Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава по брза постапка против К.Ш., на работно место полицаец во ПС ОН Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена должност и овластување” по член 353 од КЗ и од страна на судија за претходна постапка му се одредени мерки на претпазливост. Пријавениот К.Ш. на 11.04.2026 ...

На 13.04.2026 во 21:25 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 35-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот и се заканувал на неговата 32-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 13.04.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје ...

По повод отпочнувањето на активностите за вежбата „БЛЕСОК 26″ (Б-26), која ќе се изведува на повеќе локации во државата во периодот од 19 до 27 април 2026 година, денес во Генералштабот на Армијата се одржа брифинг за претставниците на медиумите. На брифингот присуствуваа: началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, командантот на Командата за операции (КО) бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, директорот на вежбата ...

Пишува: Јове КЕКЕНОВСКИ Во јавноста деновиве се појавија низа политички реакции и анализи поврзани со изборните случувања во Унгарија и поразот на Виктор Орбан, во кои овие настани не само што се ставаат во директен контекст со пошироката балканска политичка сцена, туку и без задршка се проектираат врз македонската. Во тие политички нарации се наметнува тезата дека промените во Будимпешта ќе предизвикаат непосредни политички последици во ...

Научниците се обидуваат да го разјаснат необичниот природен феномен на изолираниот вулкански остров Санта Барбара во Бразил, каде што едно стадо кози успеало не само да преживее, туку и да се размножува повеќе од два века, иако на целиот остров не постои извор на слатка вода. Ова откритие, според истражувачите, би можело значително да го промени разбирањето за границите на адаптација кај живите организми во екстремни климатски услови. Се ...

Соопштение на Левица: Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, демонстрира недозволиво ниво на ароганција и неодговорност, сега обвинувајќи ги вработените во ЈСП Скопје дека со своите тужби го ʼблокираатʼ претпријатието. Со тоа, Ѓорѓиевски не само што ги дискредитира работниците кои се принудени по судски пат да ги бараат своите загарантирани права, туку директно ја префрла вината за катастрофалната состојба во ЈСП врз оние што се ...

Стотици летови се откажани во Германија поради штрајкот на пилотите на авиокомпанијата „Луфтханза“, свикан поради несогласувањата со раководството на компанијата околу висината на платите и пензиската шема. Од почетокот на штрајкот во понеделникот по полноќ досега се откажани повеќе од 1.100 полетувања и слетувања на аеродромот во Франкфурт, кој е главен оперативен центар на „Луфтханза“ и најголем аеродром во земјата. Во Минхен се ...

Лидерите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Групацијата на Светска банка (СБ) и Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) предупредија дека војната на Блискиот Исток има силно и нерамномерно влијание врз глобалната економија, особено погодувајќи ги земјите кои зависат од увозот на енергија. Заедничкото соопштение е објавено по состанокот во Вашингтон, одржан во рамките на координативната група формирана на почетокот на април, со цел ...

Канадскиот премиер Марк Карни обезбеди парламентарно мнозинство за својата либерална влада на предвремените избори во Онтарио и Квебек, што ќе му даде 172 места во Долниот дом, кој има вкупно 343 места. Карни рече дека мнозинството во парламентот ќе му помогне поефикасно да се справи со трговската војна со Соединетите Американски Држави, која ја започна американскиот претседател Доналд Трамп, објавува Си-Би-Ес Њуз. Мнозинската влада му ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Кина во дводневна официјална посета, за време на која двете страни ќе ги координираат своите ставови, како што соопшти Пекинг, за актуелните меѓународни прашања. Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и неговиот руски колега ќе „ги координираат своите ставови за развојот на билатералните односи, соработката во различни области, како и за меѓународните и регионалните ...

Трет танкер поврзан со Иран влезе во Персискиот Залив преку Ормуската Теснина денеска, првиот ден од целосната блокада на бродовите што влегуваат во иранските пристаништа од страна на САД, покажаа податоците за превозот. Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја објави блокадата во неделата откако мировните разговори за време на викендот во Исламабад меѓу САД и Иран не доведоа до договор. Бидејќи трите брода што поминаа низ Ормуската Теснина ...

