Конзорциумот „Бехтел“ и Енка“, изведувач на автопатските делници на коридорите 8 и 10д (Тетово-Гостивар), (Гостивар-Букојчани) и (Прилеп-Битола) во септември годинава продолжил да извршува работи главно за геотехнички истражни работи, дизајн и спецификации на автопати, дизајн на експропријација, привремени работи за управување со сообраќајот, уривање и отстранување на постоечки објекти и други елементи на патот и градежни активности главно ...

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.8 проценти во септември годинава во однос на септември минатата година, а за 3,7 проценти во периодот јануари – септември годинава споредено со истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Во септември 2025 во однос на септември 2024 има намалување од 2,9 проценти на работниците во секторот Преработувачка индустрија, од 2 проценти во Рударство и вадење на камен и од ...

Вториот круг од изборите за градоначалници им понуди на гласачите избор меѓу политичките алтернативи и кампањата беше конкурентна во поголемиот дел од општините, но не сите кандидати имаа еднакви услови за кампања, беше посочено на прес-конференцијата на меѓународната набљудувачка мисија од ОБСЕ /ОДИХР за вториот круг од локалните избори во земјава. Набљудувачите оценија дека како и во првиот круг, основните слободи на изразување како и ...

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори што се одржа вчера. Како што истакна претседателот на ДИК, Борис Кондарко, се гласаше во 32 општини и во градот Скопје, а вкупниот бројот избирачи изнесуваше 1.013.357. Бројот на избирачки места на кои се спроведе гласањето беше 1.777, вкупниот број избирачи кои гласале е 424.923 или 41,93 отсто. Бројот на ...

Одржување на партиски конгрес до 20 декември е една од главните одлуки на Демократската унија за интеграција (ДУИ) која денеска во партиското седиште во Мала Речица одржа седница на Централното претседателство свикана од страна на партискиот претседател Али Ахмети. -Дискутиравме за сите развои, за политичките развои и внатрешните развои во ДУИ, за колицијата итн. Имајќи предвид дека истечен рокот и за партиски конгрес, соочувајќи се со овие ...

На сцената на Националната опера и балет на 7 ноември со почеток во 20.00 часот, ќе биде изведена драматичната опера „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало – едно од највеличествените дела на оперскиот веризам, кое со децении ја освојува публиката ширум светот. Приказната за љубовта, страста и одмаздата, преточени во операта „Палјачи“ на нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Унгарија, Кочар Балаж, ...

Денеска, Центар одбележува 49 години од формирањето на општината. Градоначалникот Горан Герасимовски, упатува искрени честитки до сите центарци по повод 3 Ноември, Денот на општината. Тој, порачува дека овој ден е потсетник на историјата, на традицијата и на визијата која нѐ обединува во градење модерна, хумана и просперитетна заедница. „Горди сме што заедно со граѓаните го обликуваме развојот на Центар. Со заедничка посветеност реализираме ...

,,Од втора партија на ниво на цело Скопје, вечерва обзнанувам дека сме прва партија дури и пред ВМРО – ДПМНЕ во Центар, во Карпош и во урбаниот дел од Аеродром”, истакна претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, на завршната прес – конференција од вториот круг на Локалните избори – 2025. ,,Ова е Пирова победа на режимот. Јас како претседател на Левица, оваа вечер ќе упатам честитки само до кандидатите во Кичево и во Брвеница. Тоа ...

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека колку повеќе западните земји трошат на поддршка за Киев, толку повеќе територии на крајот ќе ѝ се вратат на Русија и „крајот на режимот во Киев ќе биде пострашен“. Медведев го нарече украинското раководство, кое во текот на неколку години, како што рече, проневери милијарди долари западно финансирање, „крвави кловнови од Киев“ (ККК), пренесува ...

На 02.11.2025 околу 22:00 часот во близина на село Богородица, гевгелиско, полицискли службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишија од слобода М.А.К.(20), У.Б.(21) и С.У.(31), сите од Република Турција. Полициските службеници забележале патничко возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал М.А.К., а сопатник бил У.Б., и патничко возило „бмв” со албански национални ознаки, кое го ...

