Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Одземањето на дозволата за работа на „Алта банка“ во Србија не значи автоматско одземање на дозволата за работа на „Алта банка“ АД Битола, соопшти Народната банка на Македонија. Оттаму појаснуваат дека одлуката на Народната банка на Србија се однесува исклучиво на работењето на банката во Србија и нема автоматско правно дејство врз македонската банка. „Во врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на ...
СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава до ОЈО Струмица против лицето на возраст од 37 години од Радовиш, поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување лица под меѓународна заштита“ по член 420 став 4 од Кривичниот законик. На 04.11.2026 година, пријавениот телефонски се јавил во амбасада на странска држава во земјава и на странски јазик упатил сериозни закани кон вработените, загрозувајќи ја нивната сигурност. ...
Во Скопје почна голема акција за засадување 3.500 нови садници, а до крајот на сезоната се предвидува вкупно да бидат засадени 6.000 дрвја низ градот, објави на Фејсбук скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. -Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. Повеќе сенка за летните денови, почист воздух и повеќе зелени места за прошетки, игра и дружење – напиша Ѓорѓиевски. Тој информира дека со акцијата ќе бидат ...
Огромен интерес и преполн „Лабораториум“ ја одбележаа промоцијата на „ИНА“ од Весна Мојсова-Чепишевска, одржана вчера во Скопје. Средбата со многубројната публика прерасна во вистински празник на книжевноста за деца, а делото доби извонредни оценки од промоторката Ана Јовковска и од Оливера Ќорвезироска, кои ги истакнуваат неговата книжевна вредност, емотивната сила и единството на текстот и илустрациите. Книгата за деца, со илустрации на ...
Сателитскиот телескоп „Свифт“ (Swift) на НАСА, кој повеќе од две децении ги проучуваше најмоќните познати енергетски експлозии во вселената, вчера излезе од орбитата – како што и се очекуваше – и изгоре во атмосферата на Земјата над Индонезија, соопшти вселенската агенција. Огнениот крај на опсерваторијата Neil Gehrels Swift, која тежеше приближно 1.452 килограми, се случи помалку од три месеци по неуспешната мисија за спасување – обид ...
Американската Тајна служба уапси маж во близина на Белата куќа откако во неговиот автомобил пронајде повеќе парчиња огнено оружје, вклучувајќи и една пушка, соопшти Министерството за татковинска безбедност. Мажот им рекол на полицајците дека гласови во неговата глава му дале инструкција да отпатува за Вашингтон и да го убие претседателот Доналд Трамп, според соопштението на министерството. Осомничениот е од Венецуела и илегално престојува во ...
Народниот театар Битола во текот на месец ноември реализира неколку значајни програмски активности, кои имаат особено значење за културниот живот на градот, но и за меѓународната афирмација на македонското театарско творештво. На 10 и 11 ноември 2026 година, Народниот театар Битола ќе ја има својата најнова премиера – „Татко“ од Август Стриндберг, во режија на Благој Мицевски. Со оваа премиерна изведба, театарот дава свој придонес кон ...
Температури над просекот за ноември кои ќе се искачат над 20 степени, силен јужен ветер со удари од над 60/70 км/час, но и нови врнежи ни носи втората недела од ноември на Балканот, но и во Македонија. Во текот на втората недела од ноември, односно во периодот од 9 до 16 ноември Атлантикот ќе се активира и ќе ни носи значително потоплол но и повторно повлажен воздух. Повторно ќе има нови пообилни врнежи ширум Балканот, а нови локални врнежи ...
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно отстрани две минофрлачки гранати од 75 mm од Прва светска војна што биле пронајдени на локација каде што се работи на изградба на автопатот Битола – Прилеп. Местото на минско експлозивните средства прво било обележано по што, тоа место, а и поблиската околина, ги проверува стручно лице за да провери дали има уште такви или други заостанати неексплодирани убојни средства. Од ДЗС информираат ...
Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно ги повика студентите што протестираат на дијалог, поставувајќи камена маса пред својот кабинет, на која беа испишани пораки со зборот „дијалог“. Тој во повеќе наврати изјави дека е подготвен да седне на преговарачка маса со секој што верува во комуникација и изнаоѓање решенија преку дискусија – во секое време и на секое место – но демонстрантите досега ја одбиваа неговата покана за дијалог. Во ...
