Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Во рамки на посетата на Соединетите Американски Држави и стратешкиот дијалог меѓу двете земји, министерот за одбрана Владо Мисајловски оствари значајни средби во американскиот Пентагон. Министерот Мисајловски се сретна со помошникот секретар за меѓународни безбедносни прашања, Даниел Зимерман, при што беше потврдено дека стратешкото партнерство и билатералната соработка во областа на одбраната се на исклучително високо ниво. На средбата ...
Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика сабота е исполнета со исчекување на благодатта на Неговото Воскресение. Смртта на Господ веќе ги воскреснала упокоените праведници во Ерусалим кои им се јавиле на мнозина, а први што трепереле пред можноста да се објави како воскреснат биле непријателите Негови (првосвештениците и фарисеите што побарале да биде убиен). Побарана е стража од римски војници да Му го ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Ден Велигден 12 април 2026, територијата на Македонија ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ. Во ваква ситуација за овој најголем Христијански празник Воскресение Христово Велигден ќе имаме сончево време и релативно топло со пролетни температури на воздухот. Ќе има и појава на умерена локална облачност во текот на денот а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен ...
Земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Делчево – Берово, 120 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.1, е регистриран ноќеска во 00:22 минути од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. – Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III-IV ...
Во пресрет на велигденските празници, лекарите апелираат граѓаните да бидат особено внимателни при подготовката и консумирањето на храната, бидејќи токму во овој период традиционално се зголемува бројот на цревни инфекции и труења со храна. По завршувањето на велигденските пости, трпезите се полнат со разновидна и често потешка храна, која се подготвува во големи количини и се консумира со денови. Според лекарите, токму неправилното ...
Годинава, празничната атмосфера пред Велигден не ја следи иста еуфорија на пазарите. Иако тезгите се полни, а понудата разновидна, купувачите се воздржани – најчесто купуваат минимално или само разгледуваат, правејќи внимателни пресметки пред секој трошок. Цените на основните прехранбени производи достигнаа ниво кое за многумина е тешко достапно. Јагнешкото месо, традиционален симбол на празничната трпеза, годинава достигнува и до 700 ...
По средбата меѓу директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и градоначалникот Петар Јанков беше соопштено дека се планира имплементација на проектот во Струмица до крајот на годината. Тоа значи дека Струмица засега е во фаза на најава, а не на веќе активен систем. Во моментов „Безбеден град“ официјално е пуштен во работа во три града, Скопје, Куманово и Тетово, како и на коридорите 8 и 10, од каде МВР веќе ги бележи првите ...
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со слаб до умерен променлив ветер, T=16°C. P=980hPa. U=58%. V=2m/s. Утре и во понеделник ќе преовладува стабилно време. Од вторник следува период на променливо ...
Утринава во земјава се измерени ниски температури, при што најстудено било на Попова Шапка со -2 степени. Во Берово и Маврови Анови се измерени 2 степени, во Крива Паланка и Крушево 3, додека во Виница и Лазарополе 4 степени. Повисоки утрински температури се регистрирани во Претор, Штип и Куманово со 6 степени, додека во Тетово, Охрид, Битола, Прилеп и Струмица се измерени 7 степени. Во Скопје, Велес и Кавадарци утринската температура ...
Пишува: Мирослав Трлин дипломиран економист во пензија Во времето во кое живееме често се отвора прашањето дали верата и државата се спротивставени поими или пак две различни, но неопходни димензии на човечкото живеење. Некои ги гледаат како конкуренти, други како одвоени светови, а всушност искуството на човештвото покажува дека тие долго време опстојуваат една покрај друга и дека, барем во догледната иднина, ќе продолжат да го делат ...
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека одлуката на Комитетот за човекови права при Обединетите нации, со која се утврдува дека Бугарија ја прекршила слободата на здружување, тешко дека ќе има суштинско влијание врз официјална Софија без посилен меѓународен притисок. „Јас не очекувам дека ќе има ефект врз политиката кај нашиот источен сосед, освен ако не се вклучи силна, робусна акција од Брисел“, изјави Мицкоски. Тој посочи дека, според ...
