Јана Лазареска на својот седми роденден посака желба што не се мери со пари, туку со срце Објавена во: 01 Октомври, 2025 13:14 Љубовта меѓу дете и милениче не се учи – таа се чувствува. Таа е првиот чекор кон развивање на емпатија, одговорност и грижа за другите. Кучето не е само миленик. Тоа станува член на семејството, чувар на детските тајни, тивок утешител во тешки денови и најгласен поддржувач во сите детски победи. Јана Лазареска, ...

На 4 октомври во Музејот на современата уметност во Скопје (18 часот) ќе се одбележи светскиот ден на виното „вранец“. „Овогодинешниот настан ќе ги собере производителите на ‘вранец’ од целиот регион, заедно со реномирани познавачи на вино и страствени ентузијасти од целиот свет. Заедно ќе ги истакнеме овие извонредни вина, покажувајќи ги нивните длабочина, карактер и потенцијал за глобално признание“, велат организаторите. Винскиот салон по ...

Режисерот, добитник на Оскар, Оливер Стоун, се занимава со најважната и најфасцинантната вистинска приказна на 21 век. Политички трилер исполнет енергија со Џозеф Гордон-Левит и Шејлин Вудли во главните улоги, ја открива неверојатната нераскажана лична приказна на Едвард Сноуден, личноста која ги разоткри шокантните незаконски активности на НСА и стана еден од најбараните луѓе. во светот. Некои го сметаат за херој, а други за предавник. Без ...

Културно-информативниот центар – Скопје, на 7 октомври 2025 година во 20 часот, во изложбениот салон „Империјал 1 и 2“, ќе ја отвори ретроспективната изложба на познатиот македонски фотограф Александар Кондев. Кондев, роден во Скопје во 1950 година, со децении е присутен на македонската културна сцена како автор на бројни самостојни и групни изложби, како и предавач по фотографија на Факултетот за ликовна уметност. Тој е еден од основачите на ...

Во киносалата на Кинотеката, на 2 октомври, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи специјална проекција на дигитално реставрираниот филм „Македонска крвава свадба“ (1967, режија: Трајче Попов), како дел од проектот „Сезона на филмски класици“. – Проекцијата на овој класик е особено значајна, бидејќи ѝ овозможува на домашната публика повторно да го доживее филмот во неговата обновена, дигитално реставрирана верзија, а на младите генерации – да се ...

Јубилејното, 20. издание на фестивалот за современи уметности АКТО ќе започне на 2 октомври со настан во форма на предавање, насловено „Еколошки иднини“ на архитектот Даниел Кунерт од германското списание од областите на архитектурата и урбанизмот, „Арх плус“ (ARCH+). Предавањето ќе се одржи во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет со почеток во 19 часот. „Еколошки иднини“ е заеднички проект на „Арх плус“ и Гете-институт насочен кон ...

Годинешниот добитник на наградата „Златна грива“ за особен придонес во филмската уметност на 10. „Киненова“, Даг Јохан Хагеруд, денoвиве во рамките на фестивалот одржа мастерклас на ФДУ каде со студентите и учесниците од фестивалот разговараше за начинот на снимање, на пишување сценарио, избор на ликови, финансирање на филмовите… -Приказната не е важна за мене. Почнувам со многу едноставна приказна. Не сум толку заинтересиран за приказните, ...

„Кога една жена решава да ја каже вистината за корупцијата во моќната нуклеарна индустрија, таа станува цел на закани, притисоци и насилство. Засновано врз вистинити настани – борба за правда, истина и опстанок.“ Филмот е инспириран од вистинити настани и ја следи приказната на Маурин Керол, синдикална претставничка во француската нуклеарна индустрија. Како храбра жена која се осмелува да го разобличи коруптивното дејствување на моќни политички ...

Неодамнешното деби на „актерка“ создадена со вештачка интелигенција наречена Тили Норвуд предизвика бурни реакции од Американското здружение на филмски и телевизиски актери (САГ-АФТРА), кое ја осуди замената на вистинските актери со синтетички. Креаторите на Норвуд кажаа дека некои филмски студија веќе покажале интерес за неа. Тили Норвуд беше претставена пред неколку дена на конференција за филмска индустрија во Цирих. Притоа беше прикажана во ...

Охрид, 1. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува програмата во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“. Во петок, 3-ти октомври, со почеток во 19:00 часот, во трговскиот центар Ohrid Mall ќе се одржи интерактивен концерт со Стела и Сани. Инаку, проектот „Културата расте со децата – За сите деца“ од овој месец па сѐ до мај ќе се реализира во трговскиот центар Ohrid Mall. Секој петок со почеток од 19:00 часот ...

