Продолжуваат судирите на Блискиот Исток, неколку часа откако Иран го именуваше Моџтаба Хамнеи за нов врховен лидер на земјата. Хезболах го поздрави изборот, за Вашингтон-неприфатлив. Трамп вели тој е лесна категорија-„нема долго да трае“ без одобрение од САД. Техеран со одговор-никој не може да се меша во нашите внатрешни работи. „Не дозволуваме никој да се меша во нашите внатрешни работи. Изборот на нов лидер зависи од иранскиот народ, тоа е ...

Иако Иранската револуција од 1979 година се чинеше дека стави крај на практиката на пренесување на власта од татко на син, таа надеж сега е разбиена. Моџтаба Хамнеи, вториот син на покојниот врховен лидер Али Хамнеи, е назначен на позицијата што неговиот татко ја држеше речиси четири децении, сè до неговата смрт во воздушен напад на САД и Израел. Потегот на 88-членото Собрание на експерти, и покрај противењето на многу Иранци, ја ...

Иранското верско раководство избра судир наместо компромис со именувањето на Моџтаба Хамнеи за наследник на неговиот татко Али Хамнеи, потег што регионалните функционери го гледаат како директен одговор на американскиот претседател Доналд Трамп, кој неговиот син го прогласи за „неприфатлив“, пишува агенцијата Ројтерс. Врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи беше убиен во американско-израелски напад во почетокот на конфликтот, кој сега влегува ...

Иран влезе во нова фаза на војната на Блискиот Исток веднаш по изборот на Моџтаба Хамнеи за врховен лидер. Првите часови од неговиот мандат беа обележани со нов бран ракетни и дронски напади кон Израел и повеќе држави од Персискиот Залив, што ја подигна ескалацијата од „две страни“ кон поширок регионален судир, со ризик да се вовлечат и земји кои досега се обидуваа да останат на дистанца. Во нападите кон Израел беше пријавена полесна повреда ...

Свештеникот Моџтаба Хамнеи е именуван за нов врховен лидер на Иран, наследувајќи го својот татко Али Хамнеи, кој загина во еден од првите напади за време на неодамнешниот конфликт со САД и Израел. Одлуката ја донесе Собранието на експерти на Иран, тело составено од 88 свештеници кое е надлежно за избор на врховниот лидер, пренесе „Ројтерс“. Во соопштението објавено по полноќ по локално време во Техеран, се наведува дека со убедливо мнозинство ...

Иран во понеделник го именуваше Моџтаба Хамнеи за врховен лидер, сигнализирајќи дека тврдокорните поддржувачи остануваат цврсто на власт, додека еднонеделната војна меѓу САД и Израел со Иран предизвика скок на цените на нафтата, а азиските берзи доживеаа пад. Иранските институции и политичари, од Министерството за надворешни работи до пратениците, издадоа соопштенија во кои ја изразуваат својата верност кон новиот врховен лидер на земјата, ...

Во телефонско интервју Трамп рекол дека двајцата „разговарале“ и додаде дека „одлуката ќе биде донесена во вистинскиот момент“. На прашањето дали Израел би можел да ја продолжи војната против Иран ако САД одлучат да ги прекинат своите напади, Трамп ја отфрли таа можност. „Мислам дека тоа нема да биде потребно“, изјави тој. Трамп, исто така, не сакаше да ја коментира тогаш само можноста Моџтаба Хамнеи да стане нов врховен водач на Иран, кратко ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му го честиташе на новоизбраниот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, изборот за оваа функција, соопшти Кремљ. „Сега, кога Иран се соочува со вооружена агресија, вашиот труд на ова високо место несомнено ќе бара голема храброст и посветеност. Уверен сум дека ќе го продолжите делото на вашиот татко со чест и ќе го обедините иранскиот народ пред тешките искушенија“, се наведува во честитката на Путин ...

Американскиот претседател Доналд Трамп „не е задоволен“ од назначувањето на Моџтаба Хамнеи за нов врховен лидер на Иран, според американската телевизиска станица Фокс њуз. Водителот Брајан Килмид рече дека разговарал со претседателот по објавувањето. „Не сум задоволен“, му рекол Трамп. Килмид не даде дополнителни детали за разговорот, а Трамп сè уште не се огласил јавно. За разлика од Трамп жителите на Иран се задоволни, излегоа на улиците ...