Балканскиот рис (Lynx lynx balcanicus) по подолг период повторно е фотографиран во Националниот парк „Шебеник” од страна на вработените во Управата за заштитени подрачја во Елбасан. Националната агенција за заштитени подрачја објави дека преку поставените камери, идентификација на траги на терен и континуирани набљудувања од страна на специјалисти, било можно да се фотографира и документира, со што се потврдува неговото присуство во ...
На 09.04.2026 во 13:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на приватна фирма на подрачјето на Бит Пазар е пронајден починат А.С.(65) од Скопје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и во разговор со нив вработениот Б.С.(28) од Скопје изјавил дека А.С. дошол во објектот да ги посети. Според пријавеното, откако вработениот се качил службено на петтиот кат од објектот го известил А.С. ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, од кои по четворица управувале возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол, еден во спротивна насока и еден и покрај тоа што имал активна забрана. Две лица во Тетово возеле без возачка дозвола, а по еден во Кратово и Кочани. По еден возач во Куманово, Свети Николе, Прилеп и ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ш.(61) од с.Студеничани, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење на скици или цртежи на воени објекти и борбени средства”. На 17.02.2025, пријавениот како возач на автобус од фирма со која Министерството за одбрана имало склучено договор за организиран меѓугарнизонски превоз, во кругот на касарната во Тетово направил ...
Во пресрет на велигденските празници, Општина Центар реализираше хуманитарна акција и подели пакети со основни прехранбени производи на семејства во социјален ризик на својата територија. Ваквата поддршка не е еднократна, туку дел од континуираните активности на општината, која и во изминатите години редовно обезбедува помош за граѓаните на кои им е најпотребна, особено во пресрет на поголемите празници. Акцијата има за цел да обезбеди ...
Членките на НАТО немаат обврска да им помогнат на САД и Израел во војната со Иран, изјави турскиот министер за трговија Омер Болат откако американскиот претседател Доналд Трамп им даде ултиматум на сојузниците да најдат решение за повторно отворање на Ормускиот теснец во рок од неколку дена, објави „Јуроњуз“. Болат, во интервју за „Јуроњуз“, ја нагласи одбранбената природа на Алијансата. „НАТО е првенствено присутен како сила за одвраќање ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува дека од вторник следува период на претежно облачно време со врнежи од дожд. Во вторник се очекува врнежите да бидат претежно во западните и северните делови. Во среда и четврток облачно со слаби врнежи од дожд насекаде, кои ќе бидат пообилни во четврток. До четврток ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и вторник ќе биде засилен, повремено силен и ќе достигне брзина од 50 km/h. ...
Поранешниот премиер Димитар Ковачевски упати сериозни критики за состојбата со загадувањето и управувањето со отпад во земјата, оценувајќи дека институциите и политичките чинители мора да покажат поголема одговорност и посветеност. „Одредена работа ќе биде завршена толку колку што ќе вложите труд во неа. Ако не вложувате труд, ако не сте посветени, нема да биде завршена. Така е со се во животот“, истакна Ковачевски, додавајќи дека и ...
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, отвори сериозно прашање за вистинската состојба со продуктоводот на ОКТА, посочувајќи дека Владата на Христијан Мицкоски предвреме го претставила во јавноста дека функционира, иако, според него, системот во реалноста не работи поради сериозни технички проблеми. „Беа направени сите припреми за пуштање на нафтоводот кој, во меѓувреме, оваа Влада најави дека е пуштен, но во реалноста не е пуштен, во ...
