Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Лишени се од слобода седум возачи при полициска контрола на териротија на целата држава. Шест од нив управувале со возилото без дозвола а еден со нерегистрирано возило. Двајца возачи во Прилеп и по еден во Тетово, Куманово, Неготино и Битола управувале возило без возачка дозвола. Додека, еден возач во Тетово управувал нерегистриран мопед. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите ...
Македонската кошаркарска репрезентација денеска ги продолжува натпреварите за Евробаскет 2029, а нов противник е селекцијата на Луксембург. Ова воедно е почеток за новиот селектор на клупата на македонската репрезентација Шпанецот Жозеп Мариа Берокал. Ова е дуел од третото коло од групата А, а македонскиот состав има две победи во првите две кола против Азербејџан (дома) и Република Ирска (гости). Денешниот противник Луксембург исто така ...
Екипата на тетовска Шкендија го заврши настапот во УЕФА Конференциската лига, откако во 1/16 финалето синоќа беше елиминирана од турската екипа Самсунспор. Во реваншот вчера резултатот беше 4:0 за турскиот претставник. – Прво да му честитам на противникот за пласманот во следната рунда, мислам дека го заслужија тоа во двата натпревара. За натпреварот бевме многу добри во првото полувреме, потоа еден случаен пенал и заморот си го направија ...
Лишено е од слобода 18 – годишно лице М.Р од с. Палатица. Се сомничи дека во повеќе наврати испраќал електронски пораки на повеќе образовни институции во Тетово дека во институциите има поставено експлозивни направи. По преземени мерки и извршени проверки е констатирано дека сите дојави за поставени бомби биле лажни. Полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи во ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Гордан Грлиќ Радман, министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска, кој престојува во официјална посета на земјава. Обајцата го потврдија цврстото македонско-хрватско пријателство коешто двете земји го негуваат повеќе од 3 децении, втемелено на взаемна почит и разбирање и реализирано низ политички дијалог и конструктивна соработка. Претседателката искажа искрена ...
*Прилагодена за ефектот на вреднување на залихите ОКТА АД – Скопје Годишни резултати за 2025 година Во 2025 година, глобалниот пазар на деривати беше обликуван од геополитичка несигурност и еволуирачки енергетски политики, што резултираше со повремена нестабилност на цените. Ризиците по снабдувањето поврзани со регионалните конфликти и нестабилните трговски рути беа делумно компензирани со зголемено производство од главните извозници, ...
Објавен е оглас за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници од страна на министерството за транспорт. 100 автобуси се наменети за град Скопје, а останатите 50 за општините. Најповолниот понудувач има обврска да произведе и да испорача 30 автобуси во рок од 6 месеци, 60 автобуси во рок од 12 месеци, а 60 автобуси во рок од 18 месеци. Рокот за доставување на потребната документација e до 30 март 2026 година. Според ...
Општина Центар објави Јавен повик за реализација на проектот „Светски ден на поезијата”, со цел достојно одбележување на 21 Март, денот кога ширум светот се слави поетскиот збор. Настанот има за цел да ја афирмира македонската поезија, да ја истакне нејзината вредност и да го потврди безвременскиот карактер на делата на македонските поети. Во рамките на проектот се предидени содржини што ќе го спојат поетскиот израз со соодветна музичка ...
Градоначалникот на Град Скопје денеска оствари средба со вршителката на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија, Н.Е. Никол Варнс. На средбата беше изразена подготвеност за продлабочување на досегашната соработка, со посебен акцент на борбата против корупцијата, унапредувањето на демократските процеси и зајакнувањето на учеството на граѓаните во локалната самоуправа. Градоначалникот ги ...
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се зголемуваат за два денара по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,17 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ ...
Министерствто за транспорт објави Јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници. Согласно планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а останатите 50 за општините. Согласно критериумите во Јавниот повик, најповолниот понудувач има обврска да произведе и да ги испорача автобусите во следните рокови: 30 автобуси во рок од 6 месеци 60 автобуси во рок од 12 месеци 60 автобуси во рок од 18 месеци ...
Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и Хелсиншкиот Комитет за човекови права информираат дека Европскиот суд за човекови права вчера донесе одлука по пат на унилатерална декларација во предметот Фитим Муслиу против Северна Македонија, поднесена на 30 август 2022 година. Предметот се однесува на настан од 3 август 2020 година, кога осудено лице било физички нападнато и тепано од припадник на затворската полиција пред кантината ...
Албанскиот претседател Барам Бегај, заедно со македонската претседателка Силјановска – Давкова порачаа дека Македонија и Албанија имаат одлични билатерални односи и соработка. Велат дека меѓу двете земји нема отворени прашања, што е дополнителен импулс во унапредувањето на соработката. Одличните пријателски односи се градат само врз меѓусебна почит, доверба, партнерство и заедничка визија за европската иднина. Членството во ЕУ не е само ...
Дуелот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити е најатрактивната двојка од осминафиналето од денешното извлекување во Лигата на шампионите што се одржа во седиштето на УЕФА во Нион. Бранителот на трофејот ПСЖ за противник го доби премиерлигашот Челзи, додека Барселона за ривал го доби тимот од Премиер лигата Њукасл. Изненадувањето норвешкиот првак Бодо/Глимит за ривал го доби Спортинг, додека Галатасарај по триумфот над Јувентус ќе игра против ...
