Националниот џез оркестар денеска во Народниот театар во Сараево ќе одржи концерт „Macedonian Dreams“, под диригентство на Владимир Николов, со кој ќе го отвори 30. издание на џез-фестивалот Jazz Fest Sarajevo. Програмата „Macedonian Dreams“, која беше претставена и пред публиката во Будимпешта, Прага, Виена и Брисел, е уникатен музички спој на традиционалната македонска музика, народните мелодии и ритми, авторските композиции и современиот ...

Ракометарите на Вардар, убедливо го совладаа Еурофарм Пелистер со 31:23 (15:12), во дербито од 11-то коло во домашното првенство. Во дербито тренерот на Вардар, Иван Чупиќ, целосно тактички го надигра својот поранешен тренер и учител, Лино Червар. Вардар, носен од навивачите во „Јане Сандански“, подобро влезе во натпреварот, стекна предност од три гола (5:2), потоа и 8:5, но Пелистер не дозволи предноста на домаќинот да расте. Успеаја ...

Добивај вести на Viber Необична честитка за неговиот роденден добил министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис, кој утрово кога го отворил мејлот открил дека некој го хакирал и во негово име нарачал 200 луксузни автомобили и 25 оружја, јави дописничката на МИА од Атина. Георгиадис на социјалните мрежи објави дека токму на денот на неговиот роденден, бил жртва на хакерски напад за што ги информирал и надлежните. - На денот на мојот ...

Притвор до 30 дена е одреден за сопственикот на Алта банка, Давор Мацура, и уште двајца вработени – директорот на Одделот за благајна и управување со готовина и соработникот за благајничко работење на Алта банка, објави Н1. Судијата за претходна постапка на Високиот суд во Белград – Специјално одделение за организиран криминал денес донесе решение според кое на обвинетите Д.М., Г.М. и И.П. им се одредува притвор, којшто според одлуката може ...

Луксембург беше одличен вовед за македонската ракометна репрезентација во квалификациите за пласман на Европското првенство 2028 година. Нашите момци пред домашната публика остварија убедлива победа од 41-23 и веќе целосно се насочуваат кон следната пречка, а тоа е гостувањето кај Грција. Еден од најефикасните во нашите редови на првиот натпревар беше Александар Петковски, кој одлично ја искористи својата шанса и постигна пет гола. „Среќен ...

По 28 години пешачење околу светот и поминати околу 50.000 километри, авантуристот Карл Бушби се врати кај своето семејство во родниот град Хал, на североистокот на Англија, свечено пречекан. Поранешниот падобранец на британската војска го започнал своето патување од Чиле во 1998 година, поставувајќи си две правила: да не користи никакво превозно средство и да не се врати дома сè додека целосно не го исполни предизвикот. Британецот, кој денес ...

Камерниот оркестар „Профундис“ од Скопје и оркестарот „Камерата“ од Нови Сад ќе одржат заеднички концерт на 19 ноември во Македонската филхармонија. Двата ансамбли ќе настапат како еден голем музички состав, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, основач и диригент на „Профундис“. Соработката ќе ги обедини искуствата и уметничките капацитети на музичарите од двата оркестра, со цел создавање заедничка музичка целина и поинакво ...

Ракометната репрезентација на Шведска со убедливи 33:24 ја победи Грција во натпреварот од првото коло во квалификациите за Европското првенство во 2028 година, во групата во која се наоѓа и нашата ракометна репрезентација Швеѓаните ја потврдија фаворитската улога, а најзаслужен за убедливата победа беше Албин Лагергрен со седум погодоци. Себастијан Карлсон, Феликс Клар и Аксел Мансон постигнаа по пет гола, додека кај Грција најефикасен беше ...

Пуштен е во употреба современо опремен фризерско-козметички кабинет наменет за средното училиште на Град Скопје „Димитар Влахов“, простор во кој талентот ќе се развива, знаењето ќе се применува, а младите ќе ги прават првите чекори кон својата професија, информираше скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски. Кабинетот се наоѓа на булеварот Партизански одреди во ТЦ Лептокарија. „Кабинетот располага со 6 фризерски работни места, 2 берберски, 2 ...

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, преку објава на „Фејсбук“, соопшти дека со ребалансот на буџетот на градот обезбедени се средства за изградба на две целосно нови средни училишта – „Кочо Рацин“ во општина Ѓорче Петров и „Браќа Миладиновци“ во Драчево, општина Кисела Вода. – Двете училишта ќе ги градиме со сопствени средства на Град Скопје! Предолго учениците во овие училишта се образоваа во крајно несоодветни услови. Предолго ...

