Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Загинаа лицата кои беа во возилото кое падна во реката Радика во близина на Бигорскиот манастир. – Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на ПМВ од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, информира АМСМ. Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово, возилото се движело со поголема ...
Семејството Аслани обвинува за полициска бруталност по смртта на нивното двегодишно дете, кое почина ноќта меѓу 31 декември и 1 јануари во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, по тешка повреда на главата од метален фрагмент. Во повеќе видео-материјали што денеска беа емитувани во живо, членовите на семејството покажаа модрици и други телесни повреди, за кои тврдат дека се последица на физичка сила употребена од полициски службеници. Тие ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва информира дека на одредени патни правци во земјава се забележуваат врнежи од ледени зрна, кои предизвикуваат брзо и ненадејно заледување на коловозите. Најкритични се повисоките и планинските предели, каде што условите за сообраќај се значително влошени. Од ЦУК апелираат до возачите да покажат зголемена внимателност, да ја прилагодат брзината на движење според состојбата на патот, да одржуваат ...
По добиени информации од регионалните центри, како тешко проодни се евидентирани патните правци: Скопје – Тетово, Тетово – Гостивар, Маврово – Дебар, Кичево – Охрид, како и патниот правец Козјак – Скопје, како и повеќе регионални патишта во западниот дел на државата, информираат од Центарот за управување со кризи. На единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се пријавени повеќе случаи на заглавени возила, како и едно излетување од ...
Снимка со вознемирувачки сцени од кафуле во Гостивар денеска беше објавена на социјалните мрежи, на која се гледа како група луѓе физички се пресметуваат, по што се слушаат и истрели. Според порталот „Без цензура“, инцидентот се случил синоќа, на 1 јануари. На видеото се гледа како избива тепачка меѓу двајца луѓе и повеќемина гости во локалот. Во еден момент, еден од учесниците вади пиштол, по што во мешаницата јасно се слушаат најмалку ...
Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, преку објава на Фејсбук ги предупреди граѓаните за сериозната состојба на патиштата поради ниските температури и појавата на мраз на улиците во градот и тетовските села. Како што информира Касами, патиштата се исклучително лизгави, а веќе се евидентирани и бројни сообраќајни несреќи, што претставува реален ризик по животите и безбедноста на граѓаните. Тој упати апел до сите жители да не ги ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Викендов ни следува значителен пораст на температурите и тоа особено утре (Недела 4 Јануари) а сето ова ќе биде проследено со засилен до повремено силен ветер од јужен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час. Територијата на Македонија ќе биде под влијание на јужно воздушно струење и на потопол воздух од југ, но и под влијание на циклонска активност со центар западно и ...
Македонската ракометна репрезентација денеска ги продолжува подготовките за претстојното Европско првенство. Националниот тим во првата фаза тренираше во Скопје и Пореч, каде одигра и еден контролен дуел со Хрватска. Во оваа фаза селекторот Кирил Лазаров ќе може да смета на сите повикани играчи, а тоа значи дека и голманот Мартин Томовски, кој брани во Бундес лигата треба да биде на подготовките, откако го прескокна првиот дел поради ...
Физичката активност може да помогне во прочистување на организмот по празниците. Пешачењето е најдобар начин за обичните граѓани, изјави за МИА, специјалист Иса Муча од ЈЗУ Универзитетска клиника за токсикологија во Скопје. За прочистување на организмот по празниците кога вообичаено се консумира повеќе храна и алкохол, Муча препорачува полесна храна, потечна, без маснотии, варен зеленчук, без теста, без многу шеќери, со чаеви и течности, ...
Најмалку пет лица, меѓу кои и три деца, загинаа во пожар во село во Јакутија, Русија, соопштија локалните власти. Според Министерството за вонредни ситуации на Јакутија, пожарот е предизвикан од краток спој, објавија руските медиуми. Пожарот наводно избувнал во двокатна куќа во селото Сунтар и се проширил на површина од 24 квадратни метри. Најмалку пет лица, меѓу кои и три деца, загинаа во пожар во село во Јакутија, Русија, соопштија ...
