Меѓународниот фестивал на етнографски филм – ЕТНОФФ оваа година го одбележува своето 11-то издание. Фестивалот ќе се одржи на 6 и 7 октомври 2025 година во Кинотеката на Македонија, со почеток во 19 часот. Дводневната програма ќе понуди внимателно одбрани филмови од домашни и странски автори кои преку визуелна антропологија го истражуваат културниот, социјалниот и политичкиот контекст на постоењето. Публиката ќе има можност да проследи ...

Филмот On the Way на турскиот режисер Самир Карахода ја доби наградата за најдобар филм во официјалната селекција на Фестивалот на филм и музика „Sирни“, што заврши синоќа. За наградата одлучи жирито во состав: Кристина Леловац, актерка; Трифун Ситниковски, режисер; и Дина Дума, режисерка. – Веруваме дека прашањата за миграцијата се меѓу најгорливите теми на нашето време, а Самир им пристапува со извонредна суптилност и нежност. Инспириран од ...

Ви ја претставуваме третата епизода од видеокаст серијалот „Балкански Перспективи“, правени во соработка меѓу Pro Peace и Радио МОФ. Во епизодата „Филмот и музиката наспроти политиката: Кој е погласен?“ Максим Никифоровски, Ивана Драгшиќ и Ханис Багашов разговараат за улогата на филмот и музиката во постконфликтното општество во Македонија. Дали уметноста и нејзиниот универзален јазик успева да ги надмине етничките поделби денес и да се обрати ...

Во кафе книжарницата „Буква“ денеска (сабота, 4 октомври) ќе има целодневен настан „Play it loud“ со работилници и потоа музика, организирани во соработка со „JM Macedonia“, „Imagine“ и колективот „Гола планина“. „Придружете ни се на вториот ‘Play it Loud!’ настан годинава, кој воедно ќе биде и загревање за натпреварот за млади бендови и музичари ‘Imagine’ кој ќе се случува на 10ти во денсинг салата на МКЦ во Скопје како дел од фестивалот ...

Во Подгорица, во рамки на Неделата на гордоста, беше објавен изборот за регионалната книжевна награда „Штефица Цвек“ за 2025 година. Меѓу седумте номинирани дела се најдоа и две македонски авторки – Билјана С. Црвенковска со романот „Приказни од Ѕунливото море“ (ИД-Концепт / Чудна шума, 2024) и Румена Бужаровска со книгата „Тони“ (ТРИ, 2024). Нивната номинација претставува значајно признание за современата македонска литература и нејзината ...

„Среќен сум што дојдов на ова топло место, да настапам со овој прекрасен оркестар“, рече Курт Розенвинкел, еден од највлијателните современи џез-гитаристи кој неделава им приреди големо задоволство на љубителите на џез-музиката во Македонија. И уште еднаш потврди дека имаме врвен Биг бенд за светските сцени. Курт Розенвинкел Концертот го организираше Националниот џез оркестар. Публиката веќе се навикна на беспрекорната прецизност со која ...

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола гостува во Полска каде вечер во градот Бјалисток ќе ја изведе претставата „На отворено море“ од Славомир Мрожек во режија на Благој Мицевски. Во претставата настапуваат актерите Марјан Георгиевски, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Васко Мавровски и Петар Спировски. Текстот на Мрожек „На отворено море“ датира од 1961 година, но претставата „зборува“ и денес и отворено го поставува прашањето за тоа каде е ...

Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ вечер во 18:30 часот беспатен концерт ќе одржи Естонскиот камерен хор „Калев“. Основан во 1998 година, овој хор, составен од триесетмина вокалисти, низ годините учествувал на бројни меѓународни фестивали за хорска музика, освојувајќи повеќе награди и признанија. Хорот е познат по својот богат и разновиден репертоар, со посебен акцент на делата на естонски композитори. Меѓу нив се издвојуваат: Арво Парт ...

Тетово, 3 октомври 2025 (МИА) - Националната библиотека „Кочо Рацин од Тетово денес организираше промоција на книга, роман со наслов „Вкусот на задоволството“ од авторката Ива Стојческа. Ова е втор роман на младата авторка, како продолжение на првиот „Вкусот на стравот“. -Мотивот за да ги напишам овие книги беше тоа како се обработуваат детските трауми и како тие влијаат понатаму врз човечкиот живот, поточно дека треба да се побара помош доколку ...

Скопје, 3 октомври 2025 (МИА) - Излезе од печат научнофантастичната новела „Денот кога се сетивме да плачеме“ од Магдалена Стојмановиќ - Константинов. Рецензенти на книгата се проф. д-р Анис Сефиданис и Бранко Прља. Како што велат од Мој збор, „Денот кога се сетивме да плачеме“, претставува тематско, но не и хронолошко продолжение на успешната збирка раскази „Денот кога заборавивме да плачеме“. -Новелата е структурално поделена во два паралелни ...

