Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Лекувањето на тешки изгореници бара брза процена, координација и интервенција во првите часови, порача д-р Елизабета Обочки, пластичен и реконструктивен хирург на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, на панел посветен на акутниот третман на изгореници во рамки на конференцијата за институционалните и клиничките аспекти по пожарот во Кочани. Таа нагласи дека токму брзиот момент и навремениот потег може да спасат ...
На вториот ден од одбележувањето на годишнината од кобната мартовска ноќ, денеска на сцената во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, беше изведена музичко-поетска претстава на пијанистот Марко Виденовиќ и триото „Мевлем“, што го сочинуваат Памела Велкова – виолина, Верица Ајтовска – виола и Енис Аљи – виолончело. Четворицата настапија со авторска музика и поезија на Виденовиќ. Проектот, според Марко Виденовиќ, е приспособен за ...
Следниот неработен ден е 20 март (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам. Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2026 година неработни денови се: За сите граѓани на РСМ • 20 март (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам • 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, • 1 мај (петок), Ден на трудот • 24 мај (недела) ...
На 14.03.2026 во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 34 годишен жител и 29 годишна жителка на тоа село, постапувајќи по претходни пријави според кои 29 годишната жена најнапред пријавила дека во домот била нападната од нејзиниот 34 годишен сопруг, а потоа и сопругот пријавил дека бил нападнат од неговата сопруга. Лицата се задржани во Полициската станица Струмица и за настаните е запознаен јавен обвинител од ...
Адвокатот Петре Шилегов смета дека е нелогично државни службеници кои работеле на издавање лиценци да бидат обвинети дека предизвикале пожар во дискотеката „Пулс“. Во гостување на Сител Телевизија тој објасни дека во обвинението се опфатени лица кои биле дел од административните процедури за издавање документација. „Не можете луѓе кои работеле во администрацијата, во процес на издавање лиценци, да ги обвините дека предизвикале пожар. Тоа нема ...
Според адвокатот Петре Шилегов, трагедијата во дискотеката „Пулс“ најверојатно е предизвикана од употреба на пиротехнички средства во затворен простор. Во гостување на Сител Телевизија тој истакна дека пожарот настанал како резултат на недозволено и нестручно ракување со огнени ефекти. „Пожарот е резултат на противзаконско и несовесно користење огнени материјали во затворен простор“, изјави Шилегов. Тој додаде дека вакви пиротехнички прскалки ...
Вечерва, уште еднаш докажавме дека Охрид не е само град, туку симбол на меѓусебно почитување и хармонија. Во организација на Општина Охрид вечерва се приреди ифтарска вечера, на која беа присутни претставниците на Исламската верска заедница, Дебарско-кичевската епархија, пратениците, советниците и нашите сограѓани. Ифтарот не е само оброк – тој е мост. Ги премостува разликите и нè потсетува дека сите сме луѓе, сограѓани и пријатели. ...
Поради планирана интервенција во водоводната мрежа, утре, без вода ќе останат дел од корисниците на улицата Железничка и кај „Неуромедика“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок Ф100 милиметри на улицата Железничка 66. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности. Од претпријатието посочуваат дека со ...
Деновите на Мита Тасева почнуваат и завршуваат на гробишта. Седната покрај гробот на својот син Стефан Тасевски – диџеј Цеце, си спомнува за деновите кога животот му беше песна. – Од сабајле доаѓаме тука, потоа дома, па пак на гробишта. Тоа е нашиот живот – вели Мита тивко, како само за себе. Нејзиниот Цеце со години пуштал музика во дивата дискотека „Пулс“, каде што заедно со уште 62 млади луѓе, не успеа да излезе жив низ единствениот тесен ...
Кочани вечерва во тишина ќе се сеќава на 63-те жртви од трагедијата во „Пулс“ Граѓаните на Кочани вечерва ќе се соберат пред поранешната дискотека Пулс за да оддадат почит на 63-те млади животи кои трагично згаснаа во разорниот пожар што пред една година го потресе целиот град и државата. Собирот, организиран од родителите на починатите деца, е закажан за 02:15 часот, кога граѓаните ќе застанат во тивко сеќавање и со запалени свеќи ќе им ...