Сопствениците на барот „Констелејшн“ во познатиот швајцарски скијачки центар Кран-Монтана, каде што се случи трагедијата на новогодишната ноќ, се живи, објавија француските медиуми. Станува збор за Џесика и Жак Морети, по потекло од Корзика. Според неколку француски онлајн портали, брачната двојка го презела популарниот бар во скијачкиот центар во 2015 година. Покрај „Констелејшн“, тие управуваат и со друг угостителски објект во Ленс. Под ...
Прскалки во шишиња е можна причина за пожарот кој избувна за време на новогодишната забава во барот „Констелејшн“ во швајцарското одморалиште Кран-Монтана, во кој загинаа повеќе од 40 лица, а 115 беа повредени, објави денеска француската телевизиска станица БФМ. Фотографијата објавена на веб-страницата на БФМ ги прикажува гостите на барот, претежно млади луѓе, како држат шишиња шампањ високо во рацете, со прскалки во нив, додека искри се ...
Францускиот информативен канал „БФМ ТВ“ (BFM TV) објави снимка која го прикажува точниот момент на избувнување на пожарот во ноќниот клуб во Кран-Монтана. На снимката се гледаат кренати шишиња со шампањ опремени со пиротехнички свеќи, чии искри го палат акустичниот сунѓер на таванот. Швајцарскиот медиум „Блик“ (Blick) исто така објави видео, снимено неколку секунди подоцна, кое ја демонстрира брзината со која се ширел огнот. Додека од ...
Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека декодирало навигациски податоци од украински дрон за кои тврди дека покажуваат планиран напад врз резиденцијата на претседателот Владимир Путин и дека материјалот им го предало на американските претставници. Министерството соопшти дека декодираните податоци, презентирани во папка заедно со компонента на дрон, им биле дадени на службеници од канцеларијата на американскиот воен аташе, ...
Она што требаше да биде „невиден спектакл на овие простори“ за дочекот на Новата година во Будва, се претвори во целосен крах. Околу 600 дронови, кои на полноќ требаше да приредат светлосно шоу над Стариот град, неславно завршија во морето и на бетонот. Снимките од овој технолошки дебакл веќе се шират на социјалните мрежи, прикажувајќи како скапата опрема паѓа во водата и на платото пред Лучката капетанија. Од будванската полиција за ...
Тешко повреден е 26-годишен жител на неготински Долни Дисан, откако со трактор излетал од патот. -Во ОВР – Неготино е пријавено дека во атар на село Долни Дисан, на место викано „Василева Чешма“, Љ.К. од ова неготинско село, управувајќи трактор „фергусон“, изгубил контрола и излетал надвор од патот, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во ...
Формализацијата на сивата економија е една од највисоките стратешки определби на Владата и клучен сегмент од реформската агенда, бидејќи директно влијае врз економскиот раст, стабилноста на јавните финансии и заштитата на работниците, рече министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Тој посочи дека според податоците на Државниот завод за статистика, во 2024 година во земјава имало околу 694 илјади вработени, од кои приближно 85 илјади ...
Утрово на скопските клиники почина двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ, откако, според првичните информации, било погодено од заталкан куршум додека гледало огномет. Детето најпрвин било згрижено во Градската општа болница, а поради сериозноста на повредите итно било префрлено на Клиниката за детска хирургија. Лекарските екипи констатирале масивно крварење во мозокот, при што биле зафатени сите мозочни ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. На обвинетиот му се става на товар дека на 03.11.2025 година, околу пладне, управувал автомобил „Фолксваген пасат“ по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, но не се придржувал кон прописите и ...
Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во државава се во делумен прекин поради бојкот на поголемиот дел од машинскиот и извршниот персонал во МЖ Транспорт, изјави денеска за МИА Тони Димовски, претседател на Синдикалната организација на машиновозчаи на Македонија и претставник на машински и извршен персонал во МЖ Транспорт. Бојкотот е почнат вчера, поради, како што вели Димовски, неисплатен втор дел од платата за ноември и ...
