Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во вторник (3 март) ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија, соопштуваат од надлежните институции. Домаќин на посетата ќе биде претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а во рамки на агендата се предвидени и средби со премиерот Христијан Мицкоски, како и со претседателот на Собранието Африм Гаши. За време на престојот во земјава, генералниот секретар на НАТО ќе присуствува и на ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во поткастот на ТВ Сител ги истакнува инфраструктурните планови на Владата за изградба на нови експресни патишта за поквалитетно регионално поврзување. Тој во поткастот вели дека плановите опфаќаат изградба на нов експресен пат од Кочани до граница со Бугарија, нов експресен пат од Радовиш до Струмица и нова врска на Коридор 10 со Коридор Струма преку изградба на експресен пат од ...
Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија соопшти дека во оваа фаза нема надлежност да врши надзор над законитото постапување на јавните обвинители, посочувајќи дека таа улога, согласно законските одредби, ѝ припаѓа на повисокото јавно обвинителство. Реакцијата на Советот следува по јавната прозивка од министерот за правда Игор Филков, кој побара итно свикување седница за разгледување на постапувањето на обвинителите ...
Секторот за внатрешни работи Битола утрово информираше за нови случаи на телефонска измама во кои жртви се повозрасни граѓани, а измамниците повторно се претставувале како лекари. Според полицијата, 84-годишна битолчанка била измамена за 9.600 евра, откако вчера околу 16:00 часот добила телефонски повик од лице кое се претставило како доктор. Измамникот ѝ кажал дека нејзината ќерка наводно се здобила со сериозни скршеници и дека е ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Под влијание на Антициклон (поле на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса од југ) до недела 1 март 2026 во Македонија времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност а ветерот од северен и од северозападен правец значително ќе ја намали својата брзина и својот интензитет. Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат за неколку степени под нулата што значи ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Пратениците на тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ застана против работниците, одбија зголемување на минималната плата на 600 евра и не гласаа за Законот на СДСМ. Се потврди она што го говори СДСМ цело време. За ВМРО-ОКГ/ЗНАМ важни се само криминалните тендери и луксузирањето а работниците и граѓаните се неважни. Има пари за нивните 161 тендер за една фирма, за 51 тендер за друга, има пари за 74 тендери за ...
Соопштение за јавност на Левица: Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно. Директорот на истражниот затвор јавно соопшти дека нема поплаки, дека е извршен лекарски преглед и дека неговата безбедност е гарантирана. Само неколку часа подоцна, Министерството за внатрешни работи на чело со Панче Тошковски и Агенцијата за национална безбедност со Бојан Христовски, ...
Следната недела започнуваме со прва реконструкција на охридскиот аеродром, прва од неговата изградба. За овие година и половина поминавме тежок процес, но успеавме да го легализираме аеродромот. Во меѓувреме работиме на Договор со Саудиска Арабија во делот на ависоообраќајот и очекувам да воспоставиме директна линија меѓу двете земји, вели во поткастот на ТВ Сител, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. ” Веќе ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа милионскиот криминал на Груби се со цел да останат ден повеќе на власт и да не им се растури коалицијата со ДУИ. Милионски криминали и злоупотреби се случувале во Државна лотарија под покровителство на СДС и ДУИ. По апсењето на Артан Груби, СДС се во целосна конфузија и нервоза ...
25 години по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со републиканците во Претставничкиот дом. Тие се подготвуваат да сведочат во конгресната истрага за осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн. По месеци борба да избегнат сведочење во она што го нарекоа републикански заговор, тие се согласија да се придржуваат дури откако Претставничкиот дом се приближи до гласање за тоа дали да ...
Четири мажи на глисер регистриран во САД се убиени во кубански води, соопшти кубанското Министерство за внатрешни работи. Во соопштението на министерството се вели дека патниците на глисерот отвориле оган врз брод на крајбрежната стража кој им се приближувал. Во инцидентот, кој се случил во близина на остров на северниот брег на Куба, повредени се уште шест лица, пишува Би-Би-Си . Во соопштение објавено преку кубанската амбасада во САД, ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово во авионот на пат за Казахстан изјави дека состојбата на министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ е „нешто подобра“, откако го посети утрово. „Го посетив Ивица утрово. Лекарите велат дека неговата состојба е малку подобра. Верувам во него, а сега се упатувам кон Казахстан за одлични резултати за нашата Србија“, напиша претседателот на својот Инстаграм профил. Тој додаде дека закрепнувањето на ...