Најмалку седум лица, меѓу кои и ученици, се повредени кога вооружен маж денеска отворил оган во средно училиште во југоисточна Турција – јавија локалните медиуми. Мотивот за пукањето засега не е познат, пренесе ДПА. Неидентификуван напаѓач рано утрово со пушка влегол во училиштето во областа Сиверек, во провинцијата Шанлиурфа, и почнал да пука по случаен избор, јави новинската агенција „Демирорен“. Осомничениот се крие во училиштето и ...

Во текот на изминатиот продолжен викенд (10/11/12/13.04.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1303 издадени платни налози, 488 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 57 лица, од кои шест за возење под ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од селото Корешница, општина Демир Капија, за кои постои основано сомнение дека биле соизвршители во кривично дело – Грабнување согласно член 141 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата осомничени, на 12 април, заедно извршиле грабнување на лице со намера да го присилат да сними изјава со ...

На 13.04.2026 во 13:45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.И.(57) од Скопје поради тоа што околу 10:00 часот пред домот на Д.Б.(27) од Скопје упатувал вербални закани кон него и неговата мајка, а потоа се заканувал и со пиштол. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 13.04.2026 во 13:45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба ...

Владата го усвои Интегрираниот национален план за енергија и клима 2025–2030 – стратешки документ што ја поставува државата на јасна патека кон енергетска трансформација, одржлив развој и целосно усогласување со европските политики. Планот, изработен по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, претставува клучен инструмент за модернизација на енергетскиот сектор и исполнување на обврските од Енергетската ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска очекува да го добие извештајот од страна на институциите, кој треба да се изанализира, а потоа од страна на Владата ќе се дадат конкретни мерки, со кои ќе се заштити стандардот на граѓаните и да не зголемуваат цените на прехранбените производи. – Очекувам да го добијам извештајот и да го изанализираме овие денови и откако ќе го анализираме многу внимателно, тогаш ќе излеземе со одредени мерки. Сакаме ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,73% во однос на одлуката од 6.4.2026 година. Од 15.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар) Моторен бензин ...

Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска во скопската населба Аеродром, на булевар „Србија“, каде патничко возило марка „Ауди А5“ излетало од коловозот и се забило во дрво на средишниот дел од булеварот дознава 24инфо. Bu gönderiyi Instagram'da gör 24 info (@24info.mk)'in paylaştığı bir gönderi Според првичните информации, ударот бил силен, а возилото завршило во зеленилото што го дели булеварот. Засега нема официјални информации за ...

Во изминатите 20 месеци Царинската управа ги бележи најдобрите резултати во своето постоење. Остварени се највисоки приходи досега, што е јасен показател дека институцијата функционира поефикасно, поорганизирано и со поголема одговорност, нагласи премиерот Христијан Мицкоски на денешниот настан во Филхармонија по повод одбележување 34 години постоење на Царинската управа. -Денес одбележуваме 34 години од постоењето на Царинската управа – ...

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска пред Судот рече дека ја разбира содржината и не го признава делото и не се чувствува виновна за кривичното дело за кое се товари – оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. – Сметам дека не сум сторила ништо за што сум обвинета – изјави Димитровска. Димитровска, при произнесување пред Судот, рече дека сега е вработена ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека прашањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски не е во надлежност на македонските институции, туку на властите во Унгарија. Според него, постапката за екстрадиција веќе била иницирана пред неколку години, но без резултат. „Како што сум запознаен, екстрадиција е побарана уште во 2018 година, а е одбиена во 2019 година. За дополнителни информации треба да се ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција отвори серија клучни прашања за иднината на поранешниот премиер Никола Груевски, во контекст на најновите политички случувања во Унгарија и промената на власта во Будимпешта. Филипче посочи дека по години престој во Унгарија, каде што Груевски доби политички азил, сега се поставува прашањето што ќе биде неговиот следен чекор. „Се поставува прашањето што ќе прави Никола ...