Случајот со диригентката Дијана Имери Илкоска ја разбрани македонската јавност на почетокот на оваа година откако го изгуби своето работно место во НУ Филхармонија на Мaкедонија. Нејзиниот работен однос не бил трансформиран од определено на неопределено време од страна на тогашниот в.д. директор иако ги исполнувала условите за законска трансформација на работниот однос, а само неколку денови потоа ѝ бил забранет влезот во нејзината матична куќа, ...

Розовиот пикник појадок е настан кој традиционално се организира за да се подигне свеста за карцином на дојка. На настанот кој е организиран во партнерство помеѓу ХЕМАОНКО – HEMAONKO и Medicus Help ќе имате можност да слушнете и видите вистински приказни од жени кои поминале низ оваа борба. Тие ќе ги споделат своите искуства, предизвици и победи – за да инспирираат, охрабрат и потсетат дека никој не треба да се бори сам. Организаторите ...

Сашко Насев е роден на 4 октомври 1966 година во Кочани. Дипломирал општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, и драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје, докторирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, специјализација во САД; син на Насе Насев, тренер на најуспешната македонска репрезентација (борење слободен стил); уредник на културната рубрика на весникот „Студентски збор“, соработник на ...

В сабота на 4-ти октомври од 20:00 часот во Офицерскиот дом во Битола на програмата на „Интерфест“ е концертот посветен на Кирил Македонски, 100 години од неговото раѓање. Камерниот оркестар-Битола со солистот Гернот Винишхофер, виолина од Австрија. Програма Кирил Македонски: Adagio за гудачки оркестар (1925-1984) Кирил Македонски: Старогрчки концерт за гудачки оркестар Allegro ( III став) Прва изведба Хектор Берлиоз: Валс (II став од ...

Скопје утревечер ќе пулсира во ритамот на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ“, во организација на Град Скопје. Настанот ќе ја претвори главната метропола во отворена уметничка сцена, достапна за сите граѓани и посетители. На различни локации низ градот ќе се одржат концерти, изложби, литературни читања, мултимедијални изведби и уметнички перформанси. Организаторите нагласуваат дека „Бела ноќ“ е повеќе од фестивал – таа е симбол на ...

Во сабота, на 11 октомври 2025 година, спортскиот аеродром крај Битола ќе биде местото каде што минатото и иднината ќе се сретнат под истото небо. Аеро Клуб „Мирко Тодоровски“ Битола слави 100 години од првите соништа за лет и храбрите ентузијасти што ја иницираа авијацијата над овој град. Еден век љубов кон небото, генерации пилоти, моделари и визионери – сите тие ја напишаа историјата на клубот. Но овој јубилеј не е само потсетник на славното ...

УМПАКИ Скопје, во рамките на проектот Moving Classics: Sonic Bridges (MCSB), финансиран од програмата „Креативна Европа“, објавува нов повик за композитори од нашата земја. Станува збор за платена резиденција на Исланд каде ќе бидат дел од креативен тим кој работи на нов краткометражен филм инспириран од невродивергентноста и искуствата на невродивергентност. Резиденцијата и продукцијата на филмот се фокусираат на преиспитувањето на ...

Со својот уникатен спој на носталгичен дух, гласно обожавање на гитарата и заразни мелодии, албумот ги освојуваше срцата на милиони и ја пренесе магијата на Britpop културата подалеку од било кој друг проект. Овој албум се смета за „народен шампион“ во музичката историја на Britpop, оставајќи длабок печат врз музичката сцена на 90-тите. За да видите каде „(What’s the Story) Morning Glory?“ се најде на нашата листа на 50-те најдобри Britpop ...

Дваесет нови Издумани Крлевизми од велешкиот афористичар Атанас Крлевски за читателите на Дума.мк. -Ако вашиот углед е скапоцен, тогаш не мислите дека туѓиот е за распродажба. -Му го урнаа угледот. Бил дива градба. -Не оставам впечаток, но оставам печат. -За никаде е! Сосема доволно да го користат за секаде. -Си го отсвирив своето, па сите си играат со мене. -Конечно нешто направи… будала од себе. -Ќе се спуштам на нивно ниво за да можам да им ...

Вторник, 7 октомври 2025 година со почеток во 20.00 часот, во Центарот за култура Битола ќе се одржи концерт со наслов „Бајка“, на кој ќе настапи врвната виолинистка и диригентка Анна Кондратенко, концерт-мајстор на Македонската филхармонија. Во овој концерт, Кондратенко ќе се претстави во двојна улога – како солистка на виолина и како диригентка на Камерниот оркестар составен од членови на Македонската филхармонија. Концертот ќе биде збогатен ...