Пред дваесет и две години на 26 февруари во Ротимље близу Мостар во авионска несреќа животот го загубија поранешниот претседател Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски денеска ќе биде одбележана во Скопје, во неговата родна Струмица и во Ротимље. Членови на семејствата, државни и други делегации ќе положат цвеќе на гробот на Трајковски во Градските ...
Центарот за управување со кризи информира дека, според известување од ЕВН Македонија АД, поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, на 26 февруари 2026 година (четврток) ќе има привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија во повеќе делови од Скопје. Без струја во периодот од 04:00 до 08:00 часот ќе останат корисниците од следните населби: населбите Бутел и Север (Општина Бутел), Топанско Поле и дел од Чаир ...
Министерот за внатрешни работи на Србија и лидер на СПС, Ивица Дачиќ, се наоѓа во тешка здравствена состојба и е хоспитализиран на Клиниката за пулмологија во Клиничкиот центар на Србија, потврди доктор Спасоје Поповиќ, помошник-началник на клиниката. Според Поповиќ, Дачиќ моментално се лекува на одделението за интензивна нега, каде е приклучен на механичка вентилација и прима целосна медицинска терапија. „Тој е во многу сериозна ...
Немав поим која е таа, вели 83-годишен Британец кој учествувал во видеоспотот „Опалит“ на Тејлор Свифт. Бари Рејнолдс (83) од Кент учествува во спотот во кој настапуваат и повеќе познати личности, меѓу нив пејачот Луис Капалди и ирскиот актер Домнал Глисон. Тој изјавил дека неговите внуки биле „многу изненадени“ кога дознале дека ќе се појави во спотот, но признал дека во тој момент немал претстава за кого станува збор. Тој редовно ...
Хуго Пауел е првото бебе во Велика Британија родено од матка пресадена од починат донор. На мајката Грејс Бел ѝ била пресадена матка од починат донор во 2024 година. Хуго е роден во декември, со царски рез во болницата Квин Шарлотс енд Челзи (Queen Charlotte’s and Chelsea) во Лондон, со тежина од 3,1 килограм. Грејс е родена со реткиот МРКХ синдром, што значи дека нејзината матка не се развила. Таа го опишува раѓањето како „чудо“ и вели ...
Орада во бело вино е едноставно, медитеранско јадење со свеж и префинет вкус. Комбинацијата од сочна риба, ароматична мајчина душица, лимета и бело вино создава лесен, но богат оброк, идеален за семеен ручек или свечена трпеза. Потребни состојки: околу 1,8 кг орада (или друга морска риба) 1 главица кромид 3 лажици презла 3 лимони 2 дл бело вино 4–5 гранчиња мајчина душица сол и бибер по вкус маслиново масло Начин на подготовка: ...
Пазарот на трудот забрзано се менува под влијание на вештачката интелигенција, автоматизацијата, зелената транзиција и демографските поместувања. Додека дел од професиите тивко исчезнуваат, други бележат силен раст, особено таму каде што човечкиот фактор останува незаменлив. Според анализа на дневниот весник Д Телеграф (The Telegraph), која се однесува на состојбата во Велика Британија, трендовите се јасни: рутинските и административните ...
Секое работно место има своја единствена динамика, а односите со колегите понекогаш можат да бидат предизвик. Додека напорната работа и комуникацијата се клучни за успешна тимска работа, астрологијата нуди забавен увид во тоа зошто со некои луѓе е едноставно потешко да се сложувате. Ѕвездите можеби не ја одредуваат нашата судбина, но можат да откријат скриени тенденции што влијаат на нашата професионална средина и да ги направат некои ...