Сензационалниот Лука Дончиќ постигна 53 поени – најмногу сезонава – заедно со 5 асистенции и 5 скокови, предводејќи го својот тим до победа од 124:118 над Портланд Треил Блејзерс. Домаќините губеа со дури 16 поени разлика во првото полувреме, но го свртеа текот на натпреварот во третата четвртина. Портланд ја доби првата четвртина со 29:20, а екипите заминаа на одмор со водство на гостите од 60:53. Дончиќ го заврши полувремето со тројка од ...
Со свечени богослужби и академија, денеска и утре ќе бидат одбележани празникот посветен на светиот великомаченик Димитриј и 130-годишнината од изградбата на храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје. Одбележувањето ќе се одржи со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Програмата започнува денеска во 17 часот, со празнична Вечерна богослужба и Акатист, со кои ќе чиноначалствува Митрополитот ...
Кошаркарите на Црвена звезда славеа голема победа на гостувањето кај Олимпијакос со 62:57 во натпреварот од 10. коло во Евролигата. Белградскиот тим одигра речиси совршено прво полувреме, стекна предност од 18 поени (40:22), а потоа издржа силен налет на домаќините и го сочува триумфот во драматична завршница. Џонс уште еднаш покажа дека може да преземе одговорност во најважните моменти, потврдувајќи ја својата улога на еден од лидерите на ...
Денеска свечено беше пуштена во употреба третата фаза од системот за наводнување „Страиште“ во Пирава, општина Валандово. Со реализацијата на оваа фаза се очекува дополнително да се подобрат условите за наводнување на земјоделските површини во регионот, што ќе придонесе за поефикасно земјоделско производство. Премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на настанот, нагласи дека со овој проект ќе им се овозможи на земјоделците кои ги ...
За 46% од европските потрошувачи, вештачката интелигенција ја подобрила комуникацијата со банките. Долго време личното советување се сметаше за незаменлив дел од односот на банката со потрошувачите. Студијата EOS Banking AI Barometer – Како Европа навистина се чувствува во однос на ВИ во банкарството, покажува дека оваа слика се менува. Студијата испитува како европските потрошувачи ја оценуваат вештачката интелигенција (ВИ) во ...
Таткото на Меган Маркл, Томас Маркл Постариот, беше уапсен во Флорида под сомнение дека поседувал материјал на кој е прикажана сексуална злоупотреба на деца. Содржината за која станува збор наводно била пронајдена во неговиот дом на Филипините и во магацин во Мексико, објави „Њујорк пост“ , повикувајќи се на извори. Маркл, 82, беше приведен во Лејкленд, Флорида, каде што престојува во центар за рехабилитација додека се опоравува од ...
Републичката изборна комисија (РИК) вечерва ги усвои вкупните резултати од вонредните парламентарни избори, со што започнаа да течат законските рокови за конституирање на новото Народно собрание – поточно, рок од 30 дена по објавувањето на конечните резултати. Според Законот за избор на пратеници, РИК е должна, во рок од 10 дена од објавувањето на вкупниот извештај за изборните резултати, да донесе одлука за доделување на мандати на ...
Републиканците на американскиот претседател Доналд Трамп ја изгубија контролата и врз Претставничкиот дом и врз Сенатот, според проекциите на американските телевизиски мрежи. Се очекува демократите да обезбедат мнозинство во 100-члениот Сенат, вклучувајќи и двајца независни сенатори кои се во коалиција со партијата, според американските мрежи NBC News и ABC. Овој исход претставува голем неуспех за Трамп, кој ги претвори меѓуизборите во ...
Илијана Јотова и Кирил Валчев освоиле меѓу 57,1 и 58,1 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори во Бугарија, покажуваат податоците од излезните анкети на социолошките агенции „Мјара“ и „Алфа Рисрч“. Според податоците на „Мјара“, при обработени 90 отсто од податоците, Јотова и Валчев добиле 58,1 отсто од гласовите, додека нивните противкандидати Андреј Ѓуров и Георги Кандев освоиле 38,6 отсто. Опцијата „Не поддржувам ...
ОВЕН Зачувајте ја вашата енергија денеска, не само физичката и менталната, туку и емоционалната. Доколку не го сторите тоа, лесно ќе се преоптоварите. Не се лутете за ситници и не обидувајте се да одите против настаните. Семејните односи веројатно ќе станат понапнати, па затоа треба да бидете посмирени и потрпеливи. БИК Денеска може да се чувствувате поисцрпено или да ве обземе мрачно расположение. Во овој случај, добро е да се одморите ...
