Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Помина една година, а раните не само што не се затвораат туку стануваат подлабоки и пострашни. Годината што измина само успеа да го соочи Кочани со страшната вистина дека засекогаш ги нема. Не можевме да ги заштитиме од смртта, но можеме да го зачуваме споменот за нив, да споменуваме дека имаме чета ангели на небото, кои се молат за нас, и да се гордееме што ги имавме со нас на земјата како наши чеда, браќа и сестри, роднини, пријатели. Ова ...
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски денеска информираше дека донирале 40 компјутери за основното училиште „Невена Ѓоргиева Дуња“ во Кисела Вода. „Даваме поддршката за подобрување на образовниот процес и условите за учење на учениците. Агенцијата за катастар на недвижности денес реализираше донација на 40 компјутери за основното училиште „Невена Ѓорѓиева Дуња“ во Општина Кисела Вода“, истакна Живковски во ...
Маж од село Алгуња, општина Старо Нагоричане, бил приведен откако со палење сува трева и стрниште предизвикал пожар на туѓ имот. Инцидентот се случил вчера околу пладне во селото Челопек, каде огнот зафатил дрва во имот сопственост на 60-годишен жител од Куманово. Пожарот брзо се проширил, но бил локализиран и изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане. За среќа, во настанот нема повредени лица. Осомничениот ...
Младиот гитарист и пејач Горан Тонев (25) кој го преживеа пожарот во Кочани првпат детално раскажа за несреќата. Тој открива дека од импровизираната дискотека излегол со многу повреди и навистина мислел дека го губи животот. Раскажува дека во тие моменти му помогнала девојка по име Моли, која заедно со нејзината мајка го пренела до болницата во Кочани со приватно возило. По речиси еден месец поминат во вештачка кома и долготрајно лекување во ...
Една година по најголемата трагедија во поновата историја на Македонија, Кочани и понатаму живее со сенката на пожарот во дискотеката „Пулс“ кој засекогаш го подели времето на „пред“ и „потоа“. Повеќе од 60 изгубени животи и над 200 повредени оставија лузна што не избледува. И денес, градот и семејствата на жртвите ја чувствуваат тишината што остана зад нив, но и тежината на невидливата борба за вистината и правдата. Таа вечер Македонија беше ...
БИТОЛА – „Не е присутна обвинетата Елена Спасеновска, иако е уредно поканата“. Ова го соопшти кривичниот судија Елена Журовска од Основниот суд во Битола, денеска на закажаната главна расправа за случајот со екс-директорката на Средношколскиот дом „Мирка Гинова“ во Битола, на која ѝ се суди за злоупотреба на службата и други кривични дела, процес поттикнат од истражувачката сторија на новинарката од Битола, Анета Блажевска. Обвинението за ...
Повеќе од 1.000 сообраќајни прекршоци беа регистрирани на патиштата низ државата изминатиот викенд, покажуваат податоците од полициските контроли. За само два дена се издадени вкупно 1.198 платни налози, а најголем дел – 465 казни – се за возачи кои ја надминале дозволената брзина. Во акциите, 42 лица беа лишени од слобода поради безобѕирно управување со возило. Од нив: 8 возеле под дејство на алкохол 20 управувале без возачка дозвола 1 лице ...
Дебатата во Европскиот парламент минатата недела јасно покажа дека во врска со Иран на Европа ѝ е тешко да ја преточи загриженоста во влијание. Пратениците се расправаа за тоа како ЕУ треба да реагира на воздушните напади од САД и Израел врз Иран и притоа покажаа колку длабоко е поделена Унијата и нејзините институции по ова прашање. Во Стразбур се прикажа една Европа длабоко погодена од кризата, која сепак не е во состојба да влијае врз неа ...
Дејан Јанков од Свети Николе, сопруг на Злата Јанкова – жената која исчезна на 16 јуни 2024 година – утрово започна штрајк со глад пред полициската станица во Свети Николе. Тој вели дека ќе остане таму и ќе гладува сè додека институциите не преземат конкретни чекори и не добие одговори за судбината на неговата сопруга. „Не знам повеќе како да го свртам вниманието кон нашиот случај. Времето минува, а настанот паѓа во заборав. Што ѝ се случило ...
„Денес во Кочани оддаваме тивка, но длабока почит кон невините животи што прерано згаснаа. Една година подоцна, болката и празнината се уште се чувствуваат во секое срце, но заедно со нив живее и сеќавањето на недовршените соништа“, напиша премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи. „Со голема почит се потпишав во книгата на жалост како искрен чин на почит кон настраданите и како израз на солидарност со нивните семејства и ...