Во периодот од 01.12.2025-31.12.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 19.750 издадени платни налози, 4.256 прекршок се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 132 лица, од кои 109 за ...
Во координирана акција на Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден беа откриени 10 килограми наркотична дрога кокаин со висока чистота, скриени во автомобил БМВ X5 со скопски регистарски ознаки. Автомобилот бил сопрен во селото Горно Количани, по што јавниот обвинител од судија на претходна постапка обезбеди наредба за детален претрес и во импровизиран бункер во подвозјето на ...
Засега нема дополнителни информации за македонскиот државјаник кој се води како исчесзнат по пожарот во швајцарскиот зимски центар Кран Монтана. – Последните информации кои ги добивме од надлежните институции се дека има една личност со македонско државјанство. Во контакт сме со швајацарските власти и полиција и очекуваме повеќе детали во однос на тоа, по што ќе ја информираме јавноста, изјави денеска владината портпаролка Марија ...
Основниот кривичен суд Скопје излезе со официјална реакција по повод најавениот протест на револтирани граѓани поради пресуда за сообраќајна несреќа со смртни последици. – Основниот кривичен суд Скопје, целосно го почитува уставно загарантираното право и слобода за мирен собир како и правото на јавноста да го изрази своето мислење. Сепак, должни сме да ја потсетиме јавноста на основните начела врз кои се заснова судскиот систем. Во однос ...
До 20 декември 2025 година се реализирани 1700 инспекциски надзори за амбиентален воздух, од кои 839 редовни, 532 вонредни и 329 контролни инспекциски надзори. Утврдени се 398 неправилности и издадени се исто толку решенија во инспекциската постапка. Покренати се над 30 прекршочни и четири кривични постапки, соопшти на денешната прес-конференција во Владата директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска. Таа ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Слаб снег провејува, но во моментов не се здржува на коловозите на патните правци Гостивар, Маврово, Стража, Пресека, Буково и Ѓавато. Како што информираат од ЈП „Македонија пат“, на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. Од Јавното претпријатие апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против турски државјанин за кого постои основано сомнение дека е извршител на кривично дело – Убиство од член 123, како и едно кривично дело Убиство во обид односно согласно член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Во новогодишната ноќ, во кафе бар во Старата скопска чаршија, осомничениот 25-годишник со престојувалиште во Тетово започнал ...
Царинската управа во 2025 година наплати приходи од 131,6 милијарди денари или 2,14 милијарди евра што претставува раст од 5,2 % или 105,1 милион евра повеќе споредбено со 2024 година. Раст е забележан по сите основи – наплатата на приходите од царина бележи раст од 15,5 %, од данок на моторни возила 12,5 %, од акциза за 5,9 % и од ДДВ при увоз за 3,2 %. „На годишно ниво имаме континуиран раст на приходите, при што најголем процентуален ...
Секојдневно многумина од нас земаат терапија, но малкумина размислуваат дека начинот на кој ги консумираат лековите може директно да влијае на нивната ефикасност. Честа навика е таблетите да се испијат со првиот пијалак што ќе се најде при рака – кафе, сок или млеко. Сепак, експертите предупредуваат дека тоа може сериозно да го намали дејството на лековите. Според лабораториски истражувања објавени во Saudi Pharmaceutical Journal, ...
Швајцарија прогласи петдневна жалост по пожарот што го зафати популарниот бар во скијачкиот центар Кран-Монтана на новогодишната ноќ, во кој загинаа повеќе од 40 лица, а 115 беа повредени, додека граѓаните им оддаваат почит на жртвите, а истрагата и идентификацијата на жртвите продолжуваат. Според швајцарскиот портал 20mintes, знамињата на зградите на институциите во земјата ќе бидат спуштени на половина копје во тој период. Според ...