Белград
6ᴼ /
5ᴼ
Во средината на октомври, цената на златото достигна 4.380 долари за унца, што е историски рекорд. Во изминатата година, цената на златото порасна за повеќе од 55 проценти во номинален износ. Главно поради геополитичките тензии, инфлацијата и побарувачката од Азија, но и голем број други фактори. Покрај основната причина, побарувачката за безбедни средства во неизвесни времиња, цената на златото е водена од стравот од инфлација и економска ...
Кадетската македонска ракометна репрезентација со победа ги стартуваше натпреварите во групата за пласман на ЕП 2026 што ќе се игра во Србија. Избраниците на селекторот Горан Кузманоски ја совладаа Финска со 36:29 (13:15). Нашата репрезентација со тешко го „скрши“ отпорот на ривалот, кој на полувреме водеше 15:13. Отпорот на ривалот беше до 45.минута, кога нашите ракометари успеаја да се одлепат и да ја навестат победата. Најефикасни во ...
Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Турција (ТФФ) објави денеска дека суспендирала 149 судии за период од осум до 12 месеци поради обложување на натпревари, додека против уште тројца се во тек дисциплински постапки. Со истрагата на ТФФ е откриено дека од 571 судии лиценцирани за судење натпревари во професионалните фудбалски лиги во Турција, 371 имаат отворено сметки во спортски обложувалници, а 152 активно се обложуваат. Од ...
Градот Белград и Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) истакнаа кандидатура за организација на финалето од Лига Европа на УЕФА за сезоната 2027/28. Според информациите од ФСС, Србија планира финалето да се игра на новиот Национален стадион. Во конкуренција за организација на овој финален натпревар се уште Франција (Париз, стадион Парк на принцовите), Италија (Торино, стадион на Јувентус) и Романија (Букурешт, Национална Арена). Се очекува во ...
По 20 години градење и повеќе од една деценија подоцна од првично планираното, Големиот египетски музеј во Гиза (Grand Egyptian Museum), вреден речиси 900 милиони евра, ќе има официјално отворање утре, и тоа во близина на пирамидите. На свеченоста ќе присуствуваат претседателот на Египет, Абдел Фатах ел-Сиси и други светски лидери. Музејот, најавуван како најголемата археолошка знаменитост во светот, и посветен на едно од најзначајните ...
Патувањето со медицинска состојба или болест може да биде стресно, па и ризично и опасно во многу случаи. Иако авионскиот персонал е обучен да се справува со итни случаи, некогаш е потребна и професионална медицинска помош. Во таа смисла, неколку здравствени состојби се сметаат за особено опасни за патување и лет, па авиокомпаниите имаат право да ги прашаат патниците, па ако треба – и да не им дозволат да се качат во авион. Кога ...
Пентагон ѝ даде зелено светло на Белата куќа за испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, откако процени дека испораката нема негативно да влијае врз американските резерви. Сега конечната одлука треба да ја донесе американскиот претседател Доналд Трамп, изјавија за Си-ен-ен тројца неименувани американски и европски функционери. Трамп за време на последната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа изјави дека би ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повтори дека САД планираат да извршуваат нуклеарни проби, доколку другите земји го направат тоа. – Ќе спроведеме тестови, да, другите земји го прават тоа. Ако го сторат тоа, и ние ќе го направиме истото, истакна Трамп, без да наведе повеќе детали. Тој не одговори и за каков вид на нуклеарни проби станува збор. Нема да кажам. Знам точно што правиме и каде го правиме тоа, но другите земји го ...
