Истрагата против дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек се проширува за уште едно убиство, изјави обвинителот Љубомир Лапе. -Се спроведува истражна постапка против истото лице, со што фактички се проширува истрагата за уште едно кривично дело – убиство. Согласно Кривичниот законик, тоа претставува кривично дело убиство од член 123 ...

Македонските карате репрезентативци, членови на клубот Макпетрол освоија четири медали на Балканскиот шампионат за сениори/ки кој се одржа во Бања Лука, Босна и Херцеговина. Четирите одличја се бронзени, две се од поединечните настапи, и два медала освоија девојките во екипниот дел за тимот во борби екипна конкуренција. Носители на медали се: Јована Мицовска-61 кг; Викторија Јовановска-61 кг бронзен медал; Викторија Јовановска екипно тим ...

За време на вчерашните американски и израелски операции против Исламска Република погодена е иранската нуклеарна постројка во Натанц, изјави денеска иранскиот пратставник во Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Реза Наџафи. Вчера повторно беа нападнати иранските мирни, заштитени нуклеарни постројки, наведе Наџафи на состанокот на Управниот одбор на МААЕ. Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси изјави дека агенцијата нема индикации ...

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13 отсто. Според пресметките на Комисијата, референтните цени на светскиот пазар бележат раст кај бензините од 2,977 проценти, ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави Јавниот оглас за пријавување на интерес од страна на правни субјекти кои вршат трговија со високоефикасни инвертер клима уреди, со што започнува практичната реализација на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија. Основната цел на јавниот повик е обезбедување директна поддршка за домаќинствата кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија, ...

Прес конференција на Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се истурени играчи на руската политика во Македонија. Доказ за тоа е скандалот со доделувањето на државјанство на рускиот државјанин Онишченко, човек кој е осуден на затворска казна од 15 години за перење на пари и корупција во Украина. Да ја потсетиме јавноста, дека контроверзниот политичар Онишченко, бил член на проруската партија на тогашниот претседател на ...

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за 2025 година беше 36.037 денари, а за 2026 година е 38.507 денари бруто односно 26.046 денари нето. Дурмиши кажа дека со ова, платата се зголемува за 2.470 денари бруто односно за 1.667 денари нето. Дурмиши појасни дека усогласувањето на минималната плата се врши секоја година во март врз јасно ...

Одделот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Н.А., кој ја извршува функцијата главен пилот во Одделот за воздухопловни единици, поради сериозни сомнежи за фалсификување службени документи. Според официјалниот одговор од МВР доставен до објави Скопје инфо., пријавениот се товари за кривично дело „Фалсификување исправа“, казниво по член 378 став 3 од Кривичниот законик. Истрагата ...

Неколку илјади државјани на една од земјите-членки на ЕУ се уште се наоѓаат во Иран, изјави висок функционер на ЕУ за проценките на европските служби. Многумина од нив имаат и иранско државјанство и не мора нужно да ја напуштат земјата, додаде функционерот. Точниот број на оние што бараат евакуација не е објавен. Се проценува дека многу поголем број државјани на ЕУ се заглавени во земјите околу Иран поради откажувања на летови ...

Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГК) на Иран денеска објави дека во десеттиот бран напади врз Израел е извршен ракетен напад врз израелскиот владин комплекс во Тел Авив, врз безбедносните и воените центри во Хаифа и врз Источен Ерусалим. Во соопштението објавено од агенцијата „Тасним“ се наведува дека балистичките ракети „хајбер“ биле употребени во десеттиот бран напади како дел од операцијата „Искрено ветување 4“. ...

На 01.03.2026 во 23:40 часот, при контрола во патниот сообраќај на пресекот на улиците „Сатеска” и „Гоце Делчев” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид од сообраќај исклучија патничко возило „фолксваген голф” со охридски регистарски ознаки откако утврдија дека возилото го управува малолетник кој нема положен возачки испит и сè уште нема стекнато право за управување моторно возило. Во присуство на родител, возилото е одземено и по ...

