Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Откако денеска преку сооопштение СДСМ најави дека ќе пристапи кон исклучување на членот Јован Деспотовски поради како што рекоа дека „ја продал партијата за пари“ и „бил петтоколонаш“ со своја реакција се јави и самиот Деспотовски. Тој, вели дека по 30 години политички стаж не очекувал неговата матична партија да го остави целосно без зборови и коментар. „Во сите јавни настапи сум бил максимално умерен дури и во ситуации и за луѓе кои ...
Научен тим од Универзитетот во Источна Англија открил дека одредени промени во генетскиот материјал на поларните мечки би можеле да им помогнат подобро да се справат со сè повисоките температури во нивното природно живеалиште. Станува збор за прво истражување што утврдува јасна статистичка поврзаност меѓу климатското затоплување и измените во ДНК-та кај диви цицачи. Студијата е објавена во научното списание „Мобил ДНК“, а за неа информира ...
Долгогодишните истражувања покажуваат дека луѓето кои имаат домашни миленици почесто доживуваат помал стрес и поголемо чувство на среќа. Сепак, долго време остануваше неизвесно дали кучето или мачката навистина го подобруваат животното задоволство. Најновото истражување потврдува дека домашните миленици директно го поддржуваат менталното здравје, а ефектот на нивното присуство научниците го споредуваат со финансиска вредност од околу ...
Apple доби казна од Италијанската агенција за конкуренција (AGCM) вредна 98 милиони евра за злоупотреба на својата доминантна позиција на пазарот на продавници за апликации преку политиката за транспарентност за следење на апликации (ATT). Според AGCM, Apple наметнал „претерано оптоварувачки и непропорционални“ услови на програмерите од трети страни во врска со собирањето податоци и следењето на рекламирањето на корисниците. Регулаторот ...
Советот на Општина Карпош ја одржа својата шеста седница, на која советниците расправаа и донесоа одлуки по околу триесет точки од дневниот ред. Најнапред, со мнозинство гласови беше усвоено Предлог-решението за избор на претседател и членови на Комисијата задолжена за изработка на Програмата за работа на Советот за 2026 година. На седницата беше донесена и Одлука за утврдување надоместок за членовите на Општинската изборна комисија – ...
Комисијата за стручен надзор, формирана од Министерството за здравство по случајот со починатото новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство, утврдила дека реанимациската постапка била спроведена согласно утврдените медицински протоколи. Ова попладнево го соопштија од Министерството за здравство. – Комисијата, по извршениот надзор и врз основа на целокупната медицинска документација, исказите на медицинскиот персонал и ...
Очекувам дека во првата половина од 2026 година да имаме најдобар паркинг во кругот на Клиничкиот центар, инфраструктура во државата, значи целосно смарт паркинг, исто така и катна гаража. Ќе има доволно паркинг места за вработените, пациентите и сите кои сакаат да бидат дел од таа инфраструктура во Клиничкиот центар, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу. Посочи дека денеска имал состанок со новиот директор на Јавното ...
Јавноста во скопската општина Карпош беше вознемирена поради сериозен инцидент на семејно насилство. Триесет и деветгодишен маж е пријавен во полиција откако физички ги нападнал двете жени со кои живеел сопругата и мајката. Според информациите, насилникот К.С. (39) во семејниот дом прво ја нападнал својата 36-годишна сопруга, а потоа не поштедил ниту својата 60-годишна мајка. Веднаш по пријавата, полицијата интервенирала. Во 12:15 часот, ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека до април ќе бидат набавени четириесет нови камиони за потребите на „Комунална хигиена“. Дел од возилата ќе се набават преку јавна набавка, за што се обезбедени средства во Буџетот на Градот, а друг дел преку проект на Светска банка. – „Ќе ги набавиме до април во две фази (од една страна ние самите ќе направиме јавна набавка преку „Комунална хигиена“ за што одвоивме средства во ...
