Белград
8ᴼ /
7ᴼ
„Добар ден на сите.Најпрвин благодарам на интересот на медиумите. Мислам дека претходните говорници зборуваа за деталите и важноста на самиот проект, јас би сакал само да им честитам на сите коишто се вклучени во овој проект, министерот за транспорт и потпретседател на Влада, директорите на македонски железници, директорот на македонска железница и инфраструктура на сите буквално коишто беа дел од овој проект.Ова што го кажа и новиот ...
Денес, во Музејот на град Скопје, беше одбележан Денот на Обединетите нации (кој годинава се совпадна со 80-годишнината од основањето на ОН, во знак на заедничката посветеност на народите кон мирот, безбедноста, човековите права и одржливиот развој. Свечениот настан, организиран во соработка меѓу Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Канцеларијата на Обединетите нации во земјата, ја истакна важноста на мултилатерализмот ...
Владата ќе именува повереници во оние општини каде што не беа избрани градоначалници на локалните избори, но само откако Државната изборна комисија (ДИК) официјално ќе ги заврши изборите и ќе достави соодветна информација. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека сè уште не се водени разговори со коалициските партнери за персоналните имиња на поверениците. „Прво треба ДИК официјално да ги заврши изборите, па да ја информира Владата. Тоа ...
Новоименуваниот амбасадор на Швајцарската Конфедерација во Република Северна Македонија, Кристоф Зомер, ги предаде акредитивните писма на претседателката Гордана Силјановска Давкова на 06.11.2025. За време на средбата тие ги потврдија добрите билатерални односи и ја изразија својата заложба да продолжат со нивно зајакнување. „Многу сум горд што сум назначен за амбасадор на Швајцарија во вашата земја и убеден сум дека во наредните години ќе ...
Новиот скопски градоначалник Орце Ѓорѓиевски вчера помпезно ја започна најавувата акција за чистење на Скопје во рок од 72 часа. На стартот на чистењето дојде и премиерот Христијан Мицкоски и речиси сите скопски градоначалници. Акцијата го подели јавното мислење, додека едни поздравуваат, други сметаат дека се работи само за маркетиншки трик. Но, во позадина на целиот процес со отвораат неколку спорни моменти за целата акција. Прво, имајќи ...
Вчера (06.11.2025) во попладневните часови полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК и истражителите од Истражниот центар на ОЈО ГОКК лишија од слобода пет лица поради постоење на основано сомнение дека првоосомничениот Џ.Ф.(77) сторил продолжено кривично дело „давање поткуп” и кривично дело „давање награда за противзаконито влијание”, додека три ...
Вчера во попладневните часови под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и полициски службеници од ОСОСК реализираа акција во која беа лишени од слобода пет лица. Поради постоење на основано сомнение дека првосомничениот сторил продолжено кривично дело Давање поткуп и кривично дело Давање награда за противзаконито влијание, додека три лица како посредници сториле кривично дело Примање ...
По рекордно распродадениот прв концерт од најавената GOAT TOUR, Jala Brat и Buba Corelli на 28 ноември на барање на македонската публика закажуваат втор концерт во СЦ „Јане Сандански”! Енергија, хитови и спектакл што не се пропушта! Jala Brat и Buba Correli се подготвени за уште еден музички спектакл, затоа подгответе се за неверојатен старт на „GOAT TOUR”! На 28 ноември, во СЦ „Јане Сандански”, регионалните икони на модерната музика Jala ...
Соопштение на ЛДП Како највозрасен меѓу советниците во Советот на Град Скопје, поранешниот градоначалник на главниот град и член на Либерално-демократската партија, Ристо Пенов ја имаше честа да претседава со првата седница на новиот состав. Со искуство, стабилност и визија, Пенов повторно ја потврди заложбата на ЛДП – Скопје да стане модерен, зелен и функционален град за сите. „Нашите приоритети за следниот мандат се активностите за почисто ...
„Ние се доведовме до ситуација во 21 век да зборуваме за елементарни работи и навистина сето тоа делува помалку и комично, но кога некои работи треба да се направат, мора да се направат и како што кажа градоначалникот за време на изборната кампања тој вчера во исклучително рекордно време успеа да ги мобилизира сите капацитети. Но, исто така им благодарам и на општествено одговорни компании кои се вклучија во акцијата и мислам дека вчера беше ...