Третпат неделава лажни дојави за поставени бомби го нарушија европскиот воздушен сообраќај, а само денеска 27 патнички авиони беа пријавени како цел на безбедносни закани. Дојавите за поставени бомби предизвикаа прекини во воздушниот сообраќај, принудни слетувања, пренасочувања на летови, итни слетувања и безбедносни проверки, иако досега не се пронајдени експлозивни направи. Ниту една земја или група нема преземено одговорноста за заканите, ...

Нова милионерска добивка во Македонија, Видеолотарија Касинос Австрија исплати кон играчите над 7 милиони денари за една недела. Дарко Ивановски од Кратово е најновиот добитник на МИЛИОНЕР Џекпотот и новиот милионер во Македонија. Тој освои 1.265.797 денари, со среќната игра Ултимејт хот кај деловниот соработник Бет ту мар, на 31 октомври 2026 година. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му ја честита добивката на Дарко, со желби за многу ...

Некогашниот македонски ракометен репрезентативец, Филип Лазаров и официјално повеќе не е тренер на германскиот тим на Интерактив од Ратинген. Клубот ја објави оваа информација, секако заблагодарувајќи му се на Лазаров за досегашната соработка. Лазаров пристигна во Германија во 2018 година најпрво како играч на Интерактив, а по завршувањето на активното играње остана да работи во клубот како тренер. Оттогаш поминаа осум години, а очигледно ...

Бројот на заболени од грип и заболувања слични на грип во Македонија бележи значително зголемување. Во текот на 44-тата недела од годинава, односно од 26 октомври до 1 ноември, регистрирани се 116 случаи, што е за 90,2 проценти повеќе во споредба со претходната недела. Според најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, најголем број заболени се регистрирани во Тетово – 48, потоа во Куманово со 26 и Скопје со 13 случаи. Во Прилеп и ...

Машката пионерска репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот на Регионалниот Челинџ куп за ракометари до 16 години во Подгорица. Избраниците на селекторот Никола Матлиески загубија од домаќинот Црна Гора со 26:20, откако на полувремето имаа негатива од 10:7. Војо Клењоски беше најефикасен во македонската селекција со седум погодоци, додека Илија Трајчески, Илија Трајчевски и Марио Георгиев постигнаа по три. Голманите Данило ...

Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата значајна улога на транснационално ниво во борбата против недозволена трговија со дрога. Неофицијално дознаваме дека по брза размена на информации од страна на Одделот за криминалистичка полиција при МВР и службата за борба против дрога на САД-ДЕА, од страна на германската полиција запленети се над 300 килограми кокаин, кои биле скриени во товарен контејнер со банани, кој од Еквадор допатувал на ...

На 89-годишна возраст почина Џон Д. „Џеј“ Рокфелер IV, долгогодишен американски сенатор, поранешен гувернер на Западна Вирџинија и прабнук на славниот нафтен магнат Џон Д. Рокфелер. Неговото семејство потврди дека тој починал во својот дом во Вашингтон. За разлика од поголемиот дел од своето економски моќно семејство кое традиционално ја поддржуваше Републиканската партија, тој беше истакнат член на Демократската партија и го посвети својот ...

Доналд Трамп им честиташе на Демократите за победата откако Републиканците го загубија мнозинството во двата дома на Конгресот на САД на изборите во средината на мандатот. Во изјавата за „Фокс њуз“, тој рече дека Демократите работеле напорно и долго време, како и дека ја чекале победата 11 години. Трамп додаде дека резултатот не го смета за личен удар, оценувајќи дека неговите први две години од претседателствувањето биле најдобри во ...

Возачите во Италија наскоро би можеле да плаќаат казни и ако возат пребавно во левата лента на одредени автопатишта. Предложената мерка предвидува минимална брзина од 100 километри на час на автопатите со најмалку три ленти во секоја насока, а прекршителите би се соочиле со парични казни од 40 до 160 евра. Мерката е дел од нацртот на новиот закон за безбедност во сообраќајот, кој италијанската влада го одобри во октомври и го испрати во ...

Во Србија се уапсени осум полицајци поради сомнение дека се поврзани со смртта на Далибор Драгијевиќ во полициската станица во Бор. Тој бил брат на Дејан Драгијевиќ, еден од двајцата обвинети за убиството на двегодишната Данка Илиќ, пренесува „Нова.рс“. Според неофицијални информации, Вишото јавно обвинителство во Ниш би можело да наложи дополнителни апсења. Уапсените се припадници на Одделението за специјални акции при Управата на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го именуваше Стивен Милер, кој важи за главен архитект на неговата строга имиграциска политика, за нов шеф на кабинетот во Белата куќа на местото на Сузи Вајлс. Оваа персоналан промена доаѓа само неколку дена откако републиканците претрпеа убедлив изборен пораз на конгресните избори во вторникот, на кои демократите освоија контрола врз двата дома на Конгресот, добивајќи можност да ја блокираат ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 1 ноември до денеска, полициските службеници постапувале по 25 пријави за семејно насилство и насилство во партнерски и семејни односи на подрачјата на Скопје, Куманово, Кочани, Штип, Велес, Охрид, Гостивар, Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Берово, Струга, Кичево, Свети Николе и Струмица. Во рамки на постапувањето по дел од случаите, полициските службеници лишиле од слобода и ...

