Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
По 12 години, Општина Пробиштип најавува брендирање на својот единствен и уникатен зелник со печени кори. Раде Илиевски од оваа општина, во изјава за медиумите на денешната манифестација „Зелникот на баба“, истакна дека веднаш по нејзиното завршување ќе започне постапката за собирање документација за заштита на овој традиционален производ. Тој нагласи дека зелникот со печени кори се издвојува по својот вкус и начин на подготовка, што го прави ...
На 20.03.2026 во 18:30 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на регионалниот Радовиш- Конче, на влез во с.Конче, патничко возило „тојота” со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.А.(42) од Радовиш, удрило во осумгодишно дете од с.Конче, општина Конче. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш. На 20.03.2026 во 18:30 часот во ОВР ...
Охрид, 21. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 20 март 2026 година, во 11:26 часот на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, на излез од државата, полициски службеници лишија од слобода 66-годишно лице од струшкото село Заграчани. – При излез од државата, во рачна торба, сопственост на лицето, биле пронајдени и одземени два куршуми. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај) извор: МВР фото: архива ...
СДС во своите редови се полни со криминал, нивните поранешни функционери имаат бројни корупциски скандали и афери, а СДС не се огради за ниту еден од нив, напротив или молчеше или ги штитеше преку нивните обвинители избрани во Зајас и Струмица, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. СДС е партија која штити криминал и криминалци. Актуелен член на Извршниот одбор на СДС, Филип Андов – Сокол е осуден на затворска ...
Вчера во 16:40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека настанал пожар на улицата „Дебарца” во Прилеп, при што зафатени биле куќа и помошна просторија, сопственост на Д.Р. од Прилеп. Како што се наведува во полицискиот билтен, пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Прилеп, при што пожарникарот З.Г. (53) од село Крушеани,прилепско, бил повреден од струен удар и бил пренесен во Градска болница Прилеп за укажување ...
ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува СДСМ дека во нивното раководство има луѓе за кои има судски пресуди. Од партијата го споменуваат името на Филип Андов-Сокол. „Актуелен член на Извршниот одбор на СДС, Филип Андов – Сокол е осуден на затворска казна. СДС не се огради, туку и го награди да биде член на ИО. СДС е партија во која цути криминалот и корупцијата. Корупциските скандали на екс владата на СДС и ДУИ, почнаа уште со формирањето на истата, ...
На 20.03.2026 во 11:10 часот во атар на с.Ерџелија, светиниколско, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода С.Д.(75) од с.Ерџелија, постапувајќи по претходна пријава дека на локалниот пат с.Кадрифаково-с.Ерџелија, С.Д. предизвикал пожар, при што гореле сува трева и трска. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети Николе, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот, ќе биде ...
Во една училница во Крива Паланка, наставникот Добри Јовевски го подготвува следниот час по математика. Наместо долго пребарување по учебници и материјали, отвора алатка за вештачка интелигенција. За неколку минути генерира задачи за ученици со различно ниво на знаење. „Вештачката интелигенција може реално да го подобри образованието, ако се користи паметно и со јасна педагошка цел“, вели тој. „Ми помага побрзо да подготвам материјали и да ги ...
Сува трева и ниска деградирана шума гореле на површина од 20-тина хектари во село Макреш, општина Старо Нагоричане, соопштија денеска од територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане. -Пожарот кај нас беше пријавен во 19 часот и успеваме да го изгасиме нешто после 23 часот. Станува збор за поголема површина, во пожарот беа зафатени сува трева, ниско-стеблеста шума-изјави командирот на ТППЕ, Далибор Трајковски. Неодамна, полицијата ...
Атомската централа Натанс изутринава (21.03) била цел на американско‑израелски воздушни напади, соопшти Иранската агенција за атомска енергија, а пренесува новинската агенција Тасним. Според Тасним, по нападите во Натанс „немало пријавено истекување на радиоактивен материјал“. Израелската армија соопшти дека не е запознаена со таков напад. Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) најави дека ќе ги провери иранските извештаи за ...
