Екипата на Арсенал дојде до предност во натпреварот со Баер Леверкузен со еврогол кој го постигна Еберечи Езе. Течеше 36. минута, кога англискиот фудбалер ја имаше топката во свои нозе. Си ја намести на волеј и атрактивно ја „искина“ мрежата на Баер Леверкузен. Погодокот на Езе сигурно ќе конкурира за еден од најубавите во нокаут-рундата на Лигата на шампионите. Екипата на Арсенал дојде до предност во натпреварот со Баер Леверкузен со ...

Пари Сен Жермен е на прагот да му го нанесе историски најтешкиот пораз на Челзи во еден двомеч од нокаут фаза во Лихгата на шампионите, има вкупни 7-2 против Сините и речиси сигурно продолжува кон одбрана на европската титула. Арсенал води 1-0 против Баер Леверкузен, со голчиште на Еберечи Езе, негов прв во кариерата во ЛШ. Голот на Езе погледнете го ТУКА. Манчестер сити и Реал Мадрид дадоа по еден гол, а Кралскиот клуб од Мадрид е на 45 ...

Реванш натпреварите во осминафиналето во Лигата на шампионите започнаа доста возбудливо, па првото полувреме донесе голови на сите три средби кои се играат во 21:00 часот. Во овој момент, најтесно и најнеизвесно е во Северен Лондон каде силите ги одмеруваат Арсенал и Баер Леверкузен, а по едно полувреме на „Емирејтс“, поблиску до четвртфиналето е домаќинот. Гостите од Германија одлично парираа на тежок терен, но во 36-та минута разлика ...

Фудбалерите на Арсенал вечерва се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите по победата во реваншот од осминафиналната фаза од 2:0 над Баер Леверкузен на „Емирати“ стадионот во Лондон. По првиот натпревар во Германија резултатот во овој двомеч беше 1:1. Првиот гол за англискиот клуб беше дело на Еберечи Езе кој испрати „проектил“ во 36 минута во мрежата на голманот Бласвих. Баер мораше малку да се отвори во играта во второто ...

По неизвесното реми (1-1) минатата недела во Германија, кое беше изборено со доцниот пенал на Каи Хаверц, Арсенал не остави ништо на случајноста на реваншот во Лондон. Избраниците на Микел Артета одиграа беспрекорен натпревар, рутински совладувајќи го Баер Леверкузен за сигурен пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите. „Топчиите“ доминираа од првиот судиски свиреж, не дозволувајќи му на германскиот тим воопшто да влезе во својот ...