Биографската книга „Фудбал под сенка”, посветена на легендарниот македонски фудбалер Васил Рингов, во авторство на новинарот Срѓан Ивановиќ, ќе биде промовирана на 17 април (петок), во книжарницата „Литература.мк” во „Дајмонд мол”, со почеток во 20 часот. Книгата излегува постхумно, неколку месеци по смртта на Рингов, кој активно беше вклучен во нејзиното создавање. Денот на промоцијата, пак, се поклопува со датумот на неговото раѓање. ...

Во среда со почеток во 12 часот, на ул. Македонија во Скопје, ќе се одржи настанот „Центарски улици 4 – Светски ден на уметноста”. Настанот ќе ја претвори улицата во жива сцена на отворено со учество на улични живи статуи од продукцијата Театроск, ликовни уметници (студенти од Универзитетот АУЕ – ФОН) кои ќе создаваат дела во живо, улични шоуа, DJ и музички настапи. Главната цел е да се создаде простор за млади уметници со цел да ја ...

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го привлече вниманието на јавноста, овојпат со невообичаен потег во самата Белата куќа. Наместо вообичаениот протокол, Трамп нарача храна од познат синџир за брза храна и лично ја пречека доставата на влезната врата, претворајќи ја секојдневната ситуација во политички настан. Она што започна како обична нарачка брзо прерасна во импровизирана прес-конференција. Трамп ја покани доставувачката, ...

Синовите на Бритни Спирс, 20-годишниот Шон Престон и 19-годишниот Џејден Џејмс, одиграле клучна улога во нејзината одлука да побара стручна помош, откако поп ѕвездата викендов доброволно се пријавила во установа за рехабилитација. Според информации на магазинот People, токму нејзините синови биле тие кои најсилно инсистирале пејачката да започне лекување, загрижени за нејзината состојба по серијата настани во изминатиот период. Одлуката ...

Се подготвувате за брак и ги одбројувате деновите до венчавката? Возбудата е на врвот, но пред да го изговорите судбоносното „да“, важно е да ги тргнете „розовите очила“ и реално да го погледнете партнерот. Адвокатот за разводи James J. Sexton предупредува на два сериозни сигнали за тревога кои не смеат да се игнорираат: злоупотреба на супстанци и неспособност за искрено извинување. Според него, зависностите често кријат подлабоки ...

Во најновото издание на емисијата „Планетите зборуваат“ на 4TV.mk, астрологот Наташа Јанковска детално ја објасни улогата на планетата Меркур во наталната карта и неговото значење за разбирање на човечкиот ум, комуникацијата и секојдневното однесување. Меркур, како една од „светлите планети“ и најблиска до Сонцето, во астрологијата го симболизира интелектот, размислувањето и начинот на кој ја перципираме реалноста. Според Јанковска, токму ...

Обединетите нации соопштија дека кризата во Ормуската Теснина може да предизвика глобална катастрофа во земјоделството. Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) предупреди дека продолжената криза во Ормуската Теснина би можела да предизвика глобална катастрофа во земјоделството поради прекини во извозот на ѓубрива и енергија, зголемување на цените на храната и намалени приноси на културите, јави Скај Њуз. Во соопштението се ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1016
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
5.14
45%
1015
weather icon

Загреб

16ᴼ / 15ᴼ
2.57
85%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 18ᴼ
1.03
40%
1017
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
4.28
56%
1015
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 18ᴼ
1.34
54%
1012
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
4.63
56%
1018
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
37%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
59%
1018
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
3.6
39%
1016
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
5.66
54%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
48%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0157

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Сребро

2534.46

Бакар

12.46

Калај

52.70

Кобалт

45.39

Платина

66744.95

Паладиум

49351.40

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Родиум

319899.93

Алуминиум

3.53

Рутениум

51376.89

Злато

152465.86