Денеска (03.11.2025) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К.(37) од Скопје, затоа што околу 12:30 часот на бул. „Гоце Делчев” во Скопје со патничко возило „пасат” со скопски регистерски ознаки, удрил во велосипед управуван од Ј.Ќ.(78) од Скопје, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот. По несреќата, возачот на возилото „пасат” го оставил возилото и заминал од местото на настанот, но по ...

,,Јас можам едно да порачам после оваа изборна трка, особено после сето ова што се случи во Град Скопје, дека ние ќе се вратиме во Парламентот уште посилно. Сакам да порачам на сите шеесет илјади луѓе кои го дадоа гласот, следните две и пол години имате глас во Собранието. Јас ќе бидам вашиот глас, јас ќе бидам гласот на ова движење кое го создаваме. ВМРО – ДПМНЕ ќе добие уште пожестока борба од понеделник, а ние создадовме историја”, ...

,,Во следните две и пол години, Скопје само дополнително ќе се мобилизира и на парламентарните избори Левица ќе претендира да биде прва партија во Скопје”, истакна кандидатот за градоначалник од Левица за Град Скопје, Амар Мециновиќ, на завршната прес – конференција од вториот круг на Локалните избори – 2025. ,,Во изминатите два месеци постигнавме нешто што не можевме ни да замислиме пред два месеци. Во создавањето на ова движење кое веќе го ...

,,Сакам да се заблагодарам на сите гласачи на Левица, кои од циклус во циклус веруваат во ова што го правиме. Нивниот ентузијазам се преслика во една долгорочна лојалност кон Левица, затоа што сметаме дека заедно со овие луѓе ја делиме визијата која ќе ја создадеме допрва и тие ни ја даваат енергијата која ја имаме за да се спротивставиме на оваа ламја режимска”, истакна кандидатот за градоначалник од Левица за Град Скопје, Амар Мециновиќ, ...

За вакцинација против сезонски грип за ризични категории население досега се пријавени над 76 илјади граѓани, а вакцинирани се повеќе од 43 илјади лица низ државата, соопшти Министерството за здравство. – Заинтересираните граѓани сѐ уште имаат можност да се пријават за вакцинација против сезонски грип преку апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар. Превентивни тимови продолжуваат и со теренска вакцинација во домашни услови ...

Државната комисија за спречување на корупција денеска на 24. седница го разгледа и усвои Извештајот од антикорупциска проверка на одредби од Изборниот законик, Глава VI, како и Изборна кампања со поднаслов „Медиумско претставување“ од член 75 до член 76- д. ДКСК, Извештајот, како што изјави потпретседателката Цвета Ристовска, ќе го достави до институциите со цел да се направи усогласување на одредени членови за да се прецизира дефинирањето ...

Северна Македонија постигна значителниот напредок во спроведувањето на реформите предвидени со Реформската агенда, за што доказ е и исплатата на две транши на средства во рамки на Планот за раст на Западен Балкан, се наведува во Извештајот за напредокот на земјава на европскиот пат, што Европската комисија официјално ќе го објави утре. – (Македонските) власти продолжија да работат на имплементација на патоказите за владеење на правото, на ...

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов се кандидатите за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои беа избрани за градоначалници на локалните избори, заклучи Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница. Како што образложи претседателот на ДИК, Борис Кондарко, Николовска, Стојановски и Андонов редоследно, според листата на коалицијата „Твоја Македонија“, треба да ги ...

Премиерот Христијан Мицкоски утре во Брисел ќе учествува на Самит за проширувањето на Европската Унија во организација на телевизијата Еуроњуз, кој е замислен како собир на кој високи претставници на ЕУ и на земјите кандидати за членство ќе разговараат за иднината на европската интеграција. Станува збор за прв настан од ваков тип на кој со телевизиски пренос во живо ќе се емитуваат обраќањата и дебатите на учесниците на овие, како што ...

Екипите на ЈП “Улици и патишта” – Скопје денеска вршат машински ископ, отстранување на бехатон плочите и монтирање на семафорската инсталација на семафорите. Во изминатите денови беше извршено бетонирање на темелите за поставување на едниот семафорски портал, а во деновите што следуваат се работи на другите портални столбови. Активно се работи на спроведување на новите семафори на крстосница на улица “Васко Карангелески” со улица “Ангел ...

