Син Јонин, брат на Андреј Првоповиканиот, од племето Симеоново, од градот Витсаида. Беше рибар и прво се викаше Симон, но Господ благоизволи да го нарекува Кифа или Петар (Јован 1, 42). Прв од учениците јасно ја изрази верата во Господ Исус, велејќи: „Ти Си Христос, Син на Живиот Бог“ (Матеј, 16, 16). Љубовта кон Господ му беше голема, а во верата се утврдуваше постапно. Кога Го изведоа Господ на суд, Петар трипати се одрече од Него, но само ...

Утре и во понеделник православните верници ќе ги одбележат празниците Петровден и Павловден, посветени на Светите апостоли Петар и Павле – едни од најпочитуваните Христови ученици и проповедници на христијанската вера. Празнувањето започнува со Петровден, кој се одбележува на 12 јули, а продолжува со Павловден на 13 јули. Со овие празници завршува и Петровденскиот пост, еден од четирите повеќедневни пости во годината, посветен токму на ...

Македонската православна црква и верниците денеска го одбележуваат Денот на светите апостоли Петар и Павле. Со Петровден завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на апостолите. Црквата го празнува овој ден на 12 јули секоја година, а следниот ден е соборниот празник на дванаесетте големи апостоли заедно… Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној кој ...

Иако секој од Светите големи Апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди како соборен празник на сите заедно, а со нив и Павле. Ова се имињата и деновите на посебното празнување на Дванаесеттемина: Петар – 29 јуни и 16 јануари; Андреј на 30 ноември; Јаков Заведеев на 30 април; Јован Богослов на 26 септември и на 8 мај; Филип на 14 ноември; Вартоломеј на 11 јуни и на 25 август; Тома на 6 октомври; ...

Лекари, бесребреници и чудотворци. Овие двајца светители беа родени браќа, родум од Рим, уште како деца крстени и воспитани во христијански дух. Имаа голема благодат од Бога да ги лечат луѓето и животните од секоја болест и мака, и тоа со едноставно полагање на рацете врз нив. За својот труд не бараа никаква награда, од болниот бараа единствено да поверува во Господ Исус Христос. Наследија голем имот, но го раздадоа милостиво на бедните и ...