Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Најновото издание на издавачката куќа „Илика“ е романот „Забранета тетратка“ од италијанската писателка Алба де Сеспедес. Ова е втора книгата во едицијата „Класици“ на оваа издавачка куќа. Преводот од италијански јазик е на Ирина Талевска, а лектурата на Софија Чолаковска-Поповска, додека за графичкото обликување на книгата се погрижија Ема Велковска и Марија Смилевска. Алба де Сеспедес е кубанско-италијанска писателка родена во 1911 година. ...
Институтот за македонска литература ја објави книгата „Жени во македонскиот фолклор од 19 век“ од д-р Славчо Ковилоски. Изданието претставува продолжение на претходните книги „Жени во македонската книжевност од 19 век“ и „Македонското женско творештво од 19 век“ со кои Ковилоски ги афирмира непознатите женски имиња во македонската култура, книжевност, образование, револуционерни борби и фолклор. Тргнувајќи од основната идеја дека без женската ...
Програмата „Во фокус“ на Сараевскиот филмски фестивал е преглед на исклучителни филмови кои веќе постигнале успех на престижни филмски фестивали низ целиот свет, а оваа година носи избор на силни дела и од етаблирани уметници и од дебитанти. „Овогодинешната програма носи неколку историски филмови кои се сосема различни по тема и стил, како што се филмовите „Роза“, „Најосамениот човек во градот“ и „Мајка“. Сепак, овие филмови се занимаваат и ...
Македонската кинематографија ова лето бележи интензивен продукциски период. Во моментов се снимаат три македонски долгометражни играни филмови, а кон крајот на август е закажана првата клапа и на четвртиот. Станува збор за „Мравки“ во режија на Марјан Гавриловски, „Голиот рид“ во режија на Игор Алексов и „Ајал“ во режија на Арбен Тачи, додека на 25 август започнува снимањето и на „Трета смена“ на Ана Опачиќ. Сите четири филмски проекти се ...
Во Музејот на Град Скопје, на Летната тераса, вечерва со почеток во 19:30 часот ќе биде одбележан Меѓународниот ден на младите – 12 Август, при што ќе бидат доделени награди за младинско учество. Наградите ќе се доделат во три категории: „Младински организации, организации за млади и чадор младински организации“, „Неформални групи на млади“ и „Млади и безбедност“. Ќе биде доделена и Награда за партнери на младите во категоријата „Службеник за ...
Сараевскиот бенд „Црвена јабука“ ќе прослави 40 години постоење со концерт во Охрид на 14 август во Античкиот театар од 20 часот, објави продукцијата „Балкан медиа“. Бендот е основан во 1985 од вокалот и гитарист Дражен Ричл-Зијо и гитаристот и автор на повеќето хитови на групата Златко Арсланагиќ-Злаја. Групата беше дел од музичкото движење Нов примитивизам во 1980-тите. Првиот албум насловен „Црвена јабука“ е снимен во 1986. Во тоа време ...
Од 20 до 27 август со мото „Само сонот е стварност“ ќе се одржува 17. Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“. Во осумте фестивалски дена ќе бидат прикажани 71 филм – нови документарци, ќе има над сто гости од странство и обемна дополнителна програма со мастер-класови, работилници, панел-дискусии и дводневен МакеКоПроДокс форум за развој на проекти од регионот (25-27 август). Фестивалот годинава ќе биде посветен на филмската ...
Македонскиот народен театар новата сезона 2026/2027 ќе ја започне со премиера на претставата „Три сестри“, според драмата на А. П. Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, која ќе се одржи на 25 септември. Новата сезона во МНТ носи важна новина за публиката – воведување превод на англиски јазик за дел од претставите во однапред определени термини. На тој начин, театарот станува уште подостапен за странската публика и сите љубители на уметноста кои ...
Вештачката интелигенција веќе не е технологија резервирана само за програмери и големи технолошки компании. Таа станува секојдневна алатка за работа, учење, создавање содржина, автоматизација, маркетинг, продажба и развој на нови бизниси. Токму со таа идеја е создадена новата колекција практични AI книги на македонски јазик, чија цел е сложениот свет на вештачката интелигенција да го направи разбирлив и применлив за македонските читатели. ...
На 12 август се одбележува Меѓународниот ден на младите, посветен на младите, нивните права, потреби, предизвици и можности, како и на нивната важна улога во создавањето на поинклузивни и одржливи општества. Темата на Меѓународниот ден на младите за 2026 година е „Different Contexts, Common Aspirations“ („Различни контексти, заеднички аспирации“). Таа ја истакнува пораката дека, иако младите живеат во различни услови и се соочуваат со ...
