Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Советот за регионална соработка (RCC), со поддршка на италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија (MAECI) и Министерството за внатрешни работи, а во партнерство со Владата на Северна Македонија, денеска и утре во Скопје ја организираат 10. Годишна регионална конференција за координација на безбедноста („Jumbo“). Одбележувајќи ја својата 10-годишнина, овогодишната безбедносна конференција ќе ги собере ...
Пишува: Проф. Д-р Иван Анастасовски Секој поединец и група станува посилна и се развива само ако успее да учи од сопствените порази, оти патувањето низ животот е поплочено како со победи, така и со порази. Факт е тоа, дека кога победуваме лично или групно, сите се со нас, сите не величаат и ни се восхитуваат и не доведуваат до состојба да ја губиме реалната слика или народски кажано „се што лета не се јаде“. Победите ни прават фатаморгана ...
Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ утре ќе престојува во официјална посета на Република Србија, каде што ќе учествува на конференцијата „Western Balkans 2030″, во организација на Европската инвестициска банка (ЕИБ). Во своето обраќање на конференцијата министерот Стоилковиќ ќе истакне дека е чест и задоволство да се обрати на настан посветен на клучни теми кои ја отсликуваат ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса од утре (среда 12 ноември) па се до крајот на оваа недела во нашата Република Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко а наутро ќе биде и значително поладно поради разведрувањето со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до околу или ...
Соопштение на СДСМ: Се потврди најлошото, ИПАРД 3 програмата е суспендирана поради корупцискиот мега скандал на власта. Земјоделците остануваат без потребната поддршка, поради корупција, партизација и неспособност на кадрите на ДПМНЕ. Суспендирањето на ИПАРД 3 програмата е тежок удар врз македонското земјоделство, врз илјадници земјоделци и компании кои веќе имаат склучени договори и реализираат инвестиции. Овој мега скандал е показател за ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска негираше дека средствата од ИПАРД се блокирани по апсењата за корупција во Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој потенцирајќи дека истрагата се продлабочува бидејќи има информации и за претходни злоупотреби на средства. – Не. Напротив. Поздравена е позитивната акција од страна на луѓето од Европската комисија, изјави премиерот Мицкоски, кој утрово беше во посета на фабриката Костал ...
Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за јавните набавки во здравствениот сектор во периодот од 2015 до 2024 година. Истражувањето Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку покажа дека: » Трошоците за јавни набавки во здравството во последните 10 години се зголемија два и пол пати, односно од 126 милиони евра во 2015 на повеќе од 315 милиони евра во 2024 година. Инфлаторните фактори не се доволни за да се ...
Без струја ќе бидат дел од корисниците во општините Центар, Зелениково и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК – Скопје. Според информации од ЕВН Македонија АД во периодот од 08:30 до 10:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Самоилова“ и „Јоаким Крчовски“, како и објектот на Музејот на Современа Уметност во општина Центар. Во периодот од 08:30 до 15:00 часот прекин во електрична енергија ќе има за корисниците од селата Зелениково, ...
Синот на починатиот либиски лидер Моамер ел-Гадафи, Ханибал Гадафи, беше ослободен од либански затвор по десет години поминати во притвор, потврдија денеска неговиот адвокат и судски извори. „Тој е ослободен“, изјави за ДПА Насиб Чедид, еден од неговите адвокати. Неговиот правен тим соопшти дека Ханибал бил ослободен со кауција од 900.000 американски долари и дека му е укината забраната за патување. Ослободувањето се случи неколку дена ...
Американскиот Сенат доцна синоќа го одобри законот за финансирање за да се стави крај на најдолгата блокада на владата во историјата на САД, а актот сега треба да се најде и во Долниот дом на Конгресот, јави ДПА. Шеесет сенатори гласаа за законот, додека 40 беа против. Со мерката американската Влада сега ќе се финансира до крајот на јануари. Гласањето означува политички пробив по 41-дневниот застој, што остави стотици илјади федерални ...