Скопјанец уапсен затоа што нападнал вработен во продавница во Радишани. - На 20.03.2026 во 08:45 часот во Полициската станица Чаир, полициски службеници го приведоа Т.С.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 08:00 часот во продажен објект во Радишани физички го нападнал вработениот Б.М. од Скопје, информираа од полицијата. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Скопјанец ...
Запрашан за неговите обвинувања кон заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска и дали смета дека во Брисел ќе се налутат поради непочитување, вицепремиерот и министер, Александар Николоски денеска порача „нека се лути кој сака“, а за првиот човек на НАТО, Марк Руте вели дека „сигурно и него во Холандија го напаѓаат затоа што долго беше политичар“. -Јас немам влакна на јазикот и зборувам тоа што го мислам. Никогаш не се ...
Според денешното сведочење на Ана Камчева во декември 2019 година, сопругата на Орце Камчев, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева му бил благодарна на Бојан Јовановски-Боки 13 што го вработил нејзиниот син Лазар Јанев во 1ТВ. Камчева сведочеше за средбите со Боки 13 и Зоран Милески, а потоа и со Јанева во домот на Боки 13 во Орман. „Се договоривме со сопругот да ги исплатиме 500-те илјади евра, зашто, видовме, имаме проблем. ...
Во четвртокот, Зоолошката градина во Скопје организираше прослава за роденденот на гибонот Мики. Подароците кои за него ги подготвиле зоо негувателите биле украдени од посетители. Како што велат вработени во градината, настанот бил надвор од живеалиштето и додека зоо негувателите ги дувале свеќите од тортата направена за Мики, посетителите украле дел од подароците. „Надвор беа наредени ќебенца и играчки и некој за две минути додека ние ...
Време е за одлуки, не за нас, туку за нашите деца! Но тие одлуки не смеат да се сведат само на чекање на Европската Унија. Да, европското право нуди рамка – конкуренција, ограничување на монополите, отворање на пазарот… Но суверенитетот не се враќа со членство, туку со волја. Затоа што ако работите останат како што се денес – овој модел нема крај. Договорите се долгорочни, зависноста се продлабочува, а државата постепено ја губи можноста да ...
Стресот стана неизбежен дел од модерниот живот. Кратки рокови, постојани обврски, важни состаноци и недостиг од време – сето тоа влијае на нашето расположение и чувството на ментална рамнотежа. Иако често се смета за нешто исклучиво негативно, научните истражувања покажуваат дека начинот на кој го доживуваме стресот може да има значајно влијание врз нашето здравје. Истражување на Универзитетот Висконсин-Медисон од 2012 година, спроведено на ...
Вчера во 21:10 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода А.Б.(47) и М.М.(37), двајцата од Кавадарци. При претрес во дом и помошни простории на А.Б., извршен со наредба од Основен суд Кавадарци, каде бил затекнат и М.М., била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни ...
– Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Илија Пенушлиски чиј творечки опус остави значаен белег на македонската современа ликовна сцена. Пенушлиски својот уметнички пат го градеше низ децении посветена работа, истражувајќи различни ликовни изрази и техники. Неговото творештво се одликува со силна експресивност, длабока симболика и препознатлив авторски печат. Учествувал на бројни изложби во земјата и странство, а неговите дела се ...
Денес, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром, Првиот заменик-претседател на Владата на РСМ, Беким Сали, реализираше посета на Основното училиште со Ресурсен центар „Иднина“, институција позната по својата посветеност и професионална поддршка на децата со посебни потреби. За време на посетата, Сали истакна дека ова искуство не било само институционално, туку и длабоко човечко. Тој ја оцени позитивната ...
Скопје, 20 март 2026 Безидејните политики на СДС се очигледни. Денешното соопштение им е полно со лаги и манипулации. Субвенциите кон земјоделците се исплаќаат редовно, од почетокот на оваа година се исплатени 1.812.692.496 денари, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално. Согласно последните податоци од Платежната агенција над 80% од зелената нафта земјоделците ја искористиле. ...