Жители на општина Аеродром изминатиов месец постојано апелираат на опасност на патот поради огромна раскопана дупка длабока неколку метри, сместена на влезот на паркингот што води покрај трговскиот центар „Капитол мол“, каде, како што велат, повеќе од еден месец местото е раскопано и несоодветно заградено, а од него постојано излегува водена пареа. Според фотографиите што тие ги доставија до „Слободен печат“, и повеќе од очигледно е дека ...
Српски државјанин бил приведен во Охрид откако физички ја нападнал својата сопруга во угостителски објект, а потоа и во апартман каде што биле сместени. Инцидентот се случил во неделата околу 21 часот на улицата Партизанска, кога полициски службеници реагирале по претходна пријава за семејно насилство. Според информациите од полицијата, 49-годишниот маж најпрво ја нападнал сопругата во локал, по што насилството продолжило и во апартманот во ...
Паркот на револуцијата во Кочани денеска беше место на длабок пиетет и „гласна тишина“. Точно една година по трагедијата во дискотеката „Пулс“, со панихида и комеморативни настани беше одбележан денот што засекогаш го промени градот. Митрополитот на Брегалничката епархија, господин Иларион, во сослужение со свештеници од храмот „Св. великомаченик Ѓеорги“, одржа молитва за упокојување на душите на настраданите. Пред 63-те бели столици, на кои ...
Анализа на БГНЕС Една од омилените тези на српскиот претседател Александар Вучиќ, со која се обидува да демонстрира балканска надмоќ, е да се споредува со Бугарија. Од комичното споредување дека германските супермаркети „Лидл“ се подобри во Србија отколку во Бугарија, па сè до тврдењето дека „само за неколку месеци ќе ја престигнеме и Бугарија по БДП“, Вучиќ неуспешно се обидува да ги манипулира сопствените граѓани, но и соседните држави кои ...
Оливер Андонов Кога министерот за надворешни работи по повод еден „настан“ ќе ви даде изјава дека „Е разочаран од бугарската дипломатија“, прво следно прашање е: „А кога министер си бил очаран, за да сега бидеш разочаран“? Веројатно за да некој не разочара, најпрво треба да не очара. Односно, антипод на воодушевувањето е разочарување од тоа дека сме си создале погрешна слика за тој – некој. Е сега, тоа што Муцунски и пишуваше писма на Нејска ...
Научените лекции од повеќе трагични настани во изминатите години засега резултираа со Национален план за справување со масовни жртви – прв таков документ во државата. Лузните од изгорениците постепено се лекуваат, смртта на 63 млади луѓе останува отворена рана за нивните блиски, а заложбите за „ресетирање на системот“ се сведуваат на отворени критики дека и по една година од трагедијата во Кочани не е сменет ниту еден пропис во однос на ...
Компанијата „Даути комерц“ успешно заврши важен проект за автоматизација на извештаите за продажба, користејќи ја аналитичката платформа Microsoft Power BI. Преку овој систем се овозможува побрза и попрецизна анализа на податоците, како и генерирање извештаи во реално време, базирани на однапред дефинирани KPI индикатори. Како што стои во објавата на компанијата, во рамки на имплементацијата на проектот беше организирана и обука за секторите ...
По убавите пролетни денови во изминатите две седмици, од утре до петок целата територија на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклон од Јонското Море. Температурите ќе се спуштат за неколку степени, а максималните дневни ќе бидат до околу 12 степени. Повеќе ќе има облаци, отколку сонце, а повремено ќе врне и локален дожд, додека на планините се очекуваат и врнежи од снег. И во Скопје и околината времето ќе биде облачно, со мали ...
Министерот за култура, Зоран Љутков, утрово гостуваше во студиото на Радио Лидер. Неговото гостување се совпадна со годишнината од трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани, каде 63 лица го загубија животот. Шокот по трагедијата „Мора да кажам дека шокот е нешто кое е првиот удар. Кога не сте свесни од какви размери е оваа голема трагедија. Знам дека добив порака околу 4 часот утрото. Едно ми беше јасно: Веќе никогаш ништо нема да биде исто ...
Секој работен ден со почеток во 10 и 30 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Александра Вуксановиќ. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 10 и 30 часот гледајте Вести ...
