Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес. Како што појаснија, случајот бил пријавен вчера во 16:40 часот. -Увид на местото бил извршен од јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР – Кавадарци и по наредба на јавен обвинител, пронајдените остатоци се предадени за обдукција и ДНК анализа, појаснија ...
Полиција привела ваташанка, туркала предмети на Бензинска со 1,95 промили алкохол во крвта, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. – Утрово во 06:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја привеле Е.К.(28) од село Ваташа, кавадаречко, затоа што на бензинска станица во Кавадарци го нарушила јавниот ред и мир со недолично и дрско однесување кон вработените, туркала предмети во објектот на бензинската станица, а по ...
Следната недела в петок почнува расправата по Предлог-буџетот за 2026 година во собраниската Комисија за финансирање и буџет. До понеделник, 10 ноември, е рокот до којшто пратениците може да поднесат амандмани на Предлог-буџетот, а според најавите од претседателот на Собранието Африм Гаши, се очекува на 9 декември да се одржи пленарната седница. Вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди денари, а ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски апелира случајот со директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се истражи докрај. Овој случај, според Трипуновски, е показател дека законите важат подеднакво и за сегашни и за поранешни функционери. Според Трипуновски, нема никаква загрозеност по ИПАРД средствата ниту по националните плаќања што ги имаме како држава. – Владата покажува ...
Се наближуваат 48 часа од стартот на акцијата „72 часа чисто Скопје“, која ја започна новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, со цел темелно чистење на главниот град. Од првиот ден, на терен е забележана голема раздвиженост – багери, камиони и механизација работат во сите делови на градот. Се собира отпад, се мијат улиците, се расчистуваат јавните површини, а екипите работат и во ноќните часови. Екипа на 24 Инфо денеска ...
Прес-конференција на Викторија Андоновска, ВМРО-ДПМНЕ: Нереформираната СДС предводена од Филипче во сенката на Заев, доживеа историски дебакл на овие избори. Владеењeто на Филипче и Заев со СДС, ја доведе партијата до колапс, а за тоа сведочи и исходот од овие локални избори на кои СДС освои само 6 општини, 126.000 гласови и околу 230 советници. Истовремено ги изгуби и своите некогашни бастиони. Се дури СДС е управувана од дуото ...
Кошаркарите на Денвер стигнаа до нова победа 129:104, а предводник беше српскиот кошаркар Никола Јокиќ. Тој натпреварот го заврши со 26 поени (шут од игра 12/15), а беше на чекор до двоцифрени бројки и во скокови и асистенции имаше по 9. Гостинската екипа настапи без Стеф Кари, но тоа не ја намалува победата на Денвер особено што по три четвртини беше 99:77, а Јокиќ не одигра ниту една минута во последниот период. Покрај Јокиќ солиден настап ...
Светски познатиот научник Џејмс Вотсон, кој ја делеше Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1962 година за помош во откривањето на структурата на ДНК, почина на 97-годишна возраст. Смртта на Вотсон беше потврдена синоќа од лабораторијата „Колд Спринг Харбор“, каде што работеше со децении. Во 2007 година се пензионираше од престижната лабораторија во државата Њујорк откако даде расистички коментари, пренесе ДПА. Вотсон, заедно со ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ниту еден американски претставник нема да патува на самитот на Г20 во Јужна Африка подоцна овој месец, наведувајќи дека Африканерите „се убивани и масакрирани“. – Целосен срам е што Г20 ќе се одржи во Јужна Африка. Африканците (луѓе кои потекнуваат од холандски доселеници, како и од француски и германски имигранти) се убиваат и масакрираат, а нивната земја и фарми нелегално се конфискуваат. ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја исмеа изјавата на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден за демократијата, со која тој сакал да го дискредитира актуелниот шеф на државата. Како што рече Захарова, Бајден целел кон Трамп, а погодил во европските монархии, опишувајќи ги како недемократски режими. Бајден го критикувал актуелниот американски претседател Доналд Трамп, велејќи дека ја ...