Од вчера, (први март) се зголеми малопродажната цена на дел од цигарите. Дел од цигарите (оние произведени од Тутунски комбинат Скопје) како Вест, Бос, Родео, Жаде, Давидоф…во дел од марктетите веќе се продаваат по цена повисика за 10 денари, додека во оние маркети каде има поголема залиха, се очекува покачувањето да се случи претстојните денови. Претходно, пред околу две недели поскапеа и производите со загреан тутун (попиларните IQOS) ...

Согласно последните информации добиени од дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија, во моментов повеќе од 400 граѓани побарале информации во врска со можноста за евакуација, додека околу 30 од нив изразиле подготвеност да ја напуштат земјата во првата можна прилика, информираат од Министерство за надворешни работи и надворешна трговија. Со сите пријавени лица се одржува редовна и континуирана комуникација, ...

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, преку објава на социјалните мрежи информираше дека ССМ ја напуштил седницата на Економско-социјалниот совет (ЕСС), откако, како што наведува, било направено обид „на мала врата“ да се утврди усогласување на минималната плата без вистинско зголемување. Според Трендафилов, станувало збор за усогласување од околу 1.600 денари, во процес во кој ССМ, како што ...

„Откако сме како Влада избрани до сега, ги имаме регулирано односите со нашите колеги во најголем дел. Кога ќе кажам во најголем дел, тоа е 95 па и повеќе проценти, преку Колективни договори кои што имаат краен рок на реализирање до 2028 година”, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната седница на Економски-социјалниот совет. Премиерот Мицкоски посочи дека за разлика од претходно, оваа Влада се однесува одговорно и ...

Овој викенд, на 28 февруари во Скопје, се одржа првиот национален натпревар „CTRI Innovation Robot Challenge“ – едукативен натпревар по роботика и иновации, наменет за деца и млади на возраст од 6 до 14 години. Натпреварот е организиран од Здружението за развој на Технологија, Роботика и Иновации – CTRI, во коорганизација со Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, раководено од директорката Александра ...

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка Над 30 дена, повеќе од еден месец, нема одговори за најголемиот нарко скандал во регионот со заплена на 5 тони дрога од Македонија во соседна Србија. Како 5 тони дрога поминале граница? И кој од врвот на власта ќе одговара? Од сите информации кои досега се достапни јасно е дека станува збор за високо организирана криминална група која не можела да функционира без поддршка од лица ...

Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, постигна два гола ноќеска во победата од 4:2 над Орландо Сити во регуларната сезона на МЛС. На овој натпревар, Аргентинецот го постигна својот 70-ти гол во кариерата слободен удар и се израмни со трикратниот освојувач на Светското првенство, Пеле. Тие сега го делат второто место во историјата на фудбалот по најмногу голови од слободни удари. Бразилецот Жунињо Пернамбукано останува лидер на сите ...

Поради дефект на ул. Тодор Чангов број 81, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот. Поради дефект на улица Сердарот 31, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Сердарот, дел од Драчевска, Речиште и Партизански Пат. Водоснабдувањето ќе биде ...

Секретарот на иранскиот Врховен совет за национална безбедност, Али Лариџани, денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп го турнал регионот на Блискиот Исток во хаос со своите „фантазии и заблуди“ и дека „сега се плаши од поголеми жртви меѓу американските војници“. „Преку своите заблудни постапки, тој го претвори својот слоган „Америка на прво место“ во „Израел на прво место“ и ги жртвуваше американските војници за ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска Унгарија ќе ги презентира доказите собрани во текот на викендот во врска со состојбата на украинскиот дел од нафтоводот „Дружба“. Во објава на Фејсбук, Орбан напиша дека пристигнале вредни информации. Во друга објава, дадена за време на обиколката на рафинеријата на Дунав, тој рече дека унгарската Влада нема да дозволи цените на бензинот да пораснат на 1.000 форинти и дека ќе ја прекине ...