Илијана Јотова ќе биде новата претседателката на Бугарија. Таа во вториот круг на претседателските избори во земјата има убедливо водство пред нејзиниот противкандидат Андре Ѓуров, покажуваат податоците на бугарската Централна изборна комисија (ЦИК). Потпретседател на земјата ќе биде Кирил Валчев. Според обработени 99,95 отсто од податоците од изборните единици во Бугарија до 7:30 часот утрово, двоецот Илијана Јотова и Кирил Валчев освоил ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави нов безбедносен договор за Украина, кој би можел „да се прошири на цела Европа“. Тој го изнесе предлогот по средбата со висок руски претставник, но не даде конкретни детали – недостаток на јасност што предизвика неизвесност во европските престолнини, пренесува Си-Ен-Ен. Трамп ги даде овие изјави по средбата со Кирил Дмитриев, шефот на рускиот државен инвестициски фонд кој е под санкции и кој ...
Горан Марковиќ, Главниот извршен директор на Македонски Телеком, оди на повисока лидерска позиција во Дојче Телеком. Во новата улога – Виш потпретседател за комерцијален раст за Европа – тој стапува на 1 јануари 2027 година и ќе биде одговорен за успешниот раст на комерцијалниот бизнис на девет европски пазари, вклучително и Македонија. Горан беше на позицијата Главен извршен директор од јули минатата година. Во периодот на неговото ...
Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави спискот на играчи за дуелите со Луксембург и Грција во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2028 година. На списокот на Лазаров од 18 ракометари, нема место за пикерот на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски, додека неговиот клупски колега, ветеранот Никола Митревски се наоѓа меѓу резервите. Во рамките на ЕХФ неделата, за Македонија ќе дебитира, ...
Германската влада, и покрај острите критики, усвои уредба со која од почетокот на 2027 година за половина ќе ја намали, од 50.000 на 25.000, годишната квота за работници од Западен Балкан кои имаат олеснет пристап до германскиот пазар на труд. Уредбата, усвоена на вчерашната владина седница, треба да добие одобрение и од мнозинството во Горниот дом на германскиот парламент, во кој се застапени германските сојузни покраини. Покрај неколку ...
Разновидноста на јапонската кинематографија ќе биде претставена преку шест филмски остварувања на Неделата на јапонски филм, која од 4 до 10 ноември ќе се одржува во Кинотеката во Скопје. Програмата ќе биде отворена на 4 ноември со филмот „Чекор“ во режија на Кен Иизука, семејна драма за татко кој по смртта на сопругата сам ја одгледува својата ќерка. На 5 ноември следува трилерот „Маскирано одделение“ на Хисаши Кимура, за лекар кој се ...
Францускиот центар Виктор Вембањама одигра историски натпревар, постигнувајќи рекорд во кариерата и водејќи ги Сан Антонио Спарс до драматична победа над Далас со 112:111. Во еден од најдоминантните индивидуални настапи оваа сезона, Вембањама запиша 52 поени, 24 скока и осум блокади. Веќе во првото полувреме, во првите 24 минути, тој постигна 29 поени, фати 15 топки и забележа пет блокади, со што стана првиот играч од почетокот на ерата на ...
Ракометарите на Вардар со реми 26:26, против Мелсунген, го завршија настапот во Лигата на шампионите. Црвено-црните, сезоната ќе ја продолжат во ЕХФ Европската лига. Германскиот тим заедно со Висла, од оваа група, влезе во втората фаза во Лигата на шампионите. Дуелот во „Јане Сандански“, не беше многу квалитетен, но беше исклучително неизвесен. Ниту еден тим немаше поголема предност од два гола. Вардар, во првото полувреме, во финишот, ...
Алан Џонс, австралиски возач и светски шампион во Формула 1 во 1980 година, почина на 80-годишна возраст по кратко боледување. Веста ја потврди неговата сопруга Аманда Батлер-Дејвис во соопштение објавено од „Motorsport Australia“. Џонс ја освои титулата со Вилијамс во 1980 година, кога победи на пет трки и заврши пред Нелсон Пике. Тој беше првиот од седумте возачи што станаа светски шампиони со тимот. Реклама Во Формула 1 настапуваше од 1975 ...
Музичката магија на „Охридско лето“ продолжува и по завршувањето на традиционалната фестивалска сезона. Љубителите на класичната музика во Скопје и Охрид ќе имаат можност да уживаат во три концерти со реномирани меѓународни уметници, меѓу кои и музичари што настапувале и соработувале со светски познатите Хозе Карерас и Андреа Бочели. Концертите ќе се одржат на 17 ноември, 4 и 7 декември, а влезот за публиката ќе биде целосно бесплатен. ...