На домофонот на зградата во Врачар во која живееле Драган Николиќ и Милена Дравиќ не пишува презиме, но на поштенското сандаче сепак пишува „Николиќ – Дравиќ“. Неодамна се навршија точно 10 години откако легендарниот актер Драган Гага Николиќ нè напушти , а само две години подоцна почина неговата сопруга и актерка, познатата Милена Дравиќ . За нивната кинематографска љубов се зборува и денес, а нивниот приватен живот отсекогаш ја интригирал ...
Попладнево на социјалната мрежа Х поранешен Твитер се појави драматична мистериозна закана до светот од уредник на Вол Стрит Журнал. Мајк Бирд е финансиски новинар и уредник на Волстрит Журнал во „Економист“, каде што известува за американската финансиска индустрија и придонесува за глобални финансиски теми. Тој е исто така редовен писател за рубриката „Бритонвуд“ во публикацијата (за пазари и инвестирање) и ко-водител на нивниот подкаст ...
Тоа утро и тие неколку дена коишто следеа бев сведок на една безрезервна колегијалност, највисока меѓусебна поддршка, соработка и комуникација и доказ дека здравствениот систем навистина може да функционира. Може да функционира со сите свои капацитети. За жал, доказот беше онаа голема трагедија која што не сплоти, но ни отвори простор да научиме многу како треба да се подготвуваме, како треба да комуницираме и функционираме на дневна основа и ...
До крајот на 2026 година, Битола ќе се приклучи на градовите кои го имплементирале системот за автоматско санкционирање на сообраќајни прекршоци, познат како „Безбеден град“ (Safe City). Овој систем веќе функционира во Скопје, Куманово и Тетово. Градоначалникот Тони Коњановски потврди дека Битола ќе го следи истиот модел, при што истакна дека одлуката е донесена по неговото учество на националната конференција „Безбедност на сообраќајот во ...
Повеќе од 1.000 планинари од Македонија и од Србија чекореа на првиот Меморијален планинарски марш на Пониква под наслов „Ивона Антова и 63 ангели“ во чест на Ивона Антова, планинарка која трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани пред точно една година. Нејзиниот татко и клубот Осогово од Кочани го организираа првиот марш на Пониква до врвот Панаѓур (1669 мнв) во чест на Ивона и останатите жртви од големата ...
Во пресрет на одбележувањето на годишнината од големата трагедија, познатиот локал „Cacao Libre“ од Кочани најави емотивен хуманитарен настан посветен на угостителските работници кои прерано ги загубија своите животи. Под трогателното мото „Некои смени никогаш не завршуваат“, вечерва ќе се одржи хуманитарната вечер насловена „Една чаша за нив“. Од локалот порачуваат дека секоја подигната чаша на овој настан ќе биде тост за колегите кои зад ...
Добивај вести на Viber Во време кога цените на авионските билети и сместувањето често се високи, а секојдневниот стрес нè тера да посакаме кратко бегство од рутината, викенд-патувањата стануваат сè попопуларен начин за одмор без големи трошоци. Постојат бројни европски дестинации кои не бараат голем буџет, а нудат доволно содржини за два или три дена вистинско уживање. Во продолжение е листа на некои од најдостапните градови на Балканот ...
Кисела Вода го очекува пуштањето во употреба на реновираната спортска сала „Расадник“, симбол на општината. По години минати оставена на забот на време, спортската сала „Расадник“ блеснува во полн сјај. Финалните подготовки за нејзиното пуштање во употреба се во тек. Се уредува влезот на салата, поставени се буквите на името на салата. Просторот околу салата партерно и хортикултурно се уредува. Од објект кој со години пропаѓаше и ...
Република Србија испрати транспортен воен авион со којшто презедовме 17 пациенти за кратко време, кои беа примени на Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја, истакна хирургот Марко Јовиќ од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија од Универзитетскиот клинички центар Србија, во своето обраќање на Меѓународната конференција „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани – една година ...
Повозрасните жители на Скопје се сеќаваат на времињата кога кината во главниот град биле преполни и токму на овие места младите создавале незаборавни дружби. Иако филмовите пред околу 50 години можеби не биле во боја и индустријата не била на денешното ниво, кината и кино салите сепак уживале огромна популарност. Кино Култура, Напредок, Карпош, Парк, Братство, Кино Бамби – ова беа најпознатите кина во Скопје, кои ги паметат сограѓаните како ...