„Поврзување на Швајцарија и Северна Македонија: Деловен раст и партнерства“ е темата на деловниот форум што ќе се одржи денеска во Стопанската комора на Северна Македонија. Настанот има за цел да поттикне деловна размена, инвестиции и развој на нови партнерства меѓу швајцарските и македонските компании, преку размена на искуства, идеи и визии за иднината на двете економии. Воведни обраќања ќе имаат Бранко Азески, претседател на Стопанската ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а ...
Голем скандал ја потресе турската фудбалска сцена. Осум лица, меѓу кои и претседателот на прволигашот Ејупспор, Мурат Озкај, беа уапсени под сомнение за местење резултати на натпревари. Истовремено, Турската фудбалска федерација (ТФФ) суспендираше 1.024 фудбалери и отвори дисциплински истраги против нив. Ова следува откако минатата недела беа суспендирани и 149 фудбалски судии кои, според истрагата, активно се обложувале на натпревари. Од ...
Вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа на патот Горно Лисиче – Долно Лисиче, во која учествуваа две патнички возила со скопски регистарски ознаки. Според првичните информации, по судирот настанала значителна материјална штета, а едно лице било повредено и со возило на Брза помош било пренесено во болница. Полицијата е на местото на настанот и врши увид, а повеќе детали за причините за несреќата се очекуваат по завршувањето на истрагата. ...
По трогателната приказна која ја растажи јавноста – дека 12-годишниот Леон од Скопје, дете со аутизам, бил единствениот ученик кој не добил покана за роденденот на другарче од класот – следуваше чин што ја врати вербата во човечноста. Токму кога срцата на многумина се стегнаа од тага, една жена реши да направи нешто големо. Ирина Камилоска, трогната од ситуацијата, му приреди роденден што никогаш нема да го заборави. Во училиштето пристигнаа ...
Меркур, планетата на комуникацијата, интелектот и патувањето, од вчера 9 ноември, влезд во својата ретроградна фаза, носејќи турбуленции и предизвици за секој хороскопски знак. Последното ретроградно движење на оваа планета во 2025 година ќе трае до 29 ноември, но некои знаци ќе ги чувствуваат последиците уште три недели потоа, до 16 декември. Овен Овој ретрограден Меркур ќе ви предизвика носталгија – по омиленото место за одмор, или град ...
Продолжните кабли се практични, но честопати неправилно ги користиме, ставајќи се во опасност. Наместо да бидат привремено решение, во многу домаќинства тие станаа постојан извор на енергија за сè, од полначи до греалки. И тука настанува проблемот: некои уреди се небезбедни кога се вклучуваат во продолжен кабел, предизвикувајќи прегревање, кратки споеви или дури и пожари. Греалки и радијатори Ова е најчестата и најопасна грешка. Греалките ...
Сите зборуваат за погледот што Мис Израел Мелани Шираз наводно ѝ го упати на палестинската претставничка Надин Ајуб. Тие стоеја една до друга на церемонијата, а гледачите веднаш забележаа поглед за кој велат дека бил „ладен и непријателски“. Нејзиниот поглед го подели Интернетот Веднаш по церемонијата, Интернетот почна да пишува за „непријателскиот, ладен и злобен“ поглед за кој веруваат дека Шираз му го упатила на Ајуб. Девојките стоеја ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека е решен да воведе ред во главниот град и дека тоа подразбира изрекување казни за девијантните појави. По 72-часовна акција за чистење, досега се изречени над 40 казни, а процесот ќе продолжи сè додека проблемите не бидат целосно отстранети. „Граѓаните плаќале цел изминат период, но за жал, не ги добивале услугите. Моја цел ќе биде, без разлика од кого е предизвикан проблемот, да се ...
Од викендов, Раштак и Скопска Црна Гора се осветлени со новиот крст, висок 21 метар – симбол на верата, силата и духовното единство на нашиот народ. – Овој крст не е само железо и светлина, тој е вера што нè води, надеж што нè обединува и љубов кон Бога што блеска над целото Скопје. Нека светлината од овој крст ги осветлува нашите души, домовите и патиштата по кои чекориме секој ден – истакна градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан ...
