Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
На сцената на МНТ, а по повод 81. роденден на оваа театарска институција, од 30 март до 4 април се најавени гостувања на белградскиот и светски познат актер, Никола Ѓуричко, кој ќе настапи со стендап-шоуто „Шоубиз“, на претставата „Амадеус“ во режија на Александар Поповски, во изведба на Словенечко народно гледалиште Марибор, на монодрамата „Безгрешна“ – омаж на големиот и прерано починат режисер, Томаж Пандур, како и претставата „Другата ...
Од регионален хит до европски феномен – филмот „Свадба“ ја започна својата меѓународна турнеја со импресивни резултати кои потврдуваат дека добрата комедија не познава граници. За време на првиот викенд на прикажување во Австрија, Германија и Швајцарија, филмот го видоа повеќе од 100.000 гледачи, што го прави најгледан наслов во Австрија за само три дена дистрибуција. Европската премиера се одржа во Виена, во киното „Cineplexx Millennium ...
Славејќи го јубилејот 35 години од основањето, „Матица македонска“ продолжува да ја чествува македонската книжевност. Меѓу другото, „Матица“ веќе почна јубилејна едиција со прозни и поетски книги што се стожерни за современата македонска книжевност, а се од автори што со своите книжевни дела имаат остварено трага по траекторијата на развојниот пат на првата издавачка куќа во самостојна Македонија. Првата книга што „Матица македонска“ ја ...
Мандолинскиот оркестар „Скопје” ќе одржи еко-концерт во Детскиот дом „11 октомври“ во Скопје денеска (18 февруари) од 11 часот. Ќе диригира маестро Ерхан Шукри. Концертот под мотото, „Со музика за почиста животна средина“ се одржува по повод Светскиот ден на батеријата и е во соработка со здружението „Нула отпад“. Децата и персоналот од Домот место влезница треба да донесат една стара батерија. Ќе се свират дела од Бах, Бранѓолица, Мандонико ...
Во Македонскиот културен центар во Тирана, свечено беше отворена тактилната изложба „Допирот на уметноста од Битола“, во организација на НУ Завод и Музеј – Битола. „Оваа изложба има особено значење бидејќи промовира инклузивност, еднаквост и достапност на уметноста за сите. На мултисензорната изложба се претставени 12 тактилни предмети од богатото македонско културно наследство од Музејот во Битола“, објави македонската амбасада во Тирана. Се ...
В среда, на 18 февруари во 19 часот во фоајето на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе се одржи промоција на книгата „Ќе помине и моќта“ од Ирена Јурчева. Промотори се Александар Маџаровски-Читачот и Виолета Танчева-Златева. Ќе зборуваме за новиот роман на Јурчева „Ќе помине и Моќта“, во кој создава еден нов магичен свет во кој мислите и емоциите го имаат непобедливиот меч во борбата со животот. По преводите на Едгар Алан По и ...
Роберт Дувал, оскаровец и еден од најкарактерните актери на американскиот филм, почина на 96-годишна возраст. Веста ја потврди неговата сопруга Лусијана Педраса Дувал, наведувајќи дека починал мирно во својот дом во Вирџинија. Семејството соопшти дека нема да има јавна погребна церемонија. Кариерата на Дувал, долга седум децении, не може да се сведе на еден наслов или еден тип улога. Иако публиката често го памети како Том Хејген, тивкиот и ...
Published: Tuesday, February 17, 2026 21:12 По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ организира чествување со посебна програма. Воведна реч по повод денот ќе има директорката на Институтот Елена Јованова – Грујовска. За значењето на македонскиот јазик ќе зборува проф. д-р Гоце Цветановски, а артистот Никола Ристановски ќе интерпретира инсерти од македонското творештво. Институт за ...
Театарот Санназaро, еден од историските симболи на неаполската сцена, изгоре во голем пожар што избувна рано утринава, 17 февруари, во квартот Кјаја, во близина на Виа Кјаја, по што италијанските служби евакуираа жители од околните згради, а неколку лица завршија во болница поради вдишување чад. Пожарот, според првичните информации од италијанските служби и медиуми, започнал на разденување и брзо се проширил кон објектот на театарот. Густ чад ...
Повеќе од 80 сегашни и поранешни учесници на Берлиналето потпишаа отворено писмо до фестивалот во кое го осудуваат она што го нарекуваат „молчење“ кога станува збор за конфликтот во Газа и „цензурата“ на уметниците кои проговориле. Актерите Тилда Свинтон, Хавиер Бардем, Анџелики Папуља, Салех Бакри, Татјана Маслани, Питер Мулан и Тобијас Мензиес, како и режисерите Мајк Ли, Лукас Донт, Нан Голдин, Мигел Гомес, Адам Мекеј и Ави Мограби се меѓу ...
