Вештачката интелигенција би можела да биде „последната технологија што ќе ја развие човештвото“, предупредуваат експертите за безбедност на "AI", иако т.н. "doom timeline" – сценарио кое предвидува момент кога таа ќе ги надмине и ќе ги истисне луѓето – сега е поместено за неколку години. Истражувачкиот проект "AI 2027", кој во април 2025 година го објави групата "AI Futures", претстави сценарио според кое вештачката интелигенција уште во 2027 ...

Само една ноќ помината во лабораторија за спиење може да открие многу повеќе отколку што се мислеше досега. Нов модел на вештачка интелигенција е способен да процени ризик од над 130 различни болести – од невролошки нарушувања до срцеви и онколошки заболувања – анализирајќи податоци собрани додека човек спие. Ова откритие доаѓа од истражување објавено во научното списание Nature Medicine, а моделот, наречен SleepFM, е развиен од научници од ...

Вештачката интелигенција на Елон Маск, Grok, повеќе нема да може да уредува фотографии од вистински луѓе за да ги прикаже во оскудна облека, откако беа покренати големи загрижености за сексуализирани длабоки фејкови од вештачка интелигенција во земји како што се Велика Британија и САД, објави BBC. Платформата X, која ја управува алатката Grok AI, објави воведување на нови технолошки мерки. „Имплементиравме технолошки мерки за да спречиме ...

Што е потребно за да се остане релевантен во 2026 година? Ако судиме според заклучоците од The Economist MeetUp: Светот во 2026, одговорот лежи во способноста за брза адаптација. Конференцијата оваа година послужи како платформа за демистифицирање на иднината, ставајќи го фокусот врз она што навистина е важно – како технологијата, пред сè вештачката интелигенција. Времето кога на вештачката интелигенција се гледаше како на апстрактен концепт ...

OpenAI предводи инвестиција од 252 милиони долари во Merge Labs, нова лабораторија за развој на интерфејси мозок–компјутер (BCI – Brain-Computer Interface), чиј коосновач е Сем Алтман. Покрај OpenAI, во финансирањето учествуваат и Bain Capital, како и Гејб Њуел од компанијата Valve. Целта на лабораторијата е во текот на следната деценија да ги поврзе биолошката и вештачката интелигенција, со почетен фокус на медицински примени, а подоцна и ...

Европскиот банкарски сектор влегува во период на длабоки промени што би можеле да имаат сериозни последици врз пазарот на трудот. Според анализата на инвестициската банка Морган Стенли, објавена од Фајненшл тајмс, до 2030 година, повеќе од 200.000 работни места би можеле да исчезнат во европските банки. Причината е сè посилното воведување на вештачката интелигенција, но и континуираното затворање на традиционалните филијали. Таквото сценарио ...