Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Реалната нето плата во Северна Македонија во јануари забележа раст од 4,9% на годишно ниво, по зголемувањето од 3,3% во претходниот месец, соопшти Државниот завод за статистика. Во номинален износ, просечната нето плата достигна 46.617 денари (околу 752,9 евра), што претставува годишен раст од 8,3%, според месечниот извештај. Зголемувањето најмногу се должи на порастот на просечните плати во секторите административни и помошни услужни ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Тетово Билал Касами, министерката за образование Весна Јаневска денеска присуствуваа на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Општина Тетово. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk) Пред министерката Јаневска да даде изјава за медиумите, еден од ...
Бизнис секторот ја поддржува одлуката на Владата за намалувањето на данокот на додадена вредност за енергенсите. Според нив, намалувањето на ДДВ или намалување на акцизите е нормална мерка кога цената на ергенсите расте, а тие влијаат на другите цени на поризводите. Бизнисмените и работодавачите сметаат дека засега нема да има драстично поскапување на производите ако се земат в предвид чекорите кои ги превзема извршната власт И како што ...
Во мај или во јуни, за кога се планира реконструкцијата на Владата, ќе се знае дали и кој министер ќе замине од одредено министерство или ќе премине во друго, изјави премиерот Христијан Мицкоски. – Ние имаме принципелен договор како коалициски партнери во Владата, сите три политички структури, тоа се коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Вреди и политичката партија ЗНАМ. Најавивме дека во мај или во јуни ќе имаме реконструкција во ...
Почнувајќи од 26-ти март (четврток) па се до самиот крај од месецов од север кон јужна и југоисточна Европа ќе се спушти значително поладен воздух кој ќе предизвика над Џеновскиот залив да дојде до формирање на секундарен длабок циклонски систем и токму овој циклон ќе го зафати Балканскиот Полуостров и во најголем дел ќе донесе обилни врнежи од дожд и снег, бурен ветер и нагло заладување на времето, прогнозира Славчо Попоски. На планинските ...
Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината. Инспекциските служби, по претходно изготвен регистар од месните и урбаните заедници, денеска започнаа со лепење на известувања за задолжително отстранување на овие возила. Согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад, сопствениците на ...
Опозициската СДСМ и лидерот Венко Филипче не може да ја споредува работата на Владата чиј дел беше тој, со работата и мерките што ги презема сегашната Влада, смета премиерот премиерот Христијан Мицкоски, затоа што, како што истакна, таа, меѓу другото, ќе биде запаметена како власт која тогаш најлошо се справила со ковид-пандемијата, по бруталниот поткуп и менување закони во пет до 12 пред избори, по горењето живи луѓе во модуларната болница, ...
Бисера Антоанета, наместо на суд да се докажува, се расфрла со лаги на пресови, само со СДС и Филипче е можно загрозување на јазикот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на прес – конференцијата на пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска- Стојчевска. „Загрозувањето на македонскиот јазик е можно само со СДС и Венко Филипче. Тоа до сега веќе се докажа и во пракса и сите граѓани го видоа. СДС на чело со Заев и Филипче, наместо да води државничка ...
Град Скопје продолжува да гради инклузивна заедница, истакна градоначалникот Орце Ѓоргиевски, обележувајќи го Светскиот ден на лицата со Даунов синдром. „Грижата за еднакви можности е наша должност, а почитувањето на различностите е вредност што нè прави подобро општество“, порача Ѓоргиевски. Во рамки на активностите, денес во Скопската Зоолошка Градина заедно со здруженијата „Видлива поддршка“ и „Трисомија 21“ беа засадени дрвца кои ќе бидат ...
Го нагласив напредокот во реформската агенда, постојната координација и активниот пристап на сите институции во оваа насока, истакна Муцунски. Утрово, во Брисел, остварив средба со претставниците на земјите членки во Работната група за проширување при Советот на Европската Унија (КОЕЛА), објави министерот за надворешни работи и надворешна трфовија, Тимчо Муцунски. Ја реафирмирав посветеноста на Владата кон европскиот пат, со фокус на ...