Откако во понеделникот изјави дека може „да прави што сака“ со Куба, Трамп во средата повтори дека земјата е во лоша состојба и дека разговара со американскиот државен секретар Марко Рубио. Националната електроенергетска мрежа на Куба се урна во понеделникот, оставајќи околу 10 милиони луѓе без струја, поради ембаргото на нафта од Соединетите Американски Држави што дополнително го парализираше веќе застарениот систем за производство на ...
Се уредува просторот зад зградата на СВР Битола, односно парцелата која беше неорганизирана земјена површина. Партерното уредување со бехатон плочки е на површина од околу 800 м2, а проектот вклучува и решение на канализацијата, односно преку собирни одводни решетки, насобраната атмосферска вода ќе се одведува од партнерната површина. Вкупната сума за реализација на овој проект е околу 2,3 милиони денари, a изведувач на работите е ЈП ...
Охрид, 20. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), денешниот ден, петок, 20 март 2026 година, Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Рамазан Бајрам се одбележува по завршувањето на светиот месец Рамазан и претставува еден од најголемите исламски празници. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес Прочитано: 50 ...
Како што информираат од МОН, за оваа намена од Германската развојна банка KfW, а со поддршка од Европската Унија преку инвестициската рамка за Западен Балкан, обезбедени се средства во висина од 40 милиони евра. Тоа е буџет со кој ќе се реализира втората фаза од процесот на темелна и енергетски ефикасна обнова на преостанатите седум државни студентски домови, со оглед дека домовите „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ се во активна фаза ...
По повод 21 март, светскиот ден на Таи Чи, во Школата за трудници при гинеколошкото одделение во прилепската градска болница се одржа манифестацијата „Спокојни почетоци“, посветена на унапредување на мајчиното здравје и благосостојбата на трудниците Настанот е во организација на УНФПА, Амбасадата на Народна Република Кина во Скопје и на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари во соработка со прилепската општа болница „Борка ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Температури: Утринските температури ќе се движат од -3°C до 0°C, а на југ околу -1°C до -2°C Дневните температури ќе бидат во интервал од 6°C до 16°C По региони: Во западните делови: од -3°C до 12°C Во ...
Трговскиот синџир „Рамстор“ вчера (18 март) во 8 часот го отвори својот најнов маркет во населбата Козле, на улицата Козле, бр. 91А. Како што информираат од компанијата, новиот објект се простира на 300 квадратни метри и е современо уреден со функционално организиран простор. Потрошувачите ќе можат да избираат од 4.500 производи, со фокус на квалитет, свежина и разновидност, обезбедувајќи пријатно и ефикасно купувачко искуство. Маркетот ...
Во тек се градежни активности на улицата „Џумајска“ во населбата Козле, каде се реализира реконструкција на делница долга 517 метри, која се протега од улицата „Леринска“ до улицата „Брадфорд“. Од Општина Карпош информираат дека со интервенцијата се врши целосна обнова на коловозот, со нова асфалтна површина, замена на рабниците и реконструкција на долниот строј, со што се унапредува безбедноста и се олеснува секојдневното движење во овој ...
Намален број на интервенции на сообраќајни несреќи бележат во скопската Брза помош со воведувањето на системот “Безбеден град“. Од службата велат дека последните месец и половина контатирале дека и кај лицата кои имале сообраќајќи во централното градско подрачје повредите биле полесни, што не било случај во приградските населби и улиците кои не се покриени со камери преку системот бидејќи на овие места се некои возачи се уште претеруваат со ...
Пациентите од Преспанско-Пелагонискиот Регион шест месеци се оставени без ДЕКСА (DXA) скен, апарат кој служи за мерење густина на коските и е главна метода за откривање остеопороза. Двата ДЕКСА апарати во болниците во Битола и Прилеп се стари повеќе од 20 години и не работат. Со апаратура за остеопороза располага Здравствениот дом во Ресен, но не се работи за ДЕКСА скен кој дава сигурна дијагноза, туку ултразвучен дензитометар кој служи за ...