Министерот за спорт Борко Ристовски денес ги посети македонските ракометари и им посака успешен настап на претстојното Европско првенство што ќе се одржи од 15 јануари до 2 февруари во Данска, Шведска и Норвешка. – Играјте со срце, играјте за Македонија! Некогаш не се битни само резултатите, но секогаш е битно да се одигра максимално и да се остави срце на терен, посебно кога се носи националниот дрес. Публиката тоа го препознава и го ...
Министерот за спорт во Владата на Македонија, Борко Ристовски, присутен е на трибините во салата во Хернинг каде има 11.438 гледачи и им дава поддршка на нашите момци кои водат тешка борба против опасната Португалија. Некогашниот голман на македонската репрезентација во придружба на претседателот на РФМ и со своите соработници го гледа мечот кој е клучен за нашите амбиции да се најдеме во вторара фаза. Министерот за спорт во Владата на ...
ЕКИПА во Хернинг, Стеван Цаневски Капитенот Филип Кузмановски го одигра мечот на кариерата во националниот тим со 15 гола од 18 обиди во ремито (29-29) против фаворизираната Португалија. По мечот најдобриот македонски ракометар очекувано среќен и горд пред се на своите соиграчи и на целиот тим кој успеа да го изненади големиот фаворит. „После Данска навистина верувавме во себе… Знаевме дека имаме квалитет да одиграме против Португалија. ...
Македонската ракометна репрезентација одигра храбро и мотивирано против силната Португалија и со ремито во Хернинг останува во игра за пласман во следната рунда на Европското првенство. Филип Кузмановски беше вистински лидер на теренот и заслужено беше прогласен за играч на натпреварот, а во својата прва изјава не го криеше воодушевувањето од начинот на кој целата екипа играше во текот на целиот натпревар и го освои големиот бод. – Тешко е да ...
Филип Кузмановски како вистински капитен ја предводеше Македонија на дуелот против Португалија. Тој одигра еден од најефикасните мечеви во националниот дрес, постигннувајќи дури 15 голови и беше незадржлив за португалската одбрана. „Некако е тешко сега да се зборува. По мечот со Данска навистина верувавме во себе и знаевме дека може да им се спротиставиме на Португалија. Горд сум на целата екипа затоа што 60 минути се бореа за Македонија. ...
Левиот бек по средбата го анализира одиграното и даде свое мислење за настапот. „Некако тешко е да се говори, но по Данска верувавме во себе, знаевме дкеа имаме квалитет да играме со Португалија. Добро ги анализиравме, напорно работевме и фокусот беше на Португалија и Романија. Со Данска мечот беше за уживање. Среќен сум и горд на целата екипа што 60 минути се бореше за Македонија. Денес денот беше посебен, сите сакаа, покажаа срце, имаа крв ...
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, испрати порака со поддршка за македонските репрезентативци по ремито против Португалија, 29-29, во второто коло од групната фаза на Европското првенство. „Ова реми е еднакво на победа. Да знаете, ги израдувавте сите Македонци во оваа сала вечерва, а и целата нација. Храбро, машки и борбено. За жал, немавме среќа на крајот, но покажавме дека имаме карактер, дека ...

