Експлозии и аларми за засолнување, ова постојано го слушале нашите државјани кои вчера се вратија од Дубаи. Опасноста да паднат остатоци од ракетните истрели била голема и не смееле да излегуваат надвор. Поголем број од групата која вчеравечер пристигна од Дубаи, беа семејства со мали деца, кои заминале на одмор. Наместо звуци на бранови и одмор, македонците поминаа денови на неизвесност и под строги забрани за движење. Уште првиот ден биле ...
Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати упати итно известување до македонските државјани во Бахреин за претстојната евакуација. В среда, на 11 март, во 06:00 часот наутро од Манама поаѓа организиран автобуски превоз кон меѓународниот аеродром во Ријад, Саудиска Арабија. Од оваа собирна точка, граѓаните со специјален владин лет ќе бидат вратени во земјава. Оваа активност е дел од координираниот процес за евакуација од Блискиот ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на денешната тематска прес-конференција во Владата информираше за текот на евакуацијата на македонските државјани од земјите на Блискиот Исток, нагласувајќи дека безбедноста на граѓаните останува врвен приоритет на институциите. „Од првиот момент на ескалацијата на безбедносната состојба на Блискиот Исток воспоставивме постојан кризен механизам. Преку кризен штаб и ...
Информација за евакуација на македонски државјани од регионот на Блискиот Исток, напиша на Фејсбуик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Ги информираме македонските државјани дека евакуацијата ќе се реализира со специјален лет од Ријад до Скопје, при што претходно е организиран автобуски превоз за нашите државјани од Кувајт, Катар и Бахреин до аеродромот King Khaled International Airport – Riyadh. истакна ...
На Меѓународниот аеродром во Приштина синоќа пристигна третиот организиран лет со патници кои беа успешно евакуирани од Катар, Кувајт, Кралството Саудиска Арабија и Кралството Бахреин. Како што објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, патниците претходно со организиран превоз биле транспортирани до Ријад, од каде што со специјален лет безбедно го напуштиле регионот. -Во авионот имаше 151 патници, од кои 109 ...
Заврши евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, информираше дека успешно е завршен процесот на евакуација на македонските државјани од земјите на Блискиот Исток. Евакуацијата беше реализирана преку организирани летови и во координација со дипломатско-конзуларните претставништва на државата. Четири организирани летови од регионот Според информациите, досега ...

