„Наутро се очекува поддршка од воздух за гаснење на пожарот“, посочи тој И во текот на ноќта продолжува борбата со пожарот во селото Раец, соопшти вечерва на Фејсбук градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. „Се вложуваат максимални напори за локализирање и отсекување на огнената стихија, со цел да се заштити секој објект и да се спречи понатамошно ширење“, напиша тој. На терен, како што вели, се ангажирани две цистерни на ЈП ...

Борбата со големиот пожар во атарот на селото Раец, кај Кавадарци, продолжува без прекин и во текот на ноќта. Надлежните служби остануваат на терен со цел да го ограничат ширењето на огнот и да ги заштитат населените места и имотот на граѓаните. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, информира дека во акцијата се вклучени сите расположливи ресурси. Пожарникари, комунални служби, екипи од Дирекцијата за заштита и спасување, механизација ...

Од 6 часот утринава продолжува координираната акција за гаснење на пожарот во реонот на село Раец, информира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, преку објава на Фејсбук. Тој посочи дека екипите се распоредени на потезите Дреново – Ќесендре и Раец – Дреново – Ќесендре, каде продолжуваат активностите за ставање на пожарот под контрола. Во интервенцијата се вклучени екипи од ЈП „Комуналец“ – Кавадарци, Територијалните противпожарни ...

Пожарот што веќе неколку дена е активен кај кавадарачките села Раец, Ќесендре и Дреново сега е ставен под контрола и во најскоро време се очекува да биде целосно изгаснат Активен е пожарот во Стопански Двор во скопската Општина Ѓорче Петров, каде што горат сува трева и грмушки, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму посочија дека пожарот што веќе неколку дена е активен кај кавадарачките села Раец, Ќесендре и ...

Градоначалникот на Општина Кавадарци вечерва преку објава на својот профил на „Фејсбук“ информираше дека пожарот во селото Раец е целосно изгаснат. Во својата објава, тој упати искрена благодарност до сите кои беа вклучени во гаснењето на пожарот, истакнувајќи ја нивната пожртвуваност, координација и несебична ангажираност во справувањето со огнената стихија. „По три дена непрекината, макотрпна и пожртвувана работа, пожарот во село Раец е ...