Орце Ѓорѓиевски, скопскиот градоначалник, најави сериозна офанзива против аерозагадувањето. Нагласи дека цементарница ,,Усје” не е единствениот проблем. Според него сите индустриски погони, воедно и оние во Железара и фабриките за кабли, мора да се дислоцираат. Тој откри дека инспекциите веќе се на терен и дека во изминатиот период се изречени ригорозни казни од по 53.000 евра за индустриски капацитети со Б-интегрирана дозвола. „Триесет ...
Поради силен ветер Жичницата на Водно во Скопје денеска нема да работи. Од Јавното собраќајно претпријатие, во чија надлежност е управувањето со Жичницата, велат во објавата на ФБ дека јачината на ветерот ги надминува дозволените граници за објектот да може да функционира непречено и безбедно. ,,Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичницата ќе продолжи ...
Две лица се убиени, а осум повредени, меѓу кои и деветмесечно бебе, во денешниот руски напад врз Харков, изјави шефот на Харковскиот регион, Олег Синегубов. Синегубов рече дека руските сили бомбардирале автопат во Харков. Тој истакна дека во нападот се оштетени десетици станбени згради и приватни куќи, а дека се запалени автомобили. Ноќта, руската војска започна масовен напад врз енергетската и пристанишната инфраструктура на Украина, ...
Европската комисија подготвува нов пакет мерки за учесниците во сообраќајот. Предлогот предвидува задолжителни годишни технички прегледи за сите автомобили и лесни комерцијални возила постари од десет години, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата и да се намалат штетните емисии. Главната контроверзија произлегува од планот за ретроактивна примена на новите еколошки критериуми. Ова значи дека возилата регистрирани пред 2013 година ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е спремен да распише референдум за мировниот план предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, доколку Русија прифати примирје од најмалку 60 дена. Во телефонско интервју за „Аксиос“, Зеленски истакна дека планот сè уште е предмет на преговори, особено околу чувствителното прашање за можни територијални отстапки. „Доколку планот бара исклучително тешка одлука за територијата, ...
Рускиот претседател, Владимир Путин потврди дека Русија може да направи територијални отстапки во мировните преговори со САД и Украина, но Донбас како што тој вели ќе остане руски. Ова го истакна на состанокот на „Државниот совет, советодавното тело на шефот на државата, кое се занимава со прашања од најголемо значење за земјата како целина“. Според весникот „Комерсант“, Владимир Путин на тој состанок изјавил дека прашањето за Краматорск, ...
Три жени беа избодени во париското метро. Нападите се случиле на линија 3 од париското метро околу 16:00 часот на станиците Артс-ет-Метие, Републик и Опера. Жените претрпеле само полесни повреди, две од нив на грбот и бутовите, според полициски извор. „Младата жена била повредена во бутот. Имало многу крв, тоа била прилично длабока рана“, изјавил сведок на нападот. Осомничениот избегал, но потоа бил уапсен во својот дом во Сарсел. ...
Поранешниот малезиски премиер Наџиб Разак доби дополнителна затворска казна од 15 години и парична казна од 2,8 милијарди долари поради злоупотреба на службената должност и перење пари, во рамки на најголемиот финансиски скандал во историјата на земјата – случајот 1MDB. Истражителите во Малезија и САД наведуваат дека најмалку 4,5 милијарди долари биле проневерени од државниот фонд 1Malaysia Development Berhad, кој Разак го ко-основал во ...
Во ноќта на 27 декември, Киев беше погоден од масивен балистички ракетен напад, во кој Русија лансираше неколку хиперсонични ракети „Кинжал“, балистички ракети „Искандер“ и крстосувачки ракети „Калибр“ кон главниот град на Украина. Најмалку пет лица беа повредени во нападот, а тоа се случува во пресрет на клучната средба меѓу претседателот Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, пишува „Киев Индепендент“. Неколку ...
Русија сè повеќе ги користи позициите во Белорусија за напади врз Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по состанокот на целото воено раководство во петокот. Ова вклучува напади со беспилотни летала и ракети, напиша тој на Фејсбук, најавувајќи дека оваа нова тактика е обид на Русија да ги заобиколи украинските одбранбени позиции. „Ова претставува ризик за Белорусија. Срамно е што Белорусија се откажува од својот ...