Советот на Град Скопје на конститутивната седница го избра проф. Даме Димитровски за претседател, на предлог на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ, најави дека работата ќе ја води со „дијалог и транспарентност“, со цел Советот да излезе од блокади и да ја врати функционалноста на градските служби. Новото раководство се формира по изборите во кои ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу советнички места, додека останатите ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера имаше средба со лидерите на петте централноазиски држави во Белата куќа, која беше фокусирана на ретките минерали и проширување и обезбедување на американските синџири на снабдување преку нови глобални договори. Средбата на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан е во време кога САД се обидуваат да го прошират своето влијание во регионот богат со ресурси, долго ...
Државната изборна комисија (ДИК) ги разгледа и ги одби како неосновани сите 16 приговори што беа поднесени за постапките за гласање и сумирање на резултатите од гласањето на локалните избори во општините Брвеница, Шуто Оризари и Карпош. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, информира дека денеска ќе бидат изготвени поединечните одлуки за секој приговор и ќе бидат доставени до подносителите. Кондарко додаде дека Комисијата ќе ги почека ...
Соопштение на СДСМ: Кога директор на државна институција, Илија Стоилев, кадар на ДПМНЕ е фатен со обележани банкноти за мито јасно е дека корупцијата во земјоделието цвета. Година и пол се зборува дека се бараат провизии, дека се задржуваат предмети, дека службеници трпат притисоци. Сега тоа доби потврда со раце фатени во криминал. Очигледно станува збор за систем на рекетирање во институција што треба да биде мотор на развојот. И тоа е ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Со месеци Скопје се давеше во ѓубре, скопјани секојдневно живееја во нечистотија од која изникнаа глодари а власта на ВМРО-ДПМНЕ не преземаше ништо. Наместо да организира чистење на градот, ДПМНЕ намерно го блокираше собирањето смет и не направи ништо, ниту преку ЗЕЛС, ниту преку Управниот одбор на Комунална хигиена, бувално ги остави скопјани да се дават во сметот. Синоќа скопјани видоа зошто било оставено ...
Акционерите на „Тесла“ синоќа одобрија план за компензација од еден трилион долари за извршниот директор Елон Маск, со што најбогатиот човек во светот ја добива најголемата корпоративна исплата во историјата ако ги исполни целите потребни за да ја добие. Пакетот, на кој се спротивставија неколку истакнати инвеститори, покажува дека акционерите сè уште веруваат дека Маск може да го води производителот на автомобили во ера доминирана од ...
Над шеесет компании од Северна Македонија и Грција учествуваа на Бизнис-форумот што вчера се одржа во Стопанската комора на Северна Македонија, организиран во соработка со Амбасадата на Република Грција во Скопје. Настанот имаше за цел да ги продлабочи економските односи меѓу двете земји и да отвори нови можности за деловна соработка и инвестициски партнерства. На форумот учествуваа претставници на Атинската комора за трговија и индустрии, ...
Над шеесет компании од Северна Македонија и Грција учествуваа на Бизнис-форумот што вчера се одржа во Стопанската комора на Северна Македонија, организиран во соработка со Амбасадата на Република Грција во Скопје. Настанот имаше за цел да ги продлабочи економските односи меѓу двете земји и да отвори нови можности за деловна соработка и инвестициски партнерства. На форумот учествуваа претставници на Атинската комора за трговија и индустрии, ...
Во организација на Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Тирана (КИЦ Тирана), во соработка со фестивалот „Магична флејта“, во петок, 07 ноември 2025 година, со почеток во 19:00 часот, во концертната сала „Фердинанд Деда“ при националната телевизија РТШ, ќе се одржи концерт на триото „Анимато“. На сцената ќе настапат: Публиката ќе има можност да ужива во внимателно избрана програма со дела од Прокопиев, Шор, Елгар и Доплер, ...