Парламентот на Бугарија денеска го усвои предлогот со кој привремено се ограничува извозот на нафтени деривати (дизел и керозин) во други земји-членки на ЕУ, со цел да гарантира енергетска безбедност на земјата, по американските санкции за руските компании. Авторите на предлогот ја наведоа „потребата да се гарантира енергетската безбедност на земјата и стабилноста на домашниот пазар на гориво поради санкциите на САД за руските енергетски ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во обраќање до јавноста нагласи дека му е жал за работите што им ги кажал на демонстрантите и студентите и уште еднаш ги повика граѓаните на дијалог по први ноември. Тој потсети дека пред една година Србија доживеа ужасна трагедија и ги наведе имињата на шеснаесет жртви од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. „Секој од нив, еден живот, секој од нив член на ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен градоначалник Горан Герасимовски во изјава за Канал 5 потенцира дека решението за проблемот со сметот го гледа во преземање на ингеренциите од Комунална хигиена и формирање на општинско претпријатие. Во однос на сообраќајниот метеж, тој истакнува дека има проект којшто е ревидиран за затворање на Дебар Маало со што ќе се ослободи просторот во оваа населба. „Имавме неколку состаноци со ...
,,Повикувам на поддршка од сите противкандидати мои од првиот круг. Повикувам на поддршка од сите здраворазумни луѓе. Повикувам на поддршка од граѓанскиот сектор, затоа што ако сум првостепено кандидат на Левица, ова е веќе кандидатура на Скопје. Победата, ако се случи, ќе биде надпартиска, таков ќе биде и мандатот”, отворено повика кандидатот за градоначалник од Левица за Град Скопје, Амар Мециновиќ на денешната прес – конференција. ,,Морам ...
Украинската морнарица денеска соопшти дека нападнала термоцентрала во рускиот Орјолски регион и електрична трафостаница во Новобрјанск. Во нападот биле употребени крстосувачки ракети Нептун. Како што се наведува во соопштението двата објекти се нападнати оти со електрична енергија снабдувале воени фабрики во регионот. Украина обично користи беспилотни летала за напади во Русија, но Киев, исто така, се стреми да изгради ракетни капацитети, ...
Во текот на 2024 година рекорден број федерални државни службеници во Белгија отсуствувале од работа и користеле боледувања поради стрес, премореност или проблеми со менталното здравје, се наведува во извештај на службата при белгиската Влада задолжена да ги следи отсуствата на вработените. Според извештајот, во дури 43,7 проценти од случаите на отсуство од работа, како причина биле наведени проблеми со менталното здравје. Дополнително, 80 ...
Компанијата „Србијавоз“ објави дека денескa, поради дојава дека во сите возови и на пругите се поставени експлозивни направи, привремено го прекина сообраќајот на сите возови. „Интензивно соработуваме со Министерството за внатрешни работи за решавање на ситуацијата“, се наведува во соопштението. Претходно ТВ Н1 јави дека патничките возови до Нови Сад нема да сообраќаат попладнево и наутро на 1 ноември, и не е можно да се купат билети онлајн. ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за нанесување тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство тој со умисла тешко телесно ја повредил неговата сопруга. По кратка вербална расправија на 28 октомври во семејниот дом, осомничениот 67-годишен жител на селото Петровец физички ја нападнал сопругата, ја удирал со раце и нозе по ...
ОКТА ги објави финансиските резултати за деветте месеци од 2025 година, со ЕБИТДА од 513 милиони денари и добивка пред оданочување од 490 милиони денари. Иако засилената конкуренција влијаеше на извозната продажба, остварувањата беа поткрепени од намалениот негативен ефект од вреднувањето на залихите, зголемената продажба на електрична енергија и намалените оперативни трошоци. Приходите од продажба во првите девет месеци од 2025 година ...
Министерството за здравство соопшти дека ги информира докторите по стоматологија дека процесот на континуирано стручно усовршување од областа на стоматологијата продолжува преку одобрени и соодветно бодирани едукативни настани од Комисијата за континуирано стручно усовршување формирана од министерот за здравство. Во наредниот период, како што посочуваат од Министерството, ќе се одржат едукативни настани меѓу кои се: симпозиумот со ...
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од 1 до 5 ноември 2025 година. Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, како и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на ...
Пишува: Симона Цветаноски, член на Извршниот одбор на СДСМ Филипче покажа што значи вистинско демократско лидерство – доверба во народот, а не уцена и притисок. Денешната изјава на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, е пример за вистинско демократско лидерство. Со зборовите: „Гласајте и изберете локална власт која е вистински сервис за граѓаните.“ Филипче не само што ги поттикна граѓаните да одлучат самостојно, туку покажа дека СДСМ ...
Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко во рамки на 151. седница денеска ги повика учесниците и медиумите да го почитуваат изборниот молк пред вториот круг на локалните избори, што започнува вечерва на полноќ и апелираше сите граѓани да го остварат своето право на глас. – Согласно изборните правила да го почитуваат изборниот молк, после 24 часот вечерва, во текот на утрешниот ден кога гласаат болните и изнемоштени во ...
Во првиот изборен круг коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, благодарение на поддршката на граѓаните, постигна историски резултат. За прв пат во независна демократска Македонија коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на советничките листи победи во 58 општини плус главниот град, тоа се вкупно 59 општини. Имаме веќе избрани 33 градоначалници, во вториот круг имаме дополнителни 26 кандидати за градоначалници, а противкандидати на нашите ...
Поранешниот албански премиер Фатос Нано почина на 73-годишна возраст по неколку неделно лекување во приватна болница во Тирана, каде што беше хоспитализиран во тешка состојба по срцев удар. Веста ја објави „Euronews Albania“, наведувајќи дека Нано бил во тешка состојба со недели пред да им подлегне на компликациите. Нано е една од клучните политички фигури на албанскиот транзициски период: основач и прв лидер на Социјалистичката партија и ...
Одлуката на американската администрација на Доналд Трамп да ги укине санкциите против Милорад Додик и група негови соработници предизвика жестоки реакции во Босна и Херцеговина и во регионот. Според проценката на повеќето аналитичари и политичари, овој потег означува промена во американскиот пристап кон БиХ и е сигнал дека Вашингтон под водство на Трамп испробува нова стратегија за Балканот. Канцеларијата за контрола на странски средства ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за 37-годишник осомничен за – Неовластено држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 30 октомври, при претрес во автомобилот на осомничениот на улицата “Кемал Сејфула”, биле пронајдени 100 куршуми со калибар 7,62Х39мм, наменети за испалување од ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска изјави дека остава на членовите на СДСМ сами да одлучат за кого ќе го дадат својот глас во вториот круг на локалните избори во општините каде партијата нема свои кандидати. ,,Ние нема да навлегуваме, ниту навлеговме, во калкулации или во некакви задкулисни договори. Секој граѓанин, секој член, секој симпатизер има целосно право да одлучи согласно сопственото убедување според тоа кој кандидат носи ...
Кривичниот суд, но и целиот судски систем во моментов се наоѓа пред еден навистина голем предизвик, односно судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани кое е од исклучителна сложеност и општествена важност, порача в.д. претседателката на Основниот Кривичниот суд – Скопје, Даниела Димовска, во своето обраќање на Годишното собрание на Здружението на судии на РСМ, што се одржа денеска во Врховниот суд Скопје. Димовска, пред колегите од ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на конференцијата по повод 25-годишнината од донесувањето на Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ООН ,,Жени, мир и безбедност”. Воден од разумот и дијалогот, наспроти силата и војната, Советот за безбедност со Резолуцијата втемели нова перцепција за жените: од неми сведоци и жртви на насилството, тие станаа активни миротворки Според претседателката, проблемот не се реши ...
Дали некогаш сте замислиле како би било ако одеднаш сè оди точно онака како што сакате – бизнисот цвета, парите се слеваат, а секоја можност е на дофат? За четири хороскопски знаци, следните пет години би можеле да бидат токму тоа. Овие среќници влегуваат во период на изобилство кој ветува не само стабилност, туку и вистински луксуз и живот за кој многумина сонуваат. Речиси како милионери. Еве ги хороскопските знаци на кои следниот ...
Резултатите од првиот круг јасно покажаа дека во Општина Аеродром постои силно опозициско расположение. Граѓаните испратија порака дека сакаат промени, дека се уморни од застојот, ароганцијата и самоволието на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Сега е моментот тоа незадоволство да го претвориме во одлучна волја за промена. Ги повикувам сите граѓани, без разлика на партиска припадност, да се обединиме и масовно да излеземе на гласање ...