Годинешното, 29-то издание на „Златна бубамара на популарноста“ е закажано за 26 февруари 2026, со почеток во 20:00 часот, во Спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Организаторот најавува издание под мотото „Апсолутна власт – апсолутна забава“, со ветување дека сатирично и музички ќе ја „раскаже“ 2025 година, а како дополнителна мамка најавува и гостување на „голема светска музичка легенда“ чие име ќе го открие десет дена пред ...
Со опсесијата од класичниот стих Георги Сталев надомести цели епохи во македонската литература, а со препевите влијаеше на развојот на македонската поема. Ова го кажа писателот и драмски автор Венко Андоновски на денешниот омаж за Георги Сталев Поповски, претставник на првата повоена генерација македонски писатели и интелектуалци, кој почина на 30 декември минатата година на 95- годишпна возраст. Со својата книга „ Македонскиот верс“ и со ...
„Глумците пеат“ на 24 и 25 март повторно ќе го одбележат Светскиот ден на театарот во Македонскиот народен театар, во 20часот. Годинава шоуто е посветено на македонската музика од различни периоди – песни што публиката ги знае, но ќе ги слушне во нова актерска интерпретација. Покрај соло изведби, на сцената ќе има и повеќе дуети и групни точки, што носат поинаква динамика и сценска енергија. На сцената ќе настапат актери од повеќе генерации – ...
Во весела норвешка комедија, две разгалени деца – Хедвиг и Хенрик – се обидуваат да се ослободат од својата нова строга маќеа Викторија, бидејќи таа воведува нови правила во домот. Во својата брутално смешна идеја да се отараста од неа, тие наоѓаат решение – платен убиец кој ќе ги спаси од маките. Извршителот треба да биде Карл, имигрант кој отпрвин одбива, но поради тешката финансиска ситуација на неговото семејство, сепак ја прифаќа ...
Гај Ричи, режисерот познат по лудите заплети, уште полудите ликови и надреални ситуации, повторно се најде на снимањето со една од најпопуларните акциони ѕвезди на денешницата – Џејсон Стејтам. Приказната го следи мистериозниот Х (Статам), чувар со злобен изглед кој работи за компанија за транспорт на пари во Лос Анџелес и е одговорен за транспорт на милиони долари низ градот. При грабежот на возилото за кое биле задолжени, неговите колеги се ...
Дом Коб е вешт крадец, апсолутно најдобар во опасната уметност на извлекување, крадејќи вредни тајни од длабочините на потсвеста за време на сонот, кога умот е најранлив. Ретката способност на Коб го направи посакуван играч во овој предавнички нов свет на корпоративна шпионажа, но исто така го направи меѓународен бегалец и го чинеше сè што некогаш сакал. Сега на Коб му се нуди шанса за искупување. Една последна работа би можела да му го врати ...
Берлин – Јапонија пристигна на годинешното Берлинале со девет филмови во селекција и ветерот зад себе – „Demon Slayer“ и „Chainsaw Man“ сè уште свежи во книгите со рекорди на бокс-офисот, почестите во Кан се на повидок. Но, на Јапонската ноќ во понеделник, разговорот не беше за минатите успеси или етаблираните автори. Стануваше збор за тоа кој и што следи. Домаќин на Амбасадата на Јапонија во Германија во соработка со Агенцијата за културни ...
Драги мои, во Македонија медиумската индустрија е мртва. Таа во суштина не постои. Тоа што го гледате е само прашина на небото, светлина на ѕвезди што исчезнале, ама до нас уште не стигнала таа информација затоа што, како и многу други, и оваа смрт патува бавно, пишува Јани Бојаџи за НОВА МАКЕДОНИЈА. Македонскиот телевизиски пазар ќе ја заврши 2025 година со околу 20 милиони евра бруто-приходи од маркетинг и адвертајзинг. До 31 март ќе го ...
Петтемина добитници на годишните награди на Друштвото на писателите на Македонија на свеченост ги примија наградите што традиционално ги доделува писателската асоцијација. Со свеченоста што се одржа на 13 февруари, ДПМ одбележа 79 години постоење. Наградите ги примија: Оливера Ќорвезироска – награда „Стале Попов“ (за романот „Три Марии“, за најдобра прозна книга објавена во 2025 г.), Бранко Цветкоски – награда „Ацо Шопов“ (за стихозбирката ...
Книгата „Ветерната приказна“ на Ника Гавровска, илустрирана од Наташа Андонова („Гаврош“, 2022) ќе биде дел од меѓународната изложба Turning the Page on Change – Children’s Books Inspiring Action for the Global Goals, која ќе се одржи во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Изложбата ќе се случи од 20 февруари до 13 март. Изложбата е дел од програмата на Bologna Children’s Book Fair и ги претставува насловите селектирани од категоријата ...
