италија, Србија и Црна Гора. Македонски учесник е НУ Албански театар за деца и младинци – Скопјe, со претставата „Басна со лисицата“ Учесници на фестивалот се и: Државен куклен театар ...
Во рамки на програмата „Македонски филм. На големо платно“ публиката ќе има можност да проследи бесплатна кино проекција на БЛОК КРАТКИ ИГРАНИ ФИЛМОВИ. 17 август | 19:00 часот Cineplexx Влезот е бесплатен. БЛОК КРАТКИ ИГРАНИ ФИЛМОВИ: ЕКЛЕР | Марко Ѓоковиќ Вилата на Тито во Охрид, 4 мај 1980 година. Веста за смртта на Маршалот означува крај на една ера, но за синот на главниот готвач тоа е и неочекувана можност, конечно да ја вкуси храната што ...
Скопје, 17 август 2026 (МИА) - „Скопје повикува!“ (Skopje is calling!) - со елеганцијата на балетот, ритамот на македонската традиција и препознатливите пејзажи на главниот град, објавено е промотивното видео за „ИДО Европското првенство 2026“ (IDO European Championship 2026) во класичен балет, џез, модерен и современ танц. Од 21. до 29 септември 2026 година, Скопје ќе биде домаќин на едно од најпрестижните танцови настани во Европа. Повеќе ...
Американската поп-ѕвезда Аријана Гранде се врати на британската сцена првпат по 2019 година, со два концерта во лондонската „О2 арена“ во рамките на турнејата „Вечна сончева светлина“ (Eternal Sunshine). Пред илјадници обожаватели, 33-годишната пејачка приреди двочасовно шоу со голема сценографија, интересни кореографии и визуелни ефекти. На репертоарот се најдоа песни од новиот албум по кој е насловена турнејата, како и некои од нејзините ...
Дубровник – Се чини дека американскиот актер Вуди Харелсон е неповратно вљубен во Хрватска, но и во претставата „Еквиноција“ во која глумат неговите долгогодишни пријатели Зринка Цвитешиќ и Горан Вишњиќ. Познатиот холивудски актер неодамна повторно пристигна во Дубровник и го гледаше класикот на Војновиќ во режија на Крешимир Доленчиќ на Дубровничкиот летен фестивал, а по претставата, вечерта продолжи во многу порелаксиран тон. Тој и екипата ...
40 ГОДИНИ СОБИРАВ…и ….СОБИРАВ !!!. СЕГА Е ВРЕМЕ СОБРАНАТА МЕМОРИЈА И ФИЗИЧКИТЕ АРТЕФАКТИ ДА ДОБИЈАТ СВОЈ ВИСТИНСКИ ДОМ, напиша на социјалните мрежи Тошо Филиповски. Сите веќе сте запознаени дека повеќе од 40 години собирам плочи, касети, ЦД-а, фотографии, плакати, фанзини, книги, списанија, снимки, документи, информации, приказни… парчиња од историјата на македонската музика. Последните дваесетина години интензивно зборувам и пишувам дека на ...
Монодрамата „Прво лице еднина“ учествува на INTERNATIONAL MONODRAMA FESTIVAL-DULSINEA во Улцињ, Црна Гора. На 21 август од 21 часот оваа претстава на Театар Куманово ќе биде дел од фестивалската програма. Игра Владанка Крстевски а режијата е на Драгана Гунин. Останатите учесници на програмата се од: Колумбија, Италија, Косово, Црна Гора, Ерменија, Хрватска и Србија. Крстевски претходно оваа година учествуваше на фестивалот „Моно Акт“ во ...
Еден од најистакнатите македонски актери, Тони Михајловски, официјално започнува ново поглавје во својата долгогодишна кариера. Тој е назначен за професор по актерска игра на Универзитетот „Еуропа Прима“ во Скопје, каде што и официјално ќе ја предводи оваа катедра. Уметникот кој зад себе има десетици улоги на сцената на Македонскиот народен театар и впечатливи филмски остварувања, сега ќе го пренесува своето практично знаење на новите ...
Здружението „АЗНО“ подготвува програма со едукативни и креативни работилници за деца и млади на возраст од 7 до 16 години. Активностите ќе се одржуваат во Националниот археолошки музеј и во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Програмата ќе опфаќа работилници од областа на археологијата, литературата, историјата на уметноста, илустрацијата, дизајнот, традиционалните занаети, уметноста и природата. Предвидено е учесниците да ...
Шеесет македонисти, слависти, балканолози, филолози, културолози и преведувачи од 17 земји ќе учествуваат на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што од 20 август ќе се одржува во Конгресниот центар во Охрид. Предвидено е на свеченото отворање на Школата пред учесниците да се обратат ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, ...
Во изложбата „Повиена во истуткани соништа“, уметницата Ана Јовановска го истражува домот како простор што постои истовремено во материјалното, во сеќавањето и во чувството на припадност. Инспирирана од традицијата на јапонските свитоци, таа создава сопствен визуелен јазик во кој текстилот, рачно изработената хартија, шиењето, линорезот, симболите и хаикуто се преплетуваат во интимни композиции на границата меѓу доживеаното и сонуваното. ...
Од 21 до 23 август ќе се одржи 38. издание на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“, кое ќе обедини дваесетина поети, музичари и уметници од Ирска, Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија и Македонија. Програмата започнува во петок, 21 август во Велестово, со кус музички концерт на Иван Христов и Петар Чухов од Бугарија, по што следува „Поетски портрет на Јовица Ивановски“, со поетско читање и разговор. Вечерта продолжува со интернационалното ...
