Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Метео анализа на Славчо Попоски: Територијата на Македонија од вечерва и на дочекот на новата 2026 година, како и по полноќ 31 декември 2025 година/ 1 јануари 2026 година и на 1 јануари 2026 година наутро ќе биде под влијание на многу ладен бран од север и истиот ќе услови да имаме многу ниски температури на воздухот кои ќе бидат проследени со повремено засилен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Јавното обвинителство не смее да молчи за криминалните тендери туку да делува. Обвинителството мора веднаш да отвори предмет и да започне истрага за скандалозниот тендер од 1,2 милиони евра во АД Пошта, доделен на фирма на советник од ЗНАМ. Антикорупцискиот тим објави конкретни наводи и докази од свиркач, вработен во Пошта за организирано испумпување јавни пари и системска кражба на пари од граѓаните. ...
АМСМ информира дека денеска 30.12.2025, од 15:00 часот, ќе има измена на режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата Прилеп–Битола, при што сообраќајот ќе биде пренасочен по регионалниот пат Р1101. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за ...
Соопштение за јавност на ЛДП: Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, остро реагираше на начинот на кој се носи новиот Закон за Судскиот совет, предупредувајќи дека реформите „на брза лента” не можат да ја вратат довербата во правосудството. Според Зајкова, предложениот закон не носи вистински напредок во процесот на избор на членовите на Судскиот совет, бидејќи конечната одлука ...
Судот во Скопје донесе условна пресуда за упадот и насилството во просториите на редакцијата на „Инфомакс“, оценувајќи дека со настанот била загрозена безбедноста на новинарите и директно нападната слободата на изразување и правото на јавноста да биде информирана. Обвинетиот Горан Спасов од Скопје беше прогласен за виновен за кривичните дела насилство и спречување службено лице во вршење службено дејствие. Судот му изрече условна казна ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Откако лидерот на СДС, Зоран Заев одамна се смести во Дубаи, а Венко Филипче побрза да избега кај него за празниците, се поставува прашањето дали на Бихаќка Нова година си честитаат по дубајско време како нивниот лидер и неговиот намесник Филипче? А дали и овој пат на забавата главна ѕвезда ќе биде Харис Џиновиќ или некоја друга балканска турбофолк „ѕвезда“ и кој од раководството одбрано од Заев, тоа ...
Утрото во државава е многу студено, со минимални температури кои во Берово се спуштија до -9 степени, а во Скопје-Петровец, Битола и Струмица до -8 степени. Според Управата за хидрометеоролошки работи, -7 степени се измерени во Тетово, Прилеп, Велес, Штип и Демир Капија, -6 во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка и Кавадарци, -5 во Гевгелија, -4 во Охрид, -3 во Претор, Виница, 1 во Mаврови Анови и 2 во Попова Шапка и Kрушево. Претпладне ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Симнување и оштетување на службен печат или знак од член 389 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот е сопственик и управител на угостителски објект „Јужна пруга“ во Скопје, на кој со Решение од овластен инспектор за животна средина од Општина Аеродром му била изречена забрана за вршење на дејност, што било истакнато и на влезната врата на ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во моментов во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан” поради превртена цистерна на патот. Сите надлежни служби се излезени на местото на настанот и се преземаат мерки за утврдување на причините за незгодата и за нормализирање на сообраќајот за што соодветно ќе ја известиме јавноста. Министерството за внатрешни работи ја информира ...
Четири куќи во СОС Детско село во Скопје отсега ќе користат соларна енергија. Компанијата ОКТА донираше соларни панели за оваа организација со вкупна инсталирана моќност од 24 KWp, со годишно производство од 32,4 MWh. Покрај соларните панели, дополнително се инсталирани и четири батериски системи за складирање на енергија со капацитет од 20 KWh. Ова е само прва фаза од проектот кој што компанијата ќе го реализира во следните 3 години. ...