Петров (Бегниште, Тиквешко, 1936 – Скопје, 2011) е македонски сликар, конзерватор и реставратор, автор кој со своето разновидно творештво и исклучителна конзерваторска дејност оставил траен белег во историјата на македонската уметност Јубилејната изложба под наслов „90 години од раѓањето на Јован Петров“ посветена на творештвото македонскиот уметник и конзерватор, ќе биде отворена вечерва во 20 часот, во галеријата Чифте амам во Старата ...
Објавен е македонскиот превод на романот „Во август“ од младиот чешки писател Јакуб Стањура, во превод на македонски јазик на Маргарета Карајанова. Во овој психолошки интензивен роман, на суптилен и оригинален начин се отвора темата на т.н. геслајтинг – форма на манипулација во која границите меѓу вистината и илузијата се бришат, а жртвата почнува да се сомнева во сопствената перцепција, сеќавања, одлуки и разум. Додека во август сите се ...
Донацијата на „Матица македонска“ во рамките на програмата „Зад датумот: Овој Илинден, Македонија се чита“ ќе им биде достапна на околу 500 средношколци Близу 90 библиотеки се пријавија на јавниот повик на „Матица македонска“ „Каде недостигаат книги за Македонија?“, објавен во рамките на програмата „Зад датумот: Овој Илинден, Македонија се чита“, а и по повод 35 години самостојна Македонија и од основањето на издавачката куќа. По ...
Во годината кога одбележуваме 95 години од раѓањето на великанот на македонската поезија – Анте Поповски, а меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ се организира по деветти пат, ни претставува огромно задоволство што Конкурсот за доделување на наградата „Антево перо“ побуди неверојатен интерес кај творците на потската реч. Горди сме и почестени што на Конкурсот учество зедоа неверојатни 115 збирки и автори ...
Програмата на годинешното издание на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со содржина од музичкиот дел, со целовечерниот концерт на кинескиот пијанист Сихенг Сонг. Сонг е роден во Шангај во 1981 година и се смета за еден од најдобрите пијанисти од својата генерација. Музичкото образование го стекнува во Франција, на Високата школа за музика во Париз, во класата на Маријан Рубицки. По дипломирањето како концертен пијанист, студиите ги ...
Стрип центарот на Македонија – Велес ја најавува претстојната, 8. Меѓународна стрип колонија „Велес 2026“, која ќе се одржи во периодот од 20 до 23 август. Годинава, оваа престижна манифестација носи еден сосема уникатен концепт на поврзување — учесничките ќе бидат исклучиво авторки од женскиот пол, кои доаѓаат од пет држави со што се создава моќна балканска женска уметничка соработка. По соборувањето на досегашните рекорди на меѓународниот ...
Културно-едукативниот центар „Лабораториум“ на 31 јули и 1 август ќе организира две филмски вечери под отворено небо, посветени на современата француска кинематографија. Проекциите се дел од летната фестивалска програма „Скопје вибрира“. На 31 јули, со почеток во 21 часот, ќе биде прикажан филмот „En Corps“ („Повторно раѓање“) во режија на Седрик Клапиш. Филмот раскажува инспиративна приказна за млада балерина која по сериозна повреда ...
На 15 август, со почеток во 20:00 часот во Офицерскиот дом, како дел од програмата на битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“ публиката ќе има можност да го проследи концертот „IDEALE“, на кој ќе настапат македонскиот бас – баритон и доцент по соло пеење Иван Наумовски и пијанистката Елена Атанасовска – Ивановска, вонреден професор на катедрата по клавишни инструменти при Факултетот за музичка уметност – Скопје. Концертот носи внимателно одбран ...
„Оејзис“ ќе ја раскаже приказната за своето големо враќање во новиот документарен филм „Don’t Look Back In Anger“, кој ќе содржи снимки од проби, зад сцената и од концертите од повратничката турнеја „Оејзис во живо ’25“. Посебно внимание привлекува најавата дека во филмот ќе бидат прикажани и првите заеднички интервјуа на браќата Лијам и Ноел Галагер по повеќе од 20 години. Документарецот го создаде Стивен Најт, авторот на серијата „Пики ...
Меѓународниот центар за уметност и одржлив АРТ ПОИНТ – ГУМНО од с. Слоештица, годинава одбележува 23 години континуирано креативно делување. Помеѓу соработките што ги остварува со разни меѓународни организации од областа на културата или заштитата на животната средина, значајно место зазема и соработката со претставниците на реномираната Либеречка школа за фотографија – LŠF од Чешка. Професори и селектирани студенти од оваа школа, до сега, ...