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс за „Фокс њуз“ изјави дека претседателот Доналд Трамп и понатаму преферира дипломатско решение со Иран. Тој додаде дека Трамп се надева дека Иранците сериозно ќе ги сфатат утрешните преговори. – Претседателот беше кристално јасен, колку што можеше да биде, дека Иран не може да има нуклеарно оружје … Ќе се обиде тоа да го постигне по дипломатски пат – посочи Венс. Утре во Женева ќе се одржи нова рунда ...
Бугарскиот сервис Радио Слободна Европа ќе престане со работа на 31 март поради прекин на финансирањето од САД, изјавија неименувани извори од Радиото. Тие додадоа дека активно работат на решение што „ќе ни овозможи да продолжиме да и служиме на нашата публика“. Директорката на романскиот сервис на Радио Слободна Европа, Елена Вијулие Танасе пред две недели на Фејсбук објави дека на 31 март ќе се затвори сервисот. Бугарија и Романија беа ...
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха денеска изјави дека повеќе од 1.700 Африканци се борат на страната на Русија. -Јасно гледаме дека Русија се обидува да ги вовлече африканските граѓани во оваа смртоносна војна. Според наши податоци, во моментот околу 1.780 Африканци се борат заедно со руската армија, посочи Сибиха на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Гана, Самуел Окуѕето Аблакава во ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска на Икс објави дека телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за утрешните преговори во Женева. Зеленски додаде дека на разговорот присуствувале и специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф и неговиот зет Џаред Кушнер. – Разговаравме за прашањата со кои нашите претставници ќе се занимаваат утре во Женева за време на билатералната средба, како и за подготовките за ...
Ивица Дачиќ, претседател на Социјалистичката партија на Србија и актуелен министер за внатрешни работи, е во сериозна здравствена состојба и итно е примен во болница, каде што е ставен на медицинска опрема, пренесуваат српските медиуми. Според информациите, неговата состојба нагло се влошила во изминатите неколку дена, а особено во последните часови. Како што објавува српскиот медиум Информер, на Дачиќ му била дијагностицирана билатерална ...
Швајцарската влада соопшти дека ќе им исплати по 56.000 долари на повредените и на семејствата на жртвите во пожарот што изби во бар во ски-центарот Кран-Монтана на новогодишната ноќ, при што загинаа 41 човек, а 115 беа повредени. Ова е финансиска помош за семејствата на жртвите и гест на сочувство, објави владата, додавајќи дека обесштетувањето се однесува на секое лице што починало или било хоспитализирано. Исто така, наведе дека ќе ...
Австралиската влада им нареди на членовите на семејствата на австралиските дипломати во Израел и Либан да ги напуштат овие две блискоисточни земји, наведувајќи ја влошената безбедносна ситуација во регионот, соопшти денеска Министерството за надворешни работи. Владата, исто така, понуди доброволно заминување на членовите на семејствата на австралиските дипломати во Обединетите Арапски Емирати, Јордан и Катар, соопшти официјалното ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека Кина планира да нарача до 120 авиони од Ербас. По средбата со кинескиот претседател Си Џјинпинг во Пекинг, Мерц откри дека договорот ќе биде значаен чекор во проширувањето на економските односи меѓу двете земји, објави „Шпигел“. „Кинеското раководство ќе нарача голем број дополнителни авиони од Ербас“, рече Мерц, додавајќи дека постои можност и за други договори со германски компании, ...
Полициски инспектор од полициската станица Камза, со уште две други лица, се уапсени на преминот „Мердаре“ при влез од Србија во Косово, со непријавени милион евра. – Дирекцијата за професионални стандарди во државната полиција веднаш го суспендираше инспекторот Аурел Казиу, откако косовската страна извести дека тој вчера бил уапсен заедно со уште две лица, откако се обидел да прошверцува еден милион евра непријавени, објави Дирекцијата. ...
Шеесетгодишен вработен во музичко училиште во Куманово, вознемирувал девојче од липковско. Полицијата го приведе. На 24.02.2026 во 14:55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(60) од Куманово. Тој се сомничи дека претходно во музичко училиште, каде што бил вработен, вознемирувал малолетничка од Липковско на тој начин што ја повикувал на средба со него. Како што додаваат од полицијата, тој е задржан во ...