Денешните проекции пред Дом на АРМ вбројуваат скопска премиера на наградуваниот студентски филм „Сенките на месечината“ во режија на Тина Величковиќ и проекција на „Тарик“ во режија на Адем Тутиќ кој годинава ја освои наградата за најдобар студентски филм на Сараевскиот филмски фестивал. Покрај проекциите, во КОТУР ќе се отвори и изложбата „Добредојде, добро те најдов” од Ана В’чкова, реализирана во соработка со Pioneri Art Platform. Вечерта ќе ...

На 9 октомври 2025 /четврток/ од 19.30 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи концертот „Ритамот на душата, бојата на традицијата“ на Ансамблот „Танец“ кој 76 години е македонски код. Влезниците за концертот се во продажба на билетарницата од Центарот секој работен ден од 10 до 13.00 ч. и во сабота од 11 до 14.00 часот. Веќе цели седум и пол децении, Ансамблот „Танец“ пулсира во ритам со македонскиот фолклор . Тој е амблем на ...

На 9 октомври во Кинотеката на Македонија ќе почнат Денови на словенечки филм, со проекција на комедијата/драма „Спасение за почетници“ во режија на Соња Просенц. По проекцијата ќе има разговор со продуцентот на филмот Рок Сечен. Следниот ден од 19 часот ќе се прикаже новиот детски филм на Клемен Дворник, „Игралиштето не го даваме!”, а на 11 октомври е документарниот филм на Петра Селишкар, „Планината не оди никаде“. Проекциите се на словенечки ...

Во рамките на Светската конференција на УНЕСКО за културни политики и одржлив развој – Мондиакулт, што се одржува во Барселона, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, имаше свои обраќања на тематските сесии „Културни права“ и „Економија на културата“. Во своето обраќање на тематската сесија „Културни права“, министерот Љутков нагласи дека културата не е привилегија, туку основно човеково право, загарантирано со Уставот на државата. Тој ...

Утре, четврток од 12 часот во „Прличевата одаја“ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана книгата „На иста адреса“ од aвторите Христина Деолска и Миле Ѓорѓијоски. Се работи за заедничка книга во која на еден спонтан начин се запишани поетски и афористички дела на обата автори. Ѓорѓијоски во предговорот на книгата ќе запише: На секоја песна од Деолска на следната страница, јас одговарам со афоризми. Книгата може да се ...

Џулија Гарнер како кралицата на попот? Биографскиот филм за Мадона долго време беше во фокусот на јавноста, но до каде е сега проектот и кога ќе го видиме на екран? Кога во 2022 година беше објавено дека Џулија Гарнер е избрана да ја глуми Мадона во официјалниот биографски филм за музичката икона, интернетот експлодира од реакции. Гарнер, позната по улогите во „Ozark“ и „Inventing Anna“, важи за една од најталентираните актерки на својата ...

Кумановската авторка Лара Денковиќ вечерва во 19 часот во Занаетчискиот дом ќе ја промовира својата најнова книга „Звукот на тишината“. Настанот е отворен за јавноста, а љубителите на литературата ќе имаат можност одблизу да се запознаат со авторката и да слушнат повеќе за процесот на создавање на ова дело кое комбинира интимност, искреност и напнатост до последната страница. – По успешниот љубовен роман „Не ти, другиот“, пред читателите ...

Во Скопје, на 3 октомври (петок) со почеток во 19 часот, во кафулето „Бифе Тафталиџе“, ќе се одржи промоција на книгата „Светило на врв планина“ – првото илустрирано и адаптирано житие за деца за македонски светител. Делото е посветено на Света Спаса Вишенска и има цел да ја доближи нејзината животна приказна до најмладата читателска публика преку едноставен и достапен јазик, збогатен со илустрации. Автор на книгата е Јасмина Кантарџиева ...

Октомвриската програма во Кинотека почнува денеска со почеток во 20 часот РЕПОРТАЖИ ОД „ФИЛМСКИ НОВОСТИ“ ОД БЕЛГРАД (1953-1955) Една од основните дејности на Кинотеката, поточно на Одделението за прибирање, заштита, обработка и чување на филмови и филмски материјали, односно на Филмскиот архив при Кинотеката – е токму прибирањето филмови и придружни филмски материјали кои се поврзани со Македонија. Кинотекатa редоследно и претходната 2024 година ...

Јубилејното, 20-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности ќе започне утре (02 октомври) со преднастан во форма на предавање насловено „Еколошки иднини“ на архитектот Даниел Кунерт од Арх плус (ARCH+). Арх плус е водечко германско списание од областите на архитектурата и урбанизмот, основано во 1967 година во духот на еманципаторско самопросветлување, кое критички ги разгледува општествените аспирации на изградената средина во ...

Филмот „Диџеј Ахмет“, режија на Георги М. Унковски, од денеска официјално ќе има своја кинопремиера во Македонија. Во Скопје ќе се прикажува во кино „Синеплекс“ со премиера во 20:00 часот, а истовремено филмот ќе игра и во 3D киното при Центарот за култура во Битола. Филмот минатата недела го затвори 46. Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, а светската премиера ја имаше во јануари годинава на престижниот фестивал на ...