Иранската државна телевизија, известувајќи за назначувањето на Моџтаба Хамнеи за нов врховен лидер на Иран, соопшти дека тој бил ранет во војната. Емисијата го опиша како „џанбаз“, што значи лице рането од непријателот, во „Рамазанската војна“, како што иранските медиуми го нарекуваат сегашниот конфликт. Но, еден аналитичар подоцна посочи дека Хамнеи можеби бил ранет додека служел во Иранско-ирачката војна во 1980-тите. Моџтаба Хамнеи не е ...

Хезболах во кратко соопштение објавено на социјалните мрежи му честиташе на Хамнеи за неговиот избор. Проиранското движење се заколна „на лојалност“ и ја потврди „непоколебливата природа на својата преданост“ кон новиот водач, кој беше избран во неделата по смртта на неговиот татко, поранешниот врховен водач Али Хамнеи, убиен на 28 февруари — првиот ден од американско-израелските напади врз Иран. Според Ројтерс и Ал џезира, изразот на верност ...

Моџтаба Хамнеи е новиот врховен лидер на Иран. Доаѓа на местото на неговиот татко Али Хамнеи кој беше убиен пред девет дена во американско - израелските напади врз Иран. Моџтаба, 56 годишен свештеник немал формална дражвна или владина функција, но долго време се сметаше за еден од највлијателните луѓе на режимот зад сцената. Не држел јавни говори или интервјуа, ниту пак има многу слики или видеа од него. Иранската револуционеран гарда, ...

Назначувањето на Моџтаба Хаменеи за врховен лидер на Иран беше веројатно уште од денот кога воздушните напади на САД и Израел „маченички го погубија“ неговиот татко. Тоа стана неизбежно во моментот кога Доналд Трамп рече дека тој би бил „неприфатлив“ избор за САД, држава која што за оние кои го избираат ајатолахот е подобро позната како Големиот Сатана. Барањето на Трамп, кое немаше врска со реалноста, е само најновиот во низата докази кои ...

Новиот ирански врховен водач Моџтаба Хамнеи е жив и здрав, и покрај воени повреди, изјави Јусеф Пезешкијан, владин советник и син на претседателот Масуд Пезешкијан. „Слушнав дека Моџтаба Хамнеи бил повреден. Прашав некои пријатели со добри врски и тие ми кажаа дека е жив и здрав“, рече Пезешкијан. Без да даде дополнително појаснување, државната телевизија претходно кажа дека Хамнеи е „ранет ветеран на Рамазанската војна“, како што Иран го ...

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е „жив и во добра здравствена состојба“, и покрај раните здобиени во воените дејства, изјави денеска Јусеф Пезешкијан, советник во Владата и син на иранскиот претседател. „Слушнав вести дека Моџтаба Хамнеи е ранет. Прашав неколку пријатели кои се поврзани со него. Ми рекоа дека, фала му на Бога, тој е жив и здрав“, напиша Пезешкијан на платформата Телеграм. Иранската државна телевизија го опиша ...

Ранет и во засолниште: каде е новиот врховен лидер на Иран – ова прашање се наметна по серијата извештаи дека новоименуваниот врховен лидер на земјата, Моџтаба Хамнеи, наводно е повреден и се наоѓа на строго обезбедена локација. Информациите се појавија во период на силна ескалација на конфликтот на Блискиот Исток и по нападите насочени кон врвот на иранското раководство. Според повеќе медиумски извештаи и дипломатски извори, Моџтаба Хамнеи ...

Генералниот секретар на либанското милитантно движење Хезболах, Наим Касем, денес му честиташе на ајатолахот Моџтаба Хаменеи за неговиот избор за нов врховен лидер на Иран и рече дека организацијата останува лојална на раководството на Техеран, додека палестинското милитантно движење Хамас и палестинскиот исламски џихад исто така го поздравија неговиот избор и изразија поддршка за Иран во неговиот конфликт со САД и Израел. Касем, како што ...

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е „жив и во добра здравствена состојба“, и покрај раните здобиени во воените дејства, изјави денеска Јусеф Пезешкијан, советник во Владата и син на иранскиот претседател. „Слушнав вести дека Моџтаба Хамнеи е ранет. Прашав неколку пријатели кои се поврзани со него. Ми рекоа дека, фала му на Бога, тој е жив и здрав“, напиша Пезешкијан на платформата Телеграм. Иранската државна телевизија го опиша ...

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, претрпел скршеница на нога и други помали повреди на првиот ден од бомбардирањето што го започнаа САД и Израел, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со ситуацијата. Покрај повредата на стапалото, Хамнеи (56) има модринка околу левото око, како и помали исеченици на лицето, рече изворот. Израелски извор претходно изјави за Си-Ен-Ен дека Хамнеи бил повреден во обид за атентат минатата недела, а ...