Каракас и Вашингтон постигнаа договор за извоз на венецуелска сурова нафта во САД во вредност до две милијарди долари, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп. Според него, договорот ќе го пренасочи снабдувањето од Кина и ќе ѝ овозможи на Венецуела да избегне значителни намалувања на производството. Договорениот обем изнесува меѓу 30 и 50 милиони барели нафта, кои ќе се продаваат по пазарна цена, а приходите ќе бидат под контрола ...

Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала го погодил источниот дел на Филипини. Се очекуваат појакнати потреси и можни оштетувања. Филипинската сеизмолошка агенција Phivolcs предупреди на можност за појаки потреси и потенцијални оштетувања, иако засега нема пријави за повредени или сериозни штети. Властите апелираат до граѓаните да бидат внимателни и подготвени за можни последователни потреси. Земјотрес со јачина од ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц порача дека од Украина се очекува да обезбеди безбедни и економски стабилни услови, со цел младите мажи да останат во земјата и да ѝ служат, наместо да заминуваат во други европски држави. Тој ова го истакна во обраќање до украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Економскиот капацитет ќе биде неопходна гаранција дека Украина ќе може уверливо да ја одврати Русија во иднина. Драг Володимире, сакам ова ...

Министерот за надворешни работи на Венецуела, Иван Хил Пинто, упати благодарност до Русија за поддршката на венецуелскиот лидер Николас Мадуро и за, како што наведе, јасната осуда на мешањето на САД во внатрешните работи на земјата. „Венецуела и Русија се братски земји и стратешки сојузници. Владата на Боливарската Република изразува длабока благодарност за изјавата на Русија со која ги поддржува барањата на суверената нација и ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оцени дека напорите на Западот да ја изолира Русија резултирале со непријатни и, како што рече, понижувачки сцени на меѓународни собири, по што, според него, западните земји на крајот се нашле во состојба на самоизолација. „Имаше апсолутно срамни ситуации кога на меѓународни настани, како што е Г20, се договорија да не се ракуваат со руските претставници. Кога нè гледаа во ходниците во ...

Компанијата „Atlantic Incubation Partners LCC“, сопственост на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, откако официјално објави повлекување од договорот со Владата на Србија за изградба на луксузен хотел во Белград, сега го „замрзна“ договорот со албанската влада за изградба на туристички центар на островот Сазан. -На истиот датум, 15 декември 2025 година, кога го објави повлекувањето од договорот со Белград, сличен ...

Обилните дождови што ја погодија Црна Гора во последните денови доведоа до ненадејно зголемување на нивото на реките и прелевање на потоците, предизвикувајќи поплави во неколку градови и општини, пренесуваат црногорските медиуми. На сила е црвен сигнал за опасни временски услови, а спасувачките и општинските служби се во состојба на зголемена готовност. Најпогодени се градовите Никшиќ и Даниловград, пренесуваат медиумите. Во Никшиќ, ...

Обилните и интензивни врнежи од дожд присутни на целата територија на Албанија, од вчера доцна попладне, предизвикаа поплави во повеќе градови, а најкритична е состојбата во пристанишниот град Драч, во севрозападниот округ Лежа, на север во округот Кукс, како и во уште неколку окрузи. -Драч е најпогоден град, од лошите временски услови, каде има области каде нивото на водата на улиците достигнува и до 50 сантиметри. Патиштата остануваат ...

За грабеж во златарница во хотелски комплекс на Халкидики извршен на почетокот на септември минатата година и украдени часовници и накит во вредност од речиси 580.000 евра, во Бугарија и Хрватска биле уапсени две лица, членови на криминалната организација „Пинк Пантери“, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека апсењата биле врз основа на издадената европска потерница за учество во криминална организација, за ...

Состојбата со поплавите во регионот Драч сè уште останува проблематична. Околу 800 домови се поплавени, додека 180 луѓе се евакуирани поради опасноста. Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу, синоќа го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч во врска со ситуацијата со поплавите во овој регион, каде состојбата е најкритична. „Сите структури се на терен а ситуацијата континуирано се следи, бидејќи опасноста сè ...