Тој ден, на 16 март, добивме повик од Националниот здравствен центар во поглед на расположивоста на кревети за жртви на изгореници, а тоа беа жртвите од пожарот во Кочани. Нашите главни раководители, доктор Атанела Франдиева, која што е главен директор на интензивна нега и нашиот колега од Одделот за пластична хирургија, беа веднаш известени. И јас колку што знам, личната комуникација меѓу клиниката „Мајка Тереза“ веќе беше започната. ...
После децениски проблем на пожари, смрдеа и џад кој што го загадуваа целиот град, ЈП Комуна од Крушево започна со затрупување со земја на крушевската депонија. Денес целиот отпад кој што се палеше неколку пати во текот на годината и кој претставуваше опасност да ја запали целата корија околу градот, па дури да зафати и дел од самите куќи, денес е затрупан и тргнат да соодветно растојание од шумата. Депонијата е поделена каскадно на 3 нивоа. ...
Жените во охридско струшкиот регион се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството. За само една недела во подрачјето на СВР Охрид пријавени се три случаи, во првото тромесечје од оваа година евидентирани се 18 случаи на семејно насилство додека во истиот период лани бројот изнесувал 7. Првиот контакт што го прави жртвата на семејно насилство речиси во сите случаи е пријавата во полициска станица. Од охридската полиција најавија дека ...
Бизнис врски, офшор компании и бизнисот со струја во Македонија, опозициската СДСМ денеска обвини дека околу енергетскиот сектор се создава мрежа поврзана со премиерот Христијан Мицкоски и негови блиски партнери. Според нивните тврдења, приказната почнува од српскиот бизнисмен Душан Адамовиќ, човек кого владата го именуваше за почесен конзул во Србија. Од таму, велат од СДСМ, трагата води кон офшор компанија на Кипар Алтариа Рисрч, која пак ...
Во ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп се одржа финалето на Државната олимпијада по Германски јазик за учениците од основните училишта, каде учествуваа над 200 ученици од цела Македонија од 6 до 9 одделение. Наставниците по германски јазик потенцираат дека овој јазик станува се поатрактивен кај учениците, затоа што во иднина им нуди убави можности како во однос на студирањето, така и во однос на предноста на пазарот на труд, како во Македонија, така и ...
Професијата такси возач повеќе не е атрактивна за младите. Недостатокот од млад кадар ги принудува такси компаниите да склучуваат краткоточни договори со правни лица за превоз на патници, односно, вработени, од и до работните места. Од Здружението на такси превозници велат дека состојбата е слична во сите услужни и трудоинтензивни дејности. -Такси дејноста не е популарна за младите, како што не се и конфекциите повеќе. Добро е што во Штип се ...
– Клиничка болница Штип, како најголема регионална болница во источниот дел од државата, го презеде првиот удар по трагедијата во Кочани и во првите шест часа прими околу 120 до 130 повредени, изјави директорот на болницата Влатко Захариев на Меѓународната конференција „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани – една година потоа“. Захариев истакна дека во првите 60 до 70 минути во болницата пристигнале околу 40 ...
Осудениот за настаните од 27 април 2017 во Собранието на Македонија, Јане Ченто, со објава на социјалните мрежи се осврна на 15 март 2019 година, денот кога беа изречени пресудите за овој случај. Според него, процесот не бил вистинско судење, туку политичка пресметка, во која, како што тврди, правдата била заменета со однапред подготвена пресуда. „Тоа не беше судење во вистинска смисла на зборот. Тоа беше политичка пресметка, маскирана како ...
Брзата тријажа, навремената проценка на изгорениците и итниот третман биле клучни за згрижувањето на повредените во првите часови по трагедијата во Кочани, истакна директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија Јасмина Ѓорѓиевска на Меѓународната конференција „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани – една година потоа“. Во своето обраќање Ѓорѓиевска посочи дека по повикот во ...
Денес во просториите на здружението на граѓани 16-ти Март 2025 Кочани, во посета ни беше тимот од Гетеборг, кој ја има доживеано истата трагедија – пожарот во 1998 година. Нивното присуство беше силна порака на солидарност, разбирање и поддршка. Со нив беше и Елизабет Далберг Фриск, заменик-шеф на мисијата на Шведска, како и тим од ЦПКА Малинска. Благодарност до сите за посетата, за поддршката и за пораката дека во тешките моменти не сме сами ...