Ова утро пред точно една година Македонија ја разбуди најтрогателната вест. Со болка во душите и горчина во грлото сите посакавме тоа да било само лош сон. Но, за жал, пожарот во Кочани кој ни одзеде многу животи, не беше кошмар туку вистина. Вистина со која живееме цели 12 месеци. Секоја мајка плачеше по жртвите како да се нејзини деца. Кобната несреќа ни одзеде цела една генерација, ни зацрни еден цел град, ни разлеа тага низ цела држава. ...
Колку пати сте се воздржале од омиленото парче пица, тестенини или печиво поради страв од надуеност, тежина во стомакот или други непријатни дигестивни симптоми? Глутенот е протеин кој природно се наоѓа во пченицата и сродните житарици како јачменот и р’жта. Тој му ја дава еластичноста на тестото и ја создава карактеристичната структура на лебот и печивата. Благодарение на овие својства, глутенот се користи и во различни прехранбени производи ...
Водата е незаменлив ресурс кој го одржува животот. Питката вода мора да се чува и од прекумерно трошење, но и од потенцијално загадување. Се прави ли тоа доволно во Скопје и неговите извори за вода? Може ли главниот град да се соочи со сценарио какво што неодамна го погоди Струга, каде граѓаните со недели немаа безбедна вода за пиење поради загадување на изворите? Изворот Рашче е дар од природата. Но, еколошки експерти предупредуваат дека ...
Горан Тонев, еден од преживеаните во пожарот во дискотеката Пулс, во кој за жал загинаа 63 лица, се сретна со докторите од Солун кои му го спасија животот. Тој објави фотографии на социјалната мрежа Фејсбук, изразувајќи огромна благодарност до медицинскиот тим. -Никогаш нема да ги заборавам луѓето кои биле покрај мене кога ми беше најтешко. Денес повторно се сретнав со дел од прекрасниот персонал од Papanikolaou Hospital. Мојата благодарност ...
Цените на вотката во Русија почнаа да растат со рекордно темпо. За само два месеци, зголемувањето е над 6%. Од почетокот на годината, цената на еден литар вотка во Русија се зголеми за 6,11%, од просечна цена од 897 рубли и 33 копејки на 952 рубли и 17 копејки, пишува „Ворстка“, која ги анализираше податоците на Росстат. Ова е рекордно зголемување барем од почетокот на целосната војна во Украина. За споредба, во истиот период во 2022 ...
Мајката на една од жртвите во кочанската трагедија на премиерот Христијан Мицкоски му закачи на реверот беџ со скршено срце на кое пишува Кочани 16.03.2025. Беџот му го стави Габриела Наунова, мајката на трагично загинатата Надица Наунова. Мицкоски дојде во Кочани на годишната од трагедијата, се потпиша во книгата на жалост и се поздрави со родителите. Утрово во паркот на револуцијата во Кочани беа поставени 63 бели столчиња со по една бела ...
Денеска се навршува една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“, во која згаснаа многу млади животи, а голем број присутни таму таа вечер беа повредени. Тој и наредните триесетина дена беа еден од најтешките периоди од мојата докторска кариера – објави на својот фејсбук-профил проф. д-р Андон Чибишев. На Универзитетската клиника за токсикологија, посочува докторот, беа хоспитализирани дваесетина тешки пациенти поради акутно труење со ...
На централниот плоштад во Кочани, глетката на 63 празни бели столици стана најсилниот нем сведок на големата трагедија. Секоја столица, со испишано име и година на раѓање, го претставуваше празното место што остана во домовите и во срцата на семејствата по пожарот во дискотеката „Пулс“. На секое седиште беше поставена бела роза со црна лента, симбол на невиноста на прерано згаснатите животи и вечната тага на градот. На потпирачите на ...
Споредбена опсервација на идентитетот, правата и обврските на малцинствата во некои од ЕУ-членките Процесот на интеграција во Европската Унија за секоја земја подразбира кревање на нејзиниот внатрешен демократски капацитет, особено кога тоа се однесува за грижата за малцинствата на сопствена територија. Повеќето земји членки на ЕУ го изодеа тој пат преку внатрешна демократска трансформација при пристапниот процес, за што еден од ...
Поранешниот претседател, Стево Пендаровски во интервју за косовска телевизија зборувал за статусот на албанскиот јазик и предизвиците во неговата практична примена. Тој потсетил дека албанскиот јазик е службен јазик бидејќи Албанците сочинуваат околу 20 проценти од населението, додека неговата употреба е регулирана со Законот за јазиците, кој е изменет неколку пати за подобрување на правата на албанската заедница. Пендаровски посочил дека ...