Со одигрувањето на финалните средби од баражите, познати се сите учесници на фудбалскиот Мундијал 2026. Ирак стана последен учесник на Светското првенство, откако рано утрово во Монтереј (Мексико) ја совлада Боливија со 2:1. Синоќа преку европските баражи, пласман на планетарниот собир изборија, Босна и Херцеговина по победата над Италија на пенали (4:1), Турција по триумфот над Косово (1:0), Чешка над Данска (на пенали 3:1) и Шведска над ...

Издавачката куќа „Арс Ламина” со големо задоволство го најавува ексклузивното гостување на популарната американска писателка на психолошки трилери, Сара Пеканен, во Скопје на 25 април. Нејзиното доаѓањe беше најавено денес, во присуство на фанови на писателката, букстраграмџии и јавни личности, на платото пред aрената „Борис Трајковски”, каде што од 23 до 29 април ќе се одржи Саемот на книгата. Пеканен ќе биде дел од програмата на штандот ...

Во Националната галерија, објектот Чифте амам, на 31 март 2026 година, традиционално ќе се одбележи Меѓународниот ден на лицата со аутистичиен спектар на нарушување. Ќе биде поставена изложба на графики во техника монотипија изработени на работилниците одржани во текот на месец март 2026 година. Изложбата ќе биде отворена во 11 часот, и истата ќе може да се посети до 5 април 2026 г. Ликовната уметност е важна за развојот на децата, ја ...

Популарното списание Archaeology Magazine, едно од најчитаните во светот во областа на археологијата, објави прилог за неолитските антропоморфни модели на куќи од Македонија. Центарот за истражување на предисторијата соопшти дека вклучување македонски артефакти во списанието е врвна афирмација за нашето културно наследство. – Во најновиот број на Archaeology Magazine е објавен напис за древните модели на куќи во светот, со посебен осврт ...

„Денешниов ден има особено значење за жителите на Ченто, како и за многубројните чинители кои работат и живеат за културата. Чувствувам особено задоволство што денес присуствуваме на свеченото отворање на реконструираниот и современо уреден Дом на културата „11 Октомври” во населбата Ченто, значаен културен објект во рамките на Општина Гази Баба. Денешниов настан претставува повеќе од отворање на еден објект, тој е симбол на нов почеток, ...

ЕВН Македонија АД известува дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат жителите од неколку улици во Кисела Вода. Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците: Есенинова бр.8, Борис Трајковски бр.1 , дел од влез 1, и ул. Жил Верн бр.12. ЕВН Македонија АД известува дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе ...

Први април, Денот на шегата, ширум светот се одбележува како ден посветен на хуморот, смеата и безопасните шеги. Во нашата земја, традиционално, најмладите маскирани во суперхерои, принцези, бубамари, пчелки, готвачи, лекари и ликови од цртани филмови дефилираат низ градот, создавајќи ведра и шарена атмосфера. Градот оваа година повторно ќе биде исполнет со детска радост на манифестацијата „Априлијада“. ЈУ Детски културен центар „Карпош“, ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес изјави дека секоја одлука за прекин на агресијата што САД и Израел му ја наметнаа на Иран ќе биде донесена исклучиво врз основа на условите на Иран и националните интереси. На денешниот состанок на иранското државно раководство, со кој претседаваше Пезешкијан, се разговараше за моменталната состојба во земјата во воени услови и за перформансите на владините органи во одржувањето на основните ...

За да се обезбеди сигурно снабдување со нафта и да се избегнат мерки што би ја зголемиле потрошувачката на горива, европската комисија ги повика земјите – членки навремено да се подготват. „Сигурноста на снабдувањето на Европската Унија останува загарантирана. Но мора да бидеме подготвени за потенцијално долготрајни нарушувања во меѓународната трговија со енергија. Затоа мора да делуваме веднаш. И мора да делуваме заедно“, изјави ...

Доналд Трамп верува дека војната во Иран наскоро ќе заврши, па дека другите држави можат сами повторно да го отворат Ормускиот теснец „Нема да бидеме таму уште долго. Во моментов ги разнесуваме, тоа е целосно уништување“, рече претседателот во телефонски разговор. „Но нема да мораме да останеме уште долго. Имаме уште работа додека не ја уништиме нивната офанзива, односно сите офанзивни способности што им останале.“ Трамп порача дека други ...