Македонскиот кларинетист, композитор и професор Васко Дуковски, музичар со меѓународна кариера и образование на Juilliard, ова лето во Охрид го иницира првото издание на Quadrivium Clarinet Camp & Festival – нова музичка и едукативна платформа посветена на кларинетот, создадена како место за средба на младите музичари, професорите, современата музичка практика и концертната сцена. Во основата на Quadrivium е идејата дека фестивалот не ...
На денот на заминувањето на можеби најголемата словенечка актерка Милена Зупанчич (1946-2026), славниот режисер Рајко Грлиќ се потсетува на својот документарец „Секоја добра приказна е љубовна приказна“ (2017) за Милена Жупанчиќ, Радко Полич и Душан Јовановиќ и го подарува тој филм на читателите на „Велике приче“. Пишува: Рајко Грлиќ Милена беше сè што може и мора да биде една голема актерка; и луда и рационална, и трезна и пијана, и ...
Фестивалот „Охридско лето“ вечерва нуди две музички содржини – завршен концерт на Интернационалниот семинар за виолина, виола и камерна музика и настап на Младинскиот оркестар на Западен Балкан. Во 17 часот на сцената на Долни Сарај ќе се одржи завршниот концерт Интернационалниот семинар за виолина, виола и камерна музика под уметничко раководство на Емилио Перцан и Тамила Гулиева. Во 21 часот црквата „Св. Софија“ ќе настапи Младинскиот ...
Пит Гарисон (Мајкл Даглас) е ветеран од ФБИ, со долга и беспрекорна кариера. Пит чувал бројни американски претседатели и изградил име и ја заработил почитта од колегите. Дејвид Брекинриџ (Кифер Сатерленд) е неговиот колега, кој стекнал знаење и искуство со Гарисон и има само пофалби за него. Кога се открива дека во службата има шпион, кој е дел од заговор против претседателот Балентин (Дејвид Раше), Гарисон започнува истрага за да го открие ...
Прекрасна музичка вечер исполнета со раскошен звук, енергија и препознатливиот македонски музички сензибилитет донесе настапот на Националниот џез оркестар во рамките на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. На сцената Долни Сарај, оркестарот ги претстави новите аранжмани на македонски народни песни, како и оригинални авторски композиции инспирирани од македонската фолклорна традиција. Концертот „Македонски сновиденија“, под диригентство ...
Битолскиот камерен оркестар „Дива“ ќе одржи два концерта насловени „Цветна симфонија“ во Охрид и во Битола, со повеќе од сто учесници на сцената. Концертите ќе се одржат вечерва (17 август) во Пациото на НУ Завод и Музеј во Битола и утре (18 август) во Долни Сарај во Охрид, од 21 часот. На програмата се италијански канцони, оперски арии и култни филмски теми. Публиката ќе слуша музика од филмските композитори Енио Мориконе, Џон Вилијамс и ...
Млади филмски автори и студенти по филм од Западен Балкан вчера се собраа во Сараево на Втората регионална конференција за културна соработка на младите, која оваа година се одржува како Студентски форум на Сараевскиот филмски фестивал. Организатор на програмата е проектот „Лабораторија за млади од Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Советот за регионална соработка (RCC), во соработка со Сараевскиот филмски ...
Од 21 до 23 август ќе се одржи 38. издание на меѓународната културна манифестација „Поетска ноќ во Велестово“, која и годинава ќе обедини поети и автори од Македонија и повеќе европски земји. Настаните ќе се одржуваат во Велестово и во „Лапидариумот“ во Охрид. Програмата започнува во петок, 21 август, во Велестово. Од 21 часот ќе се одржи кус музички концерт на Иван Христов и Петар Чухов од Бугарија, по што следува „Поетски портрет на ...
Еден од најголемите книжевни митови на поранешна Југославија, култниот роман „Уна“ на Момо Капор, доживеа своја грандиозна театарска адаптација на сцената на фестивалот „Охридско лето“. Во продукција на реномираниот театар „Звездара“ од Белград, а во режија на еден од највпечатливите македонски и регионални режисери, Дејан Пројковски, оваа претстава донесе моќна сценска енергија која долго ќе се памети. Драмскиот текст на Стеван Копривица не ...
Шестгодишно истражување на најстарото словенско писмо за првпат се претставува во целосна форма – средина во која посетителот се движи, нурнува и учествува во креацијата. Во Музејот на современата уметност во Скопје на 21 август 2026 година, во 20 часот, ќе биде отворена самостојната изложба „Имерзивна трансформација на глаголицата“ на дизајнерот, уметник и интердисциплинарен истражувач Лазе Трипков. Кураторка на изложбата е Ленка Сикорова ...
Комисијата за култура на СДСМ најостро реагира на секој обид за гасење, обезличување или институционално слабеење на „Вардар филм“ и „Струшките вечери на поезијата“ ,институции кои се дел од темелите на македонската културна меморија. Ова не е реформа. Ова е продолжение на политиката на Зоран Љутков, кој како министер за култура и туризам остави зад себе институционален хаос, запоставување на културното наследство и системско слабеење на ...
Во издание на „Матица македонска“ е објавен романот „Црниот гавран: останатиот“ од истакнатиот украински писател Васил Шклјар, во превод од украински на македонски јазик на Вера Чорниј-Мешкова. Првпат објавен во 2009 година, „Црниот гавран: останатиот“ е еден од најпознатите и најчитаните историски романи во современата украинска книжевност. Во неговото средиште е вооружениот отпор на востаниците од Холодни Јар против воспоставувањето на ...