Во „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија утре, сабота 4 октомври, од 22 часот настапува „N-Deck Collective“. „Екипа со променлив состав и со непроменлива идеја за музичка интеракција помеѓу музичари со различни искуства и контексти, поврзани преку заеднички интерес за звучна авангарда, амбиентални структури и слободна интерпретација. Парадоксот на бродот на Тезеј во креативен контекст“, стои во најавата за музичкиот настан. На овој концерт во ...

Во Музејот на македонската борба, на 5 октомври, во 20 часот, во рамки на 48. Денови на македонска музика ќе се одржи концерт на млади уметници на кој ќе настапат Ангела Андовска – сопран, Јана Каевска – флејта, Марија Најдовска – труба, Ивона Базгалоска – пијано, Искра Атанасова-Митуш – пијано и Ивана Здравкова – виолина. На програмата се Трајко Прокопиев со „Дојранка“ за флејта и пијано, Томислав Зографски со „Десет минијатури“ за пијано, ...

Весникот ВЕЧЕР и издавачката куќа „Матица македонска“ од понеделник, 6 октомври, ги наградуваат најверните читатели со книга со што ја промовираме читачката култура. Сите оние што ќе соберат пет последователни купони, од 1 до 5, (резервниот ќе биде објавен во сабота) објавени на страниците на весникот, ќе имаат можност бесплатно да добијат книга од познати европски и светски писатели, но и од македонски автори, во издание на „Матица македонска“. ...

Филмот го претставува Сандро, кој се бори да ги усогласи својата должност кон Бога и својата разбудена сексуалност, што се манифестира на неконтролирани начини и го води кон сомнително однесување, додека бара смисла и припадност во турбулентното општество на постсоветска Грузија Филмот „Паноптикон“ на грузиско-американски режисер Георги Сикарулиѕе ја доби наградата Гран-при за најдобар филм на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“, чие 10. ...

Физичарот се здобил со оваа виолина кратко пред да го напушти Минхен, на средината од 1890-тите и да се пресели во Швајцарија за да студира. Ајнштајн свирел на оваа виолина, на која подоцна го врежал името „Лина“, во доцните тинејџерски години и во зрелоста, додека ја развивал теоријата на релативноста Виолината што некогаш му припаѓала на еден од најпознатите научници во светот, Алберт Ајнштајн (1879 – 1955), на 8 октомври ќе биде понудена на ...

Македонскиот народен театар доби три признанија на синоќешното одбележување на 18-от роденден на телевизискиот магазин за шоубизнис „Бекстејџ“. Претставата „12“ во режија на Синиша Евтимов е прогласена за најдобра театарска претстава – продукција за која интересот сè уште не стивнува. Во претставата играат 12 врвни актери на МНТ и се вбројува помеѓу најзначајните културни настани во МНТ. Наградата за најдобар актер му припадна на Александар ...

Бранко Манчев е роден на 30 јануари 2002 година во Скопје. Основното образование го завршува во Кочани, каде што живее до својата тринаесетта година. Подоцна се сели во Скопје, каде што го продолжува своето образование во Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“. Своето академско усовршување го стекнува на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Катедрата за ликовна педагогија – сликарство и ...

В понеделник (6 октомври) во 19 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе се одржи разговор со писателката Румена Бужаровска. Нејзиниот роман „Тони“е книга на месецот и заедно со разговорот и клубот на читатели се дел 4. циклус на големата кампања на ГБСК „Читаме современи македонски автори“. Разговорот со Бужаровска ќе го води Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Напишан на жив, остар и ...

Црногорскиот уметник Алдемар Ибрахимовиќ, вчера вечер во Ликовен салон Велес ја отвори својата прва самостојна изложба во Македонија, претставувајќи 20 дела под наслов „Урбани кулиси“. Ова е значаен културен настан кој го збогатува уметничкиот простор во земјава, овозможувајќи им на љубителите на современата ликовна уметност да се запознаат со уникатниот израз на Ибрахимовиќ. Изложените дела, создадени претежно во техника масло на платно, ја ...

На 4 и 5 октомври Штип повторно ќе биде центар на културата, активизмот и граѓанскиот дијалог – преку деветтото издание на фестивалот „Текстилијада“, организиран од „Гласен Текстилец“. Овој фестивал, кој низ годините прерасна во значајна платформа за борба за работнички права и социјална правда, годинава ќе ја стави во фокус корупцијата – проблем што ја разјадува демократијата, го загрозува достоинството на работниците и ја поткопува довербата ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
7.2
67%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.0
91%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
70%
1015
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
4.52
93%
1016
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.0
95%
1016
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
1.54
64%
1004
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1006
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
77%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
9.26
84%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
90%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
48%
1009
weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
76%
1010
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58801

Злато

135056.24

Никел

473339.37

Рутениум

29192.88

Паладиум

46425.68

Бакар

10.95

Алуминиум

2.91

Сребро

1878.05

Цинк

3.23

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60

Платина

52952.77

Калај

40.48