Некои луѓе живеат со „креативен неред“, но други не можат да поднесат ни најмала нечистотија. Во астрологијата постојат знаци на кои уредноста им е речиси животна филозофија и најдобро се чувствуваат во чист и организиран простор. Девица е позната по перфекционизмот и вниманието на детали. За неа чистиот дом значи и мирни мисли, па често има строги рутини и организација. Јарец сака ред, дисциплина и контрола. Домот му е функционален и ...
Астронаутите од мисијата „Артемис II“ денеска се враќаат на Земјата по историското десетдневно патување околу Месечината, означувајќи нова ера во американските вселенски мисии со човечки екипаж по повеќе од половина век. Капсулата „Орион“, во која се наоѓа четиричлениот екипаж, се очекува да слета во Тихиот океан во близина на брегот на Сан Диего. Според информациите од НАСА, слетувањето е предвидено за 20:07 часот по источноамеричко ...
По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” утре, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Утре (11.04.2025) во периодот од 18:00 часот па до завршувањето на манифестацијата по повод верскиот и државен празник „Воскресение Христово-Велигден”, во центарот на ...
Штрајкот на кабинскиот персонал во германската авиокомпанија „Луфтханза“ предизвика откажувања на летови и го наруши патувањето на илјадници патници низ Германија. Околу 20.000 стјуардеси и стјуарди денеска ја прекинаа работата на повик на синдикатот на кабинскиот персонал „УФО“, со цел да извршат притисок поради спорот околу колективниот договор во матичната компанија и нејзината регионална подружница „Луфтханза Сити Лајн“, објави ...
Нападите врз енергетските постројки во Саудиска Арабија го намалија капацитетот за производство на нафта за околу 600.000 барели дневно, а пропусниот капацитет на гасоводот Исток-Запад за околу 700.000 барели дневно, објавија државните саудиски медиуми, повикувајќи се на официјален извор во саудиското Министерство за енергетика. Од почетокот на американско-израелската војна со Иран, Саудиска Арабија беше нападната од стотици ирански ...
Првата дама на САД Меланија Трамп вчера негираше каква било поврзаност со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин и какво било знаење за неговите кривични дела, оценувајќи дека обвинувањата се „целосно невистинити“. Во изјава од Белата куќа, таа ги отфрли тврдењата на интернет дека на некаков начин била поврзана со Епстин, нарекувајќи ги „клевети“. – Лагите што ме поврзуваат со посрамотениот Џефри Епстин мора да завршат денеска. ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев ќе го почитува велигденското примирје, откако рускиот претседател Владимир Путин прогласи велигденско примирје. -Украина постојано изјавуваше дека е подготвена за реципрочни чекори. Предложивме прекин на огнот за време на велигденските празници оваа година и ќе дејствуваме соодветно, објави Зеленски на Телеграм. Тој нагласи дека на луѓето им е потребен Велигден без закани и ...
Србија може да загуби до 1,5 милијарди евра од фондовите на Европската Унија, бидејќи Европската комисија размислува за суспендирање на финансирањето поради пад на демократијата и блиските врски на Белград со Русија, пишува Политико. Иако не е членка на ЕУ, од почетокот на преговорите за пристапување во 2014 година, Србија има право на средства и грантови наменети за спроведување на реформите. „Се повеќе сме загрижени за тоа што се ...
Соопштение на Левица: Дека режимската десничарска влада на ДПМНЕ не познава основни човечки карактерни вредности како висок морал, транспарентност, отчетност, почит и сочувство, се покажа деновиве преку координиран личен напад врз земјоделците и сточарите кои протестираа и ги бараа правата кои им следуваат. Министерот за земјоделство во заминување, Цветан Трипуновски, во обид да му се додвори на премиерот Мицковски пред најавената ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Во текот на ноќта кон утрешниот ден Велика сабота 2026 и на Велика сабота 2026 од север над територијата на Македонија ќе поминува облачна воздушна маса која ќе донесе локални послаби врнежи од дожд особено во северните и во источните предели од Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Скопје и околината токму оваа облачна воздушна маса исто така ќе донесе слаби локални врнежи од ...