Осомничениот за нападот со нож во брз воз во Кембриџшир, во кој беа повредени 11 лица, Енотни Вилијамс (32), денес е обвинет по 11 точки за обид за убиство, едно точки за нанесување телесни повреди и едно точки за поседување нож, соопшти британското крунско обвинителство. – Одлучено е Ентони Вилијамс да биде гонет по полициска истрага за инцидент во воз на LNER од Донкастер до Лондон во сабота, 1 ноември 2025 година. Нашиот тим обвинители ...

На 02.11.2025 во 16:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Благоја Тоска” во Тетово, патничко возило, удрило во седумгодишно дете-пешак од Тетово, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на ...

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 74 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница информираше дека постапувале по повеќе пријави поврзани со изборниот процес, од кои дел беа проследени до надлежни институции, а дел затворени поради утврдено непостоење на прекршувања. Една од пријавите се однесува на директорка на средно училиште, која во електронска комуникациска група споделила содржина креирана од политичка партија и изборен плакат, со молба за ...

Не можеме да замислиме ручек без супа или чорба, а многу домаќинки често се прашуваат дали супата треба да се готви со капак. Иако подготовката на супа може да изгледа едноставно, постојат одредени совети кои можат да го подобрат вкусот и изгледот на супата, како и да ја направат повкусна, исто како во рестораните. Прашавме готвачка од еден белградски ресторан и таа откри како да се направи супа совршена! Дали супата треба да се покрива за ...

Возачот кој синоќа ја прегази 79-годишна жена во центарот на Скопје е уапсен. Несреќата се случила на пешачкиот премин кај гимназијата „Јосип Броз Тито“, кога џип марка фолксваген Тигуан со голема брзина удрил во постарата жена, а потоа го напуштил местото на настанот. Полицијата веднаш започнала потрага и по неколку часа, возилото и возачот биле лоцирани на патот кон Средно Водно. „Лицето е пронајдено и лишено од слобода. По целосното ...

Необичен инцидент се случил викендов на гробиштата во Ѓорче Петров и скопско Волково, каде според сведоштва на граѓани, лице облечено во мантија се претставувало како свештено лице и нудело да врши погребни обреди за пари. Како што сведочи еден граѓанин во објава споделена на социјалните мрежи, при обид „попот“ да отпее погреб, на местото пристигнале неколку полициски службеници кои го привеле, по што гробот останал „неиспеан“. Од ...

„Штедењето е системска неопходност и важен фактор за одржлив економски раст и за финансиска стабилност”, порача гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на настанот по повод Светскиот ден на штедењето, којшто се одржа во организација на Македонската банкарска асоцијација, во присуство на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, директорот на Фондот за осигурување депозити, Бехар Емини, претседателката на МБА, Маја ...

Под влијание на влажна воздушна маса, денес попладне, во текот на ноќта и утре се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека врнежите наместа ќе бидат пообилни, со над 15 литри на квадратен метар, и ќе има услови за ретки грмежи. Покрај врнежите, најавено е и засилување на ветрот. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер со брзина од над 60 километри на час. Како резултат ...

Македонија е обоена во црвено. Од Кичево до Кочани, од Брвеница до Валандово. Граѓаните го направија вистинскиот избор. Со освоени 54 општини и Град Скопје ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори. Владината коалиција на овие избори докажа дека е повеќе од стабилна и легитимна, со вкупно освоени 66 општини од вкупно 81. Оваа голема победа е и голема одговорност и обврска за работа и испорачување на резултати – соопшти на ...

weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
5.66
73%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
71%
1015
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.47
92%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.72
95%
1015
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
2.24
85%
1008
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1010
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1010
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
6.69
88%
1017
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
90%
1016
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
6.17
88%
1008
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
87%
1013
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Родиум

255598.44

Сребро

1878.05

Иридиум

145787.60

Цинк

3.23

Алуминиум

2.91

Злато

135056.24

Калај

40.48

Никел

473339.37

Паладиум

46425.68

Платина

52952.77

Бакар

10.95

Кобалт

58.42