Два часа пред да се случи трагедијата во скопски Карпош во која по пад од висококатница загинаа мајка и нејзината малолетна ќерка - полицијата добила пријава за семејно насилство. Од МВР велат дека полицајци извршиле разговор, но жената им кажала дека станува збор за недоразбирање. Таа и претходно во повеќе наврати го пријавувала сопругот со кој била во фаза на развод, за семејно насилство, но во сите случаи се повлекувала од понатамошна ...

На 2 март, во 12:05 часот, во полиција била примена пријава за расправија меѓу сопружници. Полициските службеници пристигнале на адресата по 15 минути и разговарале со жената, која изјавила дека немало физички контакт со сопругот и дека станувало збор за недоразбирање. Таа не побарала понатамошна интервенција, нагласувајќи дека брачниот проблем го решава преку постапка за развод, и потпишала службена белешка. Два часа подоцна се случил ...