Општина Илинден продолжува со засилени активности за чистење и редовно одржување на каналската мрежа и речните корита на својата територија, со цел зголемување на проточноста и намалување на ризикот од поплави. Во изминатиот период беше реализирано чистење на коритото на Сува Река, на потегот од вливот на „Бучинско езеро“ до излезот од населеното место Бучинци, во должина од 850 метри. Дополнително, извршено е чистење на сисавецот на ...
Одборот на директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри нов четиригодишен продолжен финансиски аранжман за Украина вреден 8,1 милијарда долари, соопшти премиерката на Украина, Јулија Свириденко. Првата транша од околу 1,5 милијарди долари ќе пристигне во Украина во блиска иднина. Средствата ќе ги искористиме за финансирање на буџетскиот дефицит и поддршка на макрофинансиската стабилност – рече Свириденко, пренесува Укринформ. ...
На 26.02.2026 во 20:00 часот во СВР Велес, 48-годишен кумановец пријави дека бил измамен за сума од 43.750 евра. Според пријавеното, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на крипто валута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во крипто менувачница во Велес да ги уплати парите, а за возврат да му се исплатат крипто средства. Пријавителот ги предал парите на лице вработено во ...
На 26.02.2026 во 22:40 часот во СВР Тетово, Ќ.И.(78) од с.Стримница, тетовско, пријави дека во селото било одземено патничко моторно возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, кое е сопственост на друго лице, а тој го користел и кое било паркирано и оставено со клуч на бравата. Според пријавеното, лицето кое го одзело возилото, движејќи се кон с.Палатица предизвикало сообраќајна незгода, односно удрило во објект на маркет и ...
На 26.02.2026 во СВР Скопје, Д.А. од с.Долно Лисиче, скопско, пријави дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал истрел, а потоа пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило стаклото од балконот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка. На 26.02.2026 во СВР Скопје, Д.А. од с.Долно Лисиче, скопско, пријави дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал ...
Северна Македонија станува дел од „Плазма – Спортските аматерски игри за деца“, кои во изминатите години обединија повеќе од два и пол милиона деца од неколку држави. Најдобрите ќе бидат дел од финалните натпревари што ќе се одржат во август годинава во Сплит. Иницијативата трае веќе 27 години, а во неа вклучени се деца од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и од Словенија. Целта е да се почувствува вистинската вредност на спортот и ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со комесарот за внатрешни работи и миграција на Европската унија, Магнус Брунер, на која беше потврдена силната посветеност на Република Северна Македонија кон евроинтегративниот процес и понатамошното усогласување со европските стандарди во областите правда, слобода и безбедност. На средбата министерот Тошковски изрази благодарност за континуираната експертска и ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за втор мерен период за учебната 2025/2026 година. Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: -за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, -за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, -за третиот мерен ...
Нема потреба законот да се повлече затоа што секое повлекување и одложување на ова законско решение е на штета на високото образование во земјата, а тоа значи на штета на студентите и на младите луѓе и, генерално, на целата држава – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање дали предложениеот закон за високо образование ќе се повлече за доработка. Како што рече, нема толку многу ...
„Денес читаме наслов: 35-годишната жена чие убиство со поврзува со потенцијалниот сериски убиец, била следена од него и тоа било пријавено во полиција. Ова е наслов кој не смее да биде само уште една вест што ќе ја заборавиме утре. До кога ќе се молчи? Колку жртви треба да изброиме за некој да преземе одговорност?”, прашува во својата изјава за медиумите претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското ...
National Geographic, во својата престижна годишна листа на најавтентични светски дестинации „Best of the World 2026“ го избра и Црноморскиот регион на Туркије, кој се протега долж северното крајбрежје на земјата. Оваа област, позната по бујните пејзажи и свежиот воздух, како особено атрактивна се смета во зима, а за туристите се препорачуваат неколку впечатливи рути. Орду и Гиресун се први дестинации во регионот прекриени со богата снежна ...
„Нова студија открива дека менталната острина може да направи значајна разлика во тоа колку задачи ќе завршиме во текот на денот – дури еквивалент на дополнителни 40 минути работа“, пренесува РТС. Истражувањето е спроведено од тим од Универзитетот Торонто Скарборо во Канада, кој утврдил дека во денови кога когнитивните способности се на врв, луѓето успеваат да реализираат значително повеќе обврски. Тоа, според научниците, објаснува зошто ...
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години. Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне ...
Американскиот федерален судија Ричард Леон го одби барањето на група за зачувување на културното наследство за привремено запирање на изградбата на сала за бал вреден 400 милиони долари, откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го урна источното крило на Белата куќа. Судијата Леон оцени дека Националниот фонд за зачувување на културното наследство веројатно нема да успее во тужбата, истакнувајќи дека групата го ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан го обвини претседателот на Украина, Володимир Зеленски, дека и понатаму не ги обновува испораките на нафта преку нафтоводот „Дружба“, со што ја загрозува енергетската безбедност на Унгарија. Испораките на нафта мора веднаш да продолжат! Знаеме дека нафтоводот е оперативен. Знаеме дека испораките на нафта за Унгарија не се продолжени поради политичка одлука на претседателот Зеленски, напиша Орбан на Х. Тој ...
Потпретседателот на САД Џеј Ди Венс изјави дека „нема шанси“ евентуалните американски воени напади врз Иран да доведат до повеќегодишна војна на Блискиот Исток. Во интервју за „Вашингтон Пост“, Венс рече дека претседателот на САД, Доналд Трамп, ги разгледува опциите – од воени напади за да се спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје, до дипломатско решение, но дека САД нема да влезат во повеќегодишен конфликт. – Идејата дека со години ќе ...