Општина Карпош по повод јубилејот – 50 години од основањето на Општината вечер со почеток во 21 часот организира музичка забава со Кирил Џајковски и DJ collective – Sempre. Настанот ќе се одржи на отворено, пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде посетителите ќе имаат можност да уживаат во препознатливиот музички звук, ритам и енергија на еден од најпознатите македонски музички артисти. – Со оваа музичка вечер, Општина ...

Шефот на Кабинетот на украинскиот претседател, Кирило Буданов, ќе ја предводи украинската делегација на трилатералните преговори со Русија и Соединетите Американски Држави, закажани за 10 и 11 ноември во Абу Даби, во Обединетите Арапски Емирати. Буданов ова го изјави во интервју за американската телевизија Си-Би-Ес (CBS). Како што пренесе украинската новинска агенција Укринформ, тој истакна дека не очекува значителен пробив на претстојната ...

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека ситуацијата во Албанија не може да се спореди со настаните во Србија, каде што масовното студентско движење доведе до политички промени. Во исто време, албанската полиција почна да применува нови закони против демонстрантите, а за само неколку дена 83 лица кои учествуваа во антивладините протести во Тирана беа казнети. Рама повтори на социјалните мрежи дека е подготвен да разговара со сите што веруваат ...

Сабота, 7 ноември, носи можности за романтични моменти, нови идеи и важни лични одлуки. Според дневниот хороскоп, Овните и Скорпиите ќе уживаат во љубовта, Лавовите и Водолиите ќе бидат особено успешни во остварувањето на своите планови, додека Рибите ќе имаат можност да ги покажат своите способности. Прочитајте што предвидуваат ѕвездите за вашиот хороскопски знак. ♈ Овен (21 март – 19 април) Љубов: Пред вас е ден исполнет со романтика и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го повтори своето тврдење дека Израел и целиот Блиски Исток не би постоеле денес доколку тој не го спречил Иран да се здобие со нуклеарно оружје. „Израел, а всушност и целиот Блиски Исток, денес немаше да постои ако не го бев спречил Иран да има нуклеарно оружје. Никој не сака да го каже тоа, но сите знаат дека е вистина!“, напиша Трамп во петокот вечерта на својата мрежа Truth Social. Тој даде слична ...

Да купам сега или да почекам уште малку? Веројатно секој што купувал лаптоп, монитор или друга технологија барем еднаш си го поставил ова прашање. Цените се менуваат, понудите се менуваат, а со нив доаѓа и она добро познато чувство дека можеби требало да се почека уште некој ден. Но, вистината е дека најдобриот момент за купување не е секогаш кога цената е „на попуст“, туку тогаш кога производот навистина ти треба. Водечкиот ланец за ...

Вкупно 556 пензионери кои имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, но не поседуваат платежни картички, денеска, 5 ноември, успешно подигнале парични средства на шалтерите во битолската филијала. Исплатата се одвивала во организација на банката, а Народната банка информира дека биле услужени повеќе корисници од првично планираниот број. Според информациите од Народната банка, првично биле предвидени исплати за околу 400 пензионери, кои ...

Француските синдикати, младинските организации и движењето „Жолти елеци“ денеска повторно се мобилизираат за масовни демонстрации ширум земјата, што е четврти последователен викенд на протести во Франција. Претходно во текот на неделата имаше блокади и протестни акции, како и штрајк на национално ниво во четвртокот, во кој учествуваа повеќе од половина милион луѓе, според Министерството за внатрешни работи. Синдикалната федерација ЦГТ ја ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
79%
1024
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
84%
1025
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1027
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.98
95%
1028
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.74
95%
1025
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
1.79
74%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
97%
1025
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
100%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.54
92%
1028
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.89
80%
1026
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
97%
1030
Currency

61.562

Currency

54.966

Currency

73.761

Currency

38.002

Currency

39.164

Currency

67.235

Currency

8.2482

Currency

0.67187

Currency

0.34738

Currency

0.52331

Currency

1.0968

Currency

0.58426

Иридиум

321507.47

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Сребро

1666.05

Цинк

3.76

Калај

46.54