Иран врши притисок врз еден од клучните светски поморски трговски правци, Ормускиот Теснец, со закани за напади врз трговски бродови и врз танкери. Според проценките на американската Агенција за одбранбено разузнавање, Техеран располага со повеќе од 5.000 морски мини, објави „Њујорк тајмс“. Американски претставници тврдат дека Иран веќе започнал со нивно поставување, иако Техеран ги негира овие наводи. Постојат повеќе видови поморски мини. ...

Иран размислува да дозволи поминување на ограничен број нафтени танкери низ Ормускиот теснец, но под услов трговијата со нафта да се одвива во кинески јуани, открил висок ирански функционер за CNN. Според истиот извор, ваквиот потег е дел од нов план на Техеран со кој Исламската Република има намера да го контролира и управува со протокот на танкери низ еден од најважните морски премини за светската трговија со енергенси. Ормускиот теснец ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се подготвени да ги придружуваат трговските бродови и танкерите низ Ормускиот Теснец и ги повика сојузниците да испратат свои воени бродови за да помогнат во обезбедувањето на пловидбата. – Многу земји ќе испратат воени бродови заедно со САД за да го одржат теснецот отворен и безбеден – порача Трамп, повикувајќи меѓу другите Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја и Велика Британија да се ...

Портпарол на Иранската револуционерна гарда ИРГЦ го предизвика американскиот претседател Доналд Трамп по неговите тврдења дека иранските воени капацитети се уништени. „Зар Трамп не тврди дека ја уништил иранската морнарица? Ако има храброст, нека неговата морнарица влезе во Ормускиот Теснец и Персискиот Залив“, изјави денеска портпаролот на ИРГЦ. Иранската револуционерна гарда е елитна воена организација основана по Исламската револуција во ...

Новинската агенција Ројтерс го цитираше портпаролот на грчката влада кој изјави дека неговата земја нема да се вклучи во никакви воени операции во Ормутскиот теснец. Ова доаѓа откако Доналд Трамп ги повика Велика Британија, Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја и други земји да испратат бродови на најпрометната бродска рута во светот, која ефикасно е блокирана од Иран. Но, одговорот на повикот беше во голема мера неволен, при што земјите ...