Се спрема нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање, каде се додава уште една категорија на „објекти од државно значење“. Минатиот месец беа хотели, сега се супермаркети, реагираат од организацијата „О2 Иницијатива“. „Најдобро нека го укинат Правилникот за урбанистичко планирање и нека си гради кој што сака каде сака“, иронично коментираат од „О2 Иницијатива“, повикувајќи утре на стручна расправа која ќе се одржи во Министерството ...
По повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска испрати силна порака за инклузивност и емпатија од Скопската зоолошка градина. Заедно со здруженијата „Видлива поддршка“ и „Трисомија 21“, беа засадени дрвца како симбол на раст, надеж и свет во кој секое дете има право да биде прифатено и сакано. Ѓорѓиевски истакна дека грижата за еднакви можности не е само еднодневен настан, туку ...
Соопштение на Левица: Деновиве до Левица беа доставени низа обвинувања за незаконско работење на АД Водостопанство на Македонија. Повод за реакција на загрижени вработени е последниот Јавен повик, пуштен во средата (18 март), за продажба на наносен материјал – песок, чакал и камен од речното корито на Вардар, во Општина Неготино. Како што укажуваат свиркачите, повикот за кој понудите можат да се достават во рок од пет дена, намерно е објавен ...
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска информираше дека го склучиле договорот за изградба на нова поликлиника. „Денес го потпишав договорот со економскиот оператор за изградба на нова модерна поликлиника. Носител на овој мега проект е општина Бутел, додека министерството за здравство партнерски ќе учествува во истиот“, истакна Костовски во објавата на Фејсбук, каде нагласи дека ќе го оствари ветувањето. Градоначалникот ...
Под мотото „Дарувај крв – одиграј ја најхуманата улога!“, Драмски театар во соработка со Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош, организира хуманитарна акција за дарување крв, со цел да се поттикне свеста за значењето на крводарителството и да се помогне во спасување човечки животи. Со само еден чин на дарување, секој поединец може да придонесе за спасување нечиј живот, да даде надеж и да биде дел од еден синџир на добрина што ја ...
Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200 000 евра, а неделно се очекува да биде 1,5 милион евра. Како што рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, состојбата се следи многу внимателно, има уште неколку мерки, претстојат предизвици, но граѓаните и бизнисот треба да бидат спокојни. Одговорајќи на новинарски прашања, Мицкоски напомена дека во Македонија моментно има убедливо најниска цена на дизел и ...
Лани четворица доктори до Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи пријавиле кражба на идентитет, со ширење на лажно видео креирано со вештачка интелигенција. Од Државното јавно обвинителство ни изјавија дека засега не може да се споделат дополнителни информации, бидејќи истрагата е во тек и најверојатно се работи за поширока истрага во која е вклучена и меѓународна правна помош. Колку овој случај е економска ...
Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, преку социјалните мрежи објави алармантни податоци по извршената контрола на боледувањата кај вработените во МВР. Резултатите се шокантни: од 514 контролирани боледувања, дури 100 биле неуредно издадени, што значи дека секој петти полицаец кој бил на „поштеда“ – тоа го направил незаконски. Контролата на ФЗО, побарана директно од МВР, открива дека 37% од испитаните лица користеле ...
Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) спроведе опсежна контрола на боледувањата на 80 лица, на барање на Министерството за внатрешни работи (МВР). Во период од последната година и пол, овие лица регистрирале вкупно 514 боледувања, од кои 258 траеле до 7 дена, 171 до 15 дена, а 83 над 30 дена. Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, појасни дека најголемо внимание се обрнува на боледувања над 15 дена, бидејќи тие се упатуваат на комисија за ...
Во втората половина на 2025 година, Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) спроведе контрола на користењето боледувања кај здравствено осигурани лица, меѓу кои и припадници на полицијата. Анализата покажа дека 80 лица искористиле вкупно 514 боледувања, најчесто траејќи до седум дена, додека 171 боледување било до 15 дена, а 83 над 30 дена. „Утврдивме неправилности кај 29 од контролираните 80 лица, што изнесува околу 37 отсто. Овие лица ...
Нов ден, нов бисер од најоикофобната, автошовинистичка и најбезрбетна гарнитура во историјата на човештвото. Се вика СДС, општопознат факт во Македонија и благодарение на 7-годишните коленичења и мнооогу, многу подалеку. Денеска, верувале или не (поверојатно второто) СДС реши да се бори за македонскиот јазик?! Молк и неверица, нели? Екипата која ја донесе нејнеаргументираната и најшутрачка ДВОЈЗАЗИЧНОСТ во историјата на една земја, денеска се ...