Соединетите Американски Држави (САД) и Унгарија потпишаа договор за нуклеарно гориво вреден 114 милиони долари, соопшти Стејт департментот, опишувајќи ги односите меѓу двете земји како „достигнување нови височини на соработка и достигнувања“, јави Анадолија. „Вестингхаус“, компанија со седиште во САД, ќе снабдува американско нуклеарно гориво за унгарската електрана „Пакс I“, која произведува околу половина од електричната енергија во ...
На 07.11.2025 во 14:00 часот полициски службеници од ОВР Гостивар во населба „Фазанерија 2″ во Гостивар, го лишија од слобода А.К.(28) од Гостивар. Во 12.35 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, постапувајќи по судска наредба, извршиле претрес во дом и помошните простории на Ј.К.(33). При претресот Ј.К. не бил во домот, туку таму бил затекнат неговиот брат А.К.. При тоа биле пронајдени марихуана, дигитална вага и пари. А.К. е задржан ...
На 06.11.2025 во Полициската станица Струмица 42-годишен маж од струмичко пријави дека пред околу една недела четири малолетни лица насилно се однесувале кон неговиот малолетен син, а таквото однесување го снимиле и објавиле на социјалната мрежа „Тик Ток“. По пријавување на настанот, од страна на полициски службеници од СВР Струмица се преземени мерки за негово расчистување и во ПС Струмица се повикани инволвираните малолетници, со кои се ...
Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари (58,725 милиони евра), соопшти Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесува 401.971.971 денар, а во летните месеци кога е највисока фрекфенцијата на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни годинава. Најпрофитабилна е ...
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: ВМРО-ДПМНЕ нема да ги толерира неправилностите и девијантните однесувања на поединци за кои има сомнение дека го прекршиле Законот. Законот за сите е ист. Секој којшто ќе биде фатен во корупција или криминал, а притоа ќе има докази за истиот, мора да одговара. Не смееме да дозволиме општеството да ни биде мрачно како порано кога луѓе како Заев, Љупчо Николовски, Груби, Филипче, Перпарим Бајрами, Ден Дончев, ...
Прес-конференција на СДСМ, Љупчо Николовски, пратеник Коруптивните шеми и скандали на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во земјоделството ја доведуваат во прашање европската поддршка за реализација на ИПАРД-3 програмата, вредна 128 милиони евра. Големиот скандал со директорот на Платежната агенција, Илија Стоилев, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, го докажува она на што постојано укажувавме, вистинската слика за ова владеење: држава заробена од партиски и лични ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека до вторник претпладне ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во понеделник наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 литри на метар квадратен за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво. Најавените поројни и пообилни врнежи за денеска ќе бидат проследени со засилен ветер и услови за појава ...
Со одигрувањето на денешните два дуела стартуваат натпреварите од 13. коло од Првата фудбалска лига. Прволигашки фудбал ќе се игра во Куманово и во Струга. Во Куманово Башкими го пречекува Работнички, додека во Струга истоимената екипа е домаќин на Арсими. Почетокот на двата натпревара е во 13 часот. Утре (недела) во истиот термин ќе играат: Вардар – Тиквеш и Пелистер – Брера, додека за понеделник се закажани дуелите: Силекс – Шкупи и ...
Македонската православна црква – Охридска архиепископија и верниците денеска го слават Свети великомаченик Димитриј – Митровден. Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во ...
Со средбата со водечките хрватски писателки за деца Сања Пилиќ и Силвија Шесто, синоќа во Македонскиот културно-информативен центар во Загреб, заврши тридневниот Фестивал на современата македонска книжевност. Разговорот со нив го водеше Нове Цветаноски, директор и главен уредник на Друштвото за издавачка дејност Македоника литера од Скопје, при што беа претставени македонските изданија на нивните книги за тинејџери – романите „За мајките сè ...
