Раководството на Манчестер јунајтед крои големи планови за иднината, а еден од нив е и купување на Кол Палмер од Челзи. Можеби звучи неверојатно, но „црвени ѓаволи“ ќе се обидат да дојдат до потписот на ѕвездата на „сините“. Според медиумите на Островот, Манчестер јунајтед веќе се распрашувал дали офанзивецот е подготвен да го напушти „Стемфорд Бриџ“ и добиле позитивен одговор, но англискиот репрезентативец има договор со Челзи до 2033 ...
Манчестер јунајтед доживеа нов шок пред своите навивачи, откако вечерва загуби од Брајтон со 1-2 и доживеа елиминација од ФА купот. Гостите поведоа рано, кога Брајан Груда го отвори резултатот во 12-тата минута, а Ѓаволите не успеаја да најдат решение за да возвратат пред паузата. Во второто полувреме Брајтон ја искористи својата најубава шанса, кога Дани Велбек зголеми на 0-2 во 64-та минута. Јунајтед успеа делумно да се врати со голот на ...
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во раната фаза го завршија настапот оваа сезона во ФА купот. На својот „Олд Трафорд“, Јунајтед загуби со 2:1 од Брајтон кој ќе игра во четвртото коло од ова натпреварување. Самиот почеток на натпреварот беше обележан со стопроцентни шанси за Манчестер јунајтед, кој во втората минута од натпреварот Диого Дало не реализираше во ситуација еден на еден со голманот Џејсон Стил. Само 10 минути подоцна, следеше ...
Мајкл Карик најверојатно ќе биде назначен за привремен менаџер на Манчестер јунајтед најдоцна до утре. До синоќа се сметаше дека Оле Гунар Солскјер е голем фаворит за позицијата, при што раководството на Црвените ѓаволи водеше разговори со двата кандидати. Сепак, ситуацијата се променила. Според британските медиуми, Карик имал многу позитивна комуникација со претставниците на „Инеос“ и со раководството на Манчестер јунајтед и се верува дека ...
Англискиот гигант Манчестер Јунајтед и во тековнава сезона сè уште се бори со проблемите кои започнаа пред 13 години кога легендарниот Сер Алекс Фергусон го напушти клубот. Јунајтед бележи загуби, откако потроши речиси 2 милијарди евра на трансфери и смени 11 тренери, а во претходните 135 годинi смени само 20. Откако Фергусон си замина, клубот освои два ФА купа, два Лига купа и еднаш Лига Европа, а негативните рекорди се зголемуваат недела по ...
Проблемите за Манчестер Јунајтед не завршуваат ниту оваа сезона, а корените на кризата датираат цели 13 години – од заминувањето на легендарниот Сер Алекс Фергусон. Оттогаш, клубот од „Олд Трафорд“ забележа огромни загуби, потроши речиси две милијарди евра за трансфери и смени дури 11 тренери, иако во претходните 121 година имаше само 17 различни стратези на клупата. Настапот во тој период е катастрофален – освоени се два ФА купа, два Лига ...
Англискиот гигант Манчестер јунајтед и оваа сезона ќе ја заврши без освојување на ниту еден трофеј. Црвените ѓаволи веќе се елиминирани од Лига купот, ФА купот, а во Премиер лигата се далеку од екипите кои се борат за титулата. Тимот сезонава не игра во европските купови, што значи дека едноставно уште во јануари е јасно дека сезоната нема да има трофеј во клупските витрини. Последниот шампиони трофеј во првенството Манчестер јунајтед го ...
Манчестер Јунајтед влегува во нова фаза од сезоната со Мајкл Керик на чело на стручниот штаб, откако поранешниот капитен на клубот постигна договор да ја преземе функцијата привремен шеф на стручниот штаб. Клубот се очекува официјално да ја потврди одлуката по финализирањето на административните процедури во текот на денот. Керик ја прифатил понудата во понеделник навечер, а неговото назначување доаѓа во момент кога Манчестер Јунајтед се ...
Неколку дена по оставката што му ја врачиja на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник. Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната. Michael Carrick is back 🤝 Our former captain is our Head Coach for the remainder of 2025/26 🔴 — Manchester United (@ManUtd) January 13, 2026 „Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен ...