Доналд Трамп остро реагираше на новите детали во случајот со Џефри Епштајн, нарекувајќи ја целата ситуација „лов на вештерки“ поттикнат од демократите. Во својата објава на Truth Social, Трамп го обвини Министерството за правда дека троши време на она што тој го тврди дека е измама, наместо да се занимава со други прашања. „Уште еден милион страници се пронајдени за Епштајн. Министерството за правда е принудено да го троши целото свое ...
Поранешниот извршен директор на „Фајбербонд“, со седиште во Луизијана, им исплатил бонуси на вработените во вкупен износ од 240 милиони долари откако ја продал компанијата за 1,7 милијарди долари, објави „Волстрит џурнал“. Греам Вокер, тогашниот извршен директор на „Фибребонд“, се погрижил 15 проценти од продажната вредност да им припадне на вработените, иако тие не поседувале акции во компанијата. Договорот беше постигнат претходно ...
Косовското обвинителство ги завршило сите потребни подготовки за парламентарните избори што ќе се одржат во недела. Oколу 100 обвинители и службеници од обвинителскиот систем ќе бидат ангажирани во тој процес. Главната цел на овие подготовки е да се заштити слободниот глас на граѓаните и да се обезбеди интегритетот на изборниот процес. „Тие ќе бидат распоредени низ целата територија на Република Косово и ќе бидат во состојба на готовност ...
Минималната плата во Албанија од јануари се зголемува на 50 илјади леки. Зголемувањето ќе биде за 100 евра повеќе од досегашната плата. -Од оваа одлука полза ќе имаат околу 307.850 вработени, регистрирани во јавниот и приватниот сектор и има за цел да го заштити животниот стандард, да го зајакне човечкиот капитал и да го подобри животниот стандард за илјадници албански семејства, објави Делина Ибрахимај, министерката за економија и ...
По претходна пријава од граѓанин за сторено кривично дело „изнуда“, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презеде соодветни мерки и активности за целосно расчистување на случајот. Според пријавата, полицискиот службеник Х.З. (48), вработен во Одделението за криминалистички работи Гази Баба, заедно со други лица, во повеќе наврати од пријавителот барал сума ...
Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против еден 46-годишник за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 382 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Воедно обвинителството предложи во текот на постапката тој да биде обезбеден со мерка притвор. На 21 декември по полноќ, управувајќи автомобил Фолксваген, обвинетиот не запрел на даден знак од полициски ...
Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари идната година. Ова го предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност што беа усвоени во Собранието, поптврдуваат од Министерството за финансии (МФ). -Согласно измените на Законот, рокот на примена на повластената стапка од 5 проценти на првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој тие се користат за ...
54-годишен работник од Делчево се здобил со тешка повреда на работното место во приватна фирма во градот. „На 25.12.2025 во 22:30 часот во Полициската станица Делчево, од Итна медицинска помош е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен С.А.(54) од Делчево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во привaтна фирма во Делчево. Увид на местото изврши увидна екипа на СВР Штип – ОВР ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја потенцираше потребата од функционален систем во државата, нагласувајќи дека лидерскиот модел создава сериозни проблеми за демократијата и институциите. „Сакам да знаат младите дека подршката за СДСМ и за опозиција значи етаблирање систем кај нас. Систем. И јас лично, и СДСМ сака тука да има систем. Ние не сакаме да има лидер, еден. Не. Сакам да има систем.„ рече Филипче. Тој потенцираше дека во ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Од она што можам да го кажам за јавноста е тоа дека според најновото ажурирање на прогностичките материјали, новогодишната ноќ и првиот ден од новата 2026 година (1 Јануари 2026 четврток) ќе ни донесе многу ладно време а тоа значи дека ќе бидеме под влијание на многу ладен бран од север и истиот ќе предизвика да дува засилен ветер од северен правец. Исто така барем одсега гледано ќе имаме и врнежи кои ќе ...
Претседателката Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година. Лауреати на Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година се авторите Искра Лековска и Владимир Лековски од архитектонското студио „Лелелеле”, за проектот Православен храм – црква „Св. Рамноапостоли цар Константин и царица Елена” во Скопје. ...