Познатиот бизнисмен и некогашен вицепремиер во Владата, Кочо Анѓушев, најмил лобисти од САД за да биде тргнат од „Црната листа“ објави порталот 360степени. Според јавниот регистар на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, на 20 март 2024 година, или околу три месеци по воведувањето на санкциите против него, формално е регистриран договорот за лобирање меѓу Кочо Анѓушев и компанијата „Рисрч сервис биро“. Во документот, како лобисти, се ...
Венко Филипче е синoним за пропаста на СДС, по историскиот пораз на СДС каде партијата доживеа најтежок изборен дебакл и ја изгуби доминантната опoзициска позиција по што стана петта сила во Скопје, а трета на државно ниво. Одговорноста за дебаклот на СДС има име и презиме, Венко Филипче, кој како лидер на СДС под менторство на Зоран Заев ја доведе СДС до раб на исчезнување на политичкиот спектар. Венко Филипче наместо да го релативизира и ...
Основното јавно обвинителство во Велес поведе истражна постапка против едно лице осомничено дека, заедно со уште едно засега непознато лице, сторило кривично дело убиство, казниво по член 123 став 1 од Кривичниот законик. Според обвинителството, на 5 ноември, во местото викано Поројница, во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, осомничениот го намамил велешанецот Ѓело Ѓошев и со својот автомобил го однел на локацијата. Таму, ...
Вчера градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, заедно со својот колега од Гази Баба, извршија увид на депонијата Вардариште, каде што во моментов се одвива интензивна акција за чистење. На терен е распоредена бројна механизација која врши собирање и транспортирање на отпадот кон депонијата Дрисла. Акцијата е дел од големата операција за чистење на главниот град што започна веднаш по преземањето на функцијата од страна на градоначалникот ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се ...
Соопштение за јавност на ВРЕДИ: По месеци давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, започна вистинското чистење на главниот град и Чаир. Не само на улиците, туку на целиот менталитет што го остави градот во хаос со години. Мирисот што доаѓаше од контејнерите беше ист како мирисот што доаѓаше од канцелариите на довчерашната власт, власт што блокираше, крадеше и не се грижеше за никого освен за себе. На 19 октомври и 2 ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, од денес па се до вторник (11 ноември) во нашата Република Македонија ќе имаме нови повремени локални врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи како и со засилен повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец (до околу 60 км/час). И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе ...
Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ги објави номинираните за наградата „The Best“ за 2025 година. Гласањето ќе трае до 28 ноември. Во потесниот список се наоѓаат Усман Дембеле, Ашраф Хакими, Нуно Мендес, Витиња (сите ПСЖ), Килијан Мбапе (Реал Мадрид), Кол Палмер (Челзи), Педри, Рафиња, Ламине Јамал (сите Барселона), Мохамед Салах (Ливерпул) и Хари Кејн (Баерн Минхен). Актуелен добитник на наградата е напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус ...
Светскиот тенисер број 5, Новак Ѓоковиќ, вечерва го победи Португалецот Нуно Борхес во четвртфиналето на турнирот во Атина со 7:6 (7:1) и 6:4. Мечот траеше 1 час и 45 минути. Ѓоковиќ сервираше девет аса, направи една двојна грешка и реализираше една од пет брејк топки. Борхес сервираше седум аса, направи една двојна грешка и не реализираше ниту една од две брејк топки. Триесет и осумгодишниот Србин ќе се соочи со Германецот Јаник Ханфман во ...
Есента носи посвежи денови, но родителите знаат дека тоа значи и почеток на сезоната на кашлање, кивање и затнат нос. Респираторните вируси, настинките и грипот циркулираат во училиштата и градинките, па ново истражување потврди – најмалите деца најмногу шират вируси, објави „Еуроњуз“ (Euronews). Написот објавен во списанието „Педијатрикс“ (Pediatrics) посочува дека децата на возраст од три до 10 години имаат поголема веројатност да пренесат ...
Платформата за комуникација „Ватсап“ (WhatsApp) објави нова надградба на својата основна апликација за „Епл вач“ (Apple Watch), овозможувајќи им на корисниците пристап до основните функции на услугата без употреба на својот телефон. „Ватсап“ за паметниот часовник „Епл вач“ поддржува и читање цели пораки, наместо само делови од нив. Корисниците, исто така, ќе може да видат повеќе од нивната историја на разговори при читањето пораки, да ...