Нема опасност од излевање на река Брегалница во Штип. По најавите на синоптичарите дека во наредните денови има опасност од излевање на реките во државата, се отвори прашањето каква е ситуацијата со река Брегалница. Но, од Општина Штип смируваат дека простор за паника нема, ситуацијата не е алармантна и се следи будно, со што доколку дојде до евентуално излевање на реката ќе се реагира навремено. Градоначалникот, Иван Јорданов, посочи дека ...
Попладнево Брегалница поплави делови од пешачката патека кај населбата 8 Ноември во Штип, а долж течението на реката од браната Калиманци до градот поплавени се голем број ниви и бавчи, при што водата навлезе и во повеќе домови во селата кои гравитираат кон Брегалница. Жителите од оваа штипска населба и од населбата Ново Село стравуваат да не се повтори 2013 година, кога Брегалница го загрози стариот камен мост на реката изграден уште во турско ...
Нема опасност од излевање на реката Брегалница на подрачјето на Штип. Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов вели дека ситуацијата не е алармантна и се следи будно водостојот, со што доколку дојде до евентуално излевање на реката ќе се реагира навремено. -Во координација сме со сите релевантни чинители, институции, но и јавните претпријатија кои највеќе би биле на висина на задачата доколку има потреба од евентуално интервенирање, по ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде жолто ниво на предупредување поради потенцијална опасност од поплави и апелира на претпазливо движење покрај реките и суводолиците, пред сè на оние во југоисточните, источните и североисточните делови на земјата. — реклама — ,,Во текот на ноќта имаше значително зголемување на водостоите во југоисточниот, источниот и североисточниот дел од земјата. Висок водостој моментално има во сливот на река ...
Алармантна ситуацијата во неколку населени места во кочанско, по обилните врнежи од дожд. Опасност од излевање имаше во Горни и Долни Подлог, како и во село Спанчево, а на ниво на прелив е и браната Гратче. Екипите на ТППЕ Кочани, КЈП Водовод, како и Водостопанство „Брегалница“ беа на терен и интервенираат со цел да се спречат излевања и поплави во кочанскиот регион. „Нивото на водата е уште од синоќа од 8 часот подигнато. Благодарение на ...
Издадено е жолто ниво на предупредување од поплави за дел од територијата на Македонија што значи дека постои потенцијална опасност од излевање на реките, алармира Управата за хидрометеоролошки работи. „Во текот на ноќта имаше значително зголемување на водостоите во југоисточниот, источниот и североисточниот дел од земјата. Висок водостој моментално има во сливот на река Брегалница вклучително и нејзините притоки, во сливот на Крива и на Пчиња, ...