Легендарната француска актерка Брижит Бардо, која почина минатиот месец на 91-годишна возраст, денеска ќе биде испратена во вечноста во Сен Тропе, познатото летувалиште на француската ривиера. Информацијата ја пренесе Ројтерс, повикувајќи се на локалните власти. Погребната служба е закажана за 10 часот во црквата „Нотр Дам де л’Асумпсион“, по што Бардо ќе биде положена на градските гробишта на церемонија затворена за јавноста. За ...

Во четвртиот квартал од минатата година недвижностите поскапеле за 25 проценти на годишно ниво, а за 3,2 проценти на месечно, покажуваат денеска објавените податоци на Народната банка. Во претходниот, третиот квартал од минатата година, цените на недвижностите забележаа раст на годишно ниво од 25,1 процент во третиот квартал, по растот од 19, 5 проценти во првиот и од 19,9 проценти во вториот квартал. Народната банка го објавува индексот ...

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека заедно со неколку градоначалници во пресрет на Бадник поделиле пакети помош во неколку скопски општини. -Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил. Премиерот нагласува дека Бадник не ...

Бадникова ноќ, која се одбележува на 6 јануари, е вечерта пред големиот христијански празник Божиќ и има длабоко значење во православната традиција. Оваа вечер е симбол на смирение, вера и семејно единство, како духовна подготовка за Христовото раѓање. Трпезата на Бадник е строго посна – без месо, млечни производи и јајца. Во македонските домови традиционално се подготвуваат грав, посни сарми со ориз, риба, пита, сушено овошје, ореви и ...

Фотографиите што изминативе денови се појавија на социјалните мрежи отворија силна јавна расправа, откако на нив се гледа свештеник како врши верски обред и осветување на службени полициски возила во кругот на Министерството за внатрешни работи, во присуство на полициски службеници. Дел од јавноста го оправдува настанот, посочувајќи дека во православната традиција постои молитва за осветување возила и дека станува збор за симболичен чин ...

Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи сподели семејно селфи по повод Бадник, на кое се гледа дека паричката од бадниковата погача се паднала кај неговиот помал син. Како и секоја година, премиерот Бадник го дочека во семејна атмосфера, заедно со сопругата, двете деца и неговите родители, почитувајќи ја православната традиција. „На традиционална бадникова вечера со моите најблиски. Ова се празници на љубов, дарување и ...

Божиќ е еден од најголемите христијански празници, кој го одбележува раѓањето на Исус Христос. Според Јулијанскиот календар, кој го следи Македонската православна црква, Божиќ се празнува на 7 јануари, додека денот пред него, 6 јануари, се нарекува Бадник или Коледе. Овие денови се исполнети со верски ритуали, семејни собирања и богати традиции кои ја одразуваат духовната и културната историја на народот. Суштината на празникот е радоста ...

Времето денес променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени, јавува УХМР. Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. ...

Православните христијани ширум светот, како и во Македонија и црквите што се водат по Јулијанскиот календар, денеска го одбележуваат Рождеството Христово – Божик. Во храмовите на Македонската православна црква утринава се одржуваат божикни литургии. Божик е еден од најголемите христијански празници и го означува Христовото раѓање, а со него завршува и 40-дневниот пост. Празникот традиционално се слави во семеен круг, со одење во црква, ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Врнежливото и ветровито време и тоа поради влијанието на циклонската активност која се наоѓа над нашиот дел од Европскиот Континент продолжува и во следните денови. Меѓутоа поради продор на значително поладен воздух од север, во четврток на 8 Јануари 2026 (Втор ден Божик) врнежите од дожд освен на повисоките населени места и на планините ќе преминат во врнежи од снег и во повеќето пониски места (Градови) ...

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, им го честиташе на православни христијани големиот празник Божиќ. Таа посака празничниот мир да го завладее секој православен дом, нагласувајќи дека раѓањето на Спасителот е инспирација за добрина и меѓусебна помош. Таа повика на соборност и солидарност меѓу граѓаните. „Да му се радуваме на животот и да придонесуваме за доброто на заедницата. Да ги отвориме ширум нашите срца за сите ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, упати честитка до сите православни христијани по повод Божиќ, нагласувајќи дека овој голем празник е потсетник за суштинските вредности – семејството, верата и солидарноста. Во своето обраќање, премиерот истакна дека патот кон стабилна држава води преку здрави семејства и грижа за најмладите. Премиерот Мицкоски упати честитка до православните христијани по повод Божиќ. Нагласи дека овој ...