Светскиот ден на мечката, што се одбележува денес на 23 март, е повод повторно да се отвори прашањето колку навистина знаеме за едно од најмоќните, но и најранливи животни на европското тло. Во светот постојат осум видови мечки, а во Македонија се среќава само кафеавата мечка, вид што останува симбол на дивината, но и показател колку државата успева да ги заштити сопствените шуми и природни коридори. Кај нас, кафеавата мечка претежно ги ...
Општина Карпош од денеска започнува со спроведување на акцијата со која ќе се субвенционира 30 проценти од цената на купување на нов велосипед, или во максимален финансиски износ најмногу до 5.000 денари. Од Општина Карпош посочија дека право на субвенционирање во оваа акција ќе има секој полнолетен жител на Општина Карпош, кој ќе купи нов велосипед, трицикл или карго велосипеди започнувајќи од денот на објавување на повикот. Во објава на ...
Во Општата болница со проширена дејност во Дебар, по целосната реконструкција на просториите и набавката на нова опрема, ставена е во функција амбулантата за превентивна стоматологија за деца. -Цврсто верувам дека грижата за оралното здравје уште од детството е инвестиција за цел живот, а оваа амбуланта е важен чекор во оваа насока. Со целосно реновиран простор, од сопствени средства и од донација, нов стоматолошки стол, стерилизатор и ...
Ужасна е состојбата во која се наоѓа лифтот кој води кон плоштадот „Скендербег“. Автоматските врати се целосно уништени и насилно отворени, а внатрешниот дел од лифтот е исполнет со секаков тип ѓубре, ќеси со отпад, стара и валкана облека. Ужасно е валкан и внатрешниот дел од вратата на лифтот, кој е прекриен со кафена материја. Сѐ на сѐ, лифтот е во очајна состојба и тој е тотално неупотреблив за граѓаните. ФОТО | Се рони бетонот и ...
И покрај тоа што опозициските пратеници не најдоа дамка во неговата професионална кариера, од собраниската говорница му порачаа дека нема да биде национален, туку партиски обвинител. Очекувањата, пак, на власта се да расчисти со „последиците од СЈО“, што е во програмата на ВМРО-ДПМНЕ За Ненад Савески, кој пред неколку дена ја презеде функцијата, ова е прва работна недела како нов државен обвинител. Поранешниот судија раководи со институција, ...
Бројни неправилности утврдиле контролите на ФЗО во Министерството за внатрешни работи. Се проверувале 80 службеници во МВР кои имале отворено вкупно 514 боледувања. Од нив утврдени се нерегуларности кај 29 службеници и спорни 100 боледувања од вкупно 236. Проблематичните често менувале матични лекари, недостасувале клучни документи како рентген снимак за ишијас или лумбаго итн. Дел од нив објавувале и слики од странство на социјалните мрежи ...
На предлог на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, два нови пилоти успешно ја завршија преобуката во Шпанија за дејство со противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС со што се стекнаа со сертификат за оспособеност за летање во сите услови за гаснење пожари на отворено. „Со ова, по синоќешното враќање на пилотите од Шпанија, ДЗС ќе ја пречека претстојната летна сезона на пожари на отворено со вкупно пет ...
Вчера Општина Аеродром по трет пат пулсираше во ритамот на хуманоста и спортскиот дух. Повеќе од две илјади граѓани истрчаа километри полни љубов и разбирање, а децата уште еднаш покажаа дека овој настан е во вистинска смисла на зборот-“Трка на херои во сите бои” и храбро истрчаа во име на хуманоста, љубовта и свет еднаков за сите. Од третото издание на трката “Зегин Спектратон- Трка на херои во сите бои” која е во организација на ...
Во тек се градежни активности, односно реконструкција на дел од коловозот на улицата „Леринска“ и на дел од улицата „Христо Узунов“. Во моментов јавното претпријатие „Нискоградба“ ја изведува мешовитата (фекална и атмосферска) канализација, а ќе се изведуваат и приклучоци за куќите. По ова ќе следи и фазата на асфалтирање на улиците. Вкупниот износ на средства за реконструкција на коловозот изнесува 4.004.100 денари, а за изведбата на ...