Според еврокомесарката за проширување Марта Кос инцидентите со насилство, закани и неправилности при гласањето на локалните избори одржани на 29 март во Србија се неприфатливи. Таа ги повика надлежните органи да ги истражат и да се процесуираат сите инциденти. „Распространетите инциденти на насилство, закани и неправилности при гласањето – она што го виде набљудувачката мисија на Советот на Европа за време на локалните избори во Србија – ...

Русија ќе одговори доколку другите земји ѝ дозволат на Украина да го користи нивниот воздушен простор за напади со беспилотни летала врз руските балтички пристаништа, соопшти денеска Кремљ. – Доколку се отстапи воздушен простор за спроведување непријателски, терористички активности против Руската Федерација, тоа ќе нè принуди да извлечеме соодветни заклучоци и да преземеме соодветни мерки, наведе портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој ...

Венеција повторно воведува посебна такса за дневни посетители на пролет и лето оваа година. Целта е да се управува со огромниот прилив на туристи. Системот ќе биде активен од почетокот на април до крајот на јули, и тоа за 60 избрани денови. Таксата важи за посетители кои доаѓаат само на еден ден. Таксата се наплатува од 8:30 до 16:00 часот, а плаќањето најчесто се прави преку официјалниот систем со QR‑код, кој мора да се покаже на ...

Москва соопшти дека 29 лица загинале кога руски воен авион се урна над црноморскиот полуостров Крим, кој е анектиран од Русија, пренесе ДПА. Тим за пребарување и спасување го пронашол местото на несреќата и известил за шест загинати членови на екипажот и 23 патници, јавија државните новински агенции, цитирајќи го руското Министерство за одбрана рано утрово. Според извештаите, се верува дека технички дефект ја предизвикал несреќата и оти ...

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, го критикуваше тврдењето на американскиот министер за финансии, Скот Бесент, дека економските последици од војната со Иран би биле краткотрајни, јави Блумберг. Таа за време на видео-повик зад затворени врати со гувернерите на централните банки, министрите за финансии и министрите за енергетика на Г7, истакнала дека последиците ќе се чувствуваат долго време „бидејќи толку ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека Вашингтон е задоволен од напредокот постигнат во Венецуела во последните три месеци и повтори дека планот на Соединетите Американски Држави предвидува стабилизација на земјата, економско закрепнување и политичка транзиција со слободни избори. Рубио во интервју за Фокс њуз изјави дека првата цел на стратегијата на САД е да се стабилизира ситуацијата во Венецуела со цел да се ...

Силен земјотрес го потресе поширокиот регион на Токио, соопштија денеска локалните власти, додавајќи дека нема опасност од цунами. Епицентарот на земјотресот со магнитуда од 5,0 степени бил во префектурата Ибараки, во соседство на Токио, на длабочина од околу 50 километри, соопшти јапонската метеоролошка агенција. Геолошкиот институт на Соединетите Држави (USGS) ја процени магнитудата на 4,9 степени. Засега нема извештаи за штети или ...

Лидерката на француската десничарска партија „Национален фронт“, Марин Ле Пен, потврди дека планира да се кандидира за претседателската функција на изборите предвидени за наредната година. Ле Пен во интервјуто за весникот „Паризјен“ вели дека не ја интересира премиерската функција како „утешна награда“. „Договорено е меѓу мене и Жордан (Бардела) дека, ако правосудниот систем не ме спречи, ќе бидам кандидат на претседателските избори, а ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за британскиот весник „Дејли телеграф“ изјави дека сериозно ја разгледува можноста за повлекување на САД од НАТО. Како главна причина за ваквиот чекор Трамп го наведе одбивањето на сојузниците во алијансата да ги поддржат САД во заедничката војна со Израел против Иран. Тој повторно го употреби својот описен термин за НАТО нарекувајќи ја организацијата „тигар од хартија“. Според весникот, ...

Проверка дали има необезбедени влезови на Филозофскиот факултет и неправилности во работата на Ректоратот, направија членови на одделот за кривични истраги, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград во зградата на Ректоратот. Студенти и граѓани се собраа пред зградата на Ректоратот во попладневните часови, сообраќајот во таа област е блокиран, а присутни се и силни полициски сили. По повод инцидентот пред Ректоратот, Драган ...