Јоана Сарафимовска е именувана за в.д. директор на Национална установа Центар за култура „Трајко Прокопиев” – Куманово. Сарафимовска има повеќегодишно искуство во самата установа, каде е вработена како стручен соработник за драмска дејност. Назначена е кон крајот на минатата недела од страна на министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Таа доаѓа на местото на Сашо Тодоровски, кој два мандати ја извршуваше функцијата директор. Јоана ...
Францускиот институт во Скопје известува за првото издание на месечните „Кино средби” во Кинотека, каде што ќе се прикажуваат современи француски филмови како и големи класици на француската кинематографија. Овие кино средби започнуваат со проекцијата на „Романот за Џим“ (2024), од Арно Ларје и Жан-Мари Ларје, со Карим Леклу, Летиција Дош и Сара Жиродо, в четврток, 19 февруари 2026, 20:00 часот, Кинотека. Премиерно прикажан на Филмскиот ...
Хрватските поп-пејачи Нина Бадриќ и Тони Цетински ќе одржат заеднички концерт во Скопје на 28 ноември во салата „Борис Трајковски“, објави продукцијата „Прагма“. Цетински е еден од најпознатите хрватски кантавтори и повеќекратен добитник на наградата Порин. Го сними дуетот „Слатки звуци“ (Dolce Suono) со тенорот Хозе Карерас, што го промовираа на концерт во Загреб во 2007. Како гостин на Мајкл Болтон, тој настапи на концерти во лондонскиот ...
На 18 февруари (среда), со почеток во 19:00 часот, во просторот на Laboratorium ќе се одржи промоцијата на стрип-албумот „ЛОМ: Бунарот на бесконечната јанѕа“ од Ивица Дукоски и Владимир Благојевиќ, a во издание на Фликер Студио. Настанот е отворен за сите посетители, а стрипот ќе биде достапен по промотивна цена. „ЛОМ: Бунарот на бесконечната јанѕа“ е епска фантазија со доза на егзистенцијална паника, нежна иронија, и судбина што не прифаќа ...
Филмот „Motherwitch“/ „Мајка вештерка“ во режија на Минос Папас, копродукција меѓу Кипар, Македонија и САД ( Константинос Никифору, Минос Папас, Дарко Попов/ Caretta Films, Cyprian Films New York, Focus Pocus Films) беше прикажан во официјалната селекција на годинешното издание на Меѓународниот филмски фестивал во Ротердам. Во филмот игра и Милтос Јеролему, британски актер со кипарско потекло, познат по улогата на Сирио Форел во „Игра на ...
Елена Бубало не припаѓа на онаа нова генерација фитнес-профили што се појавија преку ноќ. Нејзината приказна почнува многу порано – во реалниот живот, меѓу работа без работно време, три деца, готвење, тренинзи и секојдневни обврски. Заедно со сопругот Атанас Михајловски со години постепено го градеа она што денес се препознава како препознатлив пристап кон здравите навики: без екстреми, без казни и без идеализирање на „совршено тело“. Со неа ...
Британскиот бенд „Дјуран Дјуран“ потврди на официјалниот инстаграм профил дека доаѓа во Македонија, но сѐ уште не е објавен точниот датум за концертот. „‘Дјуран Дјуран’ се враќа во Италија ова лето за три специјални настапи во живо. Наскоро ќе бидат објавени повеќе европски датуми, вклучувајќи настапи во Данска, Холандија, Чешка, Унгарија, Бугарија, Македонија, Србија и други“, стои во објавата на бендот на Инстаграм. Неколку часа потоа, ...
Најдобрите цитати на Саманта Џонс од „Сексот и градот“: 15 нејзини животни совети што секој треба да ги следи Објавена во: 17 Февруари, 2026 08:34 Додека ја гледавме оваа серија, сигурно не сме ја гледале Саманта Џонс како некој што дава добри животни совети, но таа имаше изјави низ сезоните што секој треба да ги слуша и да се води од нив. Таа имаше некои сомнителни совети, но и неколку одлични совети. 1.Ако нешто ви изгледа премногу ...
Омаж на проф. д-р Георги Сталев Поповски, во соорганизација со ИМЛ, ДПМ и Македонскиот ПЕН-центар, ќе се одржи денеска со почеток од 12 часот во салата за седници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Како што информираа од Деканатот на Филолошкиот факултет, за наставната, научната, творечката и преведувачката дејност на Сталев Поповски ќе говорат проф. д-р Венко Андоновски, проф. д-р Зоран Анчевски, проф. д-р Лорета ...
Денес, 17 февруари, го одбележуваме роденденот на Георги Шарески, македонски композитор, аранжер и гитарист, најдобро познат како лидер на Георги Шарески квартет и музичар во интернационалниот проект The Skopje Connection. Роден во Скопје во 1983 година, Шарески својата музичка кариера ја започнува во панк-составите Плав бојлер и Sidewalk. По завршувањето на студиите по џез композиција и аранжмани на престижниот Berklee College of Music во ...