Во точно 9 часот и 5 минути, низ цела Турција се слушна звукот на сирените во момент кој секоја година го обележува длабокото почитување кон човекот што ја создаде современата турска држава, Мустафа Кемал Ататурк. Денеска се навршуваат 87 години од неговата смрт, а 85 милиони Турци застанаа мирно и молчешкум му оддадоа почит на основачот на Републиката. Во тој миг, животот во земјата запре. Возилата на улиците на Истанбул, Анкара, Измир и ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка поради основано сомнение за вклученост на уште едно лице во дејствијата на – Тешка кражба од член 236 став 4 во врска со став 1 точка 1 од Кривичниот законик, извршена во кругот на фабриката „Железара“ во Скопје. Во текот на досегашната постапка се обезбедија докази кои даваат основано сомнение дека сега осомничениот, инаку вработен во МВР како полициски ...
Почина Рајко Шерифовиќ, музичар и татко на Марија Шерифовиќ. Рајко Шерифовиќ почина по кратко и тешко боледување. Последен пат Рајко се појави јавно на концертот на Марија Шерифовиќ во март оваа година. Рајко го гледаше концертот на својата ќерка од првиот ред, а во еден момент дури и ѝ наздрави. Во тоа време, Марија не криеше колку е горда на него и фактот дека тој седел на нејзиниот концерт заедно со нејзината мајка, Верица Шерифовиќ. – ...
Нарушувањата на тироидната жлезда влијаат на милиони луѓе ширум светот, но често се заборава колку нашите секојдневни навики во исхраната можат да влијаат врз функционирањето на оваа чувствителна жлезда. Нутриционистката Лога Притика Сринивасан предупредува дека тироидната жлезда е исклучително чувствителна на одредени соединенија во храната кои можат да ја забават нејзината работа или да се мешаат во апсорпцијата на хормоните. Иако ...
Полицијата во Кратово поднесе кривична пријава против Е.М. (38) од Кратово поради сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. Инцидентот се случил на 3 октомври 2025 година, кога пријавената со дрвен предмет се обидела да нападне вработено лице во Јавната установа „Центар за социјални работи“ во Кратово. Таа исто така упатувала закани кон други вработени додека извршувале свои работни задачи. ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Н.А., вработен во Полициската станица од општа надлежност Аеродром при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, предвидено и казниво по член 236 став 4 во врска со став 1 точка 1 и член 22 „соизвршителство“ ...
Одлуката да се стопираат средствата од ИПАРД 3 Програмата поради неодамнешниот корупциски скандал во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, го вклучи алармот на јавноста но и донесе неизвесност во аграрот, еден од најважните стопански сектори во државата. Економистите што 24инфо.мк ги контактираше велат дека ова е удар како за земјоделството, така и за репутацијата на Македонија во Брисел. „ИПАРД 3 е програма ...
Вршителот должност градоначалник на општина Гостивар и кандидатот кој доби најмногу гласови во првиот круг на локални избори, Валбон Лимани смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно. Тој во одговор на новинарско прашање околу најавите за негова смена смета дека Уставниот суд треба да го реши прашањето кој ќе го води Гостивар до повторувањето на изборите кои пропаднаа заради слаба излезност. – Јас сум избран како в.д. ...
Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, укажува на сериозноста на состојбата со ИПАРД програмата, по официјалната потврда дека е донесена одлука за суспендирање на сите исплати од ИПАРД 3 програмата, истакнувајќи дека Владата со денови ја држела јавноста во незнаење. „Се потврдува она што го говорам неколку дена – дека е донесена одлука за суспендирање на ИПАРД, а Владата и Министерството за земјоделство се ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свечената заклетва на питомците од 29. класа и слушателите на Курсот за офицери и штабни службеници на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски”. Таа истакна дека со денешниот чин младите питомци стануваат чувари и гаранти на македонската слобода, сигурност и безбедност. За неа, заклетвата е не само збир на патриотски зборови, туку и израз на решеност, истрајност, одлучност и ...