Во НУ Национална галерија Мала станица денеска свечено ќе биде отворена изложбата „Beyond yesterday“, авторско дело на реномираниот антрополог и професор на Универзитетот во Букурешт, Романија, д-р Каталин Д. Константин. Организатори на овој настан се Амбасадата на Романија и Државниот архив на Република Северна Македонија во рамките на прославувањето 30 години дипломатски односи меѓу Република Северна Македонија и Романија. Изложбата ќе биде ...

Еден златар во Битола во служба на филмската магија Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ заврши, но некои приказни остануваат и продолжуваат да ја раскажуваат својата магија. Една од нив е поврзана со статуетката, препознатливиот симбол на фестивалот. Оваа награда, статуетката, создадена од скулпторот Димитар Филиповски, ја носи својата финална душа токму во Битола. Со 91 година традиција, Златара „Маслинко“ е повеќе од ...

м-р Васо Ристов – директор на НАЦИОНАЛНА ОПЕРА И БАЛЕТ. Денешниот ден е мој роденден, ќе го одбележиме заедно со мојата фамилија, мојата сопруга Билјана и нашата керка Милица со свечен ручек во некој од нашите омилени ресторани овде во Скопје! Денешниот роденден е посебен, јубилеј 55 години.Водолиите се посебен знак, среќен сум што сум роден на овој датум и месец. Многу познати личности се родени во овој знак. 25 јануари Тоше Проески, 27 ...

Утре започнува јубилејното издание на АКТО фестивалот за современи уметности со преднастанот – предавање на архитектот Даниел Кунерт од Арх плус (ARCH+), водечкото германско списание од областите на архитектурата и урбанизмот, во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет, со почеток во 19 часот. Ова предавање е најава за официјалната тридневна програма на 20. АКТО фестивал што ќе се реализира во киното на Железничката зграда од 3 до 5 октомври. ...

Селена Гомез сподели дел од свадбениот албум со своите фанови. На фотографиите, 33-годишната пејачка романтично танцува со својот сакан, позира со едноставната свадбена торта и покажува скриен детаљ на својот фустан со специјална посвета на нејзиниот сопруг Бени Бланко. 33-годишната пејачка носеше три венчаници од Ралф Лорен во кои изгледаше неверојатно. Меѓу сите 300 рачно извезени цветови на вториот фустан, кој Селена го облече за својот ...

Здружението на слепи лица Охрид во соработка со општина Охрид по повод Меѓународниот ден на слепите лица организира концерт на Културно уметничкото друштво на слепи лица „Биљана“ кое функционира во склоп на Националниот сојуз на слепи на Македонија. Концертот ќе се одржи во центарот за култура „Григор Прличев“ на 4 октомври, сабота, со почеток во 19:30 часот. Од Здружението упатуваат покана до сите заинтересирани лица кои сакаат да ...

Отворањето ќе се одржи во галеријата „Руди“ (ул. Теодосиј Гологанов бр. 2, агол со бул. Климент Охридски), на 1 октомври (среда), со почеток во 19 часот, каде што публиката ќе има можност да ужива во уникатна поставка на цртежи создадени како инспирација од литературното читање што се одржа во јули годинава под истиот наслов. Изложбата обединува дела на пет талентирани македонски уметници – Дијана Томиќ, Јана Јакимовска, Петар Петков, Кристијан ...

Разговор со светски познатиот турски писател Ахмет Умит, мајстор на модерниот криминалистички роман, ќе се одржи вечерва во рамки на фестивалот на европска литература „Букстар“ во Салон 19.19 во Културно-информативниот центар со почеток во 19:19 часот. Модератор на настанот ќе биде Јордан Коцевски. Умит ќе зборува за своето богато творештво, инспирациите зад неговите книги и за улогата на книжевноста во општеството. Од поезијата и расказите до ...

Кочани, 30 септември 2025 (МИА) - Во Ротари „Феникс“ центарот на Ротари клубот „Кочани - Виница“ синоќа се одржа настан од културата посветен на образованието, литературата и македонскиот јазикот. Оваа активност се реализираше како резултат на заедничка соработка на РК „Кочани- Виница“ и ЈОУ Библиотека „Искра“, која подолг период работи на афирмација и зачувуавње на македонскиот литературен јазик и негова промција помеѓу младата популација. ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
67%
1014
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.0
92%
1014
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
70%
1014
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
4.46
93%
1016
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
92%
1015
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
3.13
62%
1005
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
76%
1007
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
59%
1008
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
9.77
85%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
2.57
79%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
48%
1008
weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
71%
1011
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Кобалт

58.42

Цинк

3.23

Сребро

1878.05

Иридиум

145787.60

Платина

52952.77

Родиум

255598.44

Алуминиум

2.91

Никел

473339.37

Калај

40.48

Злато

135056.24

Паладиум

46425.68

Рутениум

29192.88