Членовите на македонското трио „Анимато“ синоќа настапија на фестивалот „Магична флејта Е/12″ што се одржува во зградата на албанската Државна радио телевизија во Тирана. -Со концертот македонските уметници изградија уште еден мост на пријателство и културна соработка меѓу Северна Македонија и Албанија – информираше Македонската амбасада во Тирана. На концертот присуствуваше и вршителот на должноста амбасадор Љуфтим Спахиу, поголем број ...
Уникатна можност да се вкусат домашни производи и специјатлитети од сите региони на Македонија, претставува Саемот за храна што ќе се одржи денеска во Градскиот парк во Скопје. Под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“, Саемот ќе ги промовира производите „Македонско најдобро“ кои, како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), претставуваат синоним за квалитет. -Саемот за храна ќе ...
Саем на студии во странство ќе се одржи денеска и утре во Скопје Сити Мол, посветен на студирањето и образовните можности во странство. Настанот е организиран од Скопје Сити Мол во соработка со платформата „Студентарија“ и има цел да им помогне на младите да ја пронајдат својата идна академска насока. Организаторите во соопштението наведуваат дека по успешното издание на Саемот за образование во март, на кој учество зедоа повеќе од 40 ...
По изборите за членови на Европскиот парламент во јуни минатата година, првата оценка беше дека и покрај значителниот подем на десницата и екстремната десница, мнозинството во претставничкото тело на ЕУ го задржа „политичкиот центар“, што го формираат Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералната група Да ја обновиме Европа (РЕ), на кои многу често им се приклучуваат и Зелените. ...
Еврејски доселеници извршиле најмалку 264 напади врз Палестинци на Западниот Брег во текот на октомври што претставува рекорден број напади во еден месец откако ОН почнаа да водат статистика за овој показател во 2006 година. Во соопштение на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања (ОЦХА), во кое се предупредува на наглото зголемување на насилството, се наведува дека нападите кои резултирале со повредени лица и оштетена ...
Грчки државјанин сопственик на куче “пит бул”, косовски државјанин сопственик на куче од расата “американски стафорд”, како и двајца македонски државјани како соизвршители ќе одговараат на кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство Битола ги прибра сите потребни докази и поднесе обвинение, бидејќи на 1 ноември во селото Црнеец во близина на Стрежево, тие ...
Во недела во Скопје ќе се одржи петтото издание на Социо-еколошки форум Скопје во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт”- Канцеларија Скопје и „Прогрес” Институт за социјална демократија. Темата на овогодинешниот форум е “Placemaking for Socio-Ecological Justice” и истиот ќе се одржи во CoWork21 и на јавниот простор помеѓу Кино Култура и Домот на АРМ. На Социо-еколошкиот форум учество ќе земат прогресивни личности од цела Европа кои се ...
Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврал во Пожаране и Попова Шапка, а најмалку во Штип и Кавадарци. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во Пожаране и Попова Шапка наврнале 32 литри на метар квадратен, во Маврови Анови и Крушево 23, во Тетово 21, во Претор 20, во Лазарополе 14, во Гевгелија 11, во Битола, Тополчани и Скопје-Зајчев Рид 6, во Ѓуриште, Пожар-Радовиш 5, во Прилеп, Велес, Скопје-Петровец 4 и во Штип и ...
По повеќе од една деценија откако целосно се повлече од јавноста, поранешниот претседател и премиер Бранко Црвенковски во последните две недели повторно го привлекува вниманието на јавноста. Црвенковски беше фотографиран во скопски ресторан во друштво на министерот за јавна администрација, Горан Минчев. Нивната средба предизвика нови шпекулации во јавноста, дали поранешниот лидер на СДСМ се подготвува за политичко враќање или станува збор за ...
Соопштение на ЛДП: По информацијата на Владата дека наредната недела ќе назначи повереници во општините кои поради немање цензус не успеаја да изберат градоначалници, Либерално-демократската партија (ЛДП) ја информира јавноста дека ќе бара да се измени Изборниот законик. Измените во Изборниот законик кои ќе ги предложи ЛДП се однесуваат на тоа владините повереници да не можат да се кандидираат на повторените избори за градоначалници во ...