За помалку од два месеци, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп елиминираше двајца од најблиските сојузници на Пекинг, загрозувајќи го снабдувањето со нафта на Кина. Откако американските сили го уапсија венецуелскиот претседател Николас Мадуро во јануари, сега е убиен врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи. Овие две воени акции не само што ја лишија Кина од нејзините стратешки партнери во Јужна Америка и Блискиот Исток, ...

Одделението за внатреши работи Кочани информира дека врска со трагичниот настан – пожарот во Кабаре – Клуб „Пулс“ во Кочани, случен на 16 март 2025 година, од денеска (02.03.2026 година) започнува постапката за враќање на личните предмети пронајдени на местото на настанот. – Се известуваат сите повредени лица, блиски членови на семејствата на починатите, како и други лица – посетители за време на настанот, дека во периодот од 02.03.2026 ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре ќе го пречека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој ќе престојува во официјална посета. Генералниот секретар ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба и пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО. Во рамки на програмата, предвидена е и заедничка прес-конференција со ...

Македонија, како членка на НАТО и стратешки партнер на САД, останува цврсто посветена на принципите на суверенитет и територијален интегритет. Во време на растечка неизвесност, неопходни се одговорност, координација со сојузниците и јасна определба за спречување на понатамошна ескалација, порачал премиерот Христијан Мицкоски во телефонски разговор со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан. Во ...

Соопштение на Левица: Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање на имот казниво по член 359-а од Кривичниот законик. Имено, Цвета Ристовска, спротивно на обврските од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси за пријавување на целосна и вистинита имотна состојба, која вклучува личен и имот на ...

Стотици илјади патници ширум светот останаа заглавени на аеродроми откако клучните воздушни центри на Блискиот Исток беа затворени по нападите на САД и Израел врз Иран. Хаосот во глобалниот воздушен сообраќај продолжи и во понеделникот, со нови стотици откажани летови и неизвесност за тоа кога ситуацијата ќе се нормализира. Според податоците на платформите за следење на летови, во саботата биле откажани речиси 2.800 летови, во неделата ...

Цената на американската сурова нафта синоќа се зголеми за дури осум проценти, на околу 72 долари за барел, а подоцна се стабилизираше на 71 долар. Суровата нафта Брент, која служи како глобален репер, првично скокна за повеќе од 12 проценти на околу 82 долари, но подоцна се сведе под 78 долари. Цената на нафтата Брент во петокот изнесуваше малку повеќе од 73 долари за барел, пишува Си-Ен-Ен. Истовремено, берзанските индекси забележаа пад. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во заедничките американско-израелски напади во саботата се убиени потенцијални наследници на врховниот лидер на Иран. Неговите коментари, дадени за Еј-Би-Си Њуз (ABC News) доаѓаат во време на неизвесност околу транзицијата на власта во Иран по смртта на ајатолахот Али Хамнеи. Во разговор со новинарот Џонатан Карл, Трамп тврдеше дека нападот бил исклучително успешен. „Нападот беше толку ...

Мохамед Раад, лидерот на парламентарното крило на Хезболах, наводно е убиен во напад на Израелските одбранбени сили (ИДФ) врз цели во Либан, објавија утрово саудиските телевизиски станици „Ал-Арабија“ и „Ал-Хадат“. Либанскиот претседател Џозеф Аун изјави дека лансирањето ракети кон Израел им штети на напорите за поштедување на Либан од регионален конфликт, а дописниците на „Ал-Арабија“ објавија дека сите училишта и образовни институции во ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
81%
1013
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
65%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 7ᴼ
2.57
54%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
55%
1017
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
2.3
90%
1018
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
4.63
77%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
3.6
73%
1013
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
58%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
5.14
75%
1017
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
2.57
45%
1016
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Бакар

10.65

Паладиум

44753.84

Цинк

0.00

Калај

43.91

Платина

61858.04

Злато

144593.23

Родиум

358480.82

Кобалт

3.86

Сребро

2179.44

Алуминиум

3.19

Рутениум

56199.51

Иридиум

258288.78