Централната банка на Турција продала вкупно 44,3 милијарди долари од своите девизни резерви од почетокот на војната на Блискиот Исток, со цел да ја стабилизира турската лира во услови на зголемена пазарна нестабилност, покажуваат податоци на банката за периодот од 28 февруари до 30 март, пренесува порталот „Туркије тудеј“. Гувернерот на банката Фатих Карахан изјави дека во овој период институцијата користела девизни свопови и злато за да ...

На 30.03.2026 во 23:00 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Шуто Оризари го лишија од слобода З.И.(49) од Скопје поради тоа што, најпрвин со тврд предмет оштетил полициско возило, а потоа и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело „напад ...

На 31.03.2026 во 01:50 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода М.Д.(34) од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Имено, претходно во 01:30 часот во Полициската станица Гостивар машко лице пријави дека се сомнева за убиство на член од неговото семејство. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и во куќата е пронајден починат К.Д.(63) од ...

Лишени се од слобода шест возачи за безобѕирно управување со возило во Македонија во изминатото деноноќие. Од нив пет возеле без возачка дозвола, од кои двајца во Скопје и по еден во Куманово, Струга и Прилеп. Додека, еден возач управувал возило под дејство на алкохол во Велес и предизвикал сообраќајна незгода. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ...

Денеска (01.04.2026) околу 03:30 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка и СВР Струмица ги лишија од слобода С.М.(31) осуден на казна затвор од пет години и М.М.(38) осуден на казна затвор од четири години, двајцата од Струмица. Лицата беа во бегство од КПУ Затвор Струмица, а претходно осудени поради сторено кривично дело по чл.236 ст. вв чл.45 од Кривичниот законик. Лицата се спроведени во КПУ Затвор ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т.(40) и М.Д.(43), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. На 07.02.2026, првопријавената, поранешна вработена во угостителски објект во Куманово, го уценувала сопственикот дека ако не ја врати на работа или не ѝ даде 5.000 евра, на социјална мрежа ќе објави фотографии како доказ за несоодветно ракување со храната во објектот, со цел ...

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство во домот во гостиварската населба Дутлок осомничениот 33-годишник со умисла го лишил од живот сопствениот татко. Тие започнале расправија заради претходни меѓусебни недоразбирања, по што синот физички го ...

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ј.Т.(53) од Струмица поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Во периодот од 2023 до 2025 година, пријавената ја искористила тешката финансиска состојба на лица од Струмица, им давала пари на заем, при што за себе договарала и наплатувала несразмерно висока камата, со што стекнала противправна имотна корист. Машко лице во неколку наврати позајмувало пари од неа, ...

Владата на ОАЕ ги одредува цените месечно во согласност со меѓународните трендови, кои скокнаа поради војната со Иран и континуираната контрола на Техеран врз Ормускиот теснец Обединетите Арапски Емирати нагло ги зголемија цените на бензинот и дизел горивото за следниот месец, при што бензинот поскапе за повеќе од 30%, а дизелот за повеќе од 70%. Владата на ОАЕ ги одредува цените месечно во согласност со меѓународните трендови, кои се ...

Цената на нафтата денеска се спушти под 100 американски долари за барел, додека европските берзански индекси покажаа значителен раст. Оваа позитивна динамика следува по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека американската војска би можела да ги заврши своите воени операции во Иран во рок од две до три недели. Дополнително, тој истакна дека одговорноста за повторно отворање на Ормушката теснина би била преземена од други ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
93%
1017
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
3.13
81%
1016
weather icon

Загреб

12ᴼ / 7ᴼ
2.06
83%
1016
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
93%
1019
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.06
88%
1016
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 6ᴼ
2.06
88%
1017
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
0.45
63%
1017
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
71%
1015
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
76%
1016
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
2.57
86%
1015
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
1.34
91%
1015
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
88%
1017
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

37.9559

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Рутениум

51376.89

Паладиум

49351.40

Злато

152465.86

Платина

66744.95

Бакар

12.46

Родиум

319899.93

Сребро

2534.46

Калај

52.70

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.53

Кобалт

45.39