Под мотото „Со отворени очи“, од 4 до 8 август, во Струмица се одржа 21. издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Во текот на петдневните чествувања во знакот на филмската уметност, во преполниот амфитеатар беа прикажани 20-ина краткометражни филмови. Покрај натпреварувачката, имаше и ревијална долгометражна програма, во која специјални проекции имаа „Версус: филмовите на Кен Лоуч“ на Луиз Осмонд, „Железна тврдина“ на Митко ...
Изложбата на фрески и икони насловена „Жив ѕид“ од авторите Никола Крнчев и Раде Најдовски е отворена во изложбениот салон на Офицерскиот дом во Битола, во рамките на „Битфест“. Со изложбата „Жив ѕид“, Крнчев и Најдовски одбележуваат 25 години заедничко творештво, информираа од КИЦ Битола. – Изложбената поставка е своевиден печат на четврт век пријателство, партнерство и заедничка посветеност на зографската уметност. Изборот од дела ги ...
Како што пренесуваат српските медиуми, „8 Март“ е најавен како горчлива, црна и антиимперијалистичка комедија што преку црн хумор и општествена сатира ги обработува темите на културниот империјализам, моќта, идентитетот и положбата на жената и го сумира сето она што го очекува публиката од Драгојевиќ: бескомпромисна анализа на општествените девијации преку комбинација на трагичниот хумор и бруталната искреност Дел од новиот филм „8 Март“ на ...
„Капка по капка, секоја година сè посилни и подобри, ќе продолжиме да го негуваме нашето филмско езеро: место каде што вашите приказни се слеваат, растат и го одразуваат нашиот заеднички сон.“ Изминативе 5 денови проследивме богата филмска програма во 5 натпреварувачки програми – Меѓународна, Регионална, Студентска, Соочување со минатото, Национална, како и програма Студенти во фокус. Понатаму едукативна програма со мастеркласови на Пјер ...
„Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на 47. издание на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“ „Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на годинашното издание на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“ изработено од уметницата и графички дизајнер, Вања Штркова, која е дел од тимот на „Њу Момент“. Визуелното решение се осврнува на првиот кадар снимен со филмска камера на Балканот од браќата Манаки, во кој е инкорпорирано дело од светски ...
Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, заедно со членовите на „Менс Клаб оф Токио Опера“ од Токио, ја изведоа „Македонско девојче“-една од најпознатите и најпрепознатливи македонски песни. Котецу и членовите на оперскиот ансамбл со години покажуваат интерес за музичкото наследство на Балканот, а во нивниот репертоар се застапени и традиционални македонски песни. Особено впечатливо е тоа што „Македонско девојче“ ја изведуваат на македонски ...
Деми Ловато ќе се појави во новиот филм „Камп рок 3“, повторно во улогата на Мичи Торес, ликот кој го играше во оригиналниот филм од 2008 и во продолжението од 2010. Ловато на Инстаграм сподели фотографии од новиот филм и од претходните два и напиша „Мичи засекогаш“. Ловато повторно се сретна со своите колеги од „Камп рок“, Џо Кевин и Ник Џонас, на премиерата во Лос Анџелес. Приказната го следи бендот „Конект 3“, кој останува без предгрупа за ...
Наградуваната претстава „Уна“ на белградскиот театар „Звездара“ со маестралниот Никола Ристановски во главната улога, гостува на фестивалот „Охридско лето“. Претставата е во режија на Дејан Пројковски, а ќе биде изведена на 16 август во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, во 21 часот. Во „Уна“ од Стеван Копривица, покрај Ристановски, настапуваат и Магдалена Мијатовиќ, Сена Ѓоровиќ и Марко Гверо. По Охрид, ќе ја види и скопската ...
Културниот едукативен центар Лабораториум, во склоп на летната иницијатива „Скопје вибрира“, организира сликарска сесија со македонскиот сликар и графичар Роберт Дандаров, замислена како неформална средба за создавање, разговор и размена помеѓу креативци, а хост на вечерта ќе биде младата уметница Ивана Павловска. За разлика од класичниот формат на ликовна работилница, настанот нема да се фокусира на формално предавање или еднонасочно ...
Со проекција на пет наградени филмови, на 8 август заврши 21. издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, коешто се одвиваше под мотото „Со отворени очи“. По свеченото отворање од градоначалникот Петар Јанков, на самиот почеток, лауреатката Синоличка Трпкова ја прими наградата „Астер“ од претседателот на „Астерфест филм фестивал“, читајќи ја беседата „Ода за уметникот“. Во текот на петдневните чествувања во знакот на филмската ...