Пишува: Мирослав Трлин, дипломиран економист во пензија Долго време живеевме како жабата од познатата приказна — во вода што незабележливо се загрева, додека полека се навикнуваме на сѐ полоши услови. Тоа е нашата внатрешна стагнација, нашата тишина, нашето откажување од промена. Многумина од оние што го напуштија својот дом ја покажаа вистинската приспособливост: тие ја согледаа реалноста, презедоа акција, се прилагодија на новата ...
Прес-конференција на Валентин Мансиевски од ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерието на Филипче е огромно, по летувањето со Заев на милионската јахта во Грција, сега на зимување во Дубаи. Додека тука во Македонија, Филипче говори дека тешко се живеело, луѓето едвај сврзувале крај со крај, платите биле ниски и слични манипулации од негова страна, паралелно замина на одмор во Дубаи, една од најскапите држави во светот. Филипче нема само едно лице, туку ...
Центарот за управување со кризи информира дека патничко возило излетало во реката Треска, во близина на езерото Матка. Во првичната фаза немаше информации за евентуални жртви. По добиената информација, преку Секторот за операции и координација беше известено одговорно лице од ХЕЦ „Матка“ за намалување на испустот на водата, со цел да се овозможи безбеден увид од страна на полициските екипи. Од СВР при МВР информираат дека возилото е ...
Град Скопје направи важен чекор во подготовката за проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“ со потпишување Меморандум за соработка со скопските општини. Со тоа се воспоставува јасна институционална рамка за координирана и партнерска соработка на сите нивоа на локалната самоуправа, со цел успешна реализација на проектот. „Скопје – Европски град на културата 2028! Денес беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Град ...
Регионалната агенција за животна средина во Брисел соопшти дека од 1 јануари 2026 година ќе биде забрането движењето на дизел возилата со стандард Еуро 5 и бензинските возила со стандард Еуро 2 во регионот на градот. Сопствениците на возила што не ги исполнуваат прописите ќе добијат предупредувачки писма, а за прекршување на забраната двапати во рок од три месеци ќе им следува казна од 350 евра. Забраната е дел од планот ЛЕЗ за намалување ...
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, денеска оцени дека Србија ја помина една неверојатно тешка година и изрази надеж дека 2026 година ќе биде полесна и понормална, иако ќе биде изборна година. „Неверојатно тешка година е зад нас, се надевам дека ќе влеземе во политички, ако не помирна, тогаш понормална година“, изјави Брнабиќ за ТВ Прва. Таа додаде дека претседателот Александар Вучиќ во својот говор пред Собранието ...
Основниот суд во Кавадарци денеска го осуди 43-годишниот С.И. на доживотен затвор за убиството на својот помлад брат, Илија Иванов, кое се случило на 27 јули годинава. Пресудата е донесена врз основа на признание на вина поднесено од Основното јавно обвинителство Кавадарци. Според обвинението, обвинетиот го лишил брат му од живот поради користољубие. На роденденот на жртвата, двајцата браќа започнале расправија поради сомневања дека Илија ...
Македонија обезбеди грант од 13,56 милиони евра во рамки на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан. Договорот за грант помеѓу земјата и Светска банка, која дејствува како водечка финансиска институција за Инвестициската рамка за Западен Балкан – Програма за безбеден и одржлив транспорт, го потпишаа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и директорката на Светска банка за Северна Македонија, ...
На денешната 165-та седница, Државната изборна комисија (ДИК) едногласно ги усвои одлуките за подготовка на повторените локални избори што ќе се одржат на 11 јануари 2026 година во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово Ростуше. Исто така, на седницата беше усвоен и конечниот извештај за локалните избори во 2025 година, кој ќе биде доставен до Собранието. – Овој извештај го доставуваме како и секогаш, после сите избори ...
Основниот кривичен суд Скопје денеска му изрече казна затвор во траење од 11 години на 25-годишниот Фатон Љури, обвинет дека на 1 јули годинава, управувајќи мотоцикл „Кавасаки“ по пешачка патека на кејот на реката Вардар, го прегазил 68-годишниот Југослав Николовски и го напуштил местото на несреќата. Покрај затворската казна, на обвинетиот му е изречена и забрана за управување со моторно возило од А категорија во траење од пет години, ...
Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) соопшти дека повторно се отворени за сообраќај граничните премини Евзони и Ники кон Грција, кои претходно беа затворени поради протест на грчките земјоделци. Поради блокадите, патниците од Македонија кои се обидуваа да преминат преку граничните премини Богородица и Меџитлија не можеа да влезат на територијата на јужниот сосед, што предизвика застои и чекања. Како што информира АМСМ, од 15:50 часот ...
Министерот за здравство Азир Алиу денеска, одговарајќи на новинарски прашања во врска со состојбата со паркингот во Клиничкиот центар, изјави дека до мај се очекува Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје да добие целосно нов паркинг со „смарт“ инфраструктура и катна гаража. Тој појасни дека досега постоел административен проблем поврзан со инфраструктурата на паркингот, што го забавило процесот на негово уредување и ...
На 27 декември, пред Cevahir Mall Skopje, се одржа извонредна целодневна забава која привлече голем број посетители од сите генерации и го претвори просторот пред трговскиот центар во вистинска предновогодишна празнична сцена. Настанот започна во 12 часот со програма наменета за најмладите, во која настапија Стела и Сани, како и DJ Тамми, кои со музика и анимација создадоа весела атмосфера. Во рамки на настанот беа поделени новогодишни ...
По предлог на Министерството за правда, во Албанија 380 лица ќе бидат целосно ослободени од затворската казна, а на 900 други ќе им се намали казната. – Силната држава не треба да ги држи луѓето во затвор без реална опасност. Од спроведувањето на оваа амнестија, полза ќе имаат 380 лица, кои целосно се ослободуваат веднаш, а на околу 900 други ќе им бидат намалени казните. Затвори се пренатрупани. Има околу 5.000 лица, од кои значителен ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати за просечно 1,23% во однос на одлуката од 22 декември 2025 година. Од 30.12.2025 година, со почеток од 00:01 часот, новите максимални цени ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95: 70,50 ден/литар Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98: 72,50 ден/литар Дизел ЕУРОДИЗЕЛ БС ...
Македонската уметничка сцена ќе се обедини во хуманитарна мисија преку настанот „THREADS OF LIGHT“, кој ќе се одржи на 29 јануари 2026 година. Вечерта ќе биде посветена на уметноста, солидарноста и колективната одговорност, а ќе опфати изложба, хуманитарна аукција и перформанс. Средствата собрани преку аукцијата ќе бидат наменети за обезбедување психосоцијална и правна поддршка за семејствата погодени од сообраќајни несреќи, како и за ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ги додели признанијата за најдобар пожарникар, полицаец и крводарител на градот за 2025 година. Со оваа свеченост се оддаде признание на исклучителните луѓе чија посветеност, храброст и човечност го прават Скопје поубаво и посигурно место за живеење. За најдобар пожарникар за 2025 година е прогласен Игор Станишев, командир на одделение во Бригадата за противпожарна заштита на Град ...
Премиерот Мицкоски потврди дека за реконструкција и опрема на ГАК се вложени околу 110 милиони денари. Истакна дека проектот е реализиран без прекин на работата на објектот. „Јас немам многу што да додадам на тоа што директорката и министерот го кажаа, освен да се заблагодарам на вработените во Клиниката и на директорката за посветената работа“, изјави Мицкоски. Премиерот напомена и за почетоците на овој проект пред неколку месеци, каде ...
Вчера во 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Т.(23), А.И.(25) и П.З.(21) од една страна и С.П.(37) и Д.П.(32) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. Вчера во 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на општина ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека нацрт-рамката за мир за ставање крај на војната со Русија предвидува безбедносни гаранции од САД за Украина за период од 15 години, но тој побарал од американскиот претседател Доналд Трамп гаранции за период до 50 години. – Навистина, ова не е засекогаш … Го покренав ова прашање со претседателот (Трамп). Му кажав дека веќе сме во војна и дека тоа трае речиси 15 години. И затоа ...