Претседателот на СДСМ, Филипче, упати празнична порака до граѓаните, посакувајќи им мир и радост за денешниот празник. „Посакувам мирни празници, посакувам весели празници на сите верници кои денес овој празник го празнуваат. Ова е традиционален повод да се собере семејството, да се соберат најблиските, да се покаже почит, да се покаже грижа. Посакувам денот да помине мирно, а во мирот во овие турбулентни времиња ни е и тоа како потребен ...

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Арбен Фетаи, со најголема острина ги осудува тешките и неприфатливи дела на сексуална злоупотреба и уцена врз малолетничка во селото Слупчане, Општина Липково, како што денес беше објавено во медиумите. „Како држава, имаме нулта толеранција кон секоја форма на сексуално насилство, особено кога тоа е насочено кон малолетници. Овие кривични дела не само што го уништуваат ...

За време на прославата на Богојавление и осветувањето на водите на старото пристаниште во градот Лимасол на Кипар, бил изгубен светиот крст фрлен во морето, откако лицето кое го фатило, веројатно побегнало, по што полицијата истражува евентуална кражба на крстот, објавија кипарските медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, по завршувањето на церемонијата, последниот верник што го зел крстот в раце рекол дека ...

Државната каса е побогата за околу три милиони евра, но незадоволството кај дел од граѓаните расте. Управата за јавни приходи (УЈП) за 2020 година утврдила дека 6.600 граѓани оствариле приходи од странство без да платат данок. Додека директорката на УЈП, Елена Петрова, уверува дека законот е јасен и еднаков за сите, поранешните работници ангажирани во Ирак и Авганистан повторно излегоа на протести, тврдејќи дека државата неправедно ги ...

Познат е конечниот список на ракометари кои ќе ја претставуваат Македонија на претстојното Европско ракометно првенство 2026. На списокот на селекторот Кирил Лазаров се: 1. Иван Галевски 2. Петар Атанасијевиќ 3. Никола Костески 4. Филип Кузмановски 5. Игор Ѓорѓиев 6. Жарко Пешевски 7. Михаил Аларов 8. Мартин Велковски 9. Самоил Ристевски 10. Никола Митревски 11. Мартин Томовски 12. Иван Џонов 13. Ненад Костески 14. Марко Митев 15. Павле ...

Помага во исфрлањето на вишокот течности и токсини од телото, што ефикасно ги „исплакнува“ уринарните канали. Дали ја знаете таа остра, продорна болка во долниот дел од грбот што не ви дозволува да седите или стоите, а секое движење ви изгледа како невозможна мисија? Многумина поминуваат бессони ноќи барајќи решение кое не вклучува шака апчиња. Едно од најефикасните природни решенија се крие во вашата кујна – обичен свеж магдонос. Иако ...

Историјата на „василопитата“ е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија. Во тоа време, Свети Василиј Велики беше епископ на Кесарија и живееше во единство со неговите сограѓани, со љубов, разбирање и помагање еден на друг. Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на Христијаните, сакаше да оди за Персија и да војува со Сасанидите, тој помина близу Кесарија. Тогаш Св. Василиј, кој ...

Со неизмерна радост, утринава голем број дечиња од сите делови на Аеродром, пеејќи ја божиќната песна „Вечниот Бог“, пристигнаа во општина Аеродром и станаа првите гласници на Бадник, во пресрет на Христовото раѓање. „Тие, носејќи го бадниковиот пламен, ни ги исполнија душите со празнична топлина, љубов и надеж. Како дел од традиционалната манифестација „Бадниковите поворки“, со чисти гласови и искрени насмевки, дечињата го најавија ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
100%
1000
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
86%
997
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
94%
994
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
79%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.75
99%
1001
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
994
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
0.45
89%
1002
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
1000
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
100%
1000
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.68
89%
999
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
94%
996
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
87%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Бакар

11.66

Алуминиум

3.07

Сребро

2457.28

Калај

48.47

Платина

83354.78

Злато

157055.75

Кобалт

64.04

Родиум

336779.07

Паладиум

53